Опозициската СДСМ бара итно да се зголеми откупната цена на грозјето за 5 денари по килограм. Според претседателот на СДСМ Венко Филипче лозарите и годинава ги имаат истите проблеми како и лани, поради нечовечкиот и суров однос од премиерот Христијан Мицкоски, целата влада и министерството за земјоделство. -Бараме итно да се зголемат откупните цени и во таа насока ќе дадеме предлог Закон во Собранието со кој закон откупната цена на сите сорти ...

Откупните цени на грозјето се понижувачки, СДСМ со закон ќе бара зголемување на откупните цени за 5 денари за килограм за сите сорти на винско и трпезно грозје, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната средба со лозари од Тиквешкиот регион, на која се разговараше за моменталната катастрофална состојба во лозарството и претстојниот откуп. Во изјавата за медиуми Филипче посочи дека производствените трошоци се драстично ...