![weather icon](/images/icons/weather_01n.png)
Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
![](/img/icon_wind.png)
![](/img/icon_humidity.png)
![](/img/icon_air_pressure.png)
Земјава и натаму е зафатена од топлотен бран и високи температури. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека и во следните денови ќе биде многу топло. Утринските температури ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10. Владата и Министерството за труд и социјална работа во овој период ...
Еден од најпопуларните борци во УФЦ, Конор Мекгрегор направи хаос по погребот на неговата тетка Памела, која почина пред два дена. Американските медиуми пишуваат дека Мекгрегор се скарал со едно лице, по што се случила масовна тепачка, а видеото се појави на социјалните мрежи. Во пабот каде што ѝ оддавале почит на починатата жена се случи хаос, а засега нема коментар од Ирецот. Rumours flying around that conor mcgregor just broke someone up in ...
Дел од „рестартот“ на РК Вардар и од новата раководна структура ќе биде и Стојанче Стоилов. Иконата на клубот ја завршува играчката кариера, но ќе се посвети целосно на заедничкиот поход за враќање на црвено-црниот клуб на трофејни височини. На денешната прес-конференција, Стоилов потврди дека ќе продолжи како помошник на Владо Недановски во првиот тим, но и како координатор на младинските категории на Вардар. Во неговиот тим ќе бидат Даниела ...
Вардар испрати отворен повик до скопските општини и им предложи конкретен начин како да му помогнат на клубот во овој тежок период. Навивачката група на Вардар, Комити кои го преземаа водењето на клубот, бараат начини како да дојдат до буџет за достоинствено да се игра во следната сезона откако тимот се врати во Првата лига. Овојпат од Вардар јавно ги повикаа скопските општини да купат по 1.000 билети кои чинат по 1.000 денари и така да му ...
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Кон крајот на денот и во вечерните часови во посеверните делови ќе има услови за краткотрајно поинтензивна изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=10 Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец, во делови од регионот кон крајот на денот ќе има услови за краткотрајно ...
Интер му испратил на Атлетико Мадрид понуда за купување на напаѓачот Алваро Мората, објави „Football Italia“. Според италијанскиот медиум „нероаѕурите“ се во потрага по нов напаѓач откако решиле да го отфрлат Ромелу Лукаку. Интер понуди 15 милиони евра за 30-годишниот Шпанец. Мората минатата сезона забележа 45 настапи за Атлетико во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 гола и три асистенции. Неговиот важечки договор е до летото 2024 година. ...
Италијанската престолнина денеска забележа нова рекордно висока температура од 41,8 степени Целзиусови, додека топлотниот бран опустоши поголем дел од јужна Европа, објави метеоролошката служба на регионот Лацио. Претходниот рекорд од 40,7 степени Целзиусови беше во јуни минатата година. Таа температура денеска беше надмината во различни делови на Рим, а метеоролошката станица во источните предградија забележа нов рекорд. Европа се бори со ...
Младинскиот кошаркарски репрезентативец, Тома Стојаноски, преку ноќ стана хит на социјалните мрежи, откако на доделувањето на медалите по завчерашното финале на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, во Скопје ја покри додавката „Северна“ за да се фотографира само со името Македонија на дресот. Со овој потег, кошаркарот на Гостивар покажа што мисли за промената на името на државата, со што стана херој на сите истомисленици, кои не можат да ја ...
УХМР информира дека и во следните денови времето ќе биде многу топло. Утринските температури на повеќе места ќе бидат над 20, а дневните наместа ќе достигнуваат и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност. Според прогнозата, во четврток попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност, а во понеделник се очекува преодно благо опаѓање на температурата. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10 ...
Најистакнатиот голман на македонската ракометна репрезентација и член на РК Вардар, Борко Ристовски, донел одлука да се збогува со активно играње ракомет, но и понатаму да остане дел од црвено-црното семејство. Ристовски решил официјално да стави крај на долгата и богата кариера, сепак ниту тој ќе остане без ракомет, ниту ракометот ќе остане без него. Спорт1 дознава дека на обострано задоволство, со првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски, ...
Манчестер јунајтед постигна начелен договор со напаѓачот Маркус Рашфорд за продолжување на неговиот договор, објави „Sky Sports“. Според изворот, новиот договор на 25-годишниот Англичанец ќе се пресметува до летото 2028 година. Рашфорд е во Манчестер јунајтед од јануари 2016 година. Неговиот актуелен договор е до 30 јуни 2024 година. Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 80 милиони евра. Во сезоната 2022/23 Рашфорд одигра ...
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, забележа нов највисок ранкинг на АТП-листата, на нејзиното најново обновување, денеска. Ивановски сега се наоѓа на 331. позиција на светот, напредувајќи дури 39 позиции. Ова се должи на новите 24 бода, освоени на челинџер турнирот во Јаши, Романија, каде што стигна до четвртфиналето. Од македонските тенисери, на АТП-листата фигурираат уште Горазд Србљак, кој доживеа пад од 39 позиции и сега е на ...
Не сакам да изгубам натпревар на ова ниво, но морам да бидам многу благодарен бидејќи освоив многу титули и тешки натпревари, на пример против Федерер во финалето во 2019 година, кога спасив две меч топки. Можеби требаше да загубам некои други мечеви, еве сега се врати тоа, изјави српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по поразот во финалето на Вимблдон од Карлос Алкараз (3:2). Ѓоковиќ не успеа да ја освои својата петта последователна, а вкупно осма ...
Пејачката Јелена Карлеуша требаше да настапи во Хрватска, на островот Барбаринац, но надлежните органи и го откажаа концертот. Јелена Карлеуша со денови го најавуваше својот настап за публиката во Хрватска, а сега се огласи преку социјалните мрежи каде ги извести своите обожаватели дека нејзиниот концерт е откажан. – Со жалење ги информирам сите мои фанови во Хрватска дека мојот концерт планиран за утре на островот Барбаринац – е откажан од ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е новиот шампион на Вимблдон, откако денеска со 3-2 во сетови,односно 1-6, 7-6, 6-1, 3-6 и 6-4 славеше против ланскиот првак Новак Ѓоковиќ. Ѓоковиќ имаше фуриозен почеток на натпреварот и врза два брејка на сервисот на Алкараз за водство од 5-0, по што шпанскиот тенисер до крајот на сетот успеа да освои само еден гем (1-6). Алкараз прв направи брејк во вториот сет и поведе со 2-0, но Ѓоковиќ веднаш се врати во ...
Ова лето се очекува да биде исклучително жешко. Според научниците од Универзитетот во Мејн, на 4 јули бил најтоплиот ден на Земјата од почетокот на водењето евиденција пред повеќе од 40 години. Во меѓувреме, месецот јуни беше најтопол досега, објави Европскиот центар за временски прогнози со среден опсег. Во споредба со минатите просеци, во светот е невообичаено топло. Има и неколку природни феномени надвор од климатските промени, кои го прават ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер претежно од северен правец. Времето во следните денови: Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Времето ќе биде многу топло, со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде ...
Новиот кормилар на италијанскиот шампион Наполи, Руди Гарсија порача дека едвај чека да го процели македонскиот дијамант Елиф Елмас, кој наскоро ќе влезе во тренажен процес во подготовките за новата сезона, зашто досега сѐ е на зборови дека има играч кој може да игра каде сака. Лучано Спалети, доскорешниот тренер на Наполи, Елмас го користеше буквално на секоја позиција во средината, на крилните позиции, а еднаш и како центарфор, па Гарсија сега ...
Италијански Торино, кој во изминативе шест-седум месеци беше еден од низата клубови кои покажуваа интерес за македонскиот репрезентативец Енис Барди, според последните информации веќе пратил понуда до Трабзонспор за да го земе фудбалерот за врска. „Биковите“ испратиле понуда да го земат Барди на заем за оваа сезона, а идното лето да го откупат договорот на македонскиот репрезентативец и сега чекаат одговор од Турците дали е прифатливо вакво ...
Младата српска тенисерка Луна Вујовиќ стана шампионка на Вимблдон во конкуренција до 14 години совладувајќи ја британската тенисерка Холи Смарт со 6:3, 6:1. Додека Србија го чека Новак Ѓоковиќ да го започне натпреварот за својата осма титула на Вимблдон, за тоа време една млада Србинка веќе ѝ ја донесе титулата на Србија од престижната англиска трева. Луна Вујовиќ беше најдобра во конкуренција до 14 години во текот на целиот шампионат, а во ...
Македонските кошаркарски надежи ја исполнија главната цел на Европското првенство Б-дивизија за играчи до 19 години – се пласираа во А-дивизија! Иако имаа две шанси за тоа, ја искористија уште првата, вечерва во полуфиналето против Украина, со триумф со 66-53, што значи растоварени, со потцртана иднина, утревечер ќе играат и за пехарот на ова натпреварување, кое се одржува во Скопје. Дека ќе продолжи низата победи и на петиот натпревар ...
На прес-конференција претставникот на навивачката група Комити, Милорад Миленковски информираше за досегашните активности на новото раководство на ФК Вардар и престојните подготовки на фудбалерите кои ќе се одржат во Србија. Во тек е акцијата за продажба на сезонските билети на тимот која засега е главен извор на средства за финансирање на тимот. „Акцијата се одвива нормално, немаме некој бум, но имаме продадено над 2.500 – 3.000 карти и плус ...
Чешката тенисерка Маркета Вондрушова е новата шампионка на Вимблдон. Таа во сензационалното финале ја совлада Онс Жабер од Тунис, во два сета со 6-4, 6-4. Жабер и Вондрушова одиграа неверојатен меч. Чехинката, 42. тенисерка во светот, во финалето покажа максимална посветеност и квалитет и успеа да ја совлада фаворизираната противничка и да ја освои својата прва грен слем титула и тоа токму на најпрестижниот тениски турнир. За изненадувањето да ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон со победата од 3:0 над Јаник Синер. На сите им покажа од што е направен додека се бореше не само со противникот туку и со публиката за која имаше само коментар дека „се е љубов“. Новак Ѓоковиќ не само што е најсилниот тенисер на сите времиња, туку и психички. Судијата неправедно му одзеде бод поради продолжениот татнеж, бидејќи веруваше дека Новак со тоа го вознемирил Синер, а ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. UV=10 Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 38 степени. Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под ...
Подрачјето на нашата земја и во текот на следната седмица ќе биде под влијание на топол бран, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето ќе биде многу топло, во поголемиот дел од земјава со дневни температури над 35 степени, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Според прогнозата на УХМР, во скопското подрачје ќе се задржи многу топло време со минимална температура ...
Рускиот тенисер Даниил Медведев е поразен во полуфиналето на Вимблдон од младиот Шпанец Карлос Алкараз со 6:3, 6:3, 6:3. Русинот не можеше ништо против бесниот Алкараз, кој ќе се бори за титулата, а воедно и првото место на АТП листата, против Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер. Тревата не е омилената подлога на Карлос Алкараз, но младиот Шпанец доминира со противниците на неа, па ни Даниил Медведев, кој годинава го игра најдобриот ...
По речиси три часа борба, Новак Ѓоковиќ се пласираше во деветтото финале на Вимблдон победувајќи го Италијанецот Јанико Синер со 6:3, 6:4, 7:6. Српскиот тенисер мораше да се соочи со неправдата на судијата, а потоа и со грубата публика, но повторно покажа дека е посилен од се. Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер знаеше дека може да очекува силен форхенд од Јаник Синер, со кој Италијанецот почна да прави “проблеми” уште од стартот на мечот. ...
На тренинзите на екипата на Брегалница во изминатиов период може да се види и црномурест фудбалер, кој напорно работи со цел да дојде до дресот на овој клуб за следната сезона, што речиси би било и невозможна мисија знаејќи ја неговата биографија и фактот што нема играно никаде на професионално ниво. Станува збор за 22-годишниот Нигериец, Олорунрину Аволеси, кој има голема желба да игра фудбал, но апсолутно ништо зад себе со што би успеал да го ...
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска од 14 часот и 30 минути на Централниот терен ќе го игра полуфиналниот меч на Вимблдон, а противник му е Италијанецот Јаник Синер. Неприкосновениот српски ас денеска има одлична можност да испише нови страници во историјата на белиот спорт. Со триумфот над Андреј Рублов стигна до своето 46. Грен слем полуфинале во кариерата и со тоа го израмни рекордот на Роџер Федерер кој беше на врвот на вечната ...