
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Членови на Фолклорната група Копачка денеска ја посетија Спомен собата на дедо Митко ороводецот на Копачката, во Белчанско маало, село Драмче. Активноста се реализираше во рамки на одбележувањето на Јубилејот 10 години од впишувањето на орото Копачката во УНЕСКО. -На гумното пред неговата куќа, отсекогаш се виело најубавото пијанечко оро фолклорното добро „Копачката“ и токму тука и ден денес бие неговото срце. Овде ние членовите на ЗФГ КОПАЧКА ...
Почина Оливера Николова, една од најплодните и најзначајни македонски писателки. Таа е родена во 1936 година, во Скопје. Учела во Струга и Велес, а завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како драматург на радио и телевизија. Таа е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година. Попознати нејзини дела за деца се: „Зоки Поки“, „Земја во која не се стигнува“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1966), „Пријателите Бон и Бона“ ...
Амбасадата на Франција во Скопје и Францускиот институт во Скопје, во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во петокот, 1 ноември, ја отворија изложбата „Со заеднички елан: од игри до дипломатија“, којашто е поставена на оградата на универзитетскиот кампус, а истата се прикажува низ повеќе земји во светот. Изложбата ја отворија г-дин Иго Бештел, Советник за култура и соработка во Амбасадата на Франција и Директор на ...
По повод 5 Ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик, вечер од 18.30 часот во Едукативниот културен центар Лабораториум ќе се одржи настан насловен „Слушни ромски“ (Šun romane). Организатор на настанот е Ромскиот културен и медија центар Бариканипе во соработка со Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико и Здружението на љубители на ромскиот фолклор Романо Ило. Настанот ќе опфати панел-дискусија на ромски јазик, креативен ...
Седумгодишниот шахист и член на градскиот шаховски клуб Јован Јовановски од Куманово со уште двајца шахисти од Струмица ќе ја претставува земјава на светското младинско првенство што ќе се одржи во Италија од 14 ноември, информираа денеска од клубот. Јовановски, член на клубот, е ученик во Основното училиште „Христијан Карпош“, а игра шах од петтата година. – Постојано играм, дома, тука, по натпревари, имам единаесет медали и еден пехар. Вторпат ...
Времето околу американската Ноќ на вештерките, актуелни се хорор-филмовите, како и другите придружни застрашувачки искуства што некако чудно ги привлекуваат луѓето. Овој феномен е истражен во психологијата и е познат како „морбидна љубопитност“. Овој поим го опишува човековиот нагон и потреба да се истражуваат и набљудуваат опасноста, смртта, насилството и сѐ што е поврзано со тоа во уметноста и животот воопшто. Таа појава се објаснува со ...
Научници од Аргентина и Кина го пронајдоа најстариот досега познат фосил од полноглавец од жаба. Истражувачите во аргентинската провинција Санта Круз го откриле фосилот на полноглавец што живееел пред 161 милион години – во периодот Јура. Стручњаците велат дека остатоците од праисторискиот жив организам се добро сочувани, а некои од меките ткива, како што се черепот, ‘рбетот, па дури и очите и нервите, останале недопрени. Биологот Маријана ...
Секоја среда во 21.00 часот во културно – едукативниот центар Лабораториум се одржува активноста Jam session која трае до полноќ. Се мести стандарден сетап: гитара, бас гитара, тапани и синтисајзер и секој вљубеник може да дојде и да свири на овие инструменти, или пак може да си донесе свои. Тука и публиката игра важна улога: некому е првпат на сцената, и публиката ги охрабрува и кога се толку добри што музиката која ја креираат е нова и нема да ...
Студентските средби Скомрахи на Факултетот за драмски ументости (ФДУ) и годинава ги обединуваат во Скопје студентите од повеќе европски драмски и филмски академии. Под мотото „Дионизија сега“, тие својата креативност, идеи и енергија ќе ја престават од 1-ви до 5-ти ноември во повеќе простори во градот – Академската сцена на ФДУ, Драмскиот театар, Албанскиот Театар, Младинскиот културен центар и Котур Кафе и Филм. Публиката ќе има единствена ...
Продажбата на автомобили во Европа падна за 4,2 отсто во септември 2024 година. Ова е продолжение на трендот којшто трае неколку месеци, а според познавачите, се припишува на намалениот интерес на купувачите на електромобили. Но, и покрај тоа, електричен модел е најпродаваниот автомобил во Европа минатиот месец. Така, според податоците собрани од „ЈАТО динамикс“ (JATO Dynamics), „Моделот ипсилон“ на „Тесла“ (Tesla Model Y) е на првото место. По ...
Околу 40.000 Европејци годишно умираат поради загадувањето што го испуштаат шпоретите на гас. Штетни гасови од шпоретите на гас поврзани се со болести на срцето и белите дробови, се наведува во студијата спроведена во Велика Британија и ЕУ. Експертите предупредуваат дека јавноста не е доволно свесна за опасностите. Во просек, употребата на шпорети на гас го скратува животот на луѓето кои ги користат за речиси две години. Според нив, 36.031 ...
Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец’’ објави повик за пријавување за бесплатни едукативни часови за изведба на народни игри и песни, наменети за млади на возраст од 18 до 23 години. Како што информира „Танец“, часовите ќе бидат под менторство на нивни врвни уметници. Повикот е наменет за млади од 18 до 23 години коишто учат или имаат завршено средно музичко/балетско училиште на насоката за традиционална музика и игра или се на ...
Министерството за култура на Индија во рамки на меѓународна изложба на уметност за деца, а на која учествуваше и Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“, на младите битолчани им додели десет медали. Престижниот културен настан посветен на детското сликарство беше организиран по повод 77 годишнината од независноста на Индија, а со учеството на нашите членови на тамошната изложба, продолжи континуитетот од 30 години претставување на ДЛС ...
Американскиот глумец Рон Или, можеби најпознат по улогата на Тарзан во истоимената телевизиска серија од 1960-тите, почина на 86-годишна возраст, соопшти денеска неговото семејство. Актерот починал во својот дом во Санта Барбара, Калифорнија, САД, на 29 септември, а веста е објавена сега. „Светот изгуби еден од најголемите луѓе што некогаш ги познавал – а, јас го загубив татко ми. Мојот татко беше некој што луѓето го нарекуваа херој. Тој беше ...
На сцената на Клуб Театар Комедија-Контеса во Загреб, утревечер, 25 октомври, во 19.30 часот ќе настапи Националниот џез оркестар, заедно со солисти од регионот, со што воедно ќе биде отворено есенското издание на „JAZZHR“. Публиката со нетрпение го очекува овој концерт кој ќе понуди богата програма заедно со врвни солистички имиња од регионалната џез сцена. „Голема чест и задоволство е да го отвориме Хрватскиот џез фестивал. Ветуваме уште еден ...
Знак на аеродромот Данедин во Нов Зеланд стана вирален затоа поставува ограничување за тоа колку долго луѓето можат да се гушкаат во зоната за оставање патници. – Максимално време за гушкање 3 минути. За подолги збогувања, ве молиме користете го паркингот, стои на неодамна поставениот знак. Забраната за подолги гушкања предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, но претставник на аеродромот рече дека сето тоа било со цел добра забава. – ...
Скопското астрономско друштво вечерва организира јавно набљудување на кометата C/2023 A3 Tsuchinshan-ATLAS. Набљудувањето ќе биде на пракингот пред Кале со почеток од 18.30 часот, а ќе заврши во 20.30 часот. Од Скопското астрономско друштво советуваат присутните да си понесат двоглед и доколку сакаат да фотографираат да земат сопствена камера. Скопското астрономско друштво претходно на 14 октомври одржа јавно набљудување на кометата ATLAS од ...
Пред доаѓањето на новиот член во семејството, родителите често посветуваат големо внимание на изборот на креветчиња, лулки и други придружни предмети за спиење. Меѓутоа, честопати, бебето завршува во креветот на родителите, каде што, речиси секогаш, подобро се спие. Меѓу од клучните фактори за подобар сон на бебињата покрај своите родители, е и „контактот со кожа“. Оваа блискост помага и да се регулира температурата на телото и нивото на ...
Натпреварот „Светски готварски награди“ има за цел поттикнување и распространување на глобалната култура на јадење и готвење, како и да го поттикне гастрономскиот туризам. Така, на петтото издание на натпреварот, главниот град на Португалија, Лисабон е прогласен за најдобра гурманска дестинација во Европа. Почесната награда, како признание за разновидната и висококвалитетна гастрономска понуда, беше доделена на свеченоста во Дубаи, Обединетите ...
„Ц/2023 А-3“ позната како Цучиншан-АТЛАС или скратено „А-3“, беше откриена во јануари 2023 година. Се работи за голема грутка од мраз и вселенска прав што доаѓа од Ортовиот Облак којшто се наоѓа во оддалечените делови Сончевиот Систем и го опкружува Сонцето. Се смета дека тој содржи милијарди ледени тела, вклучително и комети, коишто повремено навлегуваат во внатрешниот Сончев Систем поради гравитационите нарушувања. Се проценува дека „А-3“ ...
Девет светски етаблирани состави од САД, Европа и Македонија ќе ја претстават својата музика на 43. издание на Скопскиот џез фестивал што почнува вечер, а ќе трае до 20 октомври. Организаторите наведуваат дека внимателно селектираната програма го следи императивот за одржување на високиот меѓународен рејтинг на фестивалот и традицијата тој да го претстави најдоброто од светот на џезот и импровизираната музика. Програмата, распоредена во четири ...
Уметникот Дан Пержовски донираше две дела за колекцијата на Музејот на современа уметност во Скопје. Првото дело „Скопски столб“, site-specific цртеж на столб, создаден во согласност со просторот на музејот, а второто е компилација од 15 броеви на Newspaper/Artzine, серија на уметнички публикации (објавени помеѓу 2009-2022). Додека, уметницата Лиа Пержовски ја донираше инсталацијата под наслов „Сет за преживување (за преживување во денешниот ...
Инспекторите за животна средина на Град Скопје денеска затекнаа и евидентираа лица во тек на исфрлање големи количини отпад, креирање дива депонија на приватен имот и нејзино палење, на територијата на општина Бутел, каде е затекнато огромна количина на отпад од метал, пластика и градежен шут, информираат од Град Скопје. Оттаму велат дека за извршено кривично дело од страна на лицата С.М жител на општина Бутел и М.Д. државјанин на Косово, ...
По големиот успех на документарните филмови за Битлси кои се емитуваа во изминатите години, оваа есен ќе пристигне уште еден, кој ќе го анализира нивниот пробив на американскиот пазар во февруари 1964 година. На 29 ноември на платформата Дизни плус (Disney +) ќе се емитува документарниот филм „Битлси ’64“ (The Beatles ’64), кој го продуцираше легендарниот Мартин Скорсезе, а кој покрај новопронајдените снимки од тој период, ќе вклучува и ...
Министерството за образование и наука ги известува сите студенти на додипломски студии за претстојниот натпревар на НАТО дивизијата за јавна дипломатија и Универзитетот „William & Mary University“ за справување со дезинформации „Countering Disinformation Challenge“. Натпреварот ќе се одржи виртуелно на зум-платформата на 1 ноември 2024. -Регистрацијата за настанот е отворена до 25 октомври и се врши на следниот линк: 2024 WMGIC x NATO ...
Октомвриската супермесечина е најблиску до Земјата оваа година и утре ќе го достигне својот зенит… Но, таа ќе се појави истовремено со комета, што ќе биде ретка можност за љубителите на набљудувачите на ѕвездите и Вселената, објави НАСА. Инаку, третата од четирите супермесечини оваа година, вечерва ќе биде 357.364 километри блиску до Земјата, што ќе ја направи уште поголема и посветла од августовската и септемвриската супермесечина. Последната, ...
Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) оваа година по четврти пат ќе ја претставува современата македонска книжевност на 75. издание на Саемот на книгата во Франкфурт, што ќе се одржи од 16 до 20 октомври. Претставувањето на современата македонска книжевност на најголемиот светски саем во областа на издаваштвото оваа година ќе биде под мотото „Одеци на минатото, гласови на иднината“. Нашата земја оваа година има промотивен штанд со големина ...
Земјава и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред седумнаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Една од традициите за сеќавање на Тоше е маратонот кој маратонците од Нова Градишка го трчаат до Крушево. И оваа година четиринаесет учесници го трчаат 17-тиот маратон во чест на Тоше. Маратонот почна завчера од Нова Градишка, пред неговото спомен обележје, а денеска, на ...
Во Културно едукативниот центар „Лабораториум“ денеска повторно ќе биде отворен Re: store, центарот за рестилизирање на стари модни парчиња. Re: store ја започна својата приказна во скопското Дебар маало во 2012 година, со мисија да го дефинира концептот на продажба на употребена облека и да биде креативен простор за редизајнирање на дизајнерска облека, но и да понуди платформа за младите македонски дизајнери. – Денес, во средина каде доминира ...
Со изведба на моќната и возбудлива сценска кантата „Кармина бурана“ од германскиот композитор Карл Орф утре вечер Националната опера и балет ќе ја отвори новата сезона. Билетите се веќе распродадени. На прес-конференцијата по повод отворањето на новата сезона за богатата програма што ќе следува на репертоарот на Операта и Балетот зборуваа Оливер Арсовски, в.д. директор на НУ Национална опера и балет, кој се задржа на состојбата во која се наоѓа ...