Сите хемиски и биолошки средства што се користат за прскање против комарци во земјава се целосно безбедни за луѓето и се препорачани од Светската здравствена организација (СЗО). Ова го потврди министерот за здравство Сашо Клековски, нагласувајќи дека потенцијално опасните препарати од минатото се одамна исфрлени од употреба. Државата стои зад квалитетот на средствата, но надлежните апелираат граѓаните да применуваат и мерки за лична заштита. ...
Вчеравечер стручните екипи од Центарот за јавно здравје, во соработка со Град Скопје и Општина Карпош, спроведоа дополнително теренско прскање против комарци и нивните ларви, со цел да се намали ризикот од ширење на западно-нилската треска. Во текот на ноќта беше извршена темелна дезинсекција на неколку критични точки на територијата на општината, меѓу кои улицата Ловќенска 4 во населбата Козле и улицата Скупи 8 во Бардовци. Од Општина ...

