Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заедно во група извршиле кривично дело – Насилство предвидено во член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. -Осомничените, на возраст од 39 и 31 година, на 24 јули во скопското село Орешани извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на едно лице, за кое ...
Кога сфатила дека нејзините деца стануваат зависни од мобилните телефони, познатата актерка вовела нови правила. Признала дека децата прво биле лути, а потоа се навикнале, дури и почнале поинаку да го користат своето време. Денешните генерации растат во дигиталното време и колку и да сакаат родителите да ги оддалечат од екраните, понекогаш тоа е невозможно. Некои родители сметаат дека децата воопшто не треба да бидат пред екран, додека други ...
Манекенката и топ модел која е прогласена за најубава жена на светот, 28-годишната Бела Хадид, открила дека боледува од лајмска болест. Таа била поврзана на апарати кои ѝ помогнале да ја ублажи тешката состојба. Изгледала исцрпено и била многу слаба. Што е лајмска болест? Ја предизвикува бактеријата „Borrelia burgdorferi“, а болеста погодува повеќе системи, најчесто кожата, зглобовите, срцето и нервниот систем. Главоболки, грчеви во мускулите, ...
Сузана Манчиќ успеа повторно да ја изненади јавноста – овој пат со фотографија од плажа. Облечена во елегантен дводелен костим за капење во светли бои – цветен горен дел и розов долен дел – и со очила на главата, Сузана Манчиќ зрачи со самодоверба. Фотографијата, направена на плажа со јахти во позадина дополнително ја истакна со натписот: „Самодисциплина“, додека во описот наведе: „Самодисциплината дава резултати, резултатите ја зголемуваат ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 60-годишник осомничен за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Кражбата, соопшти денеска Јавното обвинителство, ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде искористил невнимание на еден пациент од велешко, ја протнал раката во неговиот џеб и одзел 300 евра и 28 000 денари. Пациентот малку подоцна забележал дека му се украдени ...
По тропскиот бран, посилна промена на времето ќе го погоди регионот. Веќе вечерва, студениот фронт стигува до Словенија и носи дожд, заедно со пад на температурата. Ова влошување на времето во текот на ноќта ќе се прошири подалеку кон исток и југоисток, така што во сабота на подрачјето на Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина се очекуваат силни врнежи од дожд и грмотевици со град и ветрови слични на урагани. Можни ќе бидат и бури, а морски ...
Овој голем Божји архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и јавувања низ целата историја на човечкото спасение. Се смета дека оваа слава е востановена најпрво на Света Гора во 9 век, за време на царевите Василиј и Константин Порфирородните и на патријархот Никола Хрисоверг, а по повод јавувањето на овој архангел во една келија близу до Кареја, каде што со прст на камен ја испиша песната кон ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денес се обрати до јавноста по неколкудневното лекување на Клиниката за дигестивна хирургија. „Неколку дена по мојот престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, денес се чувствувам добро и, откако беа извршени сите потребни прегледи, отпуштен сум од болница. Благодарение на Бога мојата здравствена состојба сега е стабилна. Најпрво, чувствувам внатрешен порив длабоко и искрено да им се ...
Ексминистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и актуелен пратеник Љупчо Николовски смета дека се негативни резулатите од укинување на програмите за малите производители. -Шокантни резултати од политиката на укинување на програмите за малите производители. Влада на СДСМ – во една година регистрирани 101 мала семејна винарија. Влада на ДПМНЕ – во една година регистрирана само 1 мала семејна винарија. ДПМНЕ – една нова винарија. СДСМ – ...
Гардијан – Лондон Шефот на главната агенција на ОН што им служи на Палестинците изјави дека неговите вработени на првата линија паѓаат во несвест од глад, додека бројот на луѓе што умираат од глад во Газа продолжи да расте, а надежите за примирје избледеа поради пропаѓањето на преговорите. „Оваа продлабочена криза влијае на сите, вклучувајќи ги и оние што се обидуваат да спасат животи во од војната разурната енклава… кога оние што се грижат за ...
Во Дојран од денеска до недела се одржува 17. издание на фестивалот „Дојран Д-фест“, во ист формат и стил како и досега. Според градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, од самите почетоци Фестивалот бил препознат како средиште на прогресивна и автентична музика, но и како место за одмор, релаксација, дружење и уживање во содржините на кампот и убавините на Дојранското Езеро. -И оваа година Фестивалот ќе биде успешно организиран, со огромен број на ...
Родителите на седумгодишно дете се уапсени од страна на грчката крајбрежна стража под обвинение за изложување на малолетник на опасност, а досието за случајот веќе е испратено до надлежниот обвинител, јавуваат тамошните медиуми. Седумгодишното дете инаку француски државјанин според последните информации, носело маска за пливање и пловело во водата, без да се движи, а неговите родители првично мислеле дека само си игра но подоцна забележале дека ...
Грците стоички го поднесуваат топлотниот бран кој, според метеоролозите, ја „пржи“ земјата и кој ќе трае до крајот на неделата. Улиците се пусти, животот како да замрел, на плажите, што ретко се гледа, речиси и да нема капачи, пишуваат медиумите во регионот. Моментално, според написите, постои опасност од пожар на Халкидики, Тасос и Евија, а воведени се посебни мерки за заштита на локалното население и туристите. Вчера, во раните утрински ...
Во текот на жешките летни денови, изборот на паркинг место може да биде ризичен, а невниманието може да доведе до сериозни последици за само неколку секунди. Убав ден привлекува луѓе кон езерата – особено оние кои живеат подалеку и ги користат своите автомобили за патување. Честопати, ливадите и полињата се трансформираат во паркинг места. Сепак, оваа практика е ризична, предупредува германскиот DEKRA, особено кога е навистина топло и суво, како ...
Вчера, во 16:42 часот, на бројот за итни повици беше примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско. Пријавата била поднесена од лице присутно на местото на настанот – сестра на 16-годишното девојче – која, во видно вознемирена состојба, побарала итна помош. Набргу потоа, се јавил и доктор од ИМП Велес, кој ја потврдил информацијата и побарал ангажирање на ...
На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, кој истакна дека младите луѓе во Македонија добија партнер во државата, а воедно и дека од септември секој студент, кој е запишан на додипломски студии, ќе добие вредносен ваучер од 250 евра за електронски уред. „Констатирам дека кога е ВМРО-ДПМНЕ во прашање и младите во Република Македонија, зборот е збор и затоа денес се гордеам што сум овластен ...
Преку програмата Општинско-корисна работа, од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, 300 невработени лица добиваат можност за работен ангажман од 18 месеци со месечен бруто надомест од 28.000 денари, вклучувајќи осигурување и данок. Ќе обезбедуваат социјални и здравствени услуги на локално ниво. Министерството за економија и труд за таа намена објави повик на кој до 8 август годинава ќе може да аплицираат единиците на ...
Двајца малолетни велосипедисти од Исланд биле повредени вчера откако во нив удрил „пасат“ на патот Куманово – Свети Николе. Овој природен лек ќе се ослободи од проширените вени за 2 недели! – На 23.07.2025 во 12.09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на с.Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(42) од Куманово, удрило во ...
Владата им подготвува историска имама на пензионерите, со последната одлука за линеарно згоелмување на пензиите за 1.000 денари, рече на денешната пре-конференција Јована Тренчевска – пратеничка од редовите на СДСМ. Пензионерите ќе бидат два пати оштетени со оваа одлука, со овој грабеж, еднаш во септември и еднаш во март следната година, истакна Тренчевска. „Денес ќе ја изложиме целосната пресметка и фактите за македонските пензионери да ...
Во шуместите предели околу Солун и на Халкидики, но и во другите шумски предели низ Грција, со одлука на грчката влада, денеска и утре влегувањето пеш или со возила е забрането, а казната е 300 евра по човек, јавуваат грчките медиуми. Во Грција и денеска се очекуваат пеколни температури до 45° Целизусови и опасноста од шумски пожари е многу висока. Исто така, голема е опасноста од топлотни удари и не се препорачува капење на плажи каде што нема ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Денеска во временски период од 09:00 до 14:00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот од центар на град Куманово по улицата 3-та МУБ, обиколница за Свети Николе, магистрален пат Куманово – Крива Паланка и по регионален пат Куманово граничен премин Пелинце до Меморијален центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде во прекин. Интензитетот на ...
Полициски службеници од СВР Тетово спречија трагичен крај на млада девојка и истовремено приведеа маж под сомнение за посредување во проституција. Интервенцијата се случила околу 14:35 часот, по пријава од лице со иницијали Л.К., кое пријавило недоразбирање со женско лице кое не сакало да го напушти мотелот. Кога полицијата пристигнала на терен, било утврдено дека девојката стоела на работ од прозорецот во собата, заканувајќи се дека ќе скокне ...
Но и за нив ова зголемување не е ништо повеќе од она што би им следувало по моменталната формула, или помалку од сто денари. Сите останати речиси 320 илјади пензионери со актуелната пресметка треба да добијат повеќе од 1.000 денари колку што предвидува линеарното зголемување. И универзитетскиот професор Ванчо Узунов, смета дека промената на пресметката може да доведе до уривање на пензискиот систем, кој со децении се градел и развивал. ...
ВМРО-ДПМНЕ не испорача никакви резултати, единствено што прави е креирање конфликти, поларизирање и правење поделби во општеството, а не прави ништо за подобар живот на граѓаните, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во интервју за „Вести плус” на Канал 5 телевизија. -Гледаме како она што го прави, односно не го прави ВМРО-ДПМНЕ се одразува на животниот стандард на граѓаните, тој е за 20% намален во однос на ...
На 22.07.2025 во 19.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Н.(57) од Република Турција, постапувајќи по претходна пријава дека околу 19.15 часот во хостел на подрачјето на Центар во Скопје, се самозадоволувал пред две 24-годишни девојки од Турција, им се заканувал и се обидел да ги нападне со остар предмет. Кај него бил пронајден остриот предмет, а тој бил задржан во полицискa станица. По целосно документирање на ...
Македонските граѓани без виза можат да влезат во 130 држави во светот што е за три повеќе отколку лани. Со тоа според рангирањето на „The Henley Passport Index“, македонскиот пасош е на 38. место во светот и бележи скок за седум места во споредба со минатата година. На листата за 2025 година сме пред Србија која го зазема 32. место, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија се на 43. место, Турција на 46. и Косово на 61-во место. Најмоќниот ...
Владата на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го понижи трудот и достоинството на македонскиот земјоделец. Со кратењето на парите за земјоделство во ребалансот, власта удри по грбот на земјоделците и покажа дека и овој сектор не ѝ е важен, истакна на прес-конференција Александар Димитриевски од СДСМ. Земјоделството, кое, како што рече, е еден од двигателите на економијата, а истовремено и извор на егзистенција на многу семејства, денес е жртва на ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.А.(42) од Крива Паланка и правно лице од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. При извршена контрола од Државен пазарен инспекторат и Царинска управа во продажен објект на второпријавеното правно лице било констатирано дека има изложено за продажба поголема количина на текстил и ...
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, кој владејачката партијата го избра да одржува серија на театрални патриотски прес конференции невешто извежбани пред огледало, сам си падна во јамата што им ја копаше на други, пишува на социјалните мрежи поранешниот амбасадор Андреј Жерновски. „Откако параноично бараше инсталации на странски служби во државата, трагикомично посочувајќи го СДСМ како партија која е “целосно финансирана од бугарски фондови”, а мене ме ...
Нова научна студија покажува дека честото консумирање на вештачки засладувачи – како оние што се наоѓаат во безалкохолните пијалоци и гумата за џвакање – може да влијае на пораниот почеток на пубертетот кај децата, што исто така повлекува голем број здравствени ризици. Студија спроведена од научници од Медицинскиот универзитет во Тајпеј во Тајван укажува на можна врска помеѓу внесувањето засладувачи како што се аспартам и сукралоза и појавата на ...