Најавената промена на времето пристигна со температури кои се попогодни за овој период од годината. Денеска падна првиот снег во Хрватска на планината Платка, на врвот Радешево, како што покажуваат снимките. Снег паднал и на Кредарица во Словенија. „Ништо чудно за ваква надморска височина за средината на октомври, а снегулки до крајот на денот може да очекуваме и во Завижан. Почетокот на неделата носи есенски температури и првите утрински ...

Македонија одигра рамноправен меч, но не успеа да освои барем бод и останува без шанси за место во завршницата од Европското првенство. Милевски жали за пропуштените шанси, ама е полн со комплименти за играчите. „Честитки за двете репрезентации за она што го покажаа денеска. Мислам дека сите што беа на стадионот уживаа во овој натпреар. И Украина и Македонија покажаа дека знаат да играат одличен фудбал. За жал не победивме, но горд сум на ...

Претпладне облачно со локални врнежи од дожд, попладне променливо облачно и свежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието. Утринските температури ќе се движат од 6 до 16 степени, а дневните ќе бидат во интервал од 11 до 22 степени. Во Скопје во утринските часови со врнежи од дожд, преку денот променливо облачно и ветровито. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максимална дневна температура од 17 ...

Времето утре наутро ќе биде свежо, преку денот сончево и релативно топло, а кон крајот на денот во северните и западните делови со мала до умерена облачност, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, особено изразен во западните делови. Во текот на ноќта кон понеделник ќе почне да дува засилен северен ветер, облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во ...

Токму на крилјата на скопјанецот Јасир Асани и кумановецот Таулант Сефери, нашиот западен сосед Албанија синоќа ја совлада Чешка со 3-0 и речиси да се пласира на Европското првенство наредната година, кое ќе се оддржи во Германија. Асани со голчиште од 25 метри само ја напна чешката одбрана, за потоа Сефери да ја запечати победата со два гола, што предизвика делириум на трибините, каде што беше присутна цела албанска елита, но и низа наши ...

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ (38) важи за еден од најзгодните мажи на регионалната музичка сцена. Уште од првиот момент кога се појави на естрадата, пред речиси две децении, сите жени се „луди“ по него. Прекрасен глас, извајано тело и широка насмевка – ова се епитетите што го красат. Тој отсекогаш се грижел за својот физички изглед – редовно тренира, но се грижи и за исхраната. Риба, пилешко и говедско месо се нештата кои најчесто се наоѓаат ...

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ пееше на свадбата на синот на Сашo Мијалков, поранешниот шеф на македонската контраразузнавачка служба. Постариот син на Сашо и Сандра, Јордан пред неколку дена се венчаше во манастирот „Јован Бигорски“ со неговата сопруга Анастасија, а во петокот направија забава во познат скопски хотел. Цеца покрај своите хитови ја отпеа и песната „Македонско девојче“ која ги воодушеви гостите. На свадбата настапи и ...

Иако ова веќе некое време се сомневаше во заедницата на ентузијасти на Windows, појавата на ново протекување дополнително ги зајакнува доказите дека тоа навистина е така – дека следната генерација на оперативниот систем на Microsoft, случајно наречен Windows 12, би можел да биде ОС базиран на претплата. Германскиот медиум Deskmodder забележа неколку такви записи поврзани со претплата во конфигурациската датотека INI на средната верзија на ...

Во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, а ќе биде релативно топло преку денот. Во текот на ноќта кон понеделник ќе започне продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и со значително опаѓање на температурата, особено во северните делови од земјата, соопшти УХМР. На почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд, особено во вторник. Во ...

Легендарниот ракометар на Вардар и поранешен македонски репрезентативец, Немања Прибак е заглавен во Израел каде игра за Хапоел од Ришон, тој за српските медиуми ја објаснува ситуацијата. Миленикот на вардаровите навивачи, Немања Прибак е во Израел, „заробен“ во својот стан каде чека ситуацијата да се смири за да може да биде евакуиран во Србија. Вели дека деновиве нималку не е пријатно да се биде во оваа земја. „Не е наивно. Порано имаше ...

Утрото свежо, преку денот сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 7 до 11 степени, а дневните ќе бидат во интервал од 21 до 29 степени. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност со максимална дневна температура од 28 степени. Во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, а релативно топло преку денот. Во текот на ...

Европската фудбалска асоцијацијација (УЕФА) денес го одложи квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 меѓу Косово и Израел. Според веб-страницата на УЕФА, натпреварот е одложен поради одлуката на израелските власти да не дозволи на репрезентацијата да патува во странство поради актуелната воена состојба. Натпреварот со Косово требаше да се одигра на 15 октомври во Приштина. Новиот датум на одигрување на натпреварот помеѓу овие екипи ќе биде ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 25 степени. До крајот на оваа седмица ќе се задржи сончево време со студени утра, а релативно топло преку ...

Селекторот на аргентинската репрезентација Лионел Скалони изјави дали напаѓачот Лионел Меси е подготвен да учествува на утрешниот натпревар од 3. коло од јужноамериканската квалификациска фаза за Светското првенство 2026 со Парагвај. – Имаме уште тренинзи пред натпреварот со Парагвај, ова е важно за Лео. Внимателно го следиме. Ќе имаме уште време да разговараме дали Меси ќе биде подготвен за настап. Треба да видеме како ќе се чувствува. Пет ...

Фудбалската репрезентација на Македонија утре патува за Прага, каде в сабота ќе го одигра следниот квалификациски натпревар против Украина. Напаѓачот Бојан Миовски вели дека мечот со Украинците е многу важен и дека со три бода освоени во Прага, ќе имаме сериозни шанси за второто место во групата. „Имавме позитивни резултати во последните два меча со Италија и Малта и има една одлична и позитивна атмосфера и мора да го задржиме тој моментум, ...

Алиша Леман е една од најпопуларните фудбалерки во светот, а го носи и епитетот најубава во овој спорт. Таа стана популарна во 2018 година кога се пресели од Јанг Бојс во Вест Хем, а подоцна потпиша за Астон Вила. Покрај добрите игри, таа се најде во центарот на вниманието со изглед и честата активност на социјалните мрежи. На Инстаграм ја следат над 15,1 милиони корисници, бројка која постојано се зголемува. За жал таа се соочила и со некои ...

Никола Величковски беше стрелец на првиот гол за Македонија во 12. минута, по што олска имаше можност за израмнување во 26. минута, но голманот Љупче Џеков беше на висина на задачата и му го одбрани ударот на Дариуш Сталмах. Победата на Македонија ја потврди талентираниот Мухамед Елмас кој постигна прекрасен гол од 18 метри за конечни 2-0 против Полска. Во второто коло од евроквалификациите Македонија ќе се соочи против Германија на 14 ...

УЕФА ги суспендираше сите фудбалски активности во Израел поради шокантните случувања во оваа земја во изминатите неколку дена, во која буквално владее воена состојба после нападот од исламската група Хамас. Повеќе од 1000 невини луѓе од Израел го загубија животот во изминатите два дена и бројките продолжуваат да растат, а со вистинска драма се соочил и познатиот поранешен фудбалер од оваа земја, Јуси Бенајун. Некогашната ѕвезда на Ливерпул ја ...

Во изминатите месеци Дарко Чурлинов беше надвор од терените поради сепса, македонскиот фудбалер од неодамна почна повторно да игра и се очекува да добие минути во престојните два натпревари на Македонија. Дарко Чурлинов доби зелено светло од докторите на Барнли да се врати на теренот, почна да игра натпревари за вториот тим на Барнли, а наскоро очекува да се врати и во првиот тим. Тој вели дека е пресреќен што повторно ќе има можност да ...

Времето во најголем дел од земјава сончево со умерена облачност. Наместа облачноста повремено ќе се зголемува, а попладне во западните делови и во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. Во ...

Екипата на Самтредија под водство на нашиот стратег Димитар Капинковски есенва влезе во и тоа како позитивна серија што го става клубот во добра позиција на табелата. Згора на тоа, Алекдандар Мишов е во моментов најдобриот играч на тимот и стрелец во серија на четири гола плус асистенција. Тоа нормално не остана незабележано од медиумите во Грузија, особено по викенд победата на Самтредија над тимот на Динамо Тбилиси. Па така, Мишов сега се ...

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ во моментов не настапува на турнири и се подготвува за пеколна завршница на сезоната, а овој пат повторно е во центар на внимание поради интервјуто на аргентинскиот играч Марко Трунџелити. Аргентинецот беше сведок на местење на натпревари, а во интервјуто откри такво нешто му било понудено и на Ѓоковиќ. „Ѓоковиќ ми кажа дека му било понудено да намести меч. Сергеј Стаховски, кој ме нарече шпион, ...

Времето денеска ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степен. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне ...

Тажна вест ни пристигнуваат од Израел по нападот на Хамас врз Тел Авив. Во нападите бил убиен и еден поранешен фудбалер. Израелските медиуми пишуваат дека помеѓу загинатите е и 43-годишниот Луис Асулин, кој во Израел го носеше дресот на повеќе клубови. Според информациите тој бил убиен на забавата на неговиот 43. роденден. Екс-фудбалерот заедно со своите пријатели бил на југот на Израел кога биле затекнати од ужасниот напад. „Околу 50 ...

Џуд Белингем за краток период успеа да сруши рекордот на Кристијано Роналдо во Ла Лига. Играчот од средниот ред на Реал Мадрид денес го отвори резултатот во 9. минута од мечот со Осасуна во 9. коло, а во 54. уште еднаш се запиша во листата на стрелците. Ова се негов седми и осум гол во шпанското фудбалско првенство. Кристијано Роналдо во истиот период во 2009 година постигна седум гола за Мадрид. Воедно, во првите 10 натпревари за Реал на ...

Шеикот Менсур кој е сопственик на Манчестер Сити е под истрага на британското министерство за надворешни работи под сомнение дека им помаган на руските тајкони да го префрлат своето богатство од Англија во Обидинетите Арапски Емирати. Властите во Велика Британија се сомневаат дека Менсур им помагал на руските богаташи да ги префрлат своите средства од Англија во ОАЕ за време на воената аграсија на Русите врз Украина. Шеикот кој се проценува ...

„Кориере дело Спорт“ лансираше шпекулација за можен отказ на Жозе Мурињо која веднаш беше демантирана од клубот. Италијанскиот весник излезе со вест дека Рома ќе му врачи отказ на Жозе Мурињо доколку го загуби утрешниот натпревар против Каљари. Дополнително „Кориере дело Спорт“ напиша и дека Рома го идентификувала Ханси Флик како можен наследник на Мурињо. Сепак, демант за ова стигна веднаш. Од Рома преку новинската агенција АНСА ги негираа ...

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски со гол во финишот од натпреварот го спаси Абердин од пораз против Хелсинки во меч од Конференциската лига. Абердин беше фаворит во овој меч и целеше на победа, но освои само бод. Миовски вели дека во Европа мора да се користат шансите за да се победи, а неговиот тим вчера промаши многу. „Создадовме многу шанси, особено во второто полувреме, можевме да постигнеме уште два-три гола. Кога израмнивме, тоа беше ...

Тренерот на Вардар, Александар Васоски вели дека иако утрешниот дуел ќе биде меѓу последниот и првиот на табелата, тоа е голем дерби меч од кој неговиот тим ќе се обиде да ги освои сите три бода. Утре (недела) со почеток од 14 часот, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, Вардар ја пречекува Шкендија. За разлика од некои минати времиња, вардарци во овој меч ќе влезат од последната позиција на табелата, а противникот од лидерската. ...

Од овој викенд, како и во првите денови од следната седмица се очекува прво спуштање на поларниот вртлог во Европа, и истиот ќе ги зафати источните и североисточните предели од континентот. Ова ќе услови драстично заладување, но локално ќе има и снег и на некои пониски места. Температурите понекаде ќе се спуштат дури и под нулата. Кај нас продолжуваат натпросечно високите температури на воздухот, краткотраен пад на истите се очекува во ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
990
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
67%
987
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
987
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
3.09
73%
991
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.99
90%
992
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
97%
988
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
1.34
84%
992
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
87%
987
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
988
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
92%
992
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
86%
987
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
5.66
76%
994
Currency

61.635

Currency

51.8732

Currency

70.7867

Currency

36.9714

Currency

38.2337

Currency

67.4946

Currency

7.50345

Currency

0.67228

Currency

0.33801

Currency

0.52487

Currency

1.18836

Currency

0.57248

Платина

65523.22

Алуминиум

3.13

Злато

159145.23

Калај

50.54

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Паладиум

52309.26

Цинк

3.44

Родиум

339190.38

Сребро

2475.93

Иридиум

213919.04

Бакар

11.98