Нема откуп на млекото. Сточарите од Делчево, Берово и Пехчево излегоа на протест, а ако нема решение се заканија со протести и пред Влада. Средба со актуелниот Цветан Трипуновски и идниот министер за земјоделие Борче Серафимовски денес имаа сточарите од Здружението „Симентал“ од Делчево. Тие бараат решение за дополнително снижените откупни цени, но и што да прават со нивното млеко откако преработувачи престанаа со откупот. Наместо заштита, ...
Без трпение останаа фармерите од Делчево, Берово и Пехчево, откако и денеска не добија конкретен одговор од надлежните. Тие денеска излегоа на мирен протест пред Општина Делчево, незадоволни од состојбата со откупот на млекото и како што велат, долгото чекање без решение. Дел од нив реагираат и на зголемениот увоз на млеко и млечни производи, кој, како што велат, дополнително ја влошува состојбата на домашното производство. Во исто време, ...

