
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Во раните утрински часови утре на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира авионска дезинсекција против ларви од комарци. Секторот за комунални работи на Град Скопје ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини, информира Град Скопје. ...
Данела Арсовска преку соопштение на Град Скопје вели дека жителите на Ѓорче Петров не сакаат три индустриски објекти хемиски фабрики на 157.000 m2 да се градат во општината. Во февруари 2024 година како град Скопје, не дозволивме и не дадовме согласност за градба на три индустриски објекти хемиски фабрики на 157.000 m2 и дополнително над 30 висококатници со кои ќе се пренатрупа за двојно повеќе бројот на жители дозволени согласно ГУП во тој дел ...
Општина Аеродром изрекла прекршочна казна во износ од 88.000 евра на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ поради континуирано нефункционирање, несоодветно собирање отпад и негрижа за јавната хигиена на нејзината територија. Оваа санкција, како што се наведува во соопштението од Општина Аеродром, не е политичка, туку институционална како резултат на утврдени пропусти во работата на претпријатието. Дополнително, се додава, жителите на Аеродром ...
Во Камерната сала на Филхармонија, вечер ќе се одржи 11-тото издание на „Виолин Фест“ – фестивалот каде што соништата имаат гудало, а секоја нота е чекор поблиску до иднината. Овде нема натпревар. Нема гламур. Само чиста музика и храбри млади луѓе кои свират како да им зависи животот од тоа. И можеби навистина им зависи – бидејќи кога си млад, а музиката ти е сè, оваа сцена значи повеќе од аплауз. Фестивалот постои за да им даде простор. Звук. ...
Седумдесет и осумгодишниот активен планинар, Стојанче Костовски од Крива Паланка, долгогодишен планинарски водич, викендов се искачи на врвот Митикас, на надморска височина од 2917 метри, на „планината на боговите” Олимп. Искачувањето се реализирше во соработка со планинарскиот клуб „Хајкинг” од Скопје, заедно со 36-члена екипа планинари. Задоволен сум што со успех го искачивме врвот Митикас, поминувајќи 21километар од стартот до врвот. Ѝ ...
Еспресо – напиток што не го буди само телото, туку ги движи спомените, страста, бучавата на градот и тишината на самотијата. ЏАБИР ДЕРАЛА Топлиот, тенок и пенест, млаз почнува да тече. Се слуша рапавиот машински звук, несразмерно груб во споредба со таа елегантна минијатурна постапка што завршува со серија капки кои дополнително ја распенуваат површината на магичниот напиток. За тоа време, од тие минијатурни 15-30 милилитри се шири волшебна ...
На 6 јуни започнува третото издание на меѓународниот стрип фестивал „Стрип Трип“ и ќе трае до 8 јуни. Организаторите како главен гостин на фестивалот го најавуваат Рајнхард Клајст од Германија кој е автор на графичките биографии за Дејвид Боуви, Ник Кејв, и Џони Кеш, како и графичките новели „Боксерот“ и „Олимписки сон“! На фестивалот ќе присуствуваат и меѓународните ѕвезди Марко Дјешка, Марко Стојановиќ и Гани Сундури. А, помеѓу македонските ...
На 24-то издание на ОФФест, кое почнува денеска и ќе се одржува до 8-ми јуни во Националната опера и балет и Младинскиот културен центар во Скопје ќе настапат врвни музички артисти и групи од осум различни земји. Високото реноме на артистите ја прави селекцијата на ОФФест 2025 една од најквалитетните во изминатиот период, а спектарот на стилови, „географското потекло“ на уметниците и шареноликите музички правци, несомнено ќе им приредат ...
На две одвоени вонредни седници на Град Скопје, денеска, требаше да се расправа за дивоградбите во Чаир, а потоа и за во Сарај. Но, предлагачите на точката од ВМРО ДПМНЕ ја повлекоа, „Една седница нема да ги реши дивоградбите кои ДУИ ги гради 20 години, Данела да не прави театар“, рече Стефан Кирков. Данела Арсовска на седницата потсети на дивоградбите и фалсификатот што го направил Градоначалникот на Чаир, Ганиу. Нејзинот говор беше прекинуван ...
Дуња Иванова од ВК Енерџи е македонската претставничка на годинешното Европско првенство во МТБ Маратон кое ќе се одржи наредниот викенд во Казела, Италија. „Патеката со должина од 82км и висинско искачување од 2.600 метри е предизвикот на „UEC – Union Européenne de Cyclisme“ за најдобрите натпреварувачи од сите европски земји кои ќе треба да покажат силна издржливост, вештини и сериозна техничка подготвеност“, известуваат од ВК Енерџи. Со низа ...
Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил проверки и донел наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело бесправно градење од член 244-а од Кривичниот законик. Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопштија дека објектот почнал да се гради во 2024 година, без одобрение и на државно земјиште на улицата „Кемал Сејфула” ...
СВР Скопје извршил увид на булевар „Словенија“ во врска со пријавата за нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација за потребите на објект сопственост на правно лице од село Глумово, општина Сарај. Како што соопшти денеска МВР, при увидот било констатирано дека на булеварот е извршен наведениот ископ, по што од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје кон правното лице и одговорното лице во правното лице се ...
Рано наутро утре (сабота) екипи на Водовод ќе бидат вклучени во акција од Оперативен план чија цел е подобрување на водоснабдувањето и притисокот на водата, како и намалување на загубите на вода. На 31 мај со отпочнување во 00:00 часот планирани се активности за изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил, за што е изготвен план со кој се предвидува прецизна постапка со цел брзо и ефикасно завршување на ...
Уставен суд не поведува постапка за оценување на уставност и законитост на Одлуката за донесување на ДУП за Градска четврт С3 16 Општина Ѓорче Петров. Судот не ги прифати наводите на подносителката на иницијативата Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје од причина што не најде повреда на законитоста и уставноста на постапката за донесување на оспорената Одлука за ДУП. Не се докажа дека со Одлуката е направена повреда на Статутот на ...
Во сабота, на 31 мај, со почеток во раните утрински часови со делумен прекин на водоснабдувањето ќе бидат населените места Визбегово, бул.„Босна и Херцеговина“, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, висока зона Железара и Бутел 1, поради поврзување на главниот магистрален водовод. ЈП Водовод и Канализација – Скопје денеска соопшти дека работните актовности се очекува да заврши за помалку од 15 часа, во кои најмногу часови се одвојува за празнење и ...
Уставниот суд денеска ќе расправа по иницијативата на Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје, која ја оспорува одлуката за донесување на ДУП за Градска четврт С3 16 Општина Ѓорче Петров, наведувајќи дека е спротивна на уставниот принцип на владеењето на правото. Во иницијативата се наведува дека завршната одредба од оспорената одлука за донесување на ДУП во која е уредено дека стапува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во ...
Поради атлетска трка утре во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим во општина Аеродром. Утре во периодот во 07:30 часот до 10:30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на бул.„Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„Јане Сандански“ (десна коловозна лента гледано во насока на движење исток-запад) на потегот од крстосница со бул.„Србија“ и бул.„Видео Смилевски Бато“ до крстосница со ...
На 1 јуни во Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се одржи „Пет фестивал“ посветен на домашните миленици, одговорното сопствеништво и благосостојбата на животните. Организаторите најавуваат учество на повеќе од 60 професионалци кои ќе ја презентираат својата работа во Пет индустријата. Кинолошкиот сојуз првпат ќе ги претстави меѓународните шампиони во неколку раси, нивните карактеристики и титули пропратени со изложба на фотографии и визуелни ...
Со скромна, но значајна церемонија, Општина Чаир денес во Паркот „Украина“ ја организираше поставката на скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ – омаж за децата жртви на Холодоморот во Украина (1932–1933) и повик за рефлексија за трагичните последици од војните и неправдите. Настанот беше реализиран во соработка со Амбасадата на Украина во Скопје, со присуството на амбасадорката г-ѓа Лариса Дир, која ја нагласи важноста на ...
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен во општина Чаир и обвини дека се гради дивоградба. Според Данела никаде нема овластени лица од општината која ја предводи градоначалникот Висар Ганиу. „Во општина Чаир, спротивно на закон си почнале нова дивоградба. За жал до моментов не реагира МВР. Го повикуваме министерот Панче Тошковски да реагира, но и Стојанче Ангелов да ги види овие необезбедениве дупки. Да се излезат на лице ...
Македонската велосипедистка Дуња Иванова, членка на клубот ВК Енерџи, продолжува да реди успеси на меѓународната сцена. Со низа подиуми и високи пласмани на УЦИ маратони низ Европа, таа се искачи на 56. место на светската МТБ Маратон ранг-листа, каде се наоѓаат над 500 најдобри велосипедистки од целиот свет. Овој пласман ѝ овозможи на Иванова да обезбеди норма за настап на Светското првенство во МТБ Маратон, кое ќе се одржи од 30 август до 14 ...
Повеќе од три илјади долари се собрани од хуманитарниот мото-хепенинг „The Distinguished Gentleman’s Ride“ што годинава се одржа во Скопје по јубилеен 10-ти пат. Парите ќе бидат уплатени на сметката на фондацијата „Мовембер“ а од таму ќе се донираат во институции и болници кои се фокусирани на борбата за заштита на машкото здравје и ракот на простата. Годинашното издание на „The Distinguished Gentleman’s Ride“ во Скопје собра над 180 љубители на ...
оделени се наградите на учесниците од натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника за учениците во средните училишта од Македонија – Робомак Јуниор 2025 (ROBOMAC Junior 2025), што се одржа од 12 до 14 мај на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје. На натпреварот 54 ученици од четврта година од над 20 средни училишта од државава се натпреваруваа во две категории. Во категоријата Автономска ...
Архивскиот материјал што се чува во објектот на Државен архив – Одделение Тетово е во опасност од уништување поради несоодветните услови во кои се функционира оваа установата. Директорката Климентина Ивановска ја алармира целокупната јавност од потребата да се најде нов објект за тетовското одделение на Архивот, затоа што зградата во која работат е од 1929 година. Во депоата каде што се чува архивската граѓа, се забележува дека ѕидовите или ...
Општина Центар ја расчисти спорната парцела зад зградата на улицата „Киро Крстевски – Платник“, каде што претходно беше лоцирана диво изградена конструкција. „Имавме неколку средби со жителите од околните згради и ќе излеземе во пресрет на нивните барања. Просторот ќе добие намена која ќе биде во функција на граѓаните и по нивна мерка“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски. Станува збор за простор од приближно 500 м², кој по години ...
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска од 9 часот без вода ќе бидат дел од жителите на Карпош. – Од 9:00 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од ул.Ванчо Мицков и Бул.Партизански Одреди на Крак 1,3, 5,7,9,11 до завршување на истиот, се ...
Меѓународниот натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција „RoboMac 2025” од денеска до 17 мај ќе се одржи во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Скопје 13. пат ќе биде домаќин на повеќе од 70 млади иноватори и експерти од земјата и странство. Студентите, како што најавуваат организаторите, ќе имаат можност да се запознаат со последните технолошки иновации поврзани со роботиката, ...
Сендвичот во исхраната, сексот и политиката ЏАБИР ДЕРАЛА Сендвич! Ќе речете – симбол на динамичното урбано живеење на денешницата. Сепак, не е целосно точно дека е придобивка на современото живеење од крајот на 20-от и почетокот на 21-от век. Сендвичот, тој добар другар на оние што живеат брзо и се движат многу, не е творба на денешницата. Ако побараш податоци за значењето и историјата на сендвичот, лесно ќе дознаеш дека, иако самиот збор ...
СТЕФАНИ МАРИНО Низ целиот свет, градовите повторно ги откриваат своите индустриски земјишта. Некогаш поддржани од индустријата, на некои места голем дел од оваа урбана инфраструктура е затворена, оставајќи само остатоци. Денес, градовите привлекуваат различни групи – технолози, банкари, уметници и имигранти – но просторот е ограничен. Како што урбаното земјиште станува сè повредно, заедниците ги преиспитуваат можностите во некогаш запоставените ...
Млад кочанчанец залепен со селотејп на бандера на плоштадот „Македонија“ во Скопје, како што самиот нагласи дека е симболично врзан, денеска побара од институциите да им помогнат на повредените од дискотеката „Пулс“ во Кочани. Пред некој ден дома си дојдоа деца од болница без прсти на рацете. Дајте барем на тие деца да им се помогне, порача Мартин Кироски на кого во дискотеката му загинале петмина другари. Побара од државата да му се помогне на ...