
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Поттикнати од вредностите кои ја обликуваат корпоративната култура на „Алкалоид“, преточени во хуманост, солидарност и во грижа за заедницата, над 4.000 вработени, членови на нивните семејства и пријатели на компанијата ја продолжија хуманата мисија, која единаесетти пат се спроведува под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“. Хуманоста е силата што ги подигнува луѓето, оваа година визуализирана преку симболиката на балон со топол воздух, ...
Компанијата „Диа“ оваа година ќе инвестира 275 милиони евра за набавка на 78.000 тони месо од шпански добавувачи, што претставува пораст од 40% во однос на минатата година. Исто така, како и минатата година, сите видови месо под трговската марка Selección de Dia се од локално потекло. За да го обезбеди целиот асортиман, компанијата соработува со околу 60 добавувачи низ целата земја. Нашата стратегија се заснова на блискост и споделување ...
Не, не е грешка во насловот. Затоа што вработените го креираат искуството на купувачот. До пред некоја деценија купувањето беше повеќе од избор на производ. Беше ритуал. Беше семејна прошетка, уникатно искуство. Беше средба. Беше „Здраво, како е свекрва ти?“ од газдарицата, додека ти ги пакува производите во кеса. „Имаме многу слатки праски. Домашни се:“ Денес, сè почесто е само „Следен!“ од касата, додека машината ти го брои кусурот. Пишува: ...
Компанијата „Премиер фудс“ ги најави плановите за вложување 19 милиони фунти во својот погон во Лифтон (Девон), каде што повеќе од еден век се произведуваат производите на брендот Ambrosia. Целта на оваа инвестиција, како што истакнуваат од компанијата, е зголемување на производните капацитети како одговор на растечката побарувачка од потрошувачите, унапредување на ефикасноста и поддршка на локалните работни места. Тригодишната инвестиција, дел ...
Производите со ознака на потекло „Made in Germany“ (произведено во Германија), според едно истражување, уживаат најголем меѓународен углед. Оваа ознака потрошувачите ширум светот ја сметаат за најдоверлива, дури и пред соодветната ознака на Швајцарија, се наведува во анкетата на Институтот за истражување на пазарот од Нирнберг. Според анкетата, 66 отсто од испитаниците имаат доверба во производите „Made in Germany“, а на второ и трето место се ...
Компанијата „Марс“ соопшти дека сите нејзини фабрики за низ Европа преминаа на снабдување со енергија исклучиво од обновливи извори. Овој значаен чекор е остварен по повеќегодишни инвестиции во производната мрежа во ЕУ, вклучително и 1,5 милијарди евра вложени во последните пет години. Уште во 2016 година, „Марс“ ја отвори својата прва ветерна електрана во Европа, а во изминатата деценија успеа да ги префрли сите свои погони за производство на ...
Вчера арената „Тодор Проески“ беше исполнета со детски чекори, насмевки и аплаузи – на третото издание на „Виталиа Детската трка“! Над 800 деца и повеќе од 2.500 посетители ја претворија атлетската патека во сцена на најмасовниот и највеселиот спортски настан за најмладите во Македонија. Атмосферата беше вистински спектакл – трибините преполни со родители и другарчиња, гласна поддршка од публиката и радосни извици што одекнуваа до Градскиот ...
Во септември 2025 година, според прелиминарната проценка на Генералниот директорат за економски и финансиски прашања индексот на доверба на потрошувачите пораснал за 0,5 процентни поени во ЕУ и за 0,6 процентни поени во еврозоната. Индексот моментално изнесува -14,3 поени во ЕУ и -14,9 поени во еврозоната, при што довербата на потрошувачите се задржува на претежно рамномерен тренд, значително под својот историски просек уште од април 2025 ...
„Пиварa Скопје“ го претстави првото пченично пиво создадено во Македонија – Скопско Weiss. Со оваа новина, „Пиварa Скопје“, како лидер на пазарот во производство на пиво и безалкохолни пијалаци, ја потврдува својата посветеност кон иновациите и квалитетот, збогатувајќи ја домашната понуда со уште едно пиво со врвен квалитет и специфичен вкус, кое ќе биде препознатливо по својот автентичен македонски потпис. Скопско Weiss е создадено со ...
Според податоците на компанијата за анализа на податоци „Еуромонитор интернационал“, пазарот на безалкохолни пијалаци во РС Македонија во 2024 година бележеше умерен пораст на волуменската и силен пораст на вредносната продажба во малопродажбата. Тоа се случи во услови на стабилна потрошувачка и постепено намалување на порастот на цените по високата инфлација од претходните години. Извор: „Еуромонитор интернационал“ Пакуваната вода, како ...
По долги преговори, кои беа забрзани по зголемувањето на американските царини, Индонезија и Европската унија во Бали постигнаа договор за слободна трговија. Сеопфатниот договор за економско партнерство,кој го парафираа Ерланга Хартарто, индонезискиот министер за економија, и Марош Шефчович, европскиот комесар за трговија, ќе ја олесни трговијата меѓу 27-те земји членки на Унијата и најголемата економија во Југоисточна Азија. ЕУ и Индонезија ...
„Аб Инбев“ и „Нетфлис“ објавија дека започнуваат глобално партнерство што ги поврзува некои од најпознатите светски брендови на пиво со една од најпопуларните забавни платформи. Преку својот глобален портфолио на брендови, „Аб Инбев“ ќе соработува со „Нетфликс“ на заеднички маркетинг-кампањи, кои ќе бидат оживеани преку некои од најгледаните глобални и регионални наслови на „Нетфликс“, како што се „The Gentlemen“ од Обединетото Кралство, „Brasil ...
Аргентина ќе ги укине даноците на извозот на житарки на повеќе од еден месец со цел да ја зголеми понудата на долари, изјави портпаролот на владата, Мануел Адорни. Мерката ќе ги опфати житарките и нивните преработки, како што е соиното масло, и ќе биде на сила до 31 октомври, или сè додека не се достигне сума еквивалентна на седум милијарди долари, се наведува во владината уредба. Аргентина е водечки светски извозник на соино масло, како и трет ...
Аргентина ќе ги укине даноците на извозот на житарки на повеќе од еден месец со цел да ја зголеми понудата на долари, изјави портпаролот на владата, Мануел Адорни. Мерката ќе ги опфати житарките и нивните преработки, како што е соиното масло, и ќе биде на сила до 31 октомври, или сè додека не се достигне сума еквивалентна на седум милијарди долари, се наведува во владината уредба. Аргентина е водечки светски извозник на соино масло, како и трет ...
„Ошан“ започнува трансформација на својот модел на хипермаркети и планира намалување на 66 продавници до 2027 година, пренесува порталот „Капитал“. Оваа иницијатива ја одразува стратешката промена од традиционалниот модел на големи хипермаркети, поттикната од падот на перформансите на овие објекти и сè поголемата конкуренција од е-трговијата и помалите малопродажни формати, пренесува магазинот ESM. Првично, „Ошан“ планираше да ја намали ...
Бројот на плаќања со картички и електронски пари на интернет во второто тромесечје од оваа година е зголемен за 38,3 отсто во однос на истиот период од 2024 година, објави Народната банка на Србија (НБС) и наведе дека во второто тромесечје од 2025 година се извршени 26,6 милиони интернет купувања, од кои 18,7 милиони на домашни веб-страници, а 7,9 милиони на странски. Ова зголемување придонело за задржување на трендот на раст на интернет ...
Со две децении искуство во продажбата, Бојан Стефановски денес ја води Nestle Professional на три пазари: Македонија, Косово и Црна Гора. Тој ја гради својата кариера во продажбата, минувајќи низ неколку водечки компании: „Словин Југококта“, „Дрога Колинска“ и „Виндија интернационал“. Во ова интервју зборуваме за продажбата некогаш и сега, лидерството, новите технологии и зошто во продажбата е важно чекорите да се тивки, но трагите – јасни. ...
„Витаминка“ оваа година за првпат се претстави на еден од најзначајните саеми за храна и пијалаци во Саудиска Арабија, Блискиот Исток и Северна Африка – Foodex Saudi Arabia 2025, кој се одржа во Ријад. Настанот претставува водечка платформа за меѓународни брендови од областа на прехранбената индустрија, отворајќи можности за поврзување со партнери и купувачи на пазар од над 36 милиони потрошувачи – потенцијал кој е од огромно значење за ...
Овој вторник под отвореното небо на терасата во Ресторанот „Дион Стенковец“, македонската компанија за управување со амбалажен отпад „Пакомак“ прослави 15 години постоење. Помеѓу најблиските партнери, соработници и поддржувачи, а придружено со избрана македонска забавна музика, компанијата одбележа уште една важна етапа во своето постоење. Успешната приказна на „Пакомак“ започна 2010 година, кога вкупно 11 домашни компании се организираа заедно ...
„Амазон“ планира да затвори 19 свои продавници во Велика Британија, помалку од пет години откако ги отвори објектите кои работеа без каси во Лондон. Компанијата додаде дека ќе се фокусира на своите услуги за онлајн достава во секторот на намирници, вклучувајќи соработка со партнери како „Морисонс“, „Кооп“, „Ајсленд“ и „Гопуф“. Компанијата соопшти дека во нивните продавници работат 250 вработени и дека компанијата започнала процес на консултации ...
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески оствари работна средба со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претставници на бизнис-секторот во Битола и пелагонискиот регион. На средбата присутните дискутираа за економските прилики во државата, а заменик-министерот Ристески презентираше дел од мерките кои Владата и министерството за економија и труд ги нудат за поддршка за домашното стопанство. Како никогаш досега ...
Во вториот квартал годинава нето надворешниот долг изнесува 4.595 милиони евра, покажуваат податоците од објавеното редовно статистичко соопштение на Народната Банка за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција. На 30 јуни 2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.595 милиони евра (или 28,2% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2025 ...
Водечки трговци и производители на храна и пијалаци, „Пепсико“ и „Унилевер“, ја започнуваат иницијативата „STEP up for Ag“ (Поддршка на доверливо ангажирање и партнерство за земјоделството), со цел зајакнување на капацитетите и одржливоста на организациите што обезбедуваат поддршка за земјоделците низ Северна Америка. „Пепсико“ е длабоко поврзан со земјоделството, а земјоделците се во срцето на нашите прехранбени системи. STEP up for Ag се ...
Потрошувачите во еврозоната ги променија своите потрошувачки навики очекувајќи ги ефектите од американските царини, оддалечувајќи се од производите од САД и намалувајќи ја дискреционата потрошувачка, покажува студија на Европската централна банка. Потрошувачите во еврозоната, кои располагаат со значителни заштеди акумулирани во годините по пандемијата, беа претпазливи со купувањата во текот на целата година, бидејќи неизвесноста околу царините ...
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески оствари работна средба со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и претставници на бизнис-секторот во Кавадарци. Ристески пред присутните ги презентираше главните мерки на министерството за економија и труд за поддршка на стопанството и претпријатијата, како и мерките од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година. ...
Повторно е отворен модернизираниот маркет на „Сити“ на улицата Московска во Подгорица Во модернизираниот амбиент, потрошувачите ги очекува богата понуда од свежо овошје и зеленчук, локална месара, пакувано месо подготвено за носење, свежи пекарски производи, па сè до широк избор на домашни и странски брендови. Компанијата подготви подароци за првите 700 потрошувачи, како и брендирано огледалце за првите 50 потрошувачи на вториот ден од ...
Здружението „Вина од Македонија“, на 4-ти октомври, во Музејот на современата уметност во Скопје, ќе биде домаќин на 7-мото издание на „Светскиот ден на вранецот“. Оваа година винскиот салон се одржува под мотото: „Каде што виното се среќава со уметноста“, и гордо ја слави винската сорта Вранец, претставувајќи го Балканот пред светот како вински регион во подем. Овој уникатен настан ги обединува најреномираните винари, јавни личности, љубители ...
Поради извештаите дека храната во Холандија е поскапа отколку во соседните држави, Регулаторното тело за заштита на потрошувачи покрена истрага за практиките на формирање цените во холандските супермаркети. Претходно, холандската потрошувачка организација „Консументенбонд“ соопшти дека нивното истражување покажало дека германските супермаркети се во просек околу 15% поевтини од холандските. Регулаторното тело најави дека истрагата ќе ги опфати ...
Еден од тројца купувачи во Обединетото Кралство при изборот на чипс внимава на влијанието на амбалажата врз животната средина, покажува истражување на компанијата за пакување „Амкор“, спроведено во август врз 2.000 потрошувачи. Резултатите укажуваат на генерациските разлики, додека 43% од лицата под 45 години ја земаат предвид одржливоста на пакувањето, тоа го прави само 20% од постарите потрошувачи. За 28% од испитаниците, амбалажата е еднакво ...
Компанијата „Морисонс“ пријави раст на продажбата од 3,0% на споредлива основа (like-for-like) во третиот квартал од 2025 година, заклучно со 27 јули. Вкупната продажба на компанијата во овој период пораснала за 3,5%, достигнувајќи 4,0 милијарди фунти, при што онлајн продажбата забележала двоцифрен like-for-like раст, што ја направи најбрзо растечката онлајн мрежа за продажба на прехранбени производи на пазарот, се наведува во соопштението на ...