На 07.08.2025 во 11.49 часот на магистрален пат во село Гиновци, кривопаланечко, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Д.А.(69) од село Баратлија, општина Ранковце. При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека Д.А. управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со брзина од 102 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 50 ...

На 07.08.2025 во 23:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Б.Ј.(65) од Штип, постапувајќи по претходна пријава за вршење семејно насилство и дека во семејниот дом со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 71-годишен сопруг. Имено, според пријавеното, во домот настанала расправија помеѓу нив, при што сопругот ја фатил за врат, а таа му возвратила со напад со остриот предмет. Тој бил пренесен во Клиничка ...

Делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно со Ема Нешковска- заменик претседателка на Форумот на жени и Жика Алексоски – претседател на ОО СДСМ Тетово денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак, и оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак. Вечна им слава на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, ...

Српски државјанин (44) бил најден во несвест на плажата Неа Пори во Пиерија, Грција. Спасувачите се обиделе да му помогнат, но за жал бил прогласен за мртов. Инцидентот се случил во среда наутро, објавија грчките медиуми. Според крајбрежната стража, на 44-годишникот првично му била укажана прва помош од страна на спасувачите, а потоа со брза помош на ЕКАБ бил пренесен во медицински центар, каде што бил прогласен за мртов. Четвртиот оддел за ...

Вчера попладне 75-годишна македонска државјанка била извлечена без знаци на живот на плажата Созополи во општина Неа Пропонтида, во близина на првиот крак на Халкидики, веднаш ѝ била укажана прва помош од екипа на итната медицинска служба, по што била пренесена во болница, но лекарите констатирале смрт, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека крајбрежната управа на Неа Муданија била информирана дека ...

Утрово во 04.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.З.(54) од Штип, информираат од МВР. Тој се сомничи дека околу 02.00 часот во семејниот дом во Штип со остар предмет и нанел убодна рана на неговата 84-годишна мајка, по што таа починала. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција. Увид на лице место извршила екипа од СВР Штип ...

Заземање место на плажите во Грција е неисцрпен извор на дискусија во текот на секоја сезона. Сега, сепак, отиде чекор понатаму. Имено, на Родос во Грција, туристите се тепаат за првиот ред лежалки на плажата. Инцидентот го снимил некој, а видеото набрзо стана хит на социјалните мрежи, а беше споделено и од грчката инфо страница. „Некој навистина премногу сериозно ја сфатил „борбата за место под сонцето“… Реалити програма во живо од Родос“, ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица, осомничени дека заедно извршиле кривично дело – Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тројцата соизвршители, заедно со уште едно дете против кое ќе се води соодветна постапка согласно Законот за правда за децата, на 5 август во вечерните часови, на улицата “Босна и Херцеговина” ...

Џејн Ета Пит, мајка на познатиот холивудски актер Бред Пит, почина на 85-годишна возраст. Веста за нејзината смрт ја сподели на социјалните мрежи нејзината внука Сидни, ќерка на братот на Бред, Даг, во емотивна објава што трогна многумина. – Не бевме подготвени да си одиш, но помислата дека сега можеш повторно да пееш, танцуваш и сликаш барем малку ја ублажува болката – напиша Сидни покрај фотографиите со својата баба. Таа нагласи колку Џејн ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) објави мерка која директно го таргетира најчувствителниот сегмент од населението – ранливите потрошувачи на енергија. Со јавен оглас што стапи во сила, Министерството започнува со распределба на енергетски ефикасни инвертер клима уреди за 2025 година. -Мерката се реализира согласно Програмата за изменување и дополнување на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на ...

Северина ја објави својата нова песна „Пумпај, Севе брате“. Новата женска химна ги сецира слабостите на мажите: По тој повод, таа објави на социјалните мрежи: – Драги мои, јас ги напишав текстот и музиката за песната „Пумпај, севе брате“, а мојот драг Звонимир Хорват направи аранжман во ромски ритам, кој го комбинираше со мојата поп мелодија. „Пумпај“ е извичник што носи енергија, ритам и став – често се користи во музиката, спортот и на забави ...

“Ќе има четири различни влезови на новиот паркинг на Клинички, односно за онколошки пациенти влезот ќе биде бесплатен, за пациенти со упат влезот ќе биде евтин, не знам колку е сега за да компарирам, за вработени ќе има трета цена и за граѓани кои доаѓаат поради икс причини ќе биде трета цена која што ќе биде најскапа.” Ценовникот на паркирањето нема да биде униформен за сите корисници, почнувајќи од бесплатни места, па сѐ до повисоки цени за ...

Владата донесе одлука за продолжување на кризната состојба во рок од 30 дена. „Со ова продолжување се обезбедува навремена помош за сите засегнати подрачја, односно сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички остануваат мобилизирани, сè со цел да се справат со пожарите и заштита на населението од огнените стихии. Имено, поради висок ризик од шумски пожари во државата, апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да ја почитуваат ...

Сè со цел спречување на растот на цените на училишниот прибор пред почетокот на учебната 2025/2026 година и заштита на животниот стандард на граѓаните, како дел од кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе, се грижиме”, Владата на 100-тата седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10% во трговија на големо и најмалку 15% во трговија на мало. Со оваа одлука, трговците на мало и големо кои ...

Во трилер-завршница, која ги изненади и најголемите оптимисти, ШК Алкалоид во последното седмо коло од Екипното првенство на Македонија со нерешен резултат 3 : 3 успеа да стигне до својата 27. титула, сметано од 1992 година до денес, при што тринаесетта во низа. Ждрепката сакаше најтрофејниот шаховски колектив на Македонија токму на крајот да игра со младите играчи кои потекнуваат од школата на Алкалоид, но мечот се претвори во можност за ...

На 06.08.2025 околу 14:35 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Ќ.С.(60) од Делчево, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата 57-годишна сопатничка С.С. од Делчево. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на ...

Се будите уморни, немате време за себе, а денот ви завршува без да направите нешто за вас? Решението е невообичаено, но сѐ попопуларно: станување во 5 часот наутро. Добивајте вести на Viber Да, звучи напорно, но илјадници луѓе сведочат дека оваа навика им го сменила животот. Зошто баш 5 часот? Затоа што раното утро ви нуди мир, тишина и концентрација какви што нема ниту еден друг дел од денот. Додека сите уште спијат, вие имате можност да ...

Русија и САД се согласија за средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп во наредните денови, изјави претседателскиот советник Јуриј Ушаков, според руските медиуми. -На предлог на американската страна, во принцип е постигнат договор за одржување билатерална средба на највисоко ниво во наредните денови, поточно средба меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп, рече Ушаков. Локацијата на средбата е договорена и ќе биде објавена подоцна, ...

Царинската управа информира дека при контроли на неколку гранични премини се спречени обиди за криумчарење различни производи, меѓу кои златен накит, ботулински токсин, суплементи, цигари и обувки со заштитен знак. На граничниот премин Богородица, мобилен царински тим заплени златен накит тежок 304 грама и вреден околу 1,3 милиони денари. Две патнички со македонско државјанство, кои патувале на релација Турција – Македонија, се сомничат за ...

Британската агенција за рекламни стандарди (ASA) забрани две реклами за модната куќа Зара, велејќи дека тие ги направиле моделите да изгледаат „нездраво слаби“ и дека таквата презентација е неодговорна. Two #Spanish fashion brand #Zara adverts were banned by the #UK's Advertising Standards Authority (#ASA) for featuring models who appeared "unhealthily thin." pic.twitter.com/20fNdWeRUt — ShanghaiEye🚀official (@ShanghaiEye) August 6, 2025 Во ...

Jeлена Карлеуша се присети на деновите кога живеела во Атина во куќата на Наталија, поранешна сопруга на Жељко Ражнатовиќ Аркан. Таа во главниот град на Грција снимала албум а тогаш песни во Грција снимал и Тоше Проески. Таа вели дека убаво се забавувале со Тоше и оти во тие години имала тазе положена за возач. Го паметам како најубавиот период во мојот живот.„Хевен мјузик“ ми изнајми „Опел Корса“ во која, бидејќи бев единствената со возачка ...

Во Унгарија е уапсен маж под сомнение дека планирал атентат врз премиерот Виктор Орбан, соопшти денеска Националното истражно биро на земјата. Осомничениот се регистрирал на веб-страница хостирана на странски сервер со намера да ангажира платен убиец во замена за парична награда. Во порака објавена во јули 2025 година, тој понудил плаќање во унгарски форинти или друга валута за она што го нарекол „најдобриот платен убиец“ кој би бил подготвен да ...

Вчера во село Рашче, скопско, полициски службеници од полициската станица Ѓорче Петров ги лишија од слобода Е.К. и Б.К. од истото село. Околу 22 часот во СВР Скопје е пријавено дека се слушаат истрели во селото, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и утврдено е дека Е.К. и Б.К. со гасни пиштоли пукале на свадба. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. ...

Царините на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија ВО сила и ја ставија на тест стратегијата на републиканците за намалување на трговскиот дефицит. Царинската и граничната заштита на САД (CBP) започна со собирање повеќе царини во 00:01 часот по источно време, по недели неизвесност околу конечниот процент на мерките на Трамп и забрзаните преговори со земјите од целиот свет кои ...

Поранешната советничка во Град Скопје од редовите на СДСМ, Софија Куновска, со остра критика за најавата дека ќе се довршува споменикот на Мајка Тереза на Плоштад Македонија. Таа смета дека не станува збор за културна политика, туку за евтин популизам и обид за лична кампања на сметка на јавните пари. Во објава на ФБ, Куновска пишува дека „културата не е бетон и бронза, туку инвестиција во ум, визија и идеи“, и предупредува дека Скопје нема да ...

Иако нејзиниот главен празник е на 9 септември, православната црква денес го празнува успението на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија. Денес, верниците одат во манастирскиот комплекс посветен на Света Ана во село Маловишта кај Битола, кое е единствено во рамките на Националниот Парк Пелистер. Се верува дека овој манастир има чудотворна моќ за двојките кои не можат да имаат деца. Некои и сега го практикуваат обичајот вечерта помеѓу ...

Сончево и многу топло време нè очекува ширум земјата. Според најавите, максималната дневна температура денеска ќе достигне до 36 степени Целзиусови, додека во Скопје се очекуваат до 35 степени. Попладне, особено во источните делови, постои можност за изолирана нестабилност, со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието ќе биде поизразен. Во наредните денови следува период на стабилно и сè ...

Скендер Реџепи-Зејд, пратеник и лидер на Народното движење, ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Европски фронт“. Ова го објави лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, преку својот фејсбук-профил. Ахмети нагласи дека одлуката е донесена со целосно единство, по консултации со лидерите на политичките партии членки на „Европски фронт“. „Со заедничка одлука, се договоривме дека наш кандидат за ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека е сторител на кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 43-годишник, на 27 јули во вечерните часови, го лишил од живот својот една година помлад брат, удирајќи го неколку пати со метален предмет по главата. Делото го извршил по вербална расправија во дневната соба во ...

Собранискиот спикер Африм Гаши во петок или сабота претпладне ќе ги распише локалните избори планирани за наесен. Гласањето за општинските совети и првиот круг за избор на градоначалници ќе се одржи на 19-ти октомври, додека пак, вториот круг за првите луѓе на општините ќе се одржи на 2 ноември. – Изборите ќе бидат распишани на 8 или 9 август. Очекувам фер и демократски избори, достоинствена кампања, политичка култура, натпревар со идеи и ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
94%
1006
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
84%
1009
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
91%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
93%
1006
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
3.0
91%
1006
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.07
96%
1010
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
0.89
87%
1008
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
77%
1006
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
100%
1006
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
4.12
92%
1003
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
5.66
66%
1008
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 19ᴼ
7.72
100%
1006
Currency

61.62

Currency

52.9996

Currency

70.5374

Currency

34.4656

Currency

37.8447

Currency

66.627

Currency

7.44215

Currency

0.66567

Currency

0.34821

Currency

0.5256

Currency

1.26347

Currency

0.60344