Жителите на Санторини и околните острови поминаа релативно мирна ноќ во споредба со изминатите денови, со оглед на тоа што не беа регистрирани голем број земјотреси и имаше само два со јачина од 4,2 степени, додека пак за 15 дена во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос имало над 15.300 земјотреси, јави дописничката на МИА од Атина. Сеизмологот Димитрис Папаниколау за грчката телевизија „Антена“ утрово посочи дека не треба да „залажува“ ...

Белата куќа ги обвини судиите кои блокираат некои од одлуките на Доналд Трамп за „злоупотреба на функцијата“ и „оневозможување на волјата на народот“. „Ние ќе го почќитуваме законот во судовите“, нагласи портпаролката Каролин Левит за време на брифингот. Таа додаде дека Белата куќа ќе продолжи „да ги користи сите правни лекови за на крајот да ги поништи овие итни забрани“. Тие коментари беа дадени еден ден откако американскиот претседател Доналд ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека сака веднаш да го затвори федералното Министерство за образование. „Би сакал да видам федералното Министерство за образование веднаш да се затвори. Тој оддел е голема измама“, рече Трамп. Трамп минатата недела рече дека би сакал да го затвори федералното Министерство за образование со извршна наредба, но тој призна дека ќе му треба поддршка од Конгресот и образовните синдикати за да го ...

Британскиот премиер Кир Стармер денеска ќе објави голема програма за изградба на „нови градови“, што се смета како најголема од Втората светска војна, со цел да се надмине тешката станбена криза во Велика Британија. Лабуристичката Влада, која дојде на власт во јули минатата година, планира да изгради 1,5 милиони домови до 2030 година. Стармер ќе посети градилиште за да ги претстави плановите на неговата влада за „следната генерација нови ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не е практично Украина да стане членка на НАТО и дека е малку веројатно да ја врати целата своја територија од 2014 година. Оваа негова позиција ја изнесе во Белата куќа пред новинарите, а откако оствари последователни телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Трамп откри дека очекува средба со Путин во иднина, веројатно во ...

Генералниот Директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев и Мориц Реме, директор на канцелариите на КфВ Банка за Северна Македонија и Косово денеска ги потпишале сепаратните договори кои се договори за имплементација на проектите фотонапонска електроцентрала Битола 2 и втората фаза од ветерниот парк „Богданци“. Како што соопштија од АД ЕСМ, во декември 2024 година, АД ЕСМ и КфВ развојната банка на СР Германија ги потпишале договорите за заем наменет за ...

СДСМ ќе избира претседател на 16 март и ќе понуди пакет решенија за подобар животен стандард, одлучи партискиот Централен одбор (ЦО). ЦО на седницата што се одржа вчера избра нов состав на Централната изборна комисија и го усвои Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на партијата. Го одобри и планот за интензивни теренски активности кои ќе почнат овој месец, на средби со членовите и граѓаните ...

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремен локален снег претежно во планинските региони, а на повисоките места во западните и северните делови понекаде со повремен дожд кој ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарие. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени. Во Скопје утрото студено, во текот на ...

Имаме цврсти планови како да ги заштитиме нашите една милијарда луѓе во денешниот поопасен свет, но немаме се што ни е потребно за да ги спроведеме целосно доколку тоа биде неопходно, па затоа една главните тема на утрешната средба министрите за одбрана на НАТО ќе бидат трошоците за одбрана, најави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте. – Сега се работи за да се договорат амбициозните нови цели за одбранбена способност на ...

Кинеските власти во изминатите недели предложиле Пекинг да биде домаќин на средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, како и помош за мировните преговори за Украина, објави Волстрит џурнал, повикувајќи се на извори во Пекинг и Вашингтон. Весникот наведува дека кинеските претставници преку посредници ги испратиле тие понуди до тимот на Трамп и не предвиделе учество на украинскиот претседател Володимир ...

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села денеска на прес-конференција во Собранието соопшти дека врз основа на донесената одлука од страна на Основниот суд во Тетово, тој е претседател на партијата. -Денеска по втор пат Основниот суд во Тетово одлучи дека претседател на Алијансата за Албанците треба да се регистрирам јас Зијадин Села како нивен претставник и претседател на Алијансата за Албанците. И тука сум да ја соопштам веста ...

Двајца медицински работници во Сиднеј се соочуваат со кривична истрага за антисемитизам, откако во видео на социјалните мрежи тврдеа дека на израелските пациенти во Австралија ќе им биде забрането лекување или ќе бидат убиени, објави Индипендент, пренесува ЦИВИЛ Медиа. Здравствените работници од Нов Јужен Велс се отстранети од болницата Банкстаун откако наводно изјавиле дека ќе убиваат израелски пациенти доколку треба да ги лекуваат. Еден од ...

На Минхенската безбедносна конференција што ќе започне в петок, според Тајмс, шефот на британската дипломатија ќе нагласи дека е дојдено време Европа да го преземе товарот на САД во НАТО, при што Британија ќе ја преземе водечката улога. Тајмс пишува дека „лидерот на лабуристите ќе објави дека европските земји треба уште повеќе да се фокусираат на напорната работа во НАТО додека претседателот Трамп го префрла фокусот на САД кон Кина и одбраната ...

Германските гласачи кои ќе излезат на гласање за помалку од две недели ги имаат на ум економијата и високите цени, покажува истражувањето на германскиот реосигурител R&V кој анкетираше 1.000 Германци на интернет во периодот од 23 до 25 јануари. Седумдесет отсто од испитаниците рекле дека се загрижени за зголемените трошоци за живот, во однос на 57 отсто во лето. Други 68 отсто рекле дека се плашат од економски пад. Тоа е повеќе од 48% во ...

Основниот суд Куманово денеска на барање на одбраната на обвинетата градежна инспекторка ја одложи денешната главна расправа. Одбраната на обвинетата за примање поткуп Лидија Трајковска бараше да се одложи расправата поради нејзината влошената здравствена состојба. По утврдувањето на нејзината здравствена состојба, таа ќе може да се произнесе по однос на обвинението. Одбраната воедно бараше и да ги разгледа доставените докази од обвинителството. ...

При детална контрола на товарно моторно возило – камион со скопски регистраски ознаки, извршена на граничен премин Богородица, пронајдена е и запленета над 150 килограми марихуана, за која дополнително ќе биде извршена форензича анализа и вештачење. Според првичните информации, соопштија денеска од МВР, товарното возило влегло од Косово, а преку Македонија требало да транзитира кон Грција, со крајна дестинација Турција. – Оваа успешна акција е ...

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за измените на Кривичниот законик, соопштија од судот. Повеќе детали најавија на прес-конференцијата на претседателот Дарко Костадиновски закажана во 14:45 часот во Уставен. Одлуката следува по денешната седница на која Уставниот суд расправаше за иницијативата за измените на Кривичниот законик од септември 2023 година кои вклучуваа намалување на казните за функционерите, што предизвика реакции и ...

Сите шведски училишта и предучилишни установи ќе мора да направат безбедносни планови со цел да ги задржат неовластените лица подалеку од нивните простории, соопшти денеска шведската Влада. „На пример, тоа би можело да вклучува… регистар за упис, контроли и систем за заклучување на вратите“, рече министерот за образование Јохан Персон, но додаде дека на училиштата им останува да одредат што е најдобро за нив. Најмалку 11 лица беа убиени минатата ...

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси нема да отпатува во Вашингтон на разговори во Белата куќа доколку на дневен ред е планот на САД за раселување на Палестинците од Газа, изјавија два египетски безбедносни извори. Американскиот претседател Доналд Трамп го покани Сиси да ја посети Белата куќа за време на телефонски разговор, соопштија претходно од кабинетот на египетскиот претседател, но датумот за посетата се уште не е одреден, изјави ...

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ денеска изјави дека до крајот на неделата ќе биде претставен предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за високото образование. Таа додаде дека со ова целосно ќе се исполни четвртото барање на студентите, кое се однесува на зголемување на средствата за државните факултети за 20 отсто. Таа на ТВ Хепи рече дека законот во овој момент не треба да се менува бидејќи средствата се доделени, ...

Либанскиот претседател Џозеф Аун денеска во претседателската палата во Бејрут се сретна со португалскиот министер за надворешни работи Пауло Рангел, јавија либанските медиуми. Аун ја повика Европската унија да изврши притисок врз Израел да го заврши своето повлекување од либанските територии до крајниот рок до 18 февруари. Либанскиот претседател ја потврди поддршката на Либан за Арапската мировна иницијатива, нагласувајќи дека Бејрут ги отфрла ...

Германската влада ги продолжи контролите на сите копнени граници на земјата за уште шест месеци во обид дополнително да ја намали нерегуларната миграција, изјави денеска канцеларот Олаф Шолц. -Со граничните контроли, ние ефикасно ја туркаме нерегуларната миграција, како што покажуваат бројките, рече Шолц во писмената изјава во која ја објаснува одлуката. Министерката за внатрешни работи, Ненси Фезер рече: „Ние ги запираме шверцерите кои брутално ...

Папата Франциск објави дека не може лично да го чита говорот на неговата аудиенција денеска поради пневмонија, пренесе италијанската новинска агенција АНСА. Папата побара од помошникот да го прочита текстот, велејќи: „со мојот бронхитис не можам“ да читам. „Се надевам дека следниот пат ќе можам“, додаде тој, обраќајќи им се на верниците во Ватикан. На синоќешното отворање на популарниот италијански музички фестивал „Сан Ремо“ Папата зборуваше ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари видео конференциска врска со Олекси Кулеба, заменик претседател на Кабинетот на министри на Украина, соопшти Министерство за транспорт. Двајцата потпретседатели во име на владите на двете земји го потпишале Протоколот за измена на Спогодбата меѓу Македонија и Украина за меѓународниот патен превоз на патници и стока. -Со измените на Спогодбата се ...

Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Правните експерти велат дека ваквата постапка на власта била очекувана, но додаваат дека не веруваат дека власта сака да избере независен обвинител. – Очекувано беше државниот Јавен обвинител да го сменат (што веќе стана практика на секоја нова власт). Како досега течат работите, тешко може да се надеваме дека власта сака независен обвинител, ...

Основен суд Тетово донел решение со кое Зијадин Села е впишан како претседател на Алијанса за Албанците. Ова решение доаѓа откако во април 2024 беше донесена иста таква одлука, за поставување на Села како претседател, која потоа беше обжалена од крилото на Арбен Таравари во Апелациски суд. Повисокиот суд во септември 2024 го врати предметот на повторно судење. Тетовскиот суд решението го донел на 20 јануари 2025 година под РПП бр.6/2024. -Во ...

Голем метеж и доцнења во сообраќајот и другите сектори се очекуваат утре во Белгија поради протести, самитот на НАТО, „Брајт фестивалот“ и натпревар од Лига Европа. На протестот организиран од синдикатите ќе учествуваат десетици илјади работници во јавниот и приватниот сектор, а се проценува дека на демонстрациите во Брисел ќе учествуваат околу 60.000 луѓе, пишува Брисел тајмс. Се очекува голем метеж и прекини во јавниот превоз, вклучително и на ...

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити во интервју за Алсат М најави дека во текот на неделава се очекува да се одржи претпоследна или последна средба за усогласување на ставовите меѓу ВЛЕН, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во однос на Законот за правична и соодветна застапеност. „Во принцип, ги усогласивме нашите позиции и верувам дека до крајот неделава, или следната недела, ќе излеземе со законско решение или посебен закон за соодветна и ...

Национален штрајк против економската политика на новата федерална влада е закажан за утре во Белгија, објавија локалните медиуми. Планирано е на протестот да се приклучат и контролори на летање, што ќе доведе до затворање на воздушниот простор. Поради оваа причина утре нема да има редовни летови до и од Белгија, а авионите кои летаат над земјата на надморска височина од над 7.500 метри ќе бидат опслужени од контролори во соседните земји. Ќе ...

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас и еврокомесарката за проширување Марта Кос, во заедничка изјава за неодамнешните избори во Косово, нагласуваат дека од Приштина се очекува да ги спроведе своите обврски што произлегуваат од Договорот за патот кон нормализирање на односите, како и од сите претходни договори од дијалогот „без дополнително одлагање или предуслови“. „Нема алтернатива за дијалогот предводен ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
31%
1009
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
1.54
39%
1009
weather icon

Загреб

26ᴼ / 24ᴼ
2.06
43%
1008
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
37%
1010
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.46
41%
1010
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
3.6
54%
1010
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
2.57
55%
1010
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
46%
1010
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
5.14
57%
1008
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
3.6
40%
1010
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
2.06
48%
1009
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
6.69
32%
1011
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52