Во Шпанија не е можно на децата да им се даваат имиња кои имаат негативна историска конотација, па затоа имињата Осама бин Ладен, Сталин, Луцифер, Јуда, Каин и Хитлер се изрично забранети во таа земја. Photo by CHUTTERSNAP on Unsplash Членот 54 од Законот за регистри од 8 јуни 1957 година предвидува забрана за имиња „кои објективно му нанесуваат штета на некое лице, збунувачки при идентификацијата и кои доведуваат до заблуда“. Според законот, ...

Zoom, компанијата што ја започна револуцијата за работа на далечина за време на пандемијата, им кажува на своите вработени да се вратат во канцеларијата. Во соопштението, менаџментот на Зум рече дека сега спроведува „структуриран хибриден пристап“. Тоа значи дека вработените кои живеат во близина на канцеларијата „треба да бидат на лице место два дена во неделата“, бидејќи тоа е „најефикасно“ за услугата за видео-конференции. „Како компанија, ...

Венеција, која беше прогласена за светско културно наследство во 1987 година, ризикува наскоро да биде ставена на листата на загрозени места. Пред состанокот на 21-та земја-членка на Комитетот за светско наследство, експертите на УНЕСКО при Обединетите нации привлекуваат внимание на големиот ризик за Венеција. Photo by Matej Pribanic on Unsplash Светските експерти се загрижени за иднината на Серенисима поради три главни причини. Тоа се масовен ...

Три нови веб страници се креираат секоја секунда во светот, а Гугл, Фејсбук, Инстаграм и Твитер користат 64.9 % од светската популација. Со повеќе од милијарда активни веб-страници ширум светот, секоја секунда се отвораат три нови, а Google, YouTube, Facebook, Instagram и Twitter се најпосетуваните страници на Интернет, истакнува Anadolu. Photo by Marvin Meyer on Unsplash Според платформата за дизајн и развој на веб-страници Siteefy, околу ...

„Бејби бум“ генерацијата, луѓе родени од 1946 до 1964 година, се повеќе остануваат сами во постарите години, одлучувајќи се на развод и после 50-тата. Photo by Eric Ward on Unsplash Повеќе од 16 милиони луѓе на возраст над 65 години во САД живеат сами. Се очекува бројот да се зголеми уште повеќе како што старее бејби бум генерацијата. Генерацијата „бејби бумер“ го опфаќа периодот на населението што е родено во периодот од 1946 до 1964 година. ...

Неодамна УНЕСКО препорача забрана на мобилните телефони во училиштата, тврдејќи дека прекумереното користење телефони е поврзано со намален образовен успех и негативно влијае на менталното здравје. Но некои истражувања покажуваат резултати кои не одат до крај во прилог на оваа теза. Се верува дека овие електронски уреди го одвлекуваат вниманието на учениците за време на часовите. Придонесуваат за зголемување на онлајн насилството меѓу колегите. ...

Агенцијата Франс прес (AFP) објави дека поднела тужба во Париз против платформата Х на Илон Маск, порано позната како Твитер, обвинувајќи ја дека одбива да разговара за потенцијална исплата за дистрибуција на содржината на новинската агенција. Во 2019 година, Франција усвои регулатива за сродни права која ги принудува големите интернет платформи да влезат во преговори со издавачите кои бараат компензација за вести. – Агенцијата Франс прес ја ...

На вториот ден од август, нашата планета влезе во долгови за животната средина. Тоа значи дека ги потрошивме природните ресурси кои екосистемите на планетата Земја можат да ги обновуваат во текот на годината и дека живееме на сметка на идните генерации. Image by wayhomestudio on Freepik Пред само половина век, планетата не беше во долгови за животната средина. Оттогаш од година во година трошиме се повеќе природни ресурси. Во атмосферата се ...

Прекувремената работа во нашето законодавство е уредена со Законот за работните односи. Работникот е должен на барање на работодавачот да врши работа преку полното работно време (прекувремена работа), но само: во случаи на исклучително зголемување на обемот на работата, ако е потребно продолжување на деловниот или производниот процес, ако е нужно да се отстрани оштетување на средствата за работа, што би предизвикало прекинување на работата, ако ...

Статистиката вели дека просечниот човек поминува околу седум часа дневно залепен на екраните поврзани на Интернет. Таа бројка е уште поголема за оние кои работат на компјутер. Професорот Пол Леви нуди совети како да ја вратите контролата врз вашите електронски уреди и да излезете од „дигиталниот пекол“. Photo by Andrew Neel on Unsplash Повеќето од нас прекумерно користат дигитални уреди, поминувајќи премногу долго или работејќи или уживајќи во ...

МОН објави повик за субвенциониран студентски оброк за академската 2023/2024 година, кој ќе биде со дневен износ од 140 денари. За тековните студенти рокот за пријавување е од денеска до 10 август 2023, а за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, рокот за пријавување е од 1 до 7 октомври 2023. Студентите што ќе стекнат право на субвенциониран оброк ќе треба да ...

Work and travel програмата веќе со години е од голема практика кај студентите. Нудејќи им можност за работа и прошетка на студентите, многумина од нив ја гледаат како одлична прилика за заработка, но и посета на друга држава. И оваа година, најголем интерес студентите покажуваат за работа во Германија и Америка, но расте и заинтересираноста за Хрватска. Ванеса Крстева е студент на Факултетот за Медицински науки при УГД и своето лето го поминува ...

Во Крушево со манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ на Гумење и официјално почнува чествувањето на големиот празник Илинден. Годинава се одбележуваат 120 години од Илинденското востание и Крушевската Република. На отворањето на манифестацијата ќе се обрати претседателот на Владата, Димитар Ковачевски. Во рамките на чествувањата за Илинден, делегација денеска во 10 часот ќе ја посети Спомен-куќата на Смилевскиот конгрес во Смилево, а ...

Доколку одите на одмор во Грција на 2 или 15 август, наоружајте се со трпение бидејќи овие два дена се очекуваат големи гужви низ Македонија и Грција. Со оглед на тоа што во изминатите денови имаше нешто подолги задржувања на граничните премини, дел од корисниците на социјалните мрежи прашуваат каква е очекуваната состојба деновиве поради празниците. 2-ри август е првиот неработен ден за Илинден, а на 15-ти и 16-ти август, празникот на Успение ...

Справување со стапката на анксиозност кај децата, намалување на трендовите на употреба на насилни методи на дисциплинирање при воспитување, загадувањето на градовите, дезинформациите и антиваксерството се само неколку елементи кои треба да се подобрат за поквалитетен живот на децата во земјава. Од ова се состои обраќањето на претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани по повод 30 години откако Македонија ја потпиша Конвенцијата за правата на ...

Грција и понатаму е „ветена“ туристичка земја – викендот на граничните премини Богородица и Стар Дојран влез и излез оствариле над 50.000 патници. Од петокот од 10 часот до вчера истото време на граничните премини Богородица и Стар Дојран на излез и влез во државата поминале над 51 илјада патници. Како што соопштија од МВР, на ГП Богородица влез и излез оствариле 38.950 патници, од кои 14.456 се македонски државјани, а 24.494 странци. На ГП ...

Вечерва на небото ќе биде видлив редок небесен спектакл. Имено, ноќта од 31 јули кон 1 август, на небото ќе биде видлива супермесечина, а следниот пат ќе се појави 30 дена подоцна. Вечерва Месечината ќе биде на оддалеченост од 357.530 километри од Земјата, а следниот пат ќе биде малку поблиску, на 357.344 километри. Photo by Mike Petrucci on Unsplash Последен пат две супермесечини во ист календарски месец се појавија 2018 година, а астрономите ...

Барселона се „мачи“ со масовниот туризам, а еден реномиран дуќан одлучи да наплатува по 5 евра за „само да разгледаме“! „Разгледување на дуќанот – 5 евра по лице, благодарам“. Така пишува на таблата на влезот на „Queviures Murria“, историската продавница на деликатеси во Барселона кој работи речиси 130 години (отворена во 1898 година). Да, добро прочитавте: на сопствениците им е преку глава од туристи кои влегуваат и излегуваат без да купат ...

Клубот на млади инженери при Инженерската институција на Македонија вторпат ќе биде домаќин на Европската конференција за млади инженери EYESKOPJE2023. Темата на годинашната конференција е „Connecting Engineers’ Pathways“, а ќе се одржи од 5 до 8 октомври на Факултетот за електротехнички науки и информатички технологии (ФЕИТ). Фото: FB Млади инженери Како што информира Клубот на млади инженери, на 51. европски инженерски собир ќе бидат присутни ...

Руската пропаганда, влијанието и дезинформациите во Македонија се со голем обем, повеќеканални пораки, повторувачки и без објективност. Руските операции за влијанија имаат цел да поттикнат поделби во општеството, да ја поткопаат довербата во институциите и медиумите и да предизвикаат вознемиреност кај граѓаните. Ова се наодите на студијата „Една година од руската агресија врз Украина – руската пропаганда, влијание и дезинформации во Северна ...

Јули 2023 година би требало да ги надмине сите претходни температурни рекорди, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, откако научниците посочија дека тековниот месец е на пат да биде најтопол месец откако се водат официјални записи. Photo by Matt Palmer on Unsplash Светската метеоролошка организација на Обединетите нации (СМО) и Службата за климатски промени Коперник на Европската унија, исто така, во заедничка изјава наведоа дека е ...

Рекетот со кој Новак Ѓоковиќ го освои својот прв Вимблдон ќе се најде на продажба, на аукција во Велингборо во Англија. Се предвидува дека рекетот на Ѓоковиќ ќе достигне цена од најмалку 20.000 евра. Аукцијата е закажана за 5-6. Септември во Велингборо, град во централна Англија во близина на Нортхемптон, во аукциска куќа специјализирана за продажба на спортски сувенири. Најтрофејниот тенисер во историјата на 3 јули 2011 година во Лондон го ...

По повод Светскиот ден за борба против хепатитисот – 28 Јули, денеска ќе бидат претставени најзначајните активности во борбата против хепатитисот, црнодробниот карцином и други заболувања на црниот дроб во нашата земја. Image by jcomp on Freepik Во одбележувањето на 28 Јули вклучени се Министерството за здравство, здружението „Хепар Центар“ – Битола, Универзитетските клиники за гастроентерохепатологија, за инфективни болести, за дигестивна ...

Децата од финансиски најбогатите семејства имаат повеќе од двојно поголема веројатност да студират на елитните универзитети отколку децата од семејствата од средната класа со исти резултати од тестовите, покажува новото истражување спроведено во САД. Истражувањето беше спроведено од Opportunity Insights, група истражувачи и аналитичари од Универзитетот Харвард кои ја проучуваат нееднаквоста. Истражувачите анализирале податоци од осум ...

Во новата академска година, студентите ќе ги добиваат паричните средства на наменска платежна картичка, пшреку Шпаркасе банка. МОН склучи договор со Шпаркасе банка за реализација на исплатите за субвенциониран студентски оброк. Со тоа се овозможува средствата да се користат исклучиво за субвенционирање за обезбедување на здрав оброк на студентите. Фото: Мета -Во новата академска година, студентите ќе ги добиваат паричните средства на наменска ...

Српските пејачи стануваат непожелни во Хрватска, се откажуваат нивните закажани настапи на фестивали и концерти, по реакции на Татковинското движење. Ова покажува дека случувањата на Балканот и крвавите војни кои се водеа во минатото не се забораваат баш лесно. Откако Аца Лукас одржа концерт на островот Барбаринац кај Сплит, откажани се сите закажани концерти на регионалните уметници летово на тој остров. Фото: Instagram Islandoflove,hr „Ве ...

Младите заминуваат од Македонија затоа што го губат натпреварот на стадион на којшто не нѝ влегле, додека системските полтрони играат без противник и шутираат на празен гол. Истражување: Образованието во Македонија е дел од проблемот и дел од решението за иселувањето Уште од мали нозе ми биле јасни некои работи. За да влезеш во друштвото на „бубалици“ пожелно е да си добар ученик. За да се вклопиш во друштво кое е опседнато со творење музика, ...

Финансиско друштво за брзи кредити добило три парични казни во вкупен износ од 653.160 денари, а одговорното лице кај истото друштво добило три казни во износ од 55.347 денари поради издавање онлајн кредити без проверка на идентитетот на три лица, соопшти Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП). Казната, како што информираат оттаму, била изречена оти бил прекршен Законот за заштита на личните податоци, со злоупотреба на личните податоци ...

Препораките за заштита на граѓаните од топлотните бранови и високите температури продолжуваат да важат и денеска (среда, 26 јули) и утре (четврток, 27 јули). Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на ...

Ако полните 40 години и сте „зависници“ од некоја или сите следни навики: пушење, прекумерно консумирање алкохол или опиоиди, има добри шанси да не доживеете осум или девет децении. Image by wirestock on Freepik Ова можеби не е вест, но долгорочното истражување на речиси 720.000 американски воени ветерани откри лоши животни навики – најлоши, барем меѓу поранешните војници – кои имаат поголема веројатност да страдаат од состојби како ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1022
weather icon

Белград

5ᴼ / 2ᴼ
1.03
95%
1022
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
93%
1022
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
93%
1023
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.8
83%
1021
weather icon

Љубљана

2ᴼ / -1ᴼ
0.51
89%
1022
weather icon

Атина

16ᴼ / 12ᴼ
2.57
78%
1018
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1020
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1019
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
97%
1021
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
94%
1017
Currency

61.5137

Currency

53.1363

Currency

69.8893

Currency

34.7026

Currency

37.9309

Currency

66.4036

Currency

7.4653

Currency

0.65657

Currency

0.34486

Currency

0.52534

Currency

1.25887

Currency

0.60028