Од денеска до 13 септември во Тетово по осми пат ќе се одржува Џез-фест со концерти во Центарот за култура и Јуроп хаус (Europe House), секоја вечер со почеток во 20.00 часот. Фестивалот ќе биде отворен вечер во Јуроп хаус со настап на составот Антисвинг (Antiswing) на тетовските музичари Вулнет Незири на обоа, Шкељзен Бафтиари на пијано, Фатон Стафаи на гитара, Александра Чуруковска на контрабас и Кораб Хајдари на перкусии. Во петок, 12 ...

На граѓаните и на посетителите на Скопје им фалат содржини за забава, особено на децата, оние од 10 – 12 години и тоа мора се промени, порача во интервју за Рацин.мк Каја Шукова кандидатка на СДСМ за градоначалник на Скопје. Таа вели дека за Луна паркот има обезбедено готово решение изготвено од реномирана италијанска компанија и дека истото треба да се реализира, додавајќи дека потребна е промена како на реквизитите така и на целиот концепт. ...

Вечерва во 19 часот во Музеј на современа уметност во Скопје свечено отворање на изложбата „Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта”, во рамките на одбележувањето на 30 години соработка помеѓу САД и нашата земја. Ова е обид да се евоцира можноста дека секоја колекција можеби е, би можела да биде, како што секогаш е – бесконечна. Како што и секое отсуство, изоставање и бришење во рамките на една колекција не е ...

Јавниот увид во податоците од Избирачкиот список за Локалните избори 2025 завршува утре на полноќ, а два дена подоцна на 13 септември на полноќ завршува рокот за доствување на листите за кандидати за градоначалници и за советници. На 29 септември започнува изборната кампања за локалните избори закажани за 19 октомври. Ќе се гласа во 80 општини и Градот Скопје на 3480 избирачки места. Граѓаните јавниот увид можат да го направат денеска до 20 ...

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, денеска изјави дека поради блокадата на ВМРО ДПМНЕ и Данела Арсовска е блокирана изградбата на Пречистителната станица во Трубарево. Шукова изјави дека Скопје со години се соочува со сериозен проблем со отпадните води од канализација, кои директно завршуваат во реката Вардар, загрозувајќи го здравјето на граѓаните и животната средина, се вели во соопштението од СДСМ. Таа на терен посочи ...

На 11 септември, со почеток во 21.3- часот, во атмосферата на Old School барот, публиката ќе има можност да ужива во едно уникатно концертно доживување каде ритамот и зборот ќе се претопат во хармонија. Авторскиот концерт на Енес Беговски ќе ја спои моќта на перкусиите со убавината на поезијата, носејќи медитативни тонови, балкански призвуци и украинска поетска страст. Концертот ја носи идејата за спој на традицијата со современиот звук, на ...

ЈСП Скопје соопшти дека по повод државниот празник 8 Септември – Денот на независноста, ќе работи по неделен возен ред. Во недела (7.2025 година), дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар и Зелен пазар, додека во понеделник (8.09.2025 година), дежурна ќе биде билетарницата и центарот за персонализација на Транспортен центар. Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со ...

Четиринаест набљудувачи на мисијата ОДИХР ќе ги следат Локалните избори 2025 година. Нивните барања за акредитации за набљудување на Локалните избори едногласно ги усвоија членовите на Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 133 седница. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко рече дека официјално утре ќе ја имаат и првата средба со претставниците на набљудувачката мисија ОДИХР, со што и официјално почнуваат со нивната работа. Ја известуваме ...

Доста беше бегање од одговорност. Доста беше глумење на ВМРО ДПМНЕ за да ја покријат сопствената нестручност и да ја лажат јавноста дека градоначалниците немаат надлежност за екоцитот Вардариште. Законот е јасен – отпадот е локална надлежност! ВМРО ДПМНЕ четири години ја игнорираа својата обврска да го решат овој проблем, рече на прес конференција кандидатката за градоначалничка на СДСМ Каја Шукова. Таа истакна дека градоначалниците се директно ...

Општина Центар и оваа учебна година ангажира лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“. Избраните кандидати ќе работат по 20 часа неделно, со месечен надоместок од 15.000 денари, соопштија утрово од локалната самоуправа. Право на пријавување на јавниот повик имаат лица со завршено средно образование, а предност ќе имаат кандидати со високо образование од областа на наставата, ...

Министерот за правда Игор Филков наскоро треба да ја одбрани својата магистерска работа на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, открива 360 степени. Темата на трудот е „Креирање стратегии во сферата на правосудството како надлежност на Министерството за правда“, што претставува област која директно се совпаѓа со неговата актуелна функција во Владата. Според дневниот ред на седницата на Наставно-научниот совет на факултетот, закажана за ...

До вчера на полноќ до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје и 68 иницијативи за предлагање на листи на советници за советите на општините и советот на Град Скопје. Како што информира денеска ДИК, листите на кандидати за членови на советот и листата на кандидат за градоначалник на општината, ...

Пет независни кандидати за градоначалник и три независни советнички листи биле доставени до подрачното одделение на Државната изборна комисија во Струга. Рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори 2025, кои се закажани за 19 октомври истече ноќеска. Доставување кандидатури за градоначалничката трка и и листи поддржани од политичките партии е до 13 септември. По истекот на рокот јавно ќе бидат објавени сите потврдени ...

Општина Кочани доби уште еден независен кандидат за градоначалник. После Венко Крстевски, актуелен в.д. на таа функција, кандидатура поднесе и Зоран Тодоров, чие име беше спомнувано како можен кандидат за градоначалник на една од двете најголеми партии во државата. Сепак, Тодоров, реши сам да настапи на локалните избори закажани за 19 октомври и ја поднесе својата кандидатура како независен. Тој е повеќегодишен граѓански активист. Еден од ...

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Георѓиевски, ветува „парк“ на локацијата Вардариште – најзагадената и технички најкомплицирана точка во главниот град. Со ова ветување, Георѓиевски само потврдува дека или свесно манипулира или воопшто не знае што зборува, што го прави целосно неспособен и некомпетентен за функцијата што ја бара од скопјани, се наведува во изјавата на денешното соопштение на Центарот за комуникации со ...

Дел од раководството на Партијата на пензионери на централно и локално ниво, заедно со членови и поддржувачи од повеќе општински организации, денеска објавија дека на претстојните локални избори ќе продолжат со поддршка на досегашниот коалициски партнер – Социјалдеомкратки сојуз (СДСМ). Со СДСМ делиме исти идеолошки вредности, имаме компатибилни програмски цели и пензиски политики, и соработуваме на принципиелни основи. Наш приоритет останува ...

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори 2025, кои се закажани за 19 октомври. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата потписи за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, додека за членови на советот потписи се собираа во 11 општини за вкупно 12 листи. Потписи за градоначалници се собираат во Македонска Каменица (двајца кандидати), Куманово, ...

Јавниот превоз во Скопје е една од клучните слабости на Градот, рече во изјава за медиумите Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ. Таа потсети дека ДПМНЕ и Аросвска ветувале нови еколошки автобуси, бесплатен јавен превоз и ред во јавниот сообраќај и напомена дека денес нема нови автобуси, а постојните се „стари, нечисти, доцнат премногу, а некогаш и не доаѓаат воопшто“. Шукова исто така посочи и дека дел ...

„Булеварот Борис Трајковски како витална сообраќајница за жителите на Кисела Вода и Драчево, е слика на целокупното 4 годишно владеење на ДПМНЕ и Данела Арсовска. Тоа е одраз на целосна незаинтересираност, темелна негрижа и хаос“, рече Каја Шукова кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ која беше на оваа сообраќајница која ги поврзува Кисела Вода и Драчево. „Четири години ДПМНЕ и нивната избраничка Данела не мрднаа со прст за да ги ...

Со откривање на муралот „Бушава азбука“ на 31 август, недела, во 10.30 часот, започнува прославата по повод 40 години од легендарната детска серија. Настанот носи забавно-образовни активности за најмладите и музички сет на диџеј Vishko за возрасните. На публиката, за првпат, ќе ѝ биде прикажана шпицата за новата анимирана серија „Буквождер“. Во рамки на прославата ќе бидат претставени и првите лиценцирани производи под брендот „Бушава азбука“, ...

Од ЈСП известуваат дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), линиите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред. Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар и Зелен пазар. Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-20 ...

Граѓанската платформа „Независни заедно“ официјално ја објави кандидатурата на деканот на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професор д-р Горан Марковски, за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори. Промоцијата ја отвори Јана Белчева Андреевска, кандидатка за советничка за град Скопје која истакна дека по години гледање како се нижат проблеми, се губат и запустуваат јавни простори и јавни објекти, ...

Во рамки на второто издание на фестивалот за алтернативна, младинската и критичка култура „Ре-култура“ што го организира здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ во соработка со кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“, по вторпат се отвора донаторската акција за стари книги, плочи и цедеа. „Ги повикуваме сите пријатели, поддржувачи, издавачи, музичари, фанатични колекционери и сите кои сакаат да им олеснат на своите ...

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница изврши разрешување и случаен избор на нови претседатели и заменици претседатели, членови и заменици членови во неколку општински изборни комисии. Разрешени беа 41 лица ангажирани во ОИК кои до ДИК имаа доставено документација со која се докажува дека не можат да ги исполнат изборните обврски. На нивно место беа избрани нови од редот на администрацијата. Членовите на ДИК го прифатија предлогот ...

Скулпторот Озбек Ајваз вечер ќе ја претстави својата втора самостојна изложба „Гласот на минатото“ – скулптурална инсталација поставена во јавен простор. Делото претставува уметнички потсетник на едно време кога читањето весници беше секојдневен ритуал, а вестите се примаа со трпение, внимание и доверба во изворите. Со својата форма и порака, скулптурата ја оживува културата на внимателно информирање, која денес сè повеќе исчезнува под притисок ...

По повод 115 години од раѓањето на Мајка Тереза, денеска во Спомен куќата на Мајка Тереза ќе биде отворена изложбата „Mирот започнува со насмевка“. Изложбата ја сочинуваат фотографии и инспиративни цитати од Мајка Тереза. Изложбата не потсетува дека вистинската љубов и грижа за другиот почнуваат со едноставен гест – насмевка, наведуваат од Спомен куќата на Мајка Тереза. Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде доделена ...

Општина Центар доби шест куќички-засолништа за бездомни животни како донација од Амбасадата на САД. Куќичките, изработени од локални архитекти, се поставени во Паркот на Франкофонијата во рамки на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство“, информираат од Општината. Проектот, како што велат, има за цел подобрување на условите за бездомните животни и поттикнување на инклузивноста во јавните простори. Донацијата, ...

„Изградба на државно прифатилиште за миленици заедно со Град Скопје, општините и централната власт, кое ќе работи 24 часа во денот со зголемен капацитет и комунална полиција“, кандидатката за градоначалник на Град Скопје Каја Шукова ја претстави програмата и решенијата за проблемот со бездомните кучиња пред активистите за заштита на животните, се вели во соопштението од СДСМ. Таа на вчерашната средба порача дека доста се веќе ад-хок мерки кои не ...

Кинотеката на Македонија ја најавува септемвриската програма, која ќе донесе вистински филмски празник за љубителите на седмата уметност. Овој месец е посветен на антологиските филмови од историјата на светската кинематографија, како и на значајни македонски играни и краткометражни остварувања. На репертоарот ќе се најдат ремек-дела што го обележале златното време на филмот. Посебно место во програмата ќе имаат и македонските краткометражни ...

Ноторен факт е дека сликата за Скопје е урбан хаос, непланско и нестандардизирано градење и отсуство на креативни и функционални решенија за секое клучно прашање во Градот, напиша на својот Фејсбук профил кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова. Градот, кој пост-земјотресот се обновуваше согласно тогаш најмодерните архитектонски решенија, логично и со визија за неговиот раст, кој во својата есенција го имаше хуманото живеење, ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1022
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1022
weather icon

Софија

9ᴼ / 6ᴼ
1.54
61%
1023
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.13
81%
1023
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 8ᴼ
1.51
82%
1022
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
66%
1022
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
82%
1024
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
71%
1024
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
87%
1022
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
94%
1023
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
76%
1022
Currency

61.53

Currency

53.1337

Currency

69.7572

Currency

34.777

Currency

37.9478

Currency

66.5784

Currency

7.47219

Currency

0.65393

Currency

0.34328

Currency

0.52557

Currency

1.25874

Currency

0.599