Во следните два дена ќе се задржи релативно топло време со појава на утринска магла во одделни котлини. Локални врнежи од дожд ќе има во попладневните и вечерните часови в среда и в петок. В сабота ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Како што соопшти УХМР, в петок и в недела минималните температури ќе се движат од минус три до пет, односно од минус два до седум степени. Максималната ...

Експертите предупредуваат дека невремето што се приближува до Ирска и Велика Британија може да предизвика и торнадо. Британскиот институт за торнадо и бури (TORRO) издаде предупредување за опасни метеоролошки услови и најави дека се очекуваат ветрови со брзина од околу 160 километри на час, кои ќе донесат врнежи и град со големина до 20 милиметри. „Бурата „Деби“ ќе се движи кон Ирска и Северна Ирска во текот на ноќта. Фронтален систем ќе ...

Биотехнолошките компании сакаат да лансираат вакцина против рак на пазарот за неколку години. Ова е овозможено со таканаречената технологија mRNA. Таканаречената mRNA технологија направи револуционерен пресврт во медицината за само. За време на пандемијата на корона, благодарение на оваа технологија, беше можно да се развијат ефективни вакцини против вирусот САРС-КоВ2, предизвикувачкиот агенс на болеста Ковид во рок од неколку месеци. ...

Екипата на Интер со предност од два бода во однос на Јувентус ќе замине на двонеделната пауза откако вчера на домашен терен го совлада Фрозиноне со 2-0 за четврти триумф во низа. „Нераѕурите“ му дозволија на противникот да ја има топката во свои нозе, но затоа беше многу поопасен кога беше во напад. Упати 21 шут, а преку Димарко во 43. и Чалханоглу во 48. минута постигна два гола и дојде до очекуваната победа. Особено атрактивен беше голот на ...

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени. И во вторник ќе се задржи стабилно време, ...

Австралискиот борец со македонско потекло Александар Волкановски ќе се бори против Илија Топурија во февруари идната година, а неколку месеци претходно почнаа провокациите меѓу борците. Топурија досега нема пораз, односно славеше на 14 борби и порача дека Волкановски ќе биде негова нова „жртва“, а Австралиецот не му остана должен и испрати порака до него. „Потребна му е лекција по понизност. Среќен сум што јас ќе бидам првиот кој ќе му ја ...

Кинескиот технолошки гигант Huawei планира да произведе дури 100 милиони паметни телефони до 2024 година, што е за 40 отсто повеќе од претходните прогнози на компанијата. Бидејќи испораките на телефони Huawei Mate 60 се предвидува да достигнат 20 милиони оваа година, ова му дава поттик на кинескиот технолошки гигант да го зголеми производството на идните модели. Поради тоа, Huawei планира да произведе неверојатни 100 милиони смартфоно кои ќе ...

Иако каледнардски зимата уште не почнала, на планините во Хрватска и во Босна и Херцеговина утрово паднаа првите снегулки. Како што објави Метеоролошкиот центар од Хрватска, промената на времето пристигна во оваа земја, а со тоа и снегота. Околу Госпиќ утрово падна снег, а на Платак веќе наврна поголемо количество снег. Првиот снег оваа есен паѓа на планините во Далмација. Утрово снег паѓа на Динара, Камешница и Биоково, а снегулки имаше и на ...

Во изминатите 24 часа најмногу дожд – 14 литри на квадратен метар наврна на Попова Шапка, 10 литри во Тетово и Маврови Анови, 8 во Крушево, 5 во Берово и Лазарополе, 4 во Охрид, 3 во Претор и Виница, 2 во Крива Паланка, Прилеп, Гевгелија и Дебар, 1 литар наврна во Скопје Зајчев Рид, Битола, Куманово, Струмица, Велес, покажуават мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од ...

УХМР соопшти дека утре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа со брзина над 70 километри на час). Минималната температура ќе се движи од 6 до 12, а максималната од 12 до 19 степени. Во Скопје претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер ...

Најдобрата украинска тенисерка Елина Свитолина во интервју кажа дека секогаш дава сè од себе на теренот, а посебно е мотивирана кога против себе има руска или белоруска тенисерка. Во тек е воениот конфликт меѓу Украина и Русија, аСвитолина кажа дека против Русинките се бори како војник на бојно поле. „Кога играм против Русинки, се борам како украински војник на бојно поле“, вели тенисерката. Откако почна нападот од Русија врз Украина, таа не ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, со фантастична игра и голема доминација денеска ја совлада Кристина Дину (6-0, 6-1) и се пласира во полуфиналето на челинџер-турнирот во грчкиот град Ираклион. За Македонката ова беше четврти триумф во шестиот меѓусебен меч со Романката, а утре ќе ја одигра седмата полуфинална пресметка во 2023 година. Противничка ќе ѝ биде втората носителка Екатерина Макарова (Русија), која денеска ја победи ...

Ракометниот клуб Нант слави 70. роденден, поради што на вечерашниот натпревар против Шартр ќе има пригодна свеченост. Во целата програма, централен момент ќе биде откривањето на „Ѕидот на легендите“, на кој свое место има и Кирил Лазаров. Станува збор за огромна фотографија со седум ракометари, кои клубот ги одбрал како најголеми или најзаслужни во историјата на Нант. Лазаров мина пет сезони во виолетовиот клуб, од 2017 до 2022, период во кој ...

Од денес под влијание на нов влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои повисоките планини повремено ќе преминуваат во снег. Наместа ќе има пообилни врнежи, а во сабота и локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во ноќните часови кога на повисоките планини ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. ...

Србинот Новак Ѓоковиќ и официјално стана единствениот тенисер во историјата на овој спорт кој има победнички процент од најмалку 80-отсто на сите три подлоги, како и на затворено односно на отворено. Со петте победи на мастерсот во Париз, тој ја надмина границата од соништата на средбите играни во затворен простор и стана првиот во опен ерата на тенисот кому му успеало да биде до толку успешен во споменатите пет категории. Ѓоковиќ во ...

Фудбалската репрезентација на Македонија во понеделник ќе ги стартува подготовките за последните предизвици во квалификациите за Европското првенство во Германија. Прв ривал во овој прозорец ќе ни биде селекцијата на Италија, натпревар кој се игра на стадионот „Олимпико“ во Рим, на 17 ноември. По тој повод Фудбалската федерација на Италија ќе ни приреди голема чест, бидејќи го поканија нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски да ја пее ...

Епското финале на „Маракана“ сè уште е меѓу главните фудбалски теми овие денови. Дуелот меѓу Бока Јуниорс и Флуминенсе, сам по себе беше вистински фудбалски спектакл, но во фокусот на јавноста се и многуте неверојатни приказни на аргентинските фанови кои откриваат низ што сè минале за да дојдат во Рио. Младиот фан на Бока ја продаде својата највредна играчка, плејстејшнот, додека неговиот татко останал без мотоциклот. Сето тоа поради љубов ...

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт го објави списокот на фудбалери за престојните натпревари против Малта и Македонија. Англија веќе обезбеди место на Европското првенство, но Герет Саутгејт со најдобрите ќе ги игра последните два квалификациски меча. Голмани: Сем Џонстон (Кристал Палас, Џордан Пикфорд (Евертон), Арон Рамсдејл (Арсенал) Одбрана: Леви Колвил (Челси), Луис Данк (Брајтон), Марк Гуеи (Кристал Палас), Хари Мегваер (Манчестер ...

Грчки ПАОК, во корелација со домашната полиција и градските власти, соопшти дека вечерва ќе има строги претреси за навивачите на шкотски Абердин за дуелот од Конференциската лига на УЕФА во Солун на кои ќе им е забранет влез со македонски знамиња на стадионот. Како што информираат од ПАОК на „Тумба“ во Солун вечерва нема да биде дозволено внесување пиротехнички материјали, но и македонски знамиња, од страна на навивачите на шкотскиот ...

Капитенот на Фиорентина, Кристиано Бираги, е забележан како помага во напорите за расчистување по разорните поплави во Тоскана предизвикани од бурата Сиаран во текот на минатата недела. Во регионот на Тоскана во четвртокот беше прогласена вонредна состојба откако шест лица ги загубија животите како последица на поплавите. Утрото по поразот на Фиорентина од Јувентус со 1:0 на домашен терен, Бираги, кој ги одигра сите 90 минути, беше ...

Денес ќе преовладува облачно и посвежо време со врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 л/м2). Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од петок попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен ...

Облачно, почнувајќи од северозападните и северните делови со повремени врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе се прошират насекаде. Врнежите локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, а наместа ќе наврнат над 20 л/м2. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и кон крајот на денот засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Во Скопје облачно, уште од претпладне со врнежи од дожд, повремено пообилни. ...

Времето утре ќе биде облачно и посвежо, почнувајќи од северните и северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на денот ќе се прошират насекаде. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови, каде се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен. На некои места врнежите ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и кон крајот на денот засилен ...

Во Милано пред вечерашниот натпревар во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) меѓу Милан и париски ПСЖ дојде до неколку физички пресметки меѓу навивачите, а во една од нив тешко е повреден симпатизер на францускиот тим, кој, како што пренесуваат локалните медиуми, се бори за живот. Според медиумите, 34-годишен навивач на ПСЖ бил избоден со нож во главата и ногата и во тешка здравствена состојба е пренесен во една од градските болници. Повредени ...

Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени, а максималната ќе достигне 24. Во Скопје наутро со услови за слаба магла во делови од котлината, a преку денот ќе биде сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер со ...

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, во соработка со пожарникар, спасил девојче од можно стампедо по финалето на Мастерсот во Париз каде го совлада Бугаринот, Григор Димитров. По мечот, Ѓоковиќ тргна да се поздрави со дел од своите навивачи, но кон него тргнале и оние од погорните редови на трибината во Берси кои буквално го загубиле паметот во обидот да го допрат тенискиот бог. Во таков налет, тие не гледале што се случува пред нив и ...

Вo четврток (9 ноември), Макаби ќе го одигра својот прв евролигашки натпревар како домаќин во Белград откако неодамна раководството на клубот ја прифати поканата од српската престолнина таму да ги пречека своите ривали. Прв противник ќе биде Баерн, а натпреварот ќе се игра без публика бидејќи само на тој начин би се гарантирала безбедноста на сите учесници. Тоа не значи дека и на следните дуели на Макаби нема да има публика на трибините на ...

Метеоролозите излегоа со најави дека кон крајот на следната недела со натамошно заладување во ридско-планинските предели од регионот може да има и снег. Од средината на неделата полека но сигурно ќе навлегуваме во поинаков тип на време кое се повеќе ќе наликува на доцна есен. Според долгорочните прогнози на Акуведер, еден од најпознатите светски сервиси за метеорологија снегот во градовите во Македонија би можел да дојде на 23 ноември 2023 ...

По триумфот на Мастерсот во Париз, се чини дека нема таква болка и тој здравствен проблем што може да го спречи Новак Ѓоковиќ да го направи она што го наумил, а тоа е секогаш, исклучиво патот до титулата. Талон Грикспор, Холгер Руне и Андреј Рубљов му земаа по сет, но и во тие моменти веројатно никој не се осмели да помисли дека српскиот ас ќе загуби некој од тие мечеви. Иако во тој момент беше со милји оддалечен од својот најдобар тенис, пот ...

Дербито меѓу Шкупи и Вардар (2-0) во Чаир го одбележа однесувањето на домашните навивачи и нивните изливи на национализам и шовинизам, по што следеше реакција од најтрофејниот македонски клуб. Вардар го осуди вчерашното националистичко дивеење на трибините од страна на домаќините, кои неколку пати ги гаѓаа вардаровите фудбалери и со пиротехнички средства. „Црвено-црните“ побара реакција од Министерството за внатрешни работи (МВР) и ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
36%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
5.14
39%
1018
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
35%
1019
weather icon

Софија

18ᴼ / 17ᴼ
8.23
46%
1017
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
9.23
51%
1016
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
2.06
39%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 20ᴼ
4.12
55%
1018
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
32%
1020
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
7.2
49%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
4.63
34%
1013
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
10.29
31%
1018
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
63%
1016
Currency

61.635

Currency

53.3446

Currency

70.6519

Currency

36.9247

Currency

38.3555

Currency

66.8703

Currency

7.75106

Currency

0.66557

Currency

0.33426

Currency

0.52487

Currency

1.19616

Currency

0.57385

Рутениум

56199.51

Паладиум

46522.13

Родиум

324722.54

Сребро

2317.63

Бакар

11.24

Цинк

0.00

Алуминиум

3.50

Злато

149524.49

Калај

45.44

Платина

62693.96

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09