Објавено на:

Лазаров: И покрај двата порази – задоволен сум од прикажаното во Романија

t

Македонската ракометна репрезентација во склоп на ЕХФ неделата одигра два пријателски натпревари на гости кај Романија, кои ги загубија со 27-32 односно со 24-28, настапувајќи со комбиниран состав и без неколкумина од носителите на играта.

Без разлика на неуспешниот резултатски дел од контролите, селекторот Кирил Лазаров изјави дека е задоволен од тоа што го виде на теренот во Браила.

„Максимално ја искористивме ЕХФ неделата да одиграме два пријателски натпревари со Романија на гостински терен, која исто така се подготвува за бараж-натпреварот против Чешка во мај. Во недостаток на повеќе од половина стандарден тим, од оправдани причини, шанса дадовме на нови играчи кои се дебитанти или имаат лимитирана улога во националниот тим во нормална ситуација. Ваквите мечеви се од голема важност да се види на кого може да се смета во ваков тип на тешки натпревари поготово на гостински терен. Се надевам дека за баражот во мај ќе се комплетираме и ќе се подготвиме да одиграме квалитетен натпревар бидејќи не очекува сериозен противник за пласман на Светското првенство. Задоволен сум од желбата ангажманот и односот на овие два натпревари од целиот тим“, изјави предводникот на жолто-црвените.

Македонија во бараж-дуелот за пласман на следниот ракометен Мундијал ќе одигра двомеч против Фарасите Острови, закажан за 15 односно 18 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на…

Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции,…

Ерменскиот премиер најави договор со Азербејџан

Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека мировниот…

Грците бесни што Турција сака манастирот Хора…

Министерството за надворешни работи на Грција преку…

Тројца мажи се обиделе да влезат во…

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било…