На Меѓународниот ден на танцот – 29 Април, ќе биде отворено 21. издание на Танц Фест Скопје. Фестивалот ќе почне со читање на домашната порака од Адријана Данчевска Ровчанин, која беше избрана за овогодишна авторка на пораката од Танцовиот одбор на ИТИ Македонија, а воедно ќе биде доделена и наградата „Менада“ на годинашната добитничка – Роксан Стојанов, ѕвезда на Париската опера. Фестивалот ќе се одвива до 13 мај. Отворањето ќе биде збогатено и ...

Дваесет и првото издание на Танц фест Скопје ќе се одржи од 29 април до 13 мај, а отворањето ќе биде во Македонскиот народен театар (МНТ) во 20 часот, на Светскиот ден на танцот. На отворањето традиционално ќе биде доделена наградата „Менада“ што годинава ја доби балерината од Франција Роксан Стојанов, која лани беше прогласена за Ѕвезда на Париската опера. Потоа ќе има краток перформанс на Универзитетска компанија за танц од Санта Барбара, ...