Објавено на:

Вчера на кратки ракави денеска со зимски јакни: Доаѓаат минусни температури

t

Утрово најниската температура од 0 степени е измерена на Попова Шапка.

Потоа следат Лазарополе со 1 степен, 3 во Маврови Анови, 4 Берово, Крушево, 5 Претор, 6 Крива Паланка, Охрид, Битола, Гевгелија, 7 Прилеп, 8 Тетово, Демир Капија, Виница, Струмица, 9 во Скопје-Петровец, Штип, Велес, Кавадарци и 10 степени во Скопје-Зајчев Рид и во Дојран.

Времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, додека пак на повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од слаб снег.

Од утре ни доаѓаат и утрински температури кои ќе одат и под нулата.

Според УХМР, утре времето ќе биде студено, а преку денот сончево со појава на мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Ваквата временска прогноза се очекува до сабота.

Ќе имаме студени утра, додека пак преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Минимална температура ќе се движи од -2°C до 3°C, додека пак максимална температура од 13°C до 20°C.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се пресметале при разминување на прошетка –…

Еден затвореник е полесно повреден во пределот…

Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош…

Синоќа во градски автобус на подрачјето на…

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица…

За вториот круг на претседателските и за…

Фон дер Лајен: ЕУ смета на Кина…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…