Индискиот орев носи бројни здравствени придобивки, па, како што велат и многу лекари, редовното јадење на ова јаткасто овошје може да придонесе за посилно срце, контрола на тежината, како и поздрави коски. Овие слатки, маслени јаткасти плодови може да се додаваат на сите видови јадења – од салати до порции житарки и разни видови десерти. Покрај тоа, од нив лесно се прави и путер. Значи, тие се одличен избор ако се обидувате да вклучите повеќе ...

Владата вчера не ја донесе одлуката за 10-процентно ограничување на маржите во трговијата на мало и големо што требаше да важи до 30 април и да опфати над 100 групи производи откако Стопанската комора на трговци на големо и мало вчера побара итна средба во врска со одлуката за ограничување на маржите. Предлог-одлуката подготвена од Министерството за економија, според најавите, требаше вчера да биде разгледана на итна седница. По порастот на ...

Федерален судија и нареди на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да го одмрзне финансирањето за стотици странски подизведувачи кои велат дека биле погодени од 90-дневното замрзнување на финансирањето наложено од Трамп. „Барем до овој момент, обвинетите не понудија никакво објаснување зошто целосното запирање на сета помош доделена од Конгресот за странство, што предизвика шок и им наштети на интересите на илјадници ...

Првиот од двата брода со 1.000 тони хемикалија произведена во Кина, која може да биде клучна компонента во горивото за иранската воена ракетна програма, се закотви пред иранското пристаниште Бандар Абас во четвртокот, покажуваат податоците за следење на бродот. Тоа би можело да биде сигнал дека иранското ракетно производство се враќа како и обично по разорните и поразителни напади на Израел врз клучните фабрики минатата година, објави Си-ен-ен, ...

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека ќе ја повлече понудата од 97,4 милијарди долари за непрофитната организација што го контролира Опен АИ (OpenAI) под услов извршниот директор на компанијата Сем Алтман да се откаже од својот план да ја претвори компанијата, што е зад ChatGPT, во „профитен ентитет“. „Доколку одборот на Опен АИ е подготвен да ја зачува мисијата на добротворната организација и одлучи да го отстрани знакот ‘за продажба’ ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговото одложување од 75 дена во спроведувањето на забраната за кинеската апликација за кратко видео TикТок може да биде продолжено, но дека не мисли дека тоа ќе биде неопходно. Говорејќи пред новинарите во Овалната соба, Трамп рече дека се уште се надева дека ќе постигне договор со ТикТок за да ја задржи апликацијата активна во САД. „Па, имам 90 дена од пред две недели и сигурен сум ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави синоќа „состанок во Минхен в петок, на високи претставници од Русија, Украина и САД“. Во Минхен денеска почнува меѓународната безбедносна конференција и ќе трае до 16 февруари. Трамп им рече на новинарите во Овалната соба дека „Русите таму ќе се состанат со луѓе од нашата земја. Поканета е и Украина. Не знам точно кој ќе ја претставува секоја земја, но тоа ќе бидат високи претставници од Русија, ...

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека само украинскиот претседател Володимир Зеленски може да преговара во име на неговата земја со Русија за завршување на војната, предупредувајќи дека „мирот што е капитулација“ би бил „лоша вест за сите“, вклучително и за САД. „Единственото прашање во оваа фаза е дали претседателот Путин е искрено, одржливо и веродостојно подготвен да се согласи на прекин на огнот врз таа основа. После тоа, на ...

Кристијано Роналдо, напаѓачот на саудискиот клуб Ал-Наср и на португалската репрезентација, се најде на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година според „Sportico“. Роналдо минатата година заработил 260 милиони долари. Кошаркарот Стеф Кари го зазеде второто место на рангирањето (153,8 милиони долари), а на третото место се најде боксерот Тајсон Фјури (147). Во топ 10 рангирањето се пет фудбалери, двајца кошаркари, исто толку ...

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На изминатото рочиште беше сослушан сведокот Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, помагал во потрагата по неа, прибавувајќи видео снимки. Трајковски беше последен сведок на предлог на Обвинителството. Тој требаше да сведочи на почетокот од постапката, кога беа сослушани и другите сведоци, ...

Утрово е најстудено на Попова Шапка, -4 степени, а максимални 6 степени е во Гевгелија. До 08:30 часот се измерени и -2 степена во Маврови Анови, -1 во Битола, Крушево, Крива Паланка и Лазарополе, 0 во Скопје-Петровец и Кавадарци, 1 во Прилеп, 2 во Струмица и Виница, 3 во Тетово и Охрид, 4 во Берово, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Куманово и Демир Капија, како и 5 степени во Штип. Снег има на Попова Шапка, 31 сантиметар и во Маврови Анови, 12 ...

Белата куќа испрати писма со откази до неколку јавни обвинители ширум САД, назначени од демократскиот претседател Џо Бајден. „По наредба на претседателот Доналд Џеј Трамп, ве известам дека вашата позиција како американски обвинител е прекината, што стапува на сила веднаш“, се вели во е-пошта од заменик-директорот на Канцеларијата за претседателски персонал во Белата куќа. Неколку американски обвинители од Сиетл до Мериленд ги напуштија своите ...

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, а во југозападните делови од земјава ќе има повремен локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната ...

Потпретседтаелот на САД Џеј Ди Венс изјави во интервју за Волтрит џурнал дека САД ќе воведат санкции и потенцијално воена акција против Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин не се согласи на мировен договор со Украина што ќе ја гарантира нејзината независност на долг рок. „Постојат економски средства за влијание, има, се разбира, и воени средства за влијание“ што САД би можеле да ги употребат против Путин, рече Венс во интервјуто. ...

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава, од 10-ти до 12 февруари, спроведоа 124 вонредни контроли кај големите маркети низ земјава кои имаат ланци на супермаркети, дисконти и хипер маркети. Притоа се донесени 47 решенија за утврдени недоследности и изречени се 29 парични казни во вкупна вредност од 82 илјади евра. Нештетно се уништени и 22,3 тони небезбедна храна, од кои најголем дел месо. Кај 15 оператори се ...

Европскиот вселенски телескоп Евклид откри редок ореол на силна светлина околу блиска галаксија, објавија астрономите во понеделникот, пренесува АП. Ореолот, познат како „Ајнштајнов прстен“, ја опкружува галаксијата оддалечена 590 милиони светлосни години, која според космичките стандарди се смета за блиска. Светлосна година е 5,8 трилиони милји. Астрономите знаат за оваа галаксија повеќе од еден век и затоа беа изненадени кога Евклид го откри ...

Овогодишниот „Супербоул“ – финалето на американската професионална рагби-лига НФЛ, стана најгледаниот ТВ-настан во историјата во САД со просек од 127,7 милиони гледачи, според специјализираната агенција за следење на рејтингот „Нилсен“. Таа бројка се менувала во текот на натпреварот, но најмногу луѓе го гледале во втората четвртина, кога е достигнат број од 137,7 милиони гледачи. Сепак, кога „Орлите“ (Филаделфија иглс) го зголемија водството на ...

Колумбиската ѕвезда Шакира во Бразил ја почна најголемата турнеја во својата кариера. Нејзиниот прв концерт во Рио де Жанеиро, покрај изведбата на повеќе од 30 песни, го одбележаа и 13 различни модни комбинации. Одржан на стадионот „Нилтон Сантош“, првиот концерт траеше повеќе од два часа. Светската турнеја носи назив „Жените не плачат веќе“ („Las mujeres ya no lloran“ – според новиот албум со ист наслов). Ова е прв од 24-те настапи што ...

Сатиричната петиција која наводно има за цел да финансира трилиони долари за да и овозможи на Данска да ја купи Калифорнија, доби повеќе од 200.000 потписи, објави Си-ен-ен, пренесува ЦИВИЛ Медиа. „Дали некогаш сте погледнале мапа и сте помислиле: „Знаете што и треба на Данска? Повеќе сонце, палми и ролери.“ Па, имаме можност која се случува еднаш во животот да го направиме тој сон реалност“, се вели во петицијата. „Да ја купиме Калифорнија од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп оствари телефонски разговори и со рускиот лидер Владимир Путин и со претседателот Володимир Зеленски, најавувајќи на 12 февруари дека преговорите за завршување на војната ќе започнат „веднаш“, а прекинот на огнот во Украина е во „не премногу далечна иднина“, објави Кијив индипендент, пренесува ЦИВИЛ Медиа. „Само што разговарав со претседателот Володимир Зеленски. Разговорот помина многу добро. Тој, како и ...

Во Берлин денеска почнува 75. Меѓународен филмски фестивал „Берлинале“. За главната награда „Златна мечка“ за најдобар филм се натпреваруваат 19 остварувања од целиот свет. Инаку, десетдневната свеченост ќе биде отворена со домашниот воннатпреварувачки филм „Светлина“ (Das Licht), на германскиот режисер Том Твикер, којшто ќе биде претставен со специјална гала-вечер. Американскиот режисер Тод Хејнс ќе претседава со годинешното жири, додека за ...

Западните туристички агенции најавија враќање на туристичките патувања во Северна Кореја за првпат од почетокот на пандемијата во 2020 година. Според пекиншката агенција „Корио Турс“, која организира патувања во Северна Кореја за западни туристи, утрово нејзини вработени ја преминале границата меѓу Кина и Северна Кореја кај градот Расон. „Северна Кореја сè уште не е целосно отворена за туризам, но очекуваме наскоро да потврдиме повторно отворање ...

Американскиот глумец Кевин Спејси се соочува со уште една тужба за сексуален напад. Имено, во Велика Британија, денеска против него е поднесена граѓанска тужба пред Високиот суд во Лондон, нешто повеќе од 18 месеци откако беше ослободен од сите обвиненија во претходното кривично судење. Според судските документи, предмет се води и против лондонскиот театар „Олд Вик“, каде што Спејси работи како уметнички директор од 2003 година, но подобности за ...

Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска во изјава за медиумите истакна дека се забележува зголемување на бројот на заболени слични на грип кој е над неделната граница за средна активност. Потенцира дека резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенцата покажуваат дека има широка географска активност на грипот, а процентот на позитивност е над границата од 10 проценти пет недели по ред. Директорката истакна ...

Кумановската полиција и криминалистичката полиција од СВР Скопје уапсија педесет и деветгодишен жител на Бугарија кој е осомничен дека во соработка со други лица извршил измами за наводни сообраќајни несреќи над повеќе лица, соопшти денеска полицијата. – Вчера во 15:40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, во содејство со Оддел за криминалистичка полиција и СВР Скопје го лишиле од слобода П.М.(59) од Република Бугарија. Тој се ...

Секој обид за поткопување на независноста на судската власт преку притисок од било каков вид и од било кого против членовите на Судскиот совет и судиите претставува дирекна закана за независноста и демократијата на државата и владеење на правото, реагираат од Судскиот совет. – Судскиот совет на Република Северна Македонија изминатиот период внимателно ги следи случувањата во врска со изјавите на носителите на највисоките функции на државната ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе има состанок со декани на факултети и претставници на студентите, на која ќе се разговара и за трошоците за запишување семестар на што реагира Универзитетското студентско собрание на УКИМ. Во изјава за медиумите таа кажа дека секој ден е во комуникација со академската заедница, како што рече – не само за студентскиот стандард. -Комуницирав со сите декани од УКИМ и цената е секаде ...

Најмалку 20 лица, од кои неколку потешко, се повредени денеска кога автомобил влета во група луѓе во Минхен. Како што пренесува „Билд“, неколку лица, меѓу кои и едно дете, се во тешка состојба. Инцидентот се случил околу 10:30 часот кога возач го забрзал својот автомобил, а потоа влетал во демонстрантите во Минхен кои се собрале на повик на синдикатот на работниците „Верди“. Полициската истрага сега треба да разјасни дали возачот намерно влетал ...

Пратениците од опозицијата повторно предизвикаа тензична ситуација во албанскиот Законодавен дом, фрлајќи предмети кон претседателката и местото каде што седат министрите, блокирање на говорницата, за што мораше да интервенира обезбедувањето. Опозициските пратеници, меѓу нив и лидерот на демократите Сали Бериша, претходно во своите обраќања преполни со обвинувања на адреса на владата, за веќе уапсениот градоначалник на Тирана Ерион Велиај, ...

Во време кога животниот стандард на граѓаните е загрозен поради погрешните економски политики на Владата, СДСМ како одговорна опозиција подготви и ќе предложи сеопфатна економска стратегија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешниот брифинг со претставниците на медиумите. Сетот на мерки како што кажа Филипче се преточени во закони, кои ќе имаат силен и брз ефект врз стандардот на граѓаните и ќе ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
30%
1009
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.06
39%
1009
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
38%
1008
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
20%
1010
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.95
33%
1010
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
4.63
48%
1010
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
3.09
54%
1010
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
46%
1009
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
47%
1008
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
3.58
37%
1011
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
1.54
44%
1009
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 18ᴼ
5.14
46%
1011
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52