
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Компанијата ДТЛ ги отвори вратите на новиот маркет „Арома“ во Колашин, на улицата Бошко Рашовиќ. На површина од повеќе од 1.000 квадратни метри, потрошувачите имаат избор од разновиден асортиман на прехранбени и непрехранбени производи. Како што соопштуваат од компанијата, новиот објект носи и многу придобивки што го олеснуваат купувањето и го прават попријатно. Купувачите можат да паркираат во гаражата и директно со лифт да стигнат до ...
„Крафт-Хајнц“ соопшти дека Управниот одбор едногласно го одобрил планот за поделба на две независни компании. Како што се наведува во соопштението на компанијата, целта на поделбата е да се поедностави структурата и да се подобри ефикасноста при распоред на ресурсите, во согласност со стратешките приоритети на секоја од новите компании. Првата од двете компании, чии имиња ќе бидат одредени подоцна, е „Global Taste Elevation Co“ – глобален лидер ...
Десетта година по ред, компанијата традиционално обезбедува слободен ден за сите вработени чии деца тргнуваат во прво одделение во основно училиште. Покрај слободниот ден за вработените, компанијата им подари и ранци со училиштен прибор и опрема на учениците од прва година. Особено сме горди што ја негуваме оваа традиција веќе една деценија, што нè прави препознатливи како компанија која навистина се грижи за своите луѓе. Сакаме да им кажеме на ...
Малопродажниот синџир „Меркатор“ повторно ја отвори својата продавница Пољанска во Љубљана по реновирањето. Според компанијата, продавницата е „освежена во ретро стил“ и реновирана за уште попријатно искуство при купувањето. Ја проширивме понудата на оброци „за носење“, додадовме нови сендвичи, ладни пијалаци и слатки производи. Деликатесите и пекарницата сега им се достапни на потрошувачите преку систем на самопослужување, објави компанијатана ...
Индустриското производство во јули годинава е зголемено за 4,1% во споредба со јули лани и за 3% во периодот јануари – јули годинава споредено со истиот период од минатата година, објави Државен завод за статистика. Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во јули 2025 година, во споредба со јули 2024 година, имаат одделите за производство на електрична опрема со 15,3%, машини и уреди, неспоменати на друго место со 4,6% и на ...
„Данон“ – Северна Америка објави значителна инвестиција во фабриката за јогурт во Минстер, Охајо, со цел зголемување на производствениот капацитет и задоволување на растечката побарувачка за јогурти богати со протеини и хранливи материи. Мултимилионската иницијатива вклучува проширување од 4.460 квадратни метри, инсталација на нова производствена линија и подобрувања на постојните капацитети, што ќе создаде 30 нови постојани работни места во ...
Приватните трговски марки на трговците повеќе не заостануваат - тие преземаат. Низ цела Европа синџирите на малопродажни брендови се шират и по удел и по важност, потпомогнати од структурните, политичките и потрошувачките повратни ветрови во грб. Додека брендовите на производителите се соочуваат со сè поголеми предизвици, трговците тивко ги преобликуваат правилата за вредност, достапност и доверба. Има седум причини зошто брендовите на трговците ...
Во инвитро лабораторија на Институтот за генетски ресурси во Бања Лука, успешно е произведен автохтон компир од сортата Гламочки под контролирани услови „од епрувета“. Како што објави Институтот, оваа постапка овозможува производство на здрав, семенски материјал без вируси, што е од големо значење за зачувување на генетската автентичност и подобрување на производството на оваа традиционална сорта. Благодарение на современиот биотехнолошки метод ...
Во вториот квартал годинава регистрирани се 10.323 слободни работни места, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според статистичките податоци, стапката на слободни работни места во вториот квартал од 2025 година изнесува 2,08%. Најмногу слободни места има во преработувачката индустрија вкупно 2.262 и во трговијата со 2.126. Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,54%. Највисока стапка на ...
„Монделез интернационал“ ја назначи Дагмара Пиасецка Рамос за потпретседател и извршен директор на работењето на компанијата во Полска и балтичките држави. Пиасецка Рамос, која ја презеде функцијата на 18 август, има повеќе од 20 години деловно искуство на различни позиции во меѓународни организации во FMCG-индустријата. Претходно, три години беше извршен директор на „Пепсико“ во Полска. Пред тоа, таа помина две децении во „Филип Морис“ на ...
По речиси едномесечно затворање поради санација и реновирање по пожарот во објектот, „Туш“ во Шкофљица повторно ги отвори вратите за потрошувачите. Во продавницата е извршена целосна обнова на електричната инсталација и вградено е штедливо ЛЕД-осветлување. Просторот е освежен, а потрошувачите повторно имаат на располагање богата понуда на свежи артикли, топли пекарски производи, овошје и зеленчук, како и производи од локални и други признати ...
По речиси едномесечно затворање поради санација и реновирање по пожарот во објектот, „Туш“ во Шкофљица повторно ги отвори вратите за потрошувачите. Во продавницата е извршена целосна обнова на електричната инсталација и вградено е штедливо ЛЕД-осветлување. Просторот е освежен, а потрошувачите повторно имаат на располагање богата понуда на свежи артикли, топли пекарски производи, овошје и зеленчук, како и производи од локални и други признати ...
Европската Унија донесе нови правила, според кои од 2025 година шишињата направени од ПЕТ-пластика ќе мора да содржат најмалку 25% рециклирана пластика. Оваа мерка е дел од новата директива за животна средина и има цел значително да го намали производството на нова пластика, како и да го поттикне рециклирањето. Планот е до 2030 година, уделот на рециклираната пластика во шишињата да се зголеми на 30%. Додавањето рециклиран материјал може да го ...
„Амазон“ ќе ги прошири корпоративните програми за вработените, вклучувајќи ја структурата на платите и бенефициите, за вработените во синџирот „Хол фудс“. Имено, гигантот за е-трговија објави дека до декември 2026 година, целосно ќе ги усогласи бенефициите за сите корпоративни вработени во прехранбените продавници и дека вработените во „Хол фудс“ ќе ги задржат своите бенефиции за попуст во продавницата. Тие исто така ќе добијат код за попуст од ...
„Карлсберг“ - Виетнам официјално ја отвори проширената пиварница Фу Баи, означувајќи важна пресвртница на патот на компанијата кон иновации, одржливост и долгорочна посветеност кон Виетнам. Со вкупна инвестиција од речиси 90 милиони долари, проширувањето го зголемува капацитетот на пиварницата за 50%, што ја прави најголемата локација за производство на пиво на „Карлсберг“ во Азија. Проширувањето на пиварницата Фу Баи ја одразува нашата ...
По воспоставувањето директна дистрибуција во сите канали на пазарот на БиХ, „Франк“ продолжува стратешки да го зајакнува својот бизнис преку планираното преземање на производствени капацитети и брендови за кафе. Групацијата го почна процесот на преземање на фабриката за преработка на кафе во Посушје, како и брендовите за кафе од пазарот на Босна и Херцеговина - Branck caffé и Dolce caffé. Ова преземање следеше откако „Франк“ воспостави контрола ...
Научници од универзитетите Рајс и Хјустон развија иновативен биоразградлив материјал направен од бактериска целулоза, со механичка цврстина до 553 мегапаскали – значително повисока од повеќето биоматеријали. Со нова техника за биосинтеза, бактериите се насочуваат да создаваат уредени целулозни влакна, што резултира со цврсти и термички стабилни биополимерни листови. Во процесот е вклучен и бор нитрид, кој дополнително ги засилува својствата на ...
Истражувачи од МИТ (Масачусетски институт за технологија) развија иновативен начин за збогатување на храна и пијалаци со железо и јод, користејќи микроскопски честички наречени метално-органски рамки (Metal-Organic Frameworks – MOFs). Овој пристап има цел да помогне во борбата против недостигот на железо во храната – состојба што засега околу 2 милијарди луѓе низ целиот свет и може да доведе до анемија, когнитивни нарушувања кај децата и ...
„Пивара Скопје“ со брендот Rosa и компанијата „Бамби“ со брендот Plazma се цврсто посветени на својата мисија да придонесуваат за заедницата и да ги поддржуваат најмладите генерации. Акцијата на Plazma и Rosa, во која првачињата на стартот на учебната година ќе добијат подарок од нивните омилени брендови, со големо задоволство беше поддржана од дистрибутерската компанија „Кола“, која активно се вклучи во реализацијата на оваа прекрасна ...
Приватната трговска марка Balea на компанијата „дм дрогерие маркт“ годинава одбележува 30 години постоење. Од основањето во 1995 година, dm го прошири асортиманот на Balea од неколку производи за туширање и нега на тело, до повеќе од 800 артикли. Денес брендот опфаќа голем број производи за нега на лице, тело и стапала, нега и стилизирање на коса, отстранување влакна и бричење, производи за туширање и бањање, дезодоранси и течни сапуни за раце. ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, истакна дека Министерството продолжува со интензивна поддршка за модернизација на земјоделството, а посебен акцент се става и на младите земјоделци. Особено внимание Министерството посветува на младите земјоделци, како двигатели на иднината во аграрниот сектор. На јавниот повик за млади земјоделци пристигнале вкупно 254 апликации, од кои се одобрени 117. Трипуновски ...
Компанијата со тридецениско искуство „Гемак“ почнува нова развојна етапа. Со проширување и зајакнување на дистрибутивната мрежа, компанијата најавува 75 нови вработувања во повеќе градови низ цела Македонија. Новите работни позиции се отворени во повеќе сектори, со посебен фокус на дистрибуција, продажба, менаџмент, сметководство и човечки ресурси. Како што соопштуваат од компанијата, вработените ќе имаат можност да бидат дел од динамична и ...
Почнувајќи од 1 јули 2025 година, Хрвоје Родин ја презеде позицијата извршен директор на „Перно Рикар“ за Хрватска и Словенија, со цел дополнително зајакнување на позицијата на компанијата која работи на овие пазари повеќе од 30 години. Родин е активен во индустријата за пијалаци повеќе од 20 години, со богато искуство во продажба, маркетинг и управување со дистрибуција, а член е и на управниот одбор на „Перно Рикар Балканс“, кој, покрај ...
Виктор Петков, генерален менаџер на „Випро“ Виктор Петков е еден од пионерите на македонското претприемништво. Својата професионална приказна ја почнува уште во 1980 година во аграрниот гигант „Винојуг Гевгелија“. Во 1990 година ја почнува сопствената бизнис-приказна, со што го поставува темелот на денешниот бренд „Випро“ – компанија која денес успешно пласира македонска традиционална зимница на повеќе од 20 меѓународни пазари. И покрај тоа што ...
Компанијата соработува со инвестициската банка „Лазард“ за потенцијална продажба на британскиот синџир кафетерии „Коста“. Компанијата одржа почетни разговори со мал број потенцијални понудувачи за „Коста кофи“, вклучувајќи и компании за приватен капитал. Индикативните понуди се очекуваат на почетокот на есента, но продажбата не е сигурна. „Кока-Кола“ ја купи „Коста кофи“ во 2018 година за повеќе од 5 милијарди долари, за да ја зајакне својата ...
Германскиот дисконтер ги забрзува подготовките за влез на пазарот во Босна и Херцеговина, откако во август почна со изградба на најмалку три малопродажни објекти - во центарот на Кисељак, на јужниот влез во Зеница и во центарот на Какањ, објавува BiznisInfo.ba. Компанијата веќе ја заврши изградбата на неколку малопродажни објекти, вклучувајќи два во Сараево и по еден во Мостар, Грачаница и Бијелина, додека уште поголем број продавници се во ...
„Куриг др. Пепер“ го објави потпишувањето на договор за купување на холандскиот производител на кафе „Јакобс Дауе Егбертс“. КДП ќе им исплати на акционерите на „Јакобс Дауе Егбертс“ 31,85 евра по акција или вкупна вредност на капиталот од 15,7 милијарди евра. По завршувањето на аквизицијата, „Куриг др. Пепер“ планира да се подели на две независни компании – „Бевериџ ко“, која ќе ги вклучува нејзините северноамерикански брендови за безалкохолни ...
Побарувачката за производи со висок протеински состав продолжува да расте, што ги поттикнува трговците да го прошируваат асортиманот, често преку приватни марки за спортска исхрана. „Ошан“ го лансира трговскиот бренд Eat n Move, кој вклучува производи како изотонични пијалаци за хидратација за време на тренинзи и сурутка за заздравување по вежбање. „Алди“ во Германија ја претстави линијата Aldi Sports, која нуди производи збогатени со протеини, ...
Винарската визба „Тиквеш“, која годинава прославува 140 години постоење, традиционално беше домаќин на најреномираните светски и домашни поети кои учествуваа на годинешното 64-то издание на Струшките вечери на поезијата (СВП). Посетата на поетите и лауреатот на СВП на „Тиквеш“ е пригоден настан кој се одржува секоја година во рамките на Струшките вечери на поезијата, како резултат на долгогодишното партнерството и поддршката на компанијата на ...
Земјите-членки на Европската Унија имаат право да ограничат или да забранат одгледување на одобрени генетски модифицирани организми (ГМО) на својата територија, поради еколошки или здравствени причини. Многу земји-членки избрале да не дозволат одгледување на ГМО-култури. Во моментов, во ЕУ се одгледува само еден вид генетски модифицирана пченка на ограничена скала. По неодамнешното гласање на земјите-членки за олеснување на правилата за ...