Во Мултимедијалниот центар Мала Станица во Скопје, вечер ќе биде отворена изложба на алтернативни фотографии, со дела избрани на меѓународен јавен повик, избрани од стручно осумчлено меѓународно жири. Изложбата се реализира во рамки на Зрно – фестивал на алтернативна фотографија, кој оваа година се одржува по четврти пат, под мотото „ФотоСинтеза!“ и претставува единствена платформа во регионот посветена на некомерцијални, експериментални и ...

Од 1 јули до 31 август годинава се воведува целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште на територијата со која стопанисува/управува ЈП „Национални шуми”. Забраната, како што информираат се воведува со оглед на зголемената опасност од појава и ширење на пожари на отворен простор за временскиот период во терминот од 00.00 до 24.00 часот. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП ...

По прв пат во Тетово се одржува Балканското првенство во одбојка на песок за играчи до 22 години. Натпреварите се играат на градскиот плоштад овие три дена од 25 до 27 јуни. Покрај македонската репрезентација учествуваат уште одбојкари и одбојкарки од Албанија, Косово, Турција, Романија и Молдавија. Ова е еден од најдобрите моменти па да се организира еден ваков спорт и од самиот интерес на граѓаните на граѓаните на Тетово излегува дека ова ќе ...

Џејмс Кук ја редефинира уметничката моќ на една стара машина, претворајќи ја машината за пишување во инструмент за визуелно раскажување – спојувајќи прецизност, ограниченост и скриена смисла. Она што почнало како едноставен експеримент, денес е полноправна уметничка кариера што комбинира архитектура, носталгија и текст во типографски ремек-дела. View this post on Instagram A post shared by James Cook Artwork (@jamescookartwork) Како студент по ...

Во 2024 година, во јавниот водовод биле зафатени и преземени 306 649 илјади м3 вода за снабдување, што е за 4.6 % повеќе во однос на 2023 година. Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода, 57.0 %, е зафатено од изворски води, а најмалку, 1.0 %, од езера, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2024 година било за 2.6 % повеќе во однос на претходната година. Според ...

Утре започнува 7. издание на „Златна рамка“ со тридневна фестивалска програма. Ќе се одржи во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Почесни награди ќе им бидат доделени на тројца истакнати филмски професионалци од македонската филмска индустрија: Јордан Симонов, истакнат филмски актер, Роберт Јанкуловски, директор на фотографија и Алисија Ферро, истакната филмска работничка. Во текот на трите фестивалски денови, „Златна рамка“ ќе биде ...

Јавното претпријатие Лајка алармира за сериозен пораст на случаи на напуштање на домашни кучиња во околината на градските гробишта Бутел. Во последниот период, нашите теренски служби и граѓански пријави укажуваат на континуирано напуштање на кучиња од страна на неодговорни сопственици, кои од различни делови на градот ги доведуваат животните на оваа локација и ги оставаат, велат од Лајка. Според нив оваа појава, покрај тоа што претставува ...

Оние што успеаја да вкусат барем еден залак од понуденото богато програмско мени, преполно со светски специјалитети, многу добро знаат дека ова не беше само „уште едно издание на OFFest“, велат организаторите на фестивалот кој траеше од 5 до 8 јуни на три сцени, во Националната опера и балет и во МКЦ. Организаторите испраќаат благодарност во прв ред на артистите: Драган и Ратко Даутовски, Canzoniere Grecanico Salentino, Kimmo Pohjonen, Maria ...

Денеска е 100-тиот ден од трагедијата во Кочани, а граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ низ центарот на Скопје постави 100 пораки од граѓаните за системот. Осамна 100-тиот ден по трагедијата во Кочани. Молчевме, жалевме, марширавме, говоревме. Ветивме дека нема да заборавиме. За разлика од системот кој направи сè за да нè дефокусира и дискредитира, напишаа на Фејсбук од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“. Утрово пораките беа оставени низ ...

Во последните години, урбаниот велосипедизам во Македонија добива сè поголемо внимание. Се зголемува бројот на велосипедски патеки и ленти, се нудат субвенции за велосипеди, а сè почесто се организираат настани за промоција на оваа еколошка и здрава форма на урбана мобилност, велат од Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“. Според нив градоначалниците покажуваат сè поголем интерес за потребите на ...

На територија на Скопје, по предходна пријава на граѓани беше пронајдено младо женско куче, на возраст од приближно една година, затворено во напуштен автомобил – без вода, храна или провев, изложено на екстремни температури и во загрижувачки услови, информираат од ЈП Лајка. Кучето моментално е во процес на опоравување, а случајот е пријавен до надлежните институции велат од Лајка. Според сведоштва од жители на местото, ова не е прв пат истото ...

Францускиот град Анеси, којшто се наоѓа на границата со Швајцарија, го има прекарот „Венеција на Алпите“ благодарение на добро сочуваното средновековно јадро на градот, испресечено со канали и камени мостови. Сепак, за разлика од некои други градови во Франција, Анеси е сè уште „скриен“ и малку познат „скапоцен камен“ и не прима многу туристи. Иако Франција е најпосетуваната земја во светот, повеќето луѓе всушност не патуваат подалеку од Париз. ...

Денеска во центарот на Скопје, на малиот сквер кај Ким, е поставена инсталација „Отровни стрели“ од страна на Центарот за современи уметности – Скопје во рамките на проектот Мрежа за разновидност 2.0 што го спроведува Здружението „Иновативни медиуми – Скопје.” Идејата на оваа акција која има силна визуелна порака и е креирана на едноставен и лесно читлив јазик за публиката е да нè потсетува дека и зборовите можат да бидат опасни. Инспирирана од ...

Неделава од 25 – 28 Јуни 2025 на платото на Офицерски дом – ЈОУ КИЦ Битола ќе се одржи првото издание на Мултимедијалниот саемски фестивал на книгата„Критична маса“. Фестивалот „Критична маса“ е конципиран како четири дневен празник на книгата, винил плочите и стриповите. Позициониран во велелепниот Офицерски дом во Битола ќе ги вгости најдобрите и најголеми издавачки куќи од државата во склоп на саемот на книгата 2025, ќе им понуди ...

Со проекција на филмот „Ривиера“ на Орфеас Перецис, во француска и грчка копродукција, вечер почнува Недела на франкофонски филм. Манифестацијата ќе се одржува во Кинотеката до 30 јуни оваа година. Организатори се Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Францоконијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Северна Македонија, Албанија, Белгија, ...

Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам постапувајќи во рамки на своите надлежности преку вонредна контрола направил увид во изгрaдба на објект во општина Охрид, објект кој се наоѓа во заштитетната зона на Старото градско јадро во Охрид, поточно во Старата охридска чаршија. При увидот, констатирано е прекршување на одредбите од Законот за градење, односно инвеститорот вршел градежни активности без Одобрение за градење за конкретниот ...

Објавен е јавниот повик за набавка на 120-те еколошки автобуси од кои 80 ќе бидат наменети за Град Скопје, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Останатите 40 автобуси ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа. Николоски рече дека огласот е објавен пред два дена и дека еколошките автобуси се една од трите клучни работи што му се потребни ...

Независната дискографска куќа „Шарла Рекордс“ денеска организира слушачка промоција на изданието број 111 во вид на вториот албум на импров џез дуото Омерагиќ и Спировски – (слобода) LP. Настанот ќе се одржи во продавницата за музички изданија re:start во ГТЦ со почеток во 16 часот. Албумот излегува на CD во лимитиран тираж, а достапен ќе биде и во дигитална форма преку Bandcamp профилот на Шарла. Дени Омерагиќ и Нинослав Спировски иако сѐ уште ...

„Хаотична” е насловот на македонската кавер верзија на глобалниот хит „Messy” кој го испеа британката Лола Јанг. Продукцијата на овој музички проект е на онлајн магазинот Трн.мк, а изведбата на македонските и англиските вокали е на младата артистка со суперсоничен глас Анастасија Трајковска. Носител на идејата и концептот е Марјан Забрчанец, а препевот на рефренот на македонски јазик го направи Марко Маринковиќ – Слаткар. Текстот го следи ...

Виена веќе не е најдобриот град во светот за живеење. По три години на врвот на годишната листа на „Економист интелиџенс јунит“ (Economist Intelligence Unit – ‘ЕИУ’), главниот град на Австрија е детронизиран од „прекрасниот, преубав Копенхаген“, како што се наведува. Данската престолнина го зазеде првото место на топ-листата најпогодни градови за живот, на светско ниво за 2025 година, објавена вчера. На списокот на сестринската организација на ...

Вечерва во 19:30 часот на плоштад „Македонија“ ќе се одржи премиера на перформансот „Одбрана и заштита“ на уметницата Марија Зеќо. Перформансот ќе се одржи пред споменикот на Цар Самоил и ќе трае околу 90 минути. Марија Зеќо ќе носи костим со вградени звучници кои емитуваат звуци од воени дронови и поврзани фреквенции. Делото се осврнува на постепеното губење на нашето колективно чувство на сигурност и на потребата сè повеќе сами да се грижиме ...

По седум години денеска повторно ќе биде отворен комплексот „Македонско село“ кој се наоѓа на Водно во близина на Нерези. Нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“ чија понуда беше избрана на најповолна на јавниот повик што го распиша Службата за општи и заеднички работи. Оттаму информираа дека концесионерот е избран на законски и транспарентен начин, по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува Министерството за финансии. ...

Во последните неколку дена на социјалните мрежи се појавија видеа од присуство на лисици во неколку скопски населби, како Козле, Усје и близу парк шумата во Гази Баба. Од „Анима мунди“ испраќаат апел дека овие животни не се опасни и не напаѓаат луѓе. Лисиците, како и многу други диви животни, сè почесто се приближуваат до урбаните средини поради загуба на природните живеалишта, уништување на шумите, градежна експанзија и недостиг на храна. Ова ...

Кривична пријава доби директорот на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ во Кичево, затоа што од 2020 година до денеска постапувал спротивно на прописите за заштита на животната средина и природата. Како што соопштија од МВР, тој формирал дива депонија на повеќе илјади квадратни метри во населена зона во Кичево, за која давал задолженија на вработените секојдневно да складираат, оставаат или расфрлаат отпадни материи. Кривична добиле и ...

Корисниците од населбата Влае се без вода за пиење од 11 часот, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што појаснија од претпријатието, причината е изведување водоводен приклучок на улицата „Франце Прешерн“. Прекинато е и водоснабдувањето за корисниците од населбата Бардовци. Како што појаснија од претпријатието, изведување технички зафат во пумпна станица е причината поради што засегнатите се без вода ...

Во Старата скопска чаршија од денеска до четврток, 19 јуни, во организација на ЈУ Детски културен центар – Карпош со поддршка на Град Скопје по втор пат ќе се одржи манифестација „Ритамот на чаршијата“. Старата скопска чаршија е најголемата чаршија на Балканот која претставува заштитен национален симбол и една од најголемитеатракции на Скопје. Целта на „Ритамот на чаршијата“ е да ја заживее чаршијата од еден поинаквов агол, во духот на ритамот, ...

Од Зоолошката градина во Скопје известија дека угинала женка мајмун од видот сијаманг. Точните причини за смртта ќе ги објавиме веднаш штом ги добиеме официјалните резултати од обдукцијата направена од страна на стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, со цел поголема транспареност, како што тоа е пракса и од минатато, напиша од ЗОО Скопје на својот Фејсбук профил. Тие ги демантираа шпекулациите дека женката сијаманг била бремена во ...

Парадата на гордоста ќе се одржи во Скопје на 21 јуни. Појдовна точка ќе биде паркот „Жена-борец“ каде во 18 часот ќе започне собирањето на учесниците, а во 19 часот по кратките поздравни говори ќе започне протестниот марш по скопските улици. Организаторите велат дека маршот на Скопје Прајд добива нова рута – симболично и буквално. Ова не е прослава – ова е протест. Нема јавна програма, нема забава – само отпор, беше соопштено на прес ...

Средношколците кои ги исполнуваат условите за бесплатен јавен превоз и овој летен распуст ќе можат да се возат бесплатно, информираат од ЈСП. Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2025 година, која, меѓудругото, вели “со почетокот на 2025 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен ...

Стојкоски, освен твоите другарчиња од штаб, сите останати знаат да читаат, тоа ти е сега најголемиот проблем, напиша градоначалничката Данела Арсовска на својот фејсбук профил за градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Таа повторно ја критикуваше иницијативата на градоначалникот за градење хемиски фабрики и висококатници во општината и покрај тоа што, вели таа, од Град Скопје дале негативно мислење. Дали ти ги праша жителите на ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
6.17
45%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
6.69
56%
1020
weather icon

Загреб

27ᴼ / 26ᴼ
3.09
49%
1024
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
53%
1017
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
4.91
39%
1015
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
2.06
61%
1023
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
6.71
43%
1011
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
2.57
29%
1013
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
11.83
33%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
6.17
61%
1015
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
4.63
43%
1021
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 28ᴼ
6.69
100%
1012
Currency

61.525

Currency

52.4744

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142333.18

Кобалт

42.99

Никел

14957.50

Рутениум

21637.45

Калај

33.53

Сребро

1160.36

Злато

105265.95

Бакар

10.03

Паладиум

36169.59

Платина

43089.13

Родиум

175221.57

Цинк

2.74