Објавено на:

Уште едно огромно достигнување: Ѓоковиќ осум години на чело на АТП листата

t

Иако оваа сезона не му тргна најдобро, Новак Ѓоковиќ и натаму е убедливо на чело на АТП листата, од денеска со 920 бода предност во однос на Карлос Алкараз.

Овој понеделник, тој ја почна 417. недела на чело на тенискиот ранкинг што значи дека ќе комплетира точно осум години на врвот на ранкингот. Таму сигурно ќе остане уште повеќе од еден месец бидејќи Алкараз ја брани титулата во Мајами и не може да го стигне, а останатите тенисери се доволно далеку за да не го загрозат првиот светски рекет.

На новата АТП листа нема поголеми промени во однос на пласманот. Прогрес забележаа Александер Зверев кој сега е на петтото место, како и Каспер Руд кој е осмопласиран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија го зголеми извозот во март

Германскиот извоз се зголеми во март во…

Албанец уапсен на Деве Баир

Албанец уапсен на еден македонски граничен премин. …

Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…

Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во…

Европската Унија верува дека сите политички сили…