Објавено на:

Франција им забрани на репрезентативците да постат за време на Рамазан!

t

Весникот Л’Екип денеска пишува дека Француската фудбалска федерација за првпат воведе правило со кое практично се забранува рамазанскиот пост во националниот тим, па во иднина термините за тренинзи, ручеци или натпревари во репрезентацијата нема да се менуваат, а фудбалерите се замолуваат да не постат додека се дел од националниот тим.

Ова правило ќе се применува од јуниорските селекции до сениорите, а новитетот веќе предизвика огорченост. Истиот извор наведува дека од репрезентативниот список е отстранет фудбалерот од средниот ред на Лион, Махамаду Диавара (19) и тоа без објаснување, а кој денеска тренираше нормално за својата екипа.

Извори блиски до фудбалерот наведуваат дека тој бил исфрлен од младата репрезентација бидејќи не сакал да го прекине постот во текот на осумте дена колку што трае репрезентативниот собир. Л’Екип додава дека некои млади фудбалери кои имаат двојно државјанство решиле да не играат за Франција на големите натпреварувања токму поради новото правило.

Француската Лига 1 им забрани на судиите да ги прекинуваат натпреварите за одредени фудбалери да можат да го прекинат постот за време на Рамазан. Многумина сметаат дека овие одлуки се скандалозни бидејќи играчите треба да бираат меѓу фудбалот и нивната религија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ибраимоски: Ќе барам посебни седници за…

Како пратеник ќе барам посебни седници на…

Се пресметале при разминување на прошетка –…

Еден затвореник е полесно повреден во пределот…

Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош…

Синоќа во градски автобус на подрачјето на…

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица…

За вториот круг на претседателските и за…

Фон дер Лајен: ЕУ смета на Кина…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…