Цените на храната во Европа повторно почнуваат да растат, особено на свежите намирници, додека зголемените трошоци за енергија и транспорт дополнително ги оптоваруваат потрошувачите. Според податоците за септември, цените на храната и безалхохолните пијалаци во Европската Унија пораснале за 0,6 отсто на годишно ниво, но меѓу државите постојат значителни разлики, покажува анализата на „Еуроњуз“ (Euronews) заснована на податоците од Евростат ...
Гглобалните цени на храната ќе пораснат за 11,6% оваа година, со понатамошно зголемување од 4,8% за 2027 година, покажува новиот извештај на осигурителната компанија за кредити Atradius. Извештајот на Atradius, „Како геополитичките и климатските прашања ја притискаат прехранбената индустрија“, истражуваше како растечките цени и променетото однесување на потрошувачите влијаат врз кредитниот ризик во некои сегменти од прехранбената индустрија, ...
Добивај вести на Viber Граѓаните и во октомври се соочиле со ново поскапување на животните трошоци. Храната, облеката, обувките и дел од сметките за домаќинството станале поскапи во споредба со септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според статистичките податоци, трошоците на животот во октомври 2026 година се зголемиле за 0,4 отсто во однос на претходниот месец. Во споредба со октомври минатата година, ...
Храната и безалкохолните пијалаци во октомври биле поскапи за 2,1 отсто во споредба со истиот месец лани, додека вкупните трошоци за живот пораснале за 3,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Годишниот раст на цените во повеќе други категории е повисок. Транспортот поскапел за 9,5 отсто, рекреацијата, спортот и културата за 8,5 отсто, а домувањето, водата и енергијата за 3,7 отсто. И одделниот индекс на цените на ...

