Општина Центар најавува уште една музичка вечер во рамки на летната програма „На одмор сум, во Центар сум“. Во среда, 27 август, со почеток во 19 часот, во Паркот на Франкофонија ќе се одржи концерт на популарниот млад артист Јанг Дади. Настанот ќе започне во 19 часот со настап на Сани и Стела, како и активности за најмладите посетители, а главната музичка програма ќе продолжи од 20 часот, кога на сцената ќе се појави Јанг Дади. Како што ...

Согласно Роковникот за локалните избори 2025, во тек е барањето акредитации за набљудување и известување од изборите закажани за 19 октомври. Досега за набљудување на изборите е акредитиран само Младински културен центар Битола. Рокот за барањето за набљудување започна од денот на распишување на изборите, а завршува на десет дена пред денот на гласањето, односно на 8 октомври на полноќ. Барања за набљудување на изборите може да достават сите ...

Вчеравечер, во срцето на Скопје, не се одржа само промоција на нов сингл – се случи емотивна, интимна и културно значајна вечер. Yon Idy, еден од најистакнатите нови гласови на домашната музичка сцена, ја одбележа премиерата на својата нова песна „Don’t Break It“ со настап во живо со цел бенд, премиера на видеото и публика составена од артисти, новинари, музички професионалци и пријатели. Настанот претставуваше симболичен влез во ново поглавје ...

Отворањето на 16. „Македокс“ ќе се одржи вечер со почеток од 20:30 часот во „Куршумли-ан“. На програмата се краткиот документарен филм „Бардо“ на чешката авторка Вјера Чакањова и долгометражниот документарен филм „Само на земјата“ на Робин Петре, информираат организаторите на настанот. Филмот „Бардо“ носи длабок здив со искуства што навлегуваат уште подлабоко и темна амбиентална музика како придружник. Инспирирана од бардо, тибетско име за ...

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. Јавната дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Чаир и на Општина Бутел ќе се одржи денеска во салата на Советот на Град Скопје (барака број 13), во периодот ...

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје по налог на Град Скопје почнаа со спроведување на активности за машинско чистење на коритото на реката Вардар, согласно програмата за годинава за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Скопје. Се чисти делот кај Галиите во Централно градско подрачје, машински се отстранува насобраниот шут и гранки во коритото на река ...

Градот Скопје ги информира граѓаните дека денеска ќе започне терестричната дезинсекција на територијата на градот против возрасни форми и против ларви од комарци. -Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од 19 до 22 август (од вторник до петок), во вечерните и раните утрински часови, од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден, а против ларви од комарци ќе се изврши во текот на еден од горенаведените денови, се наведува ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовната тепачка што се случи на улицата „Славеј Планина” на 16 август годинава. Еден од осумеемина се товари за обид да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19, еден за нанесување тешка телесна повреда што е казниво според член 131 став 1, додека шест се осомничени за кривично дело – Учество во тепачка од ...

Јавна дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Центар ќе се одржи денеска во салата на Советот на Град Скопје (барака број 13), во периодот од 10 до 13 часот. Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија, а истите можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје (барака број 16) или електронски на адресата [email ...

ФАТМИР БИТИЌИ Џорџ Орвел уште во 1945 година забележа дека во време на националистички занес, спортот лесно може да стане „војна без пукање“. Не затоа што спортот по својата природа е агресивен, туку затоа што страста, ослободена од инклузивни општествени вредносни референци, лесно се претвора во орудие за понижување, исклучување и симболична елиминација на „другиот“, на различниот. Она што го видовме на Денот на Републиката не беше спорт, тоа ...

Од некогашниот град со најфутуристичка визија во поранешна Југославија, Скопје денес се претвори во „најзагубениот главен град без идеја за себе во регионот и Европа“, изјави за Фронтлајн, М-р Филип Конески, дипл. инж. Арх и основач на порталот за македонска архитектура МАРХ. „Како да се случила масовна амнезија на целото знаење од искуствата на постземјотресно Скопје, како да се доселиле други луѓе кои не знаат во кој правец движат,“ вели ...

Со новиот предлог-закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој пред две недели беше усвоен на владина седница, се предвидува целосен државен монопол во приредувањето на игрите на среќа онлајн, предупредуваат легалните приредувачи на игри на среќа. Во предлог-законот, конкретно во член 7, се предвидува онлајн игрите да ги организира исклучиво државно трговско друштво. Тоа значи дека приватните оператори, иако со години работат со лиценци и ...

„Секој граѓанин има право да гласа за претставници кои навистина ги застапуваат неговите потреби. Во оваа нова платформа веќе се вклучени иницијативите Шанса за Центар , Независни За Карпош – За Заштита На Карпош , Зелените Од Гази Баба , граѓански активисти од повеќе скопски општини и други градови, а остануваме отворени и за други иницијативи од целата држава“, стои во нивното соопштение. Во соопштението се вели дека Зелен Хуман Град одлучил ...

Од денеска до 27 јули 2025, во Охрид ќе започне осмото издание на Beach Film Festival кој ќе се одржи на четири локации: главното отворено кино на плажата Славија, култната плажа Сараиште, Брод Армада и Младинскиот центар во Охрид. Фестивалот годинава носи повеќе од 60 филма од современата европска кинематографија – внимателно селектирани, со свежи авторски гласови. Отворањето на фестивалот е закажано за вечер, со проекција под отворено небо на ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје упатува апел до граѓаните за рационално и совесно користење на водата за пиење, поради енормно зголемената и неконтролирана дневна потрошувачка која го нарушува стабилното водоснабдување во градот. Од претпријатието потсетуваат дека градот се снабдува со вода од природен извор со ограничени количини и непроценлива вредност. Затоа, граѓаните се повикуваат да избегнуваат непотребно трошење на вода за полевање ...

Секторот за внатрешни работи Скопје соопшти дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје. Изменетиот режим ќе биде од денеска (понеделник), вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди ...

Изложбата „Flora Imaginarium“ на македонскиот уметник и графички дизајнер Зоран Кардула вечер, во 20 часот, ќе биде отворена во фоајето на Националната опера и балет (НОБ). Оваа изложба е резултат на двегодишна работа на проект поврзан со еден македонски бренд, при што Кардула создаде серија уникатни дела инспирирани од флората, фантазијата и визуелниот јазик на маркетингот. Делата на Кардула се карактеризираат со експресивни бои, стилизирани ...

Денеска во 20 часот во Музејот на современата уметност во Скопје се отвора изложбата „Бекет е со нас“ на уметниците Вана Урошевиќ – Зоран Тодовиќ, Марија Ќалиќ и Никола Шуица. Оставината на Семјуел Бекет (1906–1989) претставува длабоко нурнување во суштината на човековото постоење. Неговите зборови и описи го издигнуваат секојдневието од баналноста, откривајќи му ги длабочините на времето и просторот. Неговите записи, романи и драми одекнуваат ...

Поради уличен дефект Ф-300мм на ул.Владимир Комаров 13 во населба Аеродром, од синоќа од полноќ прекинато е водоснабдувањето за корисниците од Пензионерски Дом, Кипер Маркет и една зграда на истата улица. Како што соопшти РЦУКК Скопје по известување на ЈП Водовод и Канализација, на санирањето на дефектот ќе се работи од 09:00 часот утрово, а прекинот во снабдувањето со вода ќе трае до санирање на дефектот. По известување добиено од ЕВН ...

Во организација на здружението за афирмација на културата ИНКА, во соработка со Europe House Struga и спортски клуб Соларис денеска во водите во Охридското Езеро во Струга ќе се одржи првиот пловен маркет – Lakescape! На настанот, како што информираат организаторите, ќе учествуваат локални занаетчии, дизајнери, фуд-креативци…., како и дизајнери од меѓународната резиденција – Linnéa Ekelöf, Marianne Hellman, Hajnal Gyeviki… – На настанот, кој ќе ...

Тимот на „Bacchus Classic“ освои прво место во својата категорија на 48-то издание на Интернационалниот олдтајмер настан што викендот се одржа во Баден Баден во Германија. Пред љубителите на олдтајмери, македонскиот тим се претстави со уникатниот „Abarth 1000 TCR“ од 1970 година, којшто беше единствен ваков примерок на настанот. Нашиот тим, освен претставувањето на македонските вина и Бахус Класик релито што есенва ќе се одржува во нашата ...

Културно информативнит центар – Скопје влезе во нова приказна со нов проект во своето портфолио кој има интенција да стане традиционален. Овој пат тоа е „Културен амалгам“ – фестивал кој се реализира во соработка со сродните културни центри од внатрешнста на Македонија. Во својата основа патувачкиот интердисциплинарен и мултимедијален фестивал КУЛТУРЕН АМАЛГАМ има за задача да отвори врати кон коренита децентрализација на културата во ...

Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава оди за Кочани. Проекциите на документарни филмови во рамки на програмата на патувачкото кино ќе се одржуваат од денеска до 18 и на 20 јули, на летна сцена пред НУ Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани, со почеток во 21 часот. На 19 јули патувачкото кино ќе има проекција и во селото Смилево, во Демир Хисар. Во свет што толку бргу се менува, па „човек не може двапати да влезе во иста река“, станува сè ...

Јубилејното 20. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ ќе се одржи во Струмица од 4 до 8 август, под мотото „Филмски крстопати“, со разновидна и интересна програмска селекција. Oваа година лауреат на престижната награда „Астер“ за највисоки достигнувања во светскиот и македонскиот филм е режисерот и сценарист Милчо Манчевски, соопштија организаторите. Физиономијата на „Астерфест“ останува посветена на авторскиот филм, со ...

Повторно има енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата за пиење, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем, поради што можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје, соопшти ЈП Водовод и канализација. Имајќи го предвид фактот дека водата за пиење е ограничени ресурс апелираме до сите граѓани на градот Скопје за рационална и совесна употреба, истакнуваат ...

Јавното претпријатие „Лајка“ почнува кампања за подигање на свеста и рушење на предрасудите за кучињата питбули. Кампањата насловена „Јас не сум за борби. Јас сум за гушкање“ е со цел да се смени општествената перцепција за оваа раса на кучиња и да се покаже дека сепак тие се лојални и подготвени за љубов, а не за насилство. Во рамки на кампањата ќе бидат објавени фотографии со питбулите сместени во ЈП „Лајка“. Веруваме дека секое животно ...

Македонската репрезентација запиша значаен успех на Европското првенство во е-спорт 2025, кое се одржа од 9 до 13 јули во Приштина, Косово, со учество на 24 национални тимови во трите дисциплини: Dota 2, Counter-Strike 2 Open и Counter-Strike 2 Women, информираа од Македонската е-спорт федерација. Од таму дополнуваат дека највпечатлив резултат постигна Dota 2 селекцијата на Македонија, која ја освои титулата европски првак, победувајќи ја ...

Дуња Иванова, дел од сениорската репрезентација на Велосипедската федерација на Македонија избрана од селекторот Емил Цветанов, оваа недела се закити со сребрен медал на Балканското првенство во планински Маратон кое се одржа во Блидње, Босна и Херцеговина. Патеката со должина од 73 км и висинско искачување од 1600 метри ја измина со вкупно време од 4 часа и 21 минута и ја обезбеди титулата на вицешампионка зад победничката Мануела Муресан од ...

Во мај годинава се издадени 469 одобренија за градење, што е за 80.4 проценти повеќе во однос на мај лани, објави Државниот завод за статистика. Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 146, по што следуваат Скопскиот, 86, Вардарскиот, 84, Југоисточниот, 67, Југозападниот, 32, Пелагонискиот, 26, Источниот регон, 22. Во Североисточниот регион има најмалку одбреија, шест. Според издадените одобренија за градење, предвидената ...

Во КСП Центар Јадро денеска во 20 часот се отвора изложбата на уметницата Алекс Клоуз од Канада насловена “Twisting Figment”. „Twisting Figment“ е изложба што се осврнува на процесот на преиспитување на она што сте мислеле дека „го знаете“. Станува збор за откривање на илузиите што сте ги имале, превртување на сопственото разбирање, како и за процесот на градење на сопствената интуиција за навигација низ тешки и „непознати терени“. Тоа е процес ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1022
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1022
weather icon

Софија

9ᴼ / 6ᴼ
1.54
61%
1023
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.13
81%
1023
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 8ᴼ
1.51
82%
1022
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
66%
1022
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
82%
1024
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
71%
1024
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
87%
1022
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
94%
1023
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
76%
1022
Currency

61.53

Currency

53.1337

Currency

69.7572

Currency

34.777

Currency

37.9478

Currency

66.5784

Currency

7.47219

Currency

0.65393

Currency

0.34328

Currency

0.52557

Currency

1.25874

Currency

0.599