До петок ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Во следните три дена минималната температура ќе се движи од 12 до 24 степени, а максималната од 25 до 40 степени. Како што соопшти УХМР, в недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе ...

Македонската кошаркарска репрезентација конечно е речиси комплетна, откако по приклучувањето на Ненад Димитријевиќ и Војдан Стојановски, вчера на тренинзите се појави и натурализираниот Американец, Ти-Џеј Шортс, кој беше најдобар во жолто-црвениот табор на последните четири средби од претквалификациите за ЕП 2025. Искусниот плејмејкер е оптимистички расположен во пресрет на претквалификациската фаза за пласман на ЛОИ 2024 во Париз, во која ...

ФК Вардар не е на продажба, а понудата претставува провокација. Ова го порача еден од водачите на навивачката група Комити, Милорад Миленковски, откако вчера на Фејсбук страницата на фудбалскиот клуб се објави информација дека добиле понуда за купување на црвено – црните. Пораката е испратена од претседателот на бугарската Фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов, кој како што пишува, ги контактира во име на компанија за изградба на спортски ...

Јужна Европа и Медитеранот, според прогнозите на метеоролозите, во втората половина на август ќе ги зафати нов топлотен бран со рекордно високи температури. Голем дел од континентална Европа се прогнозира да биде влажен и ветровито во август, со температури под просекот. Сепак, според синоптичарите анкетирани од Блумберг, во втората половина на месецот нови топлотни бранови ќе ги погодат Шпанија, јужна Италија и Грција со највисоки температури ...

Навивачката група Шверцери ги повика сите фанови на Шкупи вечерва на тренингот во Чаир да им дадат поддршка на своите фудбалери кога веќе не можат да го направат тоа во Софија. Поради инцидентите во Скопје, забрането е гостување на навивачите на Шкупи во Софија. Шверцерите нема да патуваат на мечот, па вечерва на тренинг ќе им дадат поддршка на фудбалерите. „Со оглед на тоа дека кукавиците од Софија ги затворија вратите од стадионот за нас и нѐ ...

Судот во Каталонија објави денеска дека на бразилскиот фудбалер Дани Алвеш ќе му се суди за сексуален напад, кривична категорија која во Шпанија вклучува силување. Алвеш, кој е во притвор од јануари оваа година, е обвинет за сексуален напад кој, наводно, го извршил во ноќен клуб во Барселона во декември лани. Доколку биде прогласен за виновен се соочува со затворска казна од шест до 12 години. Датумот на судењето сè уште не е прецизиран, соопшти ...

Во Македонија во вторник посвежо утро со пад на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од 9 до 19 степени. Во текот на денот ќе преовладува сончево и топло време. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец. Максималните дневни температури во Македонија утре ќе достигнат до 27 односно до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 8. Во Македонија во среда ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и ...

Македонскиот претставник во Конференциската лига Шкупи објави вечерва дека нема да организира навивачкиот карван на реваншот во Софија против Левски и воедно ги повика своите приврзаници во никој случај да не патуваат самоиницијативно в четврток на дуелот во Бугарија. Одлуката, како што е соопштено доаѓа по денешниот состанок во Скопје меѓу претставници на македонското Министерство за внатрешни работи, УЕФА и клубот Шкупи. „На состанокот беше ...

Фудбалскиот клуб Вардар објави дека до нив пристигнала финансиска понуда од страна на Бугарската Фондација “Македонија”, која што сака да го купи Вардар, а со тоа и да го смени целиот идеолошки наратив, врз кој 76 години, континуирано се развивал клубот, велат од клубот. Loading… -Нашиот став е дека воопшто не постои простор за дискусија со луѓе кои што не го признаваат македонскиот идентитет, па затоа одговорот ќе го објавиме вака јавно, нека ...

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски денеска го освои својот втор турнир со награден фонд од 25.000 долари откако триумфираше во Крамасх, Австрија. Ивановски по освојувањето на турнирот изрази надеж дека следните победи ќе му бидат на уште повисоко ниво, на Челинџер и АТП турнири. „Благодарност до сите за организацијата на турнирот. Секако и до мојот денешен ривал Жерар, против кого се надевам дека ќе играм и во иднина. Особено што ...

Вчерашната титула освоена на фјучерс-турнирот во Австрија на најдобриот македонски тенисер во моментов, Калин Ивановски, му донесе нови 21 ранкинг бодови, кои ќе му бидат доделени на АТП-листата од следниот понеделник, кога нашиот талент ќе го има најдобриот рејтинг во кариерата – ќе биде 303. тенисер на светот. Ова значи прескокнување на дури 33 позиции на ранг-листата најдобрите според Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП), но и правеќе ...

Виктор Осимен има неверојатна сезона зад себе со Наполи на кој му помогна да го освои Скудетото и затоа летово привлече големо внимание на европските гиганти. Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис кажа дека ќе го продаде Осимен само доколку добие луда сума на пари, по што веднаш пристигна понуда од 130 милиони евра од Ал Хилал. Де Лаурентис, сепак, веднаш ја одбил понудата затоа што сака најмалку 200 милиони евра за услугите на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец, јавува УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. UV=8 Во Скопје умерено облачно со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ...

Уште во текот на првата седмица од август месец, се поголеми се условите на Балканот да пристигне голем пад на температурите, и продор на значително постуден воздух од север, кој ќе го донесе и снегот во Алпскиот регион, а можен е и на највисоките планински врвови во Словенија. Во најновата прогноза, Славчо Попоски најавува дека првата седмица од август ни носи и се поголеми услови за временски непогоди во регионот, но не и во Македонија. -Дали ...

Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на денешната трка возена за Големата награда на Белгија. Холанѓанецот 44-те круга на патеката Спа-Франкошамп ги заврши пред клупскиот колега Серхио Перез и Шарл Леклер од Ферари.Верстапен на стартот тргна од шестата позиција, но и тоа не му беше пречка на крајот на убедлив начин да дојде до првото место оставајќи ги зад себе најблиските конкуренти за повеќе од 20, односно 30 секунди. За Верстапен ова ...

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. UV=9 Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени. И во недела ќе се задржи стабилно и топло време со пониски ...

Месец јуни 2023 година, се карактеризира како постуден и екстремно врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности. Месец јуни 2023 година, се карактеризира како постуден и екстремно врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираше Управата за хидрометереолошки работи, согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во државава. – Средномесечната температура изнесуваше 13,5 степени во ...

Двократниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Белгија, но првото место ќе му припадне на Шарл Леклер поради казната на Холанѓанецот. Леклер ќе стартува од пол-позицијата, по што следат Серхио Перез, Луис Хамилтон, Карлос Саинц и Оскар Пиастри во топ-5. Верстапен ќе биде шести на стартот поради казната од пет позиции, а зад него се Ландо Норис, Џорџ Расел, Фернандо Алонсо и Строл. ...

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски избори пласман во полуфиналето на фјучрс турнирот што се одржува во Крамшах, Австрија. Ивановски денеска во четврт-финалето беше елиминираше домашниот натпреварувач Сандро Коп со 2:0 по сетови 7:6 и 6:4. Ивановски, кој е втор носител на турнирот, во полуфиналето ќе игра против победникот од мечот Ламбер Рулан (Франција) – Матијас Ерхард (Германија). Во Крамшах Ивановски настапува и во дубл. Тој и ...

Сенегалскиот напаѓач Садио Мане пред неколку дена ја прифати понудата од Саудиска Арабија, а денеска Ал Наср постигна договор со Баерн Минхен за негов трансфер. Новинарот Фабрицио Романо објави дека клубовите го договориле трансферот и наскоро треба да бидат комплетирани документите, по што Мане ќе замине на медицински прегледи пред да биде промовиран како ново засилување. Ал Наср веќе се засили со Фофана, Брозовиќ и Телеш, а наскоро се очекува ...

После денешната ждрепка за првото коло во новата сезона во Првата лига, која стартува на 6 август од 17 часот, познат е и комплетниот распоред на мечеви за првите два круга од сезоната и веднаш уште во второто коло ќе има две големи дербија. Најтрофејниот македонски клуб Вардар кој после две години во второлигашката конкуренција се врати во домашната елита тргнува од Струмица кај Брера во новата сезона, а веќе на првиот домашен меч го чека ...

Доаѓањете на околу 2.000 навивачи на Левски на вечерашното гостување на овој тим кај Шкупи во квалификациите за Конференциската лига е причина за зголемена будност кај организатарот и македонската полиција, но и кај бугарскиот клуб, кој се плаши од жестоки казни од УЕФА во случај на испади од страна на нивните фанови. Управата на составот од Софија денеска испрати нов апел до своите следбеници, за тоа како да се однесуваат на арената „Тодор ...

Времето денеска во утринските чесови ќе биде променливо облачно, во западните делови со локален дожд. Преку денот насекаде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и значително посвежо. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието и во источните делови (на повеќе места со брзина над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во ...

Присуството на бугарски новинари во Скопје кои известуваат околу утрешниот натпревар Шкупи – Левски, придонесе тие со фотографии и снимки да им покажат на своите читатели и гледачи на каков терен ќе се игра мечот од квалификациите во Конференциската лига. Нерамен терен и лоша состојба на тревата на Арената „Тодор Проески“ е нешто што не е „ексклузива“ само за гостувањето на Бугарите, туку подолго време, и нашите репрезентативци се жалеа во ...

Шпанскиот фудбалер Иско, кој беше без клуб од декември, кога раскина со Севилја после само 12 меча за тој клуб, денеска официјално прејде во градскиот ривал на Севилја, Бетис. Некогашната ѕвезда на Малага и Реал Мадрид потпиша едногодишен договор со Бетис, клуб чиј тренер е Мануел Пелегрини. Пелегрини кој е екс тренер на Малага и Реал, бил клучниот човек кој барал Иско да биде доведен во Бетис. Иско е шесто засилување за Бетис, од позвучните ...

Француската суперѕвезда Килијан Мбапе не го интересираат пари и сака само да оди во Реал Мадрид и тоа веќе е јасно откако низа француски медиуми и новинари, меѓу нив и најугледниот „Л’Екип“, објавија вечерва дека извонредниот фудбалер одбил дури и да ја чуе понудата од Саудиска Арабија. Претставници на Ал Хилал се дојдени во Париз за да го молат и да го убедат Мбапе да дојде во С. Арабија, за што се спремни да потрошат една милијарда евра, од ...

Времето утре во утринските чесови ќе биде променливо облачно, во западните делови со локален дожд. Преку денот насекаде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и значително посвежо. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието и во источните делови (на повеќе места со брзина над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во ...

Како се приближува одигрувањето на утрешниот квалификациски меч од Конференциската лига помеѓу Шкупи и Левски така се вжештува атмосферата во јавноста во двете соседни држави, меѓу кои во последно време владее антагонизам поради сѐ поизразените претензии од бугарска страна кон Македонија. Средбата ќе се одигра на „Тодор Проески“ во Скопје, каде што се очекува да има најмалку 1.000 навивачи на гостинскиот тим и тоа од кругот на најагресивните и ...

Во западните делови променливо облачно со локален дожд, во останатите сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец (на повеќе места со брзина над 60 км/час). UV=8 Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Информации од ова утро: 26.7.2023 Минимални температури (во °С) 16 Берово, Попова Шапка, 17 Битола, 18 Крива ...

Утрешниот дуел од второто квалификациско коло за Конференциската лига кој се игра во Скопје, на Градскиот стадион од 21:00 часот помеѓу екипите на Шкупи и Левски Софија има свои пропратни елементи кои мора едноставно да бидат истретирани. Организаторот има полни раце работа, затоа што како што е известена јавноста Левски за своите навивачи, побарал 1600 билети. Колку од нив ќе пристигнат ќе видиме, а она што мора да се напомене е дека истите ќе ...

weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
3.09
86%
1036
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
6.69
63%
1035
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
75%
1031
weather icon

Софија

-8ᴼ / -8ᴼ
0.0
93%
1038
weather icon

Сараево

-2ᴼ / -2ᴼ
2.71
71%
1040
weather icon

Љубљана

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Атина

7ᴼ / 6ᴼ
4.47
60%
1032
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1031
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1031
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -4ᴼ
3.6
92%
1041
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / -1ᴼ
4.12
75%
1035
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 2ᴼ
5.14
87%
1033
Currency

61.535

Currency

59.5914

Currency

73.8915

Currency

37.3617

Currency

41.6745

Currency

65.4916

Currency

8.17643

Currency

0.61482

Currency

0.39364

Currency

0.52564

Currency

1.66059

Currency

0.67876

Алуминиум

2.63

Кобалт

30.86

Никел

15521.50

Рутениум

16011.07

Калај

31.22

Сребро

1042.08

Злато

92421.06

Бакар

9.07

Паладиум

30800.42

Платина

32851.45

Родиум

148697.20

Цинк

2.77