Фолк-пејачката Сузана Гавазова повторно го привлече вниманието на јавноста со емотивна, но и визуелно впечатлива објава на социјалните мрежи, испраќајќи порака за истрајност и внатрешна сила. На Инстаграм, Гавазова сподели фотографија на која позира во елегантна бела комбинација со нагласено деколте и шлиц, а покрај неа остави и порака што веднаш наиде на реакции: „Животот не е секогаш лесен, ама срцето знае кога е на прав пат“. Објавата, ...

Од 1 јануари, Меркур, планетата на мислата, комуникацијата и финансиските текови, влегува во знакот Јарец, каде што ќе остане до 20 јануари. Овој транзит го означува почетокот на една поинаква година, во која зборовите ја губат својата тежина доколку не се поткрепени со дела, а успехот се мери исклучиво преку конкретни резултати. Според астроанализите, Меркур во Јарец го активира рационалниот ум, дисциплината и долгорочното планирање, особено ...

На 25 декември, Православната црква го слави Свети Спиридон Чудотворец, светителот за кого во духовната традиција се вели дека е најбрз помошник кога станува збор за материјални потреби, работа, дом и преживување. Не случајно народот го нарекува „светец за секојдневниот леб“, бидејќи токму нему најчесто му се обраќаат оние што се нашле во финансиски ќор-сокак, долгови, неправда или ненадејна сиромаштија. Светец кој никого не оставил без помош ...

Нов кавер од шармантниот кумановец Никола Милосковски постигна голем успех со својот кавер на популарната песна „Полско цвеќе“ од Тоше Проески. Никола сега во пресрет на новогодишните празници подготви ново вистинско изненадување за своите верни фанови. Имено, Никола деновиве ја претстави својата верзија на емотивната балада „Лутка“ од Саша Матиќ и повторно сите ги воодушеви. Принтскрин/ Јутуб „Ја имам слушнато многу одамна и некако буди ...

Најпознатиот инфектолог од Македонија е во брак со многу помладата Евгенија за која сите велат дека е убава како Божица… Проф. д-р Вело Марковски од бракот со поранешната манекенка Евгенија има две деца, синот Павле и ќерката Кате. Евгенија и денес изгледа атрактивно како и во своите манекенски денови, а од нејзиниот сопруг е значително помлада. Принтскрин/ Јутуб Но како што вели Вело во емисијата „Кафе муабети“, и покрај големата разлика ...

Во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ досега сме имале можност да гледаме и многу кандидати од Македонија. И без разлика од нивниот успех во шоуто, по завршувањето на истото на многу од нив им заврши и кариерата, па дури и на оние кои се истакнаа со својот талент и ја воодушевуваа публиката. Но за разлика од нив, многу од учесниците во ова шоу продолжија успешно да ги градат своите кариери, а една од нив е и оваа дама. Инстаграм/ ...

Познатата водителка ги следи трендовите Омилената македонска водителка Лила Филиповска позираше во издание кое никого не остави рамнодушен. Таа позираше на Кнез Михајлова, најпознатата улица во Белград, во стајлинг кој е беспрекорно совршен за овие студени денови непосредно по официјалниот почеток на новата зимска сезона. Инстаграм/ Лила Филиповска Облечена во капут од крзно во боја која е апсолутен хит за оваа сезона таа им го привлекуваше ...

Наскоро ќе поминат точно пет години откако не напушти маестро Зоран Џорлев, еден од нашите најпознати виолинисти. Џорлев почина на 53 годишна возраст, на 1 јануари 2021 година, по тешко боледување од коронавирус. Неговата прерана смрт го одвои од неговите најблиски, но и од бројните колеги меѓу кои важеше за мошне почитуван музичар. Фејсбук/ Зоран Џорлев Почина само неколку дена пред да го прослави својот роденден, а да беше жив, на 10 ...

Ноне повторно ги воодушеви сите Поранешната пејачка Ноне Неделковска последните неколку години многу често е активна и на социјалните мрежи. Таа речиси секојдневно споделува детали од своите патувања, од кои може да видиме како изгледа нејзиниот живот. Инстаграм/ Ноне Неделковска Ноне сега сподели една стара снимка, од една егзотична плажа на која била пред точно две години. Позираше во занесно издание, свртена со грбот и загледана во ...

По седум години одвоен живот, пејачката Марија Шерифовиќ повторно ја обнови својата романса со Митар, а откривањето на врската ги изненади сите. Иако својот приватен живот обично го држи подалеку од очите на јавноста, овојпат пејачката ги шокираше следбениците на социјалните мрежи со фотографија на која позира со мускулестиот Митар. Марија и Митар првпат биле заедно пред седум години, но по краток период нивната врска завршила поради „лични ...

Поминаа точно 23 години од моментот што засекогаш го одбележа животот и кариерата на Елена Ристеска. На својот инстаграм-профил, поп-дивата се наврати на далечната 2002 година, кога како тинејџерка триумфираше на музичкото шоу М2 и ја освои публиката со својот автентичен настап. Тогаш 16-годишната Елена, која јавноста ја памети по прекарот „девојчето со чорапите“ поради специфичниот стил, на сцената ја изведе песната Она другото – нумера ...

„Кафе муабети“ со проф.д-р Вело Марковски Проф. д-р Вело Марковски отворено зборува за својот живот во емисијата „Кафе муабети“ со Виолета В. Периќ. Еден од најпознатите епидемиолози во Македонија, проф. д-р Вело Марковски, е најновиот гостин во емисијата „Кафе муабети“. Премиерата на емисијата ќе може да ја гледате вечерва во 22.15 часот, на јутуб каналот на Гламур, каде може да ги погледнете и сите останати емисии со познати личности од ...

Во сезоната на вируси и настинки, сè повеќе луѓе повторно се враќаат кон проверени природни рецепти. Ловоровиот лист, кој најчесто го користиме како зачин во кујната, одамна е познат и како силен природен сојузник за здравјето. Благодарение на своите противвоспалителни и антисептички својства, ловорот помага во смирување на кашлицата, олеснување на дишењето и ублажување на иритациите во грлото. Етеричното масло од ловор природно ги ...

Познатиот и многу ценет водител на омилената дебатна емисија „Јади Бурек“, Јанко Илковски, денес ги изненади своите фанови со објава на социјалните мрежи од болница. Иако не откри детали за причината за престојот, фотографијата веднаш привлече големо внимание и предизвика бројни пораки на поддршка и охрабрување од неговите следбеници. Јанко е познат по својата харизма, интелигентност и исклучителен професионализам, и низ годините стана еден ...

Во денови кога празничната еуфорија најчесто се чувствува по улиците и плоштадите, новогодишната магија најде пат и до Клиниката за детски болести во Скопје. Таму, меѓу болничките соби и ходници, радоста се рашири онаму каде што најмногу беше потребна, кај малите пациенти. За децата кои секојдневно водат тешки и тивки битки, Дедо Мраз и омилените ликови од детските филмови донесоа моменти на безгрижност и насмевки. Нивната појава беше ...

Тажна вест Познатата инфлуенсерка Марија Хосе Калдерон, позната како Мајитис, загина во сообраќајна несреќа во Мексико. Познатата инфлуенсерка Марија Хосе Калдерон позната како Мајитис, загина во сообраќајна несреќа во Мексико. Како што пренесуваат светските медиуми, до несреќата дошло кога нејзиниот мотор удрил во задниот дел од камионот. Шоферот од камионот нагло ја намалил брзината, за да ја промени лентата, по што Марија не успеала на ...

Познатата пејачка сподели тажна порака Нашата позната пејачка Тамара Тодевска се огласи на социјалните мрежи со тажна порака за човекот што сите го знаевме. По веста дека почина познатиот радиоводител Драган Б. Костиќ, многу колеги и познати личности со емотивни зборови се збогуваа од него. Тој беше еден од најпопуларните радио-водители и музички новинари во Македонија, легенда на македонската музичка медиумска сцена. Принтскрин/ Никогаш не ...

Татјана Стојановска веќе со години важи за една од нашите најпознати, но и најомилени лица од нашите мали екрани. Нејзината телевизиска кариера е импозантна, а во последно време привлекува внимание и со своите објави на Инстаграм. Имено, Татјана и во шестата деценија од животот со својот шарм плени, а со својот елегантен стил привлекува внимание каде и да се појави. Инстаграм/ Татјана Стојановска Но и покрај нејзината голема популарност, за ...

Пејачката е активна на социјалните мрежи Пејачката Јуле Николовска во последно време е поприлично активна на своите профили на социјалните мрежи. Таа често споделува детали од своите секојдневни активности, но и за своите настапи, на кои секогаш изгледа „вонсериски“. Инстаграм/ Јуле Николовска Но Јуле овој пат се надмина и самата себеси, а изданието во кое што позираше никого не остави рамнодушен. Имено, пејачката сподели дел од нејзиното ...

Голема радост за цело семејство Ќерката на познатиот новинар и водител, Борјан Јовановски, деновиве сподели преубава вест со која ги израдува најблиските. Станува збор за Мира Јовановска, која има завршено Правен факултет, а сега нејзиниот татко со гордост се пофали дека станала адвокатка. Фејсбук/ Борјан Јовановски Имено, Борјан сподели неколку фотографии на кои е неговата наследничка со адвокатската лиценца во своите раце. „Имам ќерка ...

Живот на висока нога Популарната фолк-пејачка Надица Адемов ужива во љубовта со сопругот за кој медиумите многу пати пишувале дека е милионер. Тие живеат во еден од најлуксузните делово на целито Балкан каде имаат стан и бројни други познати личности. Принтскрин/ Јутуб Станува збор за една од најлуксузните згради во Нов Белград, каде за нивниот луксузен стан издвоиле преку 500/000 евра. Тие оваа недвижност ја купија веднаш по раѓањето на ...

Со новите правила на Европската унија, во Македонија нема да може веќе да се увезуваат половни автомобили кои се на крајот на нивниот животен век. Увозниците на стари автомобили велат дека оваа одлука е меч со две острици, од една страна е добро бидејќи граѓаните ќе мораат да купуваат понови автомобили кои помалку загадуваат, а од друга страна ова ќе биде дополнителен удар по џебот на оние кои немаат да си дозволат повеќе од 2.000 евра за ...

Mакедонските државјани кои се на привремена работа во странство во пресрет на празниците допатуваа дома, да одморат и да се видат со поширокото семејство. Со оглед дека за Католичкиот Божиќ во повеќето европски земји е празник и неработен ден, нашите работници оттаму, традиционално ги искористуваат слободните денови за да се вратат во татковината. . Податоците на МВР покажуваат дека на граничниот премин Табановце изминатиот викенд влегле над ...

Штипјанец од куќа во Кочани украл паричник со пари, документи и банкарска картичка, па картичката ја дал на свој сограѓанин, кој заедно со кочанчанец со неа од банкомат повлекле вкупно 90.000 денари. Сакале да земат уште пари, но банкоматот го спречил последниот обид. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднела кривична пријава против О.С.А.(41) од Штип, за „кражба“ и за „соизвршителство“, а во врска со „оштетување и ...

На 20 декември, по кусо боледување, на 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ, истакнат македонски музички новинар, радиоводител и еден од најпрепознатливите гласови во историјата на Македонско радио. Веста за неговата смрт предизвика бран емоции, спомени и искрени проштални пораки од бројни музичари, колеги и слушатели кои растеле со неговите емисии. Драган Б. Костиќ беше човекот што зад микрофонот не само што пушташе музика, туку ...

Македонскиот актер Лазар Бараков деновиве сподели интимен и топол семеен момент надвор од земјава. Тој објави фотографија од Доха, Катар, на која позира заедно со својот внук Стефан, а краткиот опис „Со внучето Стефан“ беше доволен да предизвика бројни симпатии на социјалните мрежи. Бараков, кој на публиката ѝ е особено драг по улогите во култните „Македонски народни приказни“, важи за семеен човек кој често ја истакнува љубовта и гордоста ...

Македонскиот телевизиски етер остана посиромашен за еден канал. Телевизија Сонце, која години наназад емитуваше програма со национална концесија преку кабелските оператори, престана со работа. Гледачите кои се обидуваат да го најдат каналот сведочат за „црн екран“ или известување дека нема сигнал. ТВ Сонце беше препознатлива по својата специфична програмска шема, фокусирана на македонската историја, културното наследство и прашањата поврзани ...

Домот на актерката Стојна Костовска и оваа година е обвиен со тивка празнична магија, налик на сцена од безвременските добри холивудски новогодишни филмови. Украсувањето е скромно, но внимателно осмислено, а просторот зрачи со топлина, мир и чувство на семејна блискост. Како и во изминатите години, посебен акцент е ставен на уредувањето на домот за време на празниците, кога амбиентот добива поинаков карактер. Икебаните, дел од нив изработени ...

Звучи речиси неверојатно, но во компанијата „Аурубис“ со седиште во Хамбург, најголемиот производител на бакар во Европа, вработените можат да поминат повеќе од три месеци без да доаѓаат на работа, под одредени услови. Компанијата вработува околу 2.800 луѓе, вклучувајќи 240 практиканти, а оние кои ги исполнуваат критериумите можат да имаат дури 61 ден годишен одмор. Кристоф Теш, директор за корпоративни комуникации, објаснува за „БИЛД“: – ...

Во 2026 година, диетите веќе не се само краткорочни решенија за губење килограми. Нутриционистите истакнуваат дека најуспешните методи комбинираат здрави намирници со висок нутритивен потенцијал, правилна хидратација и контрола на апетитот. Токму затоа, трендот за следната година се фокусира на суперхрана која ја забрзува дигестијата, ја регулира ситоста и го поддржува метаболизмот, без да предизвикува глад или слабеење на мускулната маса. ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
29%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
3.6
31%
1017
weather icon

Загреб

22ᴼ / 21ᴼ
2.06
34%
1016
weather icon

Софија

22ᴼ / 20ᴼ
5.66
36%
1015
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
3.6
44%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
4.63
41%
1016
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
36%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
4.12
31%
1015
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
34%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
28%
1018
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
5.66
31%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.5834

Currency

71.17

Currency

37.8

Currency

38.587

Currency

66.9558

Currency

7.70703

Currency

0.70233

Currency

0.32993

Currency

0.52528

Currency

1.16806

Currency

0.55853

Родиум

321507.47

Кобалт

45.39

Паладиум

46007.72

Злато

148834.32

Бакар

12.04

Алуминиум

3.58

Сребро

2345.35

Платина

62758.26

Рутениум

52984.43

Цинк

0.00

Калај

50.51

Иридиум

253540.09