Пивото е омилен алкохолен пијалок во текот на жешките летни денови, но имајте на ум дека е богато со калории и можете да се здебелите со прекумерно консумирање. Во текот на летните месеци кога бараме нешто освежително, најлесно е да внесеме скриени калории во телото за кои не сме ни свесни. Пијалок богат со калории е пивото. Покрај тоа што содржи калории, пивото има и витамин Б и некои минерали кои се добри за телото. Темните пива може да ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево преку видео на социјалните мрежи информираше дека Владата на седница донела одлука за отворање Генерален конзулат во Корча, Република Албанија. „Грижата за Македонците во Албанија не ја покажуваме со зборови, туку со конкретни дела. Македонците од Мала Преспа, Подградец, Голо Брдо и Гора се предалеку од Тирана – време е да им се доближиме”, истакна министерот ...

По шест дена потрага, вчера околу пладне во водите на Вардар е пронајдено телото на 16 годишната Теодора Б. Од МВР потврдуваат дека околу 12:10 часот во Вардар во близина на Старо Градско пронајдено е телото на малолетничката. -Пронајдено е телото на 16-годишното девојче кое на 24.07.2025 исчезна во рекатата Вардар во атар на село во општина Градско. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција, потврдуваат ...

Не поучна лекција од Мициленд Мамо, тато, што е скандинавска ренесанса? Добро бе сине, пак си сурфал по владини портали, земи читај нешто паметно… Види вака, “скандинавска ренесанса“ не е ниту уметничко движење, не е ниту научно-литературно движење. Тоа е локален феномен и има повеќе значења, и тоа: – површно познавање на работите и вистинска ренесанса од бисери; – купување локални избори со кинески пари, испрани во Унгарија; – реинкарнација на ...

Најсмртоносните екстремни временски настани не се она што се мисли, бидејќи, барем во САД, екстремните жештини секоја година убиваат повеќе луѓе отколку било кој друг тип на несреќа, вклучувајќи ги поплавите, ураганите и торнадата, пишува американскиот портал за вести Ен-Би-Си. Жештината е наречена и „тивок убиец“ бидејќи нејзиното влијание врз човечкото тело не е секогаш очигледно. Симптомите на нарушувања поврзани со прекумерна топлина, кога ...

Околу половина година откако Саша и Стив Аоки објавија дека очекуваат дете, познатиот диџеј ги собра симпатиите на своите обожаватели објавувајќи дека на 25 јули им се родил син. Саша и Стив се во брак од 2024 година. Двојката ја објави веста во заедничка објава на Инстаграм, заедно со фотографија од стапалата на новороденчето, со болничката етикета сè уште околу неговиот мал глужд, пишува „Пипл“. Тие го именуваа својот наследник Роки Аоки. ...

На денешната главна расправа пред Основниот кривичен суд во Скопје, обвинетиот Сулејман Јамалари изјави дека не се чувствува виновен за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Сулејман Јамалари, поранешен вработен во ЈП „Паркови и зеленило“, е обвинет дека извршил грубо насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Инцидентот се случил на 11 јули 2025, кога Арсовска била на терен со овластени службени лица по ...

Денеска (29.07.2025) во 01.40 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на ул.„Илинденска“ во Гостивар, помеѓу патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од И.М.(38) од с.Балиндол, гостиварско и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(18) од Гостивар. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. ...

Сексапилната манекенка Емили Ратајковски повторно ја крена температурата на социјалните мрежи со провокативни објави од својот летен одмор. На својот Инстаграм профил таа сподели неколку фотографии од базенот, на кои позира во тесни бикини кои ги истакнуваат нејзините бујни гради и совршена фигура. View this post on Instagram A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) View this post on Instagram A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) ...

Во еден од најшокантните и најкрвави напади во последните години, пет лица загинаа, а уште едно е тешко повредено, откако вооружен напаѓач отвори оган во зградата на седиштето на Националната лига за американски фудбал (НФЛ) на Парк Авенија во Менхетен. Инцидентот се случи во утринските часови, кога 27-годишниот Шејн Тамура, поранешен играч на американски фудбал со историја на ментални нарушувања, пристигнал пред зградата со автоматска пушка М4, ...

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење. Имено на јавниот повик кој беше објавен 17 јуни со краен рок за достување на понудите 24 јули 2025 година, само една компанија достави понуда. По извршената евалуација, Комисијата надлежна за спроведување на јавната набаака, утврди дека компанијата не ги исполнува критериумите согласно ...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди индиректна дискриминација врз професионалните војници од страна на Министерството за одбрана, информира Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје. Претставката до Комисијата ја поднел Александар Насковски, претседател на синдикатот и професионален војник, на 12 ноември 2024 година. Според него, Министерството со години не го трансформира работниот однос на професионалните ...

Во сабота на 2 август е голем и тежок празник- Пророк кој пали и гаси на небото и земјата. Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повел со летните грмотевици. Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо… Големиот македонски празник Илинден кој во свеста на македонскиот народ најповеќе асоцира на славното ...

Во вечерните часови на 28 јули, на улицата „Симе Матавуља“ во Нови Сад, дојде до драматичен инцидент кога 73-годишен маж подметна пожар во својот дом, а потоа испука неколку куршуми кон пожарникарите кои интервенираа на местото на настанот. Според очевидци, при пукањето дошло до рикошет, при што едно лице беше полесно повредено. Портпаролот на Институтот за итна медицина, д-р Зоран Круљ, потврди дека повредениот маж, роден 1993 година, добил ...

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево во 13 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, соопштија денеска од СВР Куманово. – Во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово-Крива Паланка, во населба Карпош, Кумановско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило и патничко моторно возило „пежо“, управувано од Б.С.(71) од Куманово. Од здобиените повреди, на местото починал Б.С., а ...

СВР Тетово поднел кривична пријава против А.К.(35) и Б.К.(33), двајцата од струшкото село Велешта, осомничени за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, тие во мај годинава преку социјални мрежи му се заканиле на пратеник од Струга. -На 18 мај 2025, преку апликација на социјална мрежа, пријавените упатиле закани кон С.С.(42) од Струга, пратеник во Собранието на Република Северна ...

Граѓаните кои поднеле барање за остварување на право на пензија, од утре (29 јули), ќе бидат известувани со СМС пораки, каде и кога да го подигнат решението, информираат денеска од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија. Оваа услуга, како што велат од Фондот, се воведува со цел избегнување на непотребните доаѓања на шалтерите од страна на граѓаните и намалување на гужвите, а воедно се поедноставува процедурата на работа и ...

На 27.07.2025 во Полициската станица Кичево било пријавено дека околу 08.15 часот на регионалниот пат Кичево-с.Осломеј, кај с.Гарани, кичевско, патничко возило „волво“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(74) од с.Црвивци, кичевско, излетало надвор од патот. Од здобиените повреди возачот С.С. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по насоки ...

Пејачот Саша Ковачевиќ, кој важи за еден од најангажираните и најзгодните српски пејачи, наполни 40 години. Саша објави на Инстаграм видео како бил изненаден на плажа во Турција, кога персоналот на барот каде што уживал, дошол кај него и му донел торта и шампањ. Славеникот бил воодушевен од овој гест, келнер го испрскал со шампањ, а пејачот повторно бил во центарот на вниманието на своите следбеници поради неговите мускули, најмногу стомачни, ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32 % во однос на одлуката од 21.7.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне во западните делови повремено засилен ветер од западен, а долж Повардарието од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена ...

Неодолив ролат од тиквички, ќе ви бидат потребни 30 минути да го направите, а само 3 минути да го изедете Состојки: 2 средни тиквички 1 лажичка маслиново масло 125 грама моцарела сирење 2-3 лажици рендан пармезан сирење 3 лажици крем сирење 2 раце рукола 100 грама шунка во обвивка 5-6 шери домати 1/2 лажичка сол 1/4 лажичка бибер Подготовка: Измијте ги тиквичките и исечете ги на тенки прстени. Наредете ги на плех обложен со хартија за печење, ...

Споменикот на Андон Лазов-Ќосето синоќа е поставен на кружниот тек кај хотелот „Континентал“ во Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска на Фејсбук објави дека „со поставувањето на спомен-обележјето во чест на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, оддаваме признание за неговиот неуморен дух и саможртва во борбата за слободна и независна Македонија“. – Андон Лазов Ќосето, познат по својата борбеност и непокор, е симбол на ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија и дека ќе се држи до својата сегашна политика, и покрај различните најави од владата. Вучиќ рече дека граѓаните на Србија поддржуваат таков правец бидејќи тоа е „политика на независна и суверена држава“. „Ќе продолжиме со нашата политика, која беше принципиелна и која досега се покажа како точна, која никому не му се допаѓаше, ниту на оние на Запад ...

Европската комисија неодамна објави дека издавањето дозвола за патување за влез во ЕУ ќе чини 20 евра, наместо планираните седум. Сепак, пред почетокот на овој систем за влез во ЕУ, EES ќе пристигне на есен. Регулативата за системот ETIAS, која вклучува издавање дозвола за патување за влез во ЕУ, беше усвоена во 2018 година и пропиша такса од 7 евра. „Земајќи го предвид зголемувањето на инфлацијата од 2018 година, како и дополнителните ...

Српската пејачка Милица Тодоровиќ го очекува своето прво дете со маж непознат за јавноста, објави Телеграф. Таа влегува во третиот месец од бременоста и ги откажа сите настапи во текот на летото за да се посвети на приватниот живот. Иако на почетокот сè беше неофицијално, пејачката сега разговараше со Телеграф и ја потврди среќната вест. „Ви благодарам за честитките и ви благодарам што ја почитувате мојата приватност“, рече таа. Како што се ...

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од гостиварско за која постои основано сомнение дека спрема нејзините две деца – девојче родено 2015 година и момче родено 2022 година, сторила кривично дело – Запуштање и малтретирање дете од член 201 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Таа исто така се сомничи и за – Производство и дистрибуција на детска порнографија ...

Македонски државјанин е пронајден без знаци на живот во стан каде што престојувал на одмор, во крајбрежниот албански град Саранда. Трагичниот настан, според полицијата, се случил на 26 јули, во населбата број 1 во градот. -Полицијата во Саранда објави дека жртвата, идентификувана како О. Ј. (20), била пронајдена од членовите на неговото семејство додека бил во станот каде што престојувал за време на престојот во Албанија, објавија медиумите. ...

Пожарот во кривопаланечкото село Нерав сѐуште е активен, на терен се повеќе екипи на територијалните противпожарни единици од Крива Паланка и Ранковце, припадници на МВР, на ЈП “Македонски шуми”- подрачно шумско стопанство Осогово, помагаат и мештаните, на помош ќе пристигнат и припадници на АРМ, информира командирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски. Според првичните проценки, опожарена е површина од околу ...

Младата и талентирана пејачка Лара Иванова повторно го сврте вниманието на јавноста – овојпат со својот најнов видео спот, во кој се појавува во провокативно и досега невидено издание. Во видеото, Лара е облечена во црно боди и високи црни потпетици, комбинација што го истакнува нејзиниот самоуверен став и смел визуелен концепт. Со овој изглед, таа недвосмислено порача дека порасна – не само музички, туку и стилски. Новиот спот е визуелно ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
93%
1008
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
77%
1009
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
91%
1009
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
93%
1008
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
4.52
92%
1007
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.97
95%
1010
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
82%
1007
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
82%
1007
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
100%
1007
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
91%
1003
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
6.69
57%
1007
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
5.66
68%
1006
Currency

61.62

Currency

52.9996

Currency

70.5374

Currency

34.4656

Currency

37.8447

Currency

66.627

Currency

7.44215

Currency

0.66567

Currency

0.34821

Currency

0.5256

Currency

1.26347

Currency

0.60344