Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „Алта банка“ АД Битола, со цел да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и непречено користење на банкарските услуги – изјави на попладневната прес-конференција гувернерот на Народната банка Трајко Славески. Тој најави три нови олеснувања што се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, соопшти дека постои интерес од шест потенцијални купувачи за АЛТА банка АД Битола. Според неговите изјави, во текот на денот имал разговори со претставници на две домашни банки, додека постапката за евентуална продажба на акциите сè уште не е завршена. За да започне следната фаза, Народната банка очекува одговор од надлежната агенција за осигурување депозити во Србија во врска со постапката за ...

Клиентите на „Алта банка“ АД Битола од понеделник ќе можат да подигнуваат и да плаќаат со поголеми износи преку платежните картички. Неделниот лимит се зголемува од 10.000 на 15.000 денари, а повторно ќе бидат отворени и шалтерите во филијалите во Струмица и во Тетово. Народната банка најави и дека клиентите ќе можат целосно да ги повлечат новите приливи од плати, пензии и од социјална помош, доколку парите се префрлени од институции или од ...

„Неколку часа филијалата на Алта банка во Битола е празна, услужени се сите приматели на социјална помош и оние пензионери кои не извадиле претходно пензија. Утре, 7 ноември, НБРМ за да им излезе во пресрет на оние граѓани од Ресен, Прилеп и Охрид, ќе организира автобуски превоз до филијалата на Алта банка АД Битола со цел да си ги подигнат и тие пензиите и социјалната помош. Логистички ова е полесно за организација отколку да се носи ...

Клиентите на „Алта банка“ од Тетово и Струмица од понеделник, 9 ноември, ќе можат да подигнуваат готовина и во шалтерите што ќе бидат отворени во овие градови. Ова е дел од новиот пакет олеснувања што ги најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, со кои се проширува пристапот до средствата на граѓаните и се зголемуваат можностите за користење на банкарските услуги. Граѓаните кои немаат платежни картички на шалтерите во Тетово и ...