Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Голем Аеромитинг ќе се одржи во сабота во Скопје, по повод 100 години постоење на Аеро клубот Скопје. Аероклубот Скопје во сабота, на 16 септември, по повод одбележувањето на стогодишнината од постоењето на овој аероклуб, ќе одржи голем Аеромитинг на спортскиот аеродром Стенковец кај Скопје. Најавено е дека на авио средбата ќе се појават над 50 авиони. Најатрактивни ќе бидат воените авиони на домашното македонско воздухопловство, како и оние на ...
Американската вселенска агенција НАСА ќе ги објави резултатите од долгоочекуваната студија за неидентификувани летечки објекти (НЛО). НАСА минатата година објави дека ги разгледува доказите за т.н неидентификувани воздушни феномени кои го замениле претходниот термин „НЛО“ во официјалната терминологија. Фото: NASA Темата долго време ја фасцинираше јавноста, но беше избегнувана од мејнстрим науката. Независен тим од 16 истражувачи ги споделија ...
Неодамна се објави првата брошура за млади од самохрани и еднородителски семејства, која има за цел едукација на младите од вакви типови на семејства и нивна заштита. Македонија е првата држава на Балканот, но и на Европа, каде излегува ваква публикација, со специфична намена, за млади од самохрани и еднородителски семејства. Издавач на брошурата е Здружението на млади – МЛАДИ ОД СЕМЕЈНА РАЗНОВИДНОСТ, Автори и уредници на брошурата се: Станиша ...
Општина Центар спроведува обуки за наставниците и стручните соработници од сите училишта во општината за рано препознавање, решавање и превенција на врсничко насилство (булинг). Обуките се одржуваат во соработка со Здружението „Европски соѕвездија“ во КСП Центар –Јадро од страна на универзитетски професори. Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски истакна дека на самиот почеток на учебната година наставниците и стручните соработници од ...
Професорот по математика, Кристофер Дојл споделувал разголени фотографии од своја ученичка на интернет. После скандалот тој поднесе оставка во 2019 година, а Кејтлин мораше да плати 10.000 долари. Како што пренесува New York Post, овој професор по математика од Њу Џерси сега е вработен во друго училиште, недалеку од она во кое направил скандал. Kaitlyn Cannon Кошмарот на Кејтлин започнал во 2018 година кога и беше кажано дека разголените ...
Италијанскиот град Венеција најверојатно ќе воведе влезница од 5 евра за туристите. Тоа е тест-период насочен кон контрола на туризмот. Сите посетители на возраст над 14 години ќе треба да платат за дневен престој, но мора и однапред да резервираат влез во градот. Членот на градскиот совет за туризам, Симоне Вентурини, рече дека тест-периодот ќе трае за време на туристичкиот врв следната година. Photo by Rebe Adelaida on Unsplash „Венеција е ...
Светот брзо се менува, а со тоа и пазарот на трудот. Додека некои работни места застаруваат поради технолошкиот напредок, други се појавуваат како резултат на истите овие иновации. Кои се работните места кои ќе ја обележат иднината и ќе ја чекаат денешната млада генерација? Ви ги претставуваме најдобрите 7 работни места во иднината. Фото: SEEK 1.Специјалисти за вештачка интелигенција (ВИ) и машинско учење Вештачката интелигенција станува ...
Условите за живот во градовите ширум светот се целосно подобрени по влошувањето предизвикано од пандемијата на ковид-19, според најновиот индекс на животна средина на EIU. Листата ги оценува условите за живот во 173 градови во пет категории: стабилност, здравствена заштита, култура и животна средина, образование и инфраструктура. Најмногу закрепнаа градовите во азиско-пацифичкиот регион. Индексот, исто така, сугерира дека животот во градовите е ...
Најголемиот регионален диструбутер на детски лиценци, хрватската компанија „Талент Шоу“, ги откупи правата за емитување на содржината од македонските цртани „Светот на Биби“ за териториите на Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. Од следната година, децата во Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина ќе уживаат во анимираната содржина од „Светот на Биби“ на најгледаните телевизиски канали. „Сказните на Биби“ ќе се станат неизбежен дел од ...
Ромските студенти испратија реакција со предупредување за протести и поставување шатори до Управата на Медицинскиот факултет, незадоволни од примената на уписната политика и злоупотребата на квотите на Универзитетот. По објавување на конечната ранг листа од првиот уписен рок 2023 -2024 година на Медицинскиот факултет, констатирано е дека сите пет ромски студенти што аплицирале на овој повик се одбиени од државна и од приватна квота на факултетот ...
Турските собирачи на смет во Чанкаја, Анкара неколку години се предмет на интерес на јавноста во светот. Некое време ги собирале книгите кои луѓето ги фрлаат непотребно и од нив направиле убава библиотека која служи за едукација на персоналот и нивните семејства. Низ годините имаат собрано преку 20.000 книги кои ги класифицирале по жанрови и ги ставиле во својата библиотека. Сите ние можеме да најдеме по некоја книга речиси секојдневно. Тие ...
Гевгелија прв пат годинава е домаќин на фестивалот „Taste the south“ или „Вкуси го југот“ кој што ќе има богата музичка програма. Идеата за фестивалот доаѓа од потребата на Гевгелија и регионот за културно-уметничка манифестација за промоција на градот, околината но и целиот јужен регион на Македонија. Од таа причина е и самото име на фестивалот. Идејата за промоција на Гевгелија е препознаена од Општина Гевгелија, а е во соработка со Крафт ...
Спротивностите се привлекуваат – ова сте го слушнале којзнае колку пати, но последните научни истражувања покажуваат дека нема многу вистина. Моќта на животинскиот магнетизам спои безброј двојки, но кога станува збор за заљубување, научниците велат дека нема многу вистина во старата поговорка дека спротивностите се привлекуваат. Photo by Etienne Boulanger on Unsplash Научниците откриваат дека повеќето партнери споделуваат заеднички особини, ...
Фестивалот на песни за деца „Весело штурче“ ќе се одржи на 28 септември во Домот на културата „Ацо Шопов “ во Штип со почеток од 19:30 часот. Од денес во 17 часот се во продажба и билетите, со цена од 250 денари. Иницијативата на Фестивалот потекнува од директорот м-р Филип Стевановски и уметничкиот директор м-р Ирена Крстевска Стевановска. Фото: FB Veselo Sturce Тргнувајќи од фактот дека децата се иднината на музиката, двајцата музичари сакале ...
Франција има намера да ги забрани електронските цигари за еднократна употреба, изјави француската премиерка Елизабет Борн за радио станицата RTL. Image by Racool_studio on Freepik – Тоа е важно јавно здравствено прашање, рече Борн, додавајќи дека владата подготвува планови за национална програма за борба против консумацијата на тутун, која според неа е одговорна за 75.000 смртни случаи годишно во Франција. Овие уреди создаваат навики кај ...
Фејсбук најави дека ќе го заврши својата „рубрика“ за вести во Обединетото Кралство, Франција и Германија на почетокот на декември и ќе се фокусира на кратки видео содржини. Одлуката е донесена во согласност со стратегијата на Facebook за насочување на ресурсите во области од поголем интерес за корисниците, тврдат од компанијата. Photo by Brett Jordan on Unsplash Корисниците ја посетуваат платформата првенствено за социјални врски и истражување ...
Шпаркасе банка АД Скопје ги известува сите студенти кои го оствариле правото на студентски оброк, дека почна подигнувањето на наменските студентски Visa картички за субвенциониран оброк, како и Vibe on пакетот за млади, во Скопје. -Квалификуваните студенти за субвенциониран студентски оброк можат да ја подигнат картичката согласно дефинираниот распоред на банката поделен по различни датуми и различни градови низ државата. Во претстојниот ...
Штипјанецот Лука Миташев, своето лето го искористил за работа на Фарските острови, каде преку една Веб страна се пријавил да живее кај домаќин-фамилија и да се грижи за нивните домашни миленици. Лука Миташев Иако, повеќето студенти одбираат да работат преку програмата Work and travel , сепак веб страната WorkaAway.info нуди поинакво искуство. Се работи за страна каде домаќин-фамилии од целиот свет објавуваат огласи за работа за млади , најмногу ...
Британскиот весник „Гардијан“ ја блокираше компанијата „OpenAI“ да собира информации за да ги подобрува своите производи, меѓу кои е и ChatGPT. Фото: The Guardian Загриженоста за тоа дека компанијата неовластено користи содржини за да ги унапреди своите продукти од вештачка интелигенција доведе до тоа многу уметници, креативни индустрии и медиуми да побараат мерки за заштита на нивната интелектуална сопственост. Гардијан потврди дека го спречил ...
МОН излезе со реакција по прес конференцијата на КСЗД за немањето учебници за сите ученици во новата учебна година. Министерството за образование и наука, во врска со информацијата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за „Состојбата со обезбедување на учебници во основното образование за учебната 2023/24“, укажува дека изработката на учебници е комплексен процес што зависи од повеќе фактори, независни од системско влијание. ...
Штипјанецот Дарко Ефремов самоиницијативно направи сајт за следење на возниот ред на јавниот превоз во Штип. Сајтот овозможува следење и пребарување на достапни линии и станици за јавниот градски превоз. Иницијативата потекнала од тоа што, Ефремов сакал на корисен начин да ги искористи јавно достапните информации и да креира продукт, па така го прифатил предизвикот и за помалку од 12 часа ја креирал првичната верзија на сајтот. Дарко Ефремов – ...
Околу 5.000 луѓе се собраа во неделата во Солун, Грција за да го изразат своето противење на претстојното воведување нови лични карти. Своето незадоволство тие го изразија со пароли, националната химна и пуштајќи го говорот на починатиот атински архиепископ Христодулос, кој ги предупреди противниците на грчкиот народ. Новите лични карти, кои ќе се читаат преку машини, ќе ги заменат тековните документи за идентификација, кои содржат лични ...
Учебници нема, за Комисијата за заштита од дискриминација ништо не значи што тие се во подготовка. Можна е и тужба против МОН. За Комисијата за спречување и заштита од дискриминација недостасуваат учебници, а не задоволува објаснувањето дека учебникот е во фаза на подготовка или печатење. Весна Бендевска – Согласно препораката на Комисијата МОН требаше да обезбеди учебници по сите предмети, за сите ученици, на сите јазици на кои се изведува ...
Граѓански протест ќе се одржи денеска во Скопје поради случајот со Клиниката за онкологија. Како што е соопштено, протестот ќе почне од 18 часот пред Влада, а потоа ќе продолжи пред Министерството за здравство. – Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на Клиниката за онкологија, кои со месеци во живото – загрозувачка состојба чекаа лекови, додека лековите завршуваа на црниот пазар во Косово. Се работи за ...
Националниот младински совет на Македонија – НМСМ, ги повикува сите заинтересирани млади да го пријават своето учество на обуките организирани во рамки на проектот „Социјално претприемништо за младинско вработување“. Обуките се поделени во три програми: Обуките се наменети за млади невработени лица или млади лица вработени во социјални претпријатија. Главна цел на овие обуки е да ги намалат и неутрализираат предизвиците со кои младите се ...
Сите ученици од 1. до 5. одделение престојуваат во училиште пет часови дневно (исклучок се оние кои поради продолжен престој престојуваат и повеќе часови). Учениците од 6. одделение престојуваат во училиште 6 часови дневно, а задолжителниот престој на наставниците, пак, што реализираат настава од 1. до 6. одделение е 6 часови, без оглед на тоа дали се одделенски или предметни наставници. Фото: Министерство за образование и наука Ова е наведено ...
Бакнежот на претседателот на шпанската фудбалска федерација со фудбалерката Хермосо и две недели по завршувањето на СП за жени предизвикува контроверзи. Мајката на претседателот на шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес е отпуштена од болница. Анхелес Бејар беше примена во средата откако во понеделникот се заклучи во црква и штрајкуваше со глад во знак на протест поради третманот на нејзиниот син. Рубиалес беше жестоко критикуван затоа ...
Искачувањето на највисоката планина во светот наскоро би можело да поскапи бидејќи Министерството за туризам на Непал размислува да ги зголеми таксите што странските алпинисти треба да ги платат за искачување на Монт Еверест. Image by wirestock on Freepik Норвешкиот алпинист се искачи на девет од 14-те највисоки планини во светот Манаслу. Сегашната такса од 11.000 ќе се зголеми на 15.000 американски долари во шпицот пролетна сезона на качување. ...
Концентрацијата и вниманието „паѓаат“ на секои 47 секунди, а најголемо влијание на тоа имаат екраните на мобилните уреди и нашата „заробеност“ од нив. Се чини дека во денешно време сите се загрижени поради недостатокот на концентрација и внимание.Маргарет Сибли, професорка по психијатрија и бихејвиорални науки на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вашингтон, која е специјализирана за работа со адолесценти и возрасни со нарушување на ...
Кампањата на Доналд Трамп соопшти дека тој собрал 7,1 милиони долари од четвртокот кога беше фотографиран во затвор во Џорџија. Фото: Twitter DonaldJ Trump Најголем дел од парите се од продажба на предмети со фотографијата на Трамп, како маици, чаши и термоси. Трамп е ослободен со кауција за да го чека судењето по обвиненијата дека се обидел да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година во Џорџија. Тој, исто така, се соочува со три други ...