На 1 јуни во Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се одржи „Пет фестивал“ посветен на домашните миленици, одговорното сопствеништво и благосостојбата на животните. Организаторите најавуваат учество на повеќе од 60 професионалци кои ќе ја презентираат својата работа во Пет индустријата. Кинолошкиот сојуз првпат ќе ги претстави меѓународните шампиони во неколку раси, нивните карактеристики и титули пропратени со изложба на фотографии и визуелни ...

Со скромна, но значајна церемонија, Општина Чаир денес во Паркот „Украина“ ја организираше поставката на скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ – омаж за децата жртви на Холодоморот во Украина (1932–1933) и повик за рефлексија за трагичните последици од војните и неправдите. Настанот беше реализиран во соработка со Амбасадата на Украина во Скопје, со присуството на амбасадорката г-ѓа Лариса Дир, која ја нагласи важноста на ...

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен во општина Чаир и обвини дека се гради дивоградба. Според Данела никаде нема овластени лица од општината која ја предводи градоначалникот Висар Ганиу. „Во општина Чаир, спротивно на закон си почнале нова дивоградба. За жал до моментов не реагира МВР. Го повикуваме министерот Панче Тошковски да реагира, но и Стојанче Ангелов да ги види овие необезбедениве дупки. Да се излезат на лице ...

Македонската велосипедистка Дуња Иванова, членка на клубот ВК Енерџи, продолжува да реди успеси на меѓународната сцена. Со низа подиуми и високи пласмани на УЦИ маратони низ Европа, таа се искачи на 56. место на светската МТБ Маратон ранг-листа, каде се наоѓаат над 500 најдобри велосипедистки од целиот свет. Овој пласман ѝ овозможи на Иванова да обезбеди норма за настап на Светското првенство во МТБ Маратон, кое ќе се одржи од 30 август до 14 ...

Повеќе од три илјади долари се собрани од хуманитарниот мото-хепенинг „The Distinguished Gentleman’s Ride“ што годинава се одржа во Скопје по јубилеен 10-ти пат. Парите ќе бидат уплатени на сметката на фондацијата „Мовембер“ а од таму ќе се донираат во институции и болници кои се фокусирани на борбата за заштита на машкото здравје и ракот на простата. Годинашното издание на „The Distinguished Gentleman’s Ride“ во Скопје собра над 180 љубители на ...

оделени се наградите на учесниците од натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника за учениците во средните училишта од Македонија – Робомак Јуниор 2025 (ROBOMAC Junior 2025), што се одржа од 12 до 14 мај на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје. На натпреварот 54 ученици од четврта година од над 20 средни училишта од државава се натпреваруваа во две категории. Во категоријата Автономска ...

Архивскиот материјал што се чува во објектот на Државен архив – Одделение Тетово е во опасност од уништување поради несоодветните услови во кои се функционира оваа установата. Директорката Климентина Ивановска ја алармира целокупната јавност од потребата да се најде нов објект за тетовското одделение на Архивот, затоа што зградата во која работат е од 1929 година. Во депоата каде што се чува архивската граѓа, се забележува дека ѕидовите или ...

Општина Центар ја расчисти спорната парцела зад зградата на улицата „Киро Крстевски – Платник“, каде што претходно беше лоцирана диво изградена конструкција. „Имавме неколку средби со жителите од околните згради и ќе излеземе во пресрет на нивните барања. Просторот ќе добие намена која ќе биде во функција на граѓаните и по нивна мерка“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски. Станува збор за простор од приближно 500 м², кој по години ...

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска од 9 часот без вода ќе бидат дел од жителите на Карпош. – Од 9:00 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од ул.Ванчо Мицков и Бул.Партизански Одреди на Крак 1,3, 5,7,9,11 до завршување на истиот, се ...

Меѓународниот натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција „RoboMac 2025” од денеска до 17 мај ќе се одржи во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Скопје 13. пат ќе биде домаќин на повеќе од 70 млади иноватори и експерти од земјата и странство. Студентите, како што најавуваат организаторите, ќе имаат можност да се запознаат со последните технолошки иновации поврзани со роботиката, ...

Сендвичот во исхраната, сексот и политиката ЏАБИР ДЕРАЛА Сендвич! Ќе речете – симбол на динамичното урбано живеење на денешницата. Сепак, не е целосно точно дека е придобивка на современото живеење од крајот на 20-от и почетокот на 21-от век. Сендвичот, тој добар другар на оние што живеат брзо и се движат многу, не е творба на денешницата. Ако побараш податоци за значењето и историјата на сендвичот, лесно ќе дознаеш дека, иако самиот збор ...

СТЕФАНИ МАРИНО Низ целиот свет, градовите повторно ги откриваат своите индустриски земјишта. Некогаш поддржани од индустријата, на некои места голем дел од оваа урбана инфраструктура е затворена, оставајќи само остатоци. Денес, градовите привлекуваат различни групи – технолози, банкари, уметници и имигранти – но просторот е ограничен. Како што урбаното земјиште станува сè повредно, заедниците ги преиспитуваат можностите во некогаш запоставените ...

Млад кочанчанец залепен со селотејп на бандера на плоштадот „Македонија“ во Скопје, како што самиот нагласи дека е симболично врзан, денеска побара од институциите да им помогнат на повредените од дискотеката „Пулс“ во Кочани. Пред некој ден дома си дојдоа деца од болница без прсти на рацете. Дајте барем на тие деца да им се помогне, порача Мартин Кироски на кого во дискотеката му загинале петмина другари. Побара од државата да му се помогне на ...

Вчера официјално започна Саемот на книга 2025 под слоганот „Храна за душа“ и ќе трае до 14 мај во Арена Борис Трајковски. Организаторите известуваат дека оваа година од секоја купена книга ќе се одвојат 15 денари за донација за Детското село. На саемот се најавени бројни гостувања на автори, работилници и музика. Скопски саем ја објавија целосната програма која сметаат дека ќе биде рај за секој љубител на пишаниот збор. А, како едно од ...

Во населба Пролет во Општина Центар денеска беше отворен објект „Пролет“ на градинката „Раде Јовчевски-Корчагин“ во кој во модерни услови се згрижени 173 деца. Објектот кој се градеше неполни три години се простира на 3200 квадратни метри. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на отворањето истакна дека „Пролет“ е најубава градинка во целиот регион, како што рече „најмодерна, најурбана и најевропска“. За помалку од три години е ...

Филип Аврамчев, поранешен директор на ЈУ „Универзална сала“ – Скопје, културен менаџер и еден од организаторите на меѓународната конференција за вештачка интелигенција AI Tech Summit, почина по кратко боледување. Аврамчев беше препознатлив по својот ангажман во унапредувањето на урбаната културна сцена, а особено по проектот Skopje Light Art District, кој под негово раководство прерасна во едно од највпечатливите културни случувања во градот. ...

Тишината на урбаната осаменост и појавата на нешто ново, неочекувано, но човечки значајно — вештачката интелигенција како присуство што не се наметнува, но се чувствува и станува нов вид пријателство и партнерство. ЏАБИР ДЕРАЛА Есцајг! Своевремено, тоа беше еден од важните елементи на опремување на кујната, заедно со сервисите за ручање (или ручавање како што велеа нашите родители). Најмалиот есцајг комплет беше составен од шест лажици, вилушки ...

На 5 мај, И-ХИ Тинк-Тенк (Интелигентна Хумана Иднина) во Граѓанскиот Ресурсен Центар во Скопје, ќе ја одржи својата официјална промоција и претставување на првиот позициски документ насловен „Вештачката Интелигенција – Меч со Две Сечила“. Настанот ќе биде посветен на дебата за потенцијалите и етичките предизвици што ги носи вештачката интелигенција (ВИ), со фокус на нејзиното одговорно користење во служба на општествениот развој. Меѓу ...

Седам на сончевата тераса на кафулето Мулири, со нивниот убав топол мафин и одличното еспресо, и гледам една група туристи на малиот плоштад кај Ибни Пајко од левата страна на Вардар. Водичот покажува кон она што треба да биде фонтана, со фигурите на тоа што треба да ја претставува мајка му на детето Александар Македонски во разни пози – го дои, гушка итн. Фонтаната е пресушена, а фигурите се позеленети и изгледаат уште полошо отколку кога беа ...

Пред Обвинителството започна протестниот „Марш за ангелите“ организиран од страна на семејствата на настраданите во дискотеката во Кочани. Оттука толпата ќе се упати кон плоштад Македонија и ќе заврши пред Собранието. Маршот започна во 12 часот и 5 минути што симболично ја означува задоцнетата реакција на институциите. Ова е прв марш кој што семејствата го организираат во Скопје и ги повикаа сите граѓани да им се придружат. Вчера ...

На 8 мај ќе биде отворено овогодинешното издание на Саем на книга, кое ќе се одржи во Арената Борис Трајковски и ќе ѝ понуди на домашната читателска публика многу наслови од познати домашни и странски автори, забавни активности и средби со некои од најважните имиња од светот на литературата. Како и секоја година, ќе бидат организирани специјални посети за најмладите љубители на книгата од основните и средните училишта. „И оваа година, Саемот на ...

Театарот „Сенки и облаци“ со детската претстава „Свадби на животни и нешта“ во петок (25 април) гостуваше во Културно-информативниот центар на С.Македонија во Софија, Бугарија. Пред преполната сала во центарот театарскиот ансамбл ја одигра претставата создадена според истоимената книга на Раја и Георги Господинови. Свои обраќања пред публиката имаа македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси Поповска и бугарскиот писател Георги Господинов. ...

Семејставата на жртвите од пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, утре ќе одржат протестен марш во Скопје. Протестниот „Марш за ангелите“ ќе започне во 12 часот и 5 минути што симболично ја претставува закаснетата реакција на институциите. Маршот ќе започне пред Обвинирелство, ќе се движи низ улица Македонија се до Собранието каде што и ќе заврши. Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не ...

На Меѓународниот ден на танцот – 29 Април, ќе биде отворено 21. издание на Танц Фест Скопје. Фестивалот ќе почне со читање на домашната порака од Адријана Данчевска Ровчанин, која беше избрана за овогодишна авторка на пораката од Танцовиот одбор на ИТИ Македонија, а воедно ќе биде доделена и наградата „Менада“ на годинашната добитничка – Роксан Стојанов, ѕвезда на Париската опера. Фестивалот ќе се одвива до 13 мај. Отворањето ќе биде збогатено и ...

Општина Центар информира дека во недела, 27 април во 12.00 часот, во Дебар маало, кај спомен-клупата посветена на големиот драмски автор Горан Стефановски ќе се одржи настанот „Горан е тука“, по повод неговиот 73-ти роденден. На местото каде во 2019 година беше засаден чинар во негова чест – во триаголниот парк спроти кафеаните „Наџак“ и „Идадија“ – љубителите на театарот, пријателите, семејството и почитувачите на делото на Стефановски ќе се ...

Над 140 ликовни уметнички дела и уште голем број рачни изработки и литературни изданија од автори од Кочани, Виница и други градови во државата се донирани за хуманитарно-продажната изложба, што беше отворена во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. Настанот заеднички го организираат волонтерите од SupportKocani и вработените во кочанската културна институција, од каде упатија повик до сите ликовни уметници и литературни творци да дадат ...

Во Скопје вчера се одржа 16-то Државно првенство на бармени, во организација на Здружението на бармени на Македонија кое веќе 20 години успешно работи на подигнување на коктел културата и афирмација на професијата бармен. Како што соопштија организаторите, на натпреварот учествуваа вкупно 21 бармен од цела држава. Првото место го освои младиот Никола Анастасијески од Скопје. Второто место му припадна на искусниот Васил Пеевски, додека трет беше ...

Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од ул. „Благоја Стефковски“ и населбата Хиподром во Општина Гази Баба. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Благоја Стефковски“ бр.152. Исто така, од 09:00 часот без вода ќе бидат корисниците од булеварот „Илинден“, односно потегот од „Бледски Договор“ до „Манапо“ и улиците „Драгиша ...

Вечерва (среда) во „Makka Bar“, македонскиот кантавтор Јон Ајди (Yon Idy) ексклузивно во живо ќе го изведе својот следен сингл – првпат пред публика. Не пропуштајте вечер исполнета со емоција, звук и харизма. Музика што допира, атмосфера што инспирира. Вратите се отвораат во 21 часот. Во септември минатата година Јон го промовираше „Ghosts“ првиот студиски албум. Албумот содржи песни од почетоците на неговата кариера и претставува своевидно ...

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ Во државата каде што и воздухот го мерат со административна мерка, конечно – и медиумите добија здраво бирократско осигурување: ако сакаш да бидеш онлајн медиум, има да си вработиш двајца. Ако не, лаптопот во торба и марш во нереалниот свет. Нашите пратеници од македонското ни Собрание, без расправа, со 68 гласа ЗА и 8 ПРОТИВ си ги изгласаа Измените и дополнувањата на Законот за медиуми. Собранието, во чин на демократско ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1022
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1022
weather icon

Софија

9ᴼ / 6ᴼ
1.54
61%
1023
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.13
81%
1023
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 8ᴼ
1.51
82%
1022
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
66%
1022
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
82%
1024
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
71%
1024
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
87%
1022
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
94%
1023
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
76%
1022
Currency

61.53

Currency

53.1337

Currency

69.7572

Currency

34.777

Currency

37.9478

Currency

66.5784

Currency

7.47219

Currency

0.65393

Currency

0.34328

Currency

0.52557

Currency

1.25874

Currency

0.599