Иако цените на храната во моментов изгледаат релативно стабилни, растот на цените на горивата претставува сериозен ризик за нов бран поскапувања, особено кај производите и услугите со високи транспортни и енергетски трошоци. Тоа може повторно да ги крене цените на храната, предупредуваат од Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк (ФТ). Според Институтот главниот ризик доаѓа од енергетскиот сектор, а особено од ...
Според Институтот главниот ризик доаѓа од енергетскиот сектор, а особено од континуираното поскапување на дизелот низ Европа. Иако во април храната забележала месечен раст од само 0,7 проценти, експертите предупредуваат дека транспортните и енергетските трошоци со задоцнување ќе се прелеат врз цените на основните производи. „Маслото за јадење веќе покажува чувствителност на растот на светските цени на нафтата, делумно и поради зголемената ...

