Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Во текот на изминатото деноноќие во Македонија се регистрирани вкупно 22 пожара на отворен простор, од кои осум сè уште се активни. Според информациите, пожарите се активни на повеќе локации низ земјата, а надлежните служби продолжуваат со нивно гаснење и ставање под контрола. Најсериозна е состојбата на местата каде што огнената линија и понатаму е активна, поради што е потребен ангажман на екипите на терен. Пожари на повеќе локации ...
Најновите анализи и сезонски математички симулации на Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMWF) покажуваат дека крајот на летото, целата есен и почетокот на зимата во регионот се очекува да бидат потопли од повеќегодишниот просек. Септември ќе наликува на продолжение на летото Според прогнозите, септември во најголем дел ќе биде продолжение на летната сезона, наместо вообичаен почеток на есента. Во последната деценија, ...
Португалија воведе забрана за покривање на лицето на јавни места, а за прекршување на новите правила се предвидени парични казни од 150 до 3.000 евра. Локалните медиуми прописите ги нарекоа „закон за бурка“. Законот забранува носење облека со која лицето целосно се покрива или се оневозможува идентификација. Дополнително, забрането е и присилување други лица да го покриваат лицето врз основа на пол, вера, возраст или потекло. „Лицето мора да ...
Водата во Гостивар според последните анализи е чиста и безбедна за пиење. Во меѓувреме, синоќа на полноќ истече и 30-дневната кризна состојба прогласена на територијата на општината. Информацијата денеска ја соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека по завршувањето на кризата, институциите од централната власт повеќе нема да ја контролираат безбедноста на водата. „Со истекувањето на кризната ...
Познат е распоредот и натпреварувачките парови од 1/16-финалето на Купот на Македонија за сезоната 2026/27, согласно пласманот на екипите во натпреварувачката сезона 2025/26. Во оваа фаза ќе се одиграат 15 натпревари, додека Силекс, како освојувач на Купот на Македонија за сезоната 2025/26, е слободен во 1/16-финалето и директно ќе настапи во 1/8-финалето. ДВОЈКИ – 1/16-ФИНАЛЕ: Овче Поле Свети Николе – Вардар Победа Валандово – Струга Трим ...
Грција поставува 22 современи системи за рано откривање пожари на значајни археолошки локалитети, споменици и подрачја од особено културно и природно значење. Новата мрежа треба да ја зајакне противпожарната заштита, но и да им обезбеди на надлежните служби непосредна оперативна слика во случај на пожар, информираа од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Системите веќе ...
26-годишен скопјанец е лишен од слобода откако полицијата го затекнала како од возило во движење испукува неколку куршуми во воздух пред угостителски објект во Скопје. Случајот се случил на 19 август во 13:50 часот на улицата „Драчевска“, каде полициски службеници од СВР Скопје го привеле Л.Р. (26) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик. Според информациите од полицијата, 26-годишникот бил ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, го обвини шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, дека го затворил предметот за изградбата на 19 модуларни болници во време на ковид-кризата, иако, како што тврди, случајот бил отворен уште во 2021 година. Манасиевски на прес-конференција изјави дека со одлуката на ОЈО ГОКК, според него, бил заштитен поранешниот министер за здравство Венко Филипче, кого директно го обвини за одлуките поврзани со ...
Површината на опожарени подрачја во Европа до крајот на векот ќе се зголеми за 39 проценти, дури и во најдоброто климатско сценарио, доколку не се преземат конкретни мерки за поефикасно управување со пожарите. Ова го покажува новата студија објавена од Гардијан. Топлото, суво и ветровито време, што ги претвора малите пожарни линии во големи пожари, ќе зачести во поголемиот дел од Европа поради зголемените температури предизвикани од емисиите ...
Лажен лекар од Штип доби кривична пријава откако измамил жена од Пробиштип за 2.500 евра, убедувајќи ја дека нејзината внука паднала и тешко се повредила. „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против М.М.(23) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘измама’. На 03.06.2026 пријавениот измамил жена од Пробиштип за сума од 2.500 евра, претставувајќи се како лекар, кој ...
Активиран е метеоаларм за целата територија на Македонија поради најавените високи температури, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Предупредувањето се однесува на целиот регион и бара соодветна претпазливост од атмосферските услови. Од УХМР преку своето соопштение алармираат: „МЕТЕОАЛАРМ ЗА ДЕН 21.08.2026 Високи температури на територијата на целата држава!“. Метеоролозите апелираат на почитување на општите препораки за ...
Наодите во врска со материјалите употребени во објектот, особено полиуретанскиот сунѓер за акустична изолација, како и реконструкциите и интервенциите врз конструкцијата на објектот, беа во фокусот на испитувањето на денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Професорот на Градежниот факултет во Скопје Горан Марковски, во својство на вешто лице одговараше на прашања на одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов, ...
Доктор Даница Стевковска е нов државен секретар во Министерството за здравство, информираше попладнево министерот Сашо Клековски. – Имам чест и задоволство да ја именувам д-р Даница Стевковска за државен секретар во Министерството за здравство. Стевковска е доктор на стоматологија, од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. По повеќе години работа како стоматолог од 2015 година е дел од Министерството за здравство, каде што досега ...
Од Националниот Парк Шар Планина во објава на социјалните мрежи се пожалија дека веќе неколку дена нивните вработени собираат отпад на планината, оставен од несовесни посетители. „Веќе неколку дена нашите вработени собираат отпад оставен од несовесни посетители на некои од најпосетуваните места во Националниот парк. На одредени локации состојбата беше толку лоша што моравме да организираме акции за чистење. Но, собирањето отпад не е работа ...
Вчерашното апсење во Пула, Хрватска на украинскиот нуркач Володимир Журављов, кого германското судство го сомничи за разнесување на гасоводот Северен тек 2022 година, се случило под надреални околности. Според германскиот правен портал Legal Tribune Online (LTO), осомничениот Украинец е уапсен во Хрватска додека снимал холивудски филм што се занимава со саботажата на гасоводот во Балтичкото Море. Според информациите што ги има германскио ...
Државниот завод за ревизија утврди сериозни неправилности во работењето на Државниот студентски дом „Пелагонија“ за 2024 година. Ревизорите констатирале слаби внатрешни контроли, набавки по цени повисоки од пазарните и исплати без соодветна документација. Особено е издвоена набавката на леб, каде што во 2025 година цената достигнала 126 денари за килограм. Утврдено е и дека биле набавени 250 душеци за 1,17 милиони денари, кои не одговарале ...
Изградба на систем кој е отпорен на влијанија и кој гарантира законско и наменско трошење на средствата на сите даночни обврзници треба да овозможи идната соработка меѓу Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија преку заеднички активности дефинирани во меморандум, што денеска го потпишаа ресорната министерка Гордана Димитриска Кочоска и главниот државен ревизор Максим Ацевски. Двете институции се обврзуваат на побрз трансфер ...
Политиката се темели на разговори. Јас сум од оние политичари кои сакаат да разговараат додека не се постигне решение. И во првиот и во вториот случај ние ќе продолжиме да разговараме. Знаеме кои се нашите црвени линии и во рамките на тие црвени линии ќе се обидеме да го најдеме решението, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Амбасадорскиот совет. Истакна дека нашиот Устав нуди апсолутно ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) го затвори предметот за јавни набавки за градењето на 19 модуларни болници во државата, беше соопштено на денешниот брифинг во Обвинителството. Предметната обвинителка Верица Бержецка Крстева рече дека по анализата на обемна и сложена документација не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања при јавните набавки. Предметот ...
Осум пожари на отворен простор се активни во повеќе делови од земјава, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). До 13 часот денеска, 20 август 2026 година, регистрирани се вкупно 12 пожари, од кои осум се уште се активни, додека четири се целосно изгаснати. Најголем број активни жаришта има во прилепско-мариовскиот регион, каде што пожарот што зафаќа простор околу селото Чаниште се протега во повеќе правци. Огнот е активен на потегот ...
Гостиварскиот основен суд им го продолжи притворот на екс директорката на Комуналец Гостивар, Артана Асани и на уште двајца раководители во претпријатието осомничени за загадување на водата за пиење. Од судот за Телма потврдија дека на предлог на обвинителството одлучиле да останат во притвор уште 30 дена. Адвокатот на двајца од осомничените за Телма вели дека ќе поднесе жалба затоа што смета дека нема основ да им биде продолжен притворот ...
Синоќа патнички автомобил се забил и уништил цела автобуска постојка на Бит Пазар. Според објавените видеа и фотографии може да се забележи дека и возилото претрпело големи оштетувања, особено во предниот дел. Од силината на ударот била урната конструкција на автобуска постојка поставена покрај улицата, а на тротоарот и околу местото на несреќата останале расфрлани делови од возилото и од оштетениот објект. Возилото било подигнато со ...
Само за основните месечни потреби на едно домаќинство се потребни 68.675 денари, а ако семејството плаќа кирија за стан од 60 квадратни метри, трошокот достигнува 84.050 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Синдикалната минимална кошница за август 2026 година изнесува 68.675 денари, покажуваат податоците за структурата на трошоците на едно домаќинство. Во споредба со јули, кога минималната кошница изнесувала ...
Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас за молкот на Филипче, кој како министер за здравство, не постапил за ниту една од 400 анализи кои му биле доставени за загадена вода во Гостивар и на територијата на Македонија, истакна на денешната прес конеренција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков. Граѓаните со години конзумирале небезбедна вода во Гостивар, Филипче за тоа знаел, а не постапувал. Документите кои ги добивме од свиркачи, за ...
Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните кои живеат надвор од границите на нашата држава се трите стратешки национални интереси, кои денеска ќе им бидат презентирани на членовите на Амбасадорскиот совет, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Пред одржувањето на Амбасадорскиот совет ...
Преку системот за рана детекција на шумски пожари со смарт-камери, инсталиран во Центарот за управување со кризи, навреме е детектиран пожар во атарот на село Никуштак, Општина Липково. Од ЦУК соопштуваат дека по детектирањето на пожарот, веднаш се известени Територијалната противпожарна единица Куманово и Подружницата на Национални шуми – Куманово, со цел преземање соодветни мерки и интервенција на терен. -Системот за рана детекција ...
На социјалната мрежа „Икс“ се појави иницијатива за покренување петиција со која се бара промена на официјалното име на Косово во Дарданија. Веста за новата иницијатива ја објави страницата „kos_data“, со образложение за причините поради кои се бара враќање на овој историски термин. „Покрената е петиција за преименување на Косово во „Дарданија“. Организаторите наведуваат дека Дарданија било античкото име на овој регион и се залагаат тоа да ...
На 19.08.2026 во 17:40 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода Љ.М.(62) од с.Русиново, беровско. -Претходно, тој со патничко возило „форд“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило и во ограда од двор на куќа. При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,62 промили алкохол во крвта, информира МВР. Извршен е увид, за настанот е известен јавен ...
Од почетокот на годинава заклучно до јуни од наплата на патарина во државава инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра), во споредба со минатата 2025 година наплатени се 21.891.532 денари повеќе, информираа за МИА од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП). Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, Стоби, Кадрифаково, Преод, Сопот, ...
Градежништвото има раст за 30 процени во делот на издадени одобренија за градење, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање. Тоа што посебно не охрабрува, кажа тој, е и вредноста на работите коишто ќе се реализираат во градежништвото Економијата е еден од главните приоритети на оваа влада. Како дел од економијата и градежништвото, се разбира. И кога ќе ги погледнете последните параметри ќе дојдете до заклучок дека ...