
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Полицијата ноќеска 20 минути по полноќ часот на подрачјето на Карпош во Скопје со судска наредба извршиле претрес во дом и други простории на И.Ј.(26) и Ф.Ј. (24) од Скопје. Во домот бил затекнат Ф.Ј.(24), а при претресот, под седиштето на мотоцикл, кој бил во подрумот, биле пронајдени и одземени околу еден килограм марихуана и дигитална вага. Како што информираат од МВР, Ф.Ј. е лишен од слобода и задржан за понатамошна постапка, а се преземаат ...
Министерството за внатрешни работи и Царината од синоќа спроведуваат акција на граничниот премин Богородица. Според дел од медиумите, се работи за откриена дрога во камион со македонски регистарски таблички. Според првичните информации, камионот во кој имало рециклирана отпадна хартија влегол од Косово и требало да оди за Грција, а крајната дестинација била Турција. Од Министерството за внатрешни работи и од Царинската управа засега не откриваат ...
Едно лице загина, а 25 се повредени, од кои шест потешко, во судар на брз воз и камион во предградието на германскиот град Хамбург, соопшти полицијата. Во моментот на судирот во возот (ICE) имало 291 лице. Полицијата соопшти дека неповредените патници биле евакуирани и однесени со автобус до блиската станица. Еден сопатник (55) починал на местото на настанот. Не е утврдено што довело до несреќата. Возачот на камионот е приведен на распит. ...
Владата ќе донесе одлука да ги ограничи маржите во трговијата на мало до 10 проценти и исто толку и во трговијата на големо. Извештајот на Државниот пазарен инспекторат покажа дека кај трговците на мало утврдено е дека имало над 20 проценти маржа на основните прехранбени производи и над 30 проценти маржа кај средствата за лична хигиена. Кај увозниците дистрибутери утврдени се повисоки маржи кои оделе дури и до 50 проценти. Ограничувањето на ...
Повеќе од десет милиони побожни Хиндуси кои бараат прошка за своите гревови се капеа во светите води во северна Индија, соопштија властите, додека се подготвуваат за милиони други кои ќе се соберат на фестивалот Кумб Мела. Властите го зголемија бројот на полицајци и ставија медицински хеликоптери на располагање во градот Прајаграј во државата Утар Прадеш на еден од најсветите денови на хинду фестивалот, кој се смета за најголем собир на луѓе во ...
Во рускиот ракетен напад во раните утрински часови на 12 февруари во областа Оболонски во Кијив, едно лице загина, а четири други беа повредени, меѓу кои и едно дете, пренесува Укринформ според Државната служба за вонредни состојби. Спасувачите го изгаснаа пожарот во делумно уништената деловна зграда. Според кијивската полиција, остатоци паднале во областите Холосиивски, Свијатошински и Оболонски во главниот град. На местото работат полициски ...
САД и Велика Британија одбија да потпишат декларација за „инклузивна и одржлива вештачка интелигенција“ на Глобалниот самит за вештачка интелигенција (GPAI) во Париз, објавија британските медиуми. Во Декларацијата на самитот во Париз, поддржана од 60 земји потписнички, вклучително и Франција, Кина, Индија, Јапонија, Австралија и Канада, е наведено дека приоритетите ја вклучуваат „потребата вештачката интелигенција да биде отворена, инклузивна, ...
Погодени со царини и закани од Вашингтон, Европската унија и Канада денеска ќе разговараат за зближување, што е најнов знак за поширок притисок на Брисел за диверзификација на трговијата од САД. Канадскиот премиер Џастин Трудо ќе разговара со највисоките претставници на ЕУ во главниот град на Белгија, откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум. Трудо рече дека Канада „ќе работи со нашите ...
Хрватскиот „Синдикат на велосипедисти“ ги повика граѓаните на Загреб и цела Хрватска в петок, да одат со велосипед на работа, факултет или на училиште, заради подигање на свеста за еколошки одржлив превоз и во зимските месеци. Оваа година, Денот на зимскиот велосипедизам се паѓа токму на 14 февруари. „Возењето велосипед во зима не е нешто страшно. Треба само да се облечете слоевито, но не премногу дебела облека бидејќи многу брзо се загреваме. ...
Белата куќа го разреши генералниот инспектор на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) Пол Мартин. Генералните инспектори вршат надзорни функции и имаат задача да спречат измама и злоупотреба во владините служби. Maртин беше назанчен на функцијата во 2023 година. Отказот го добил по е-пошта, јавија американските медиуми. Канцеларијата на Мартин во понеделникот објави извештај во кој предупредува дека поради замрзнувањето на ...
Илон Маск негираше дека раководел со „непријателско преземање“ на американската влада и ги бранеше своите планови за намалување на трошоците додека за прв пат се појави во вторникот во Белата куќа, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа. Најбогатиот човек на светот одговараше на прашања од новинарите во Овалната соба додека стоеше до претседателот Доналд Трамп, кој му постави задача да ја намали големината и трошењето на федералната влада. Трамп ...
Земјотрес со јачина од 5 степени беше регистриран кусо по 3 часот по локално време во близина на Санторини, а серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос продолжи и во текот на ноќта, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, освен најсилниот земјотрес беа регистрирани и пет со јачина од над 4 степени. Од почетокот на месецов ...
Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) пронајде илјадници нови документи поврзани со атентатот на поранешниот претседател Џон Кенеди откако американскиот претседател Доналд Трамп повика на објавување доверливи разузнавачки документи поврзани со настанот од 1963 година. ФБИ соопшти дека била спроведена нова истрага за документите откако Трамп во јануари потпиша извршна наредба за нивно објавување. Тоа пребарување резултираше со околу 2.400 ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека забраната за употреба на мобилни телефони за време на наставата функционира одлично во сите осум основни училишта. „Забраната за користење мобилни телефони за време на часовите дава резултати. Оваа мерка ја имплементираме две години во основното училиште “Св.Кирил и Методиј” и има бенефит. Учениците, целосно се посветуваат на учењето и се подобрува квалитетот на образовниот ...
Асошиејтед прес објави дека Белата куќа му забранила на новинар од агенцијата да известува за настан поради уредувачката одлука да се продолжи да се нарекува Мексикански залив, што беше преименуван од претседателот Доналд Трамп, во Амеиркански залив. АП беше предупредена од Белата куќа дека ако не го усогласи својот уредувачки стил со претседателскиот декрет за преименување на заливот, агенцијата нема да добие пристап до настанот во Овалната ...
Наутро студено, преку ден умерено до значително облачно. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и источните планински региони ќе има повремени локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени. Во Скопје, утрото ќе биде студено, во текот на денот променливо ...
Американското Министерство за образование побара од Националниот сојуз за универзитетски спорт (NCAA) и клучните средношколски спортски организации да ги укинат титулите, наградите и рекордите што биле „неправилно постигнати од биолошки мажи кои се натпреваруваат во женски категории“. Во соопштението на Министерството се наведува дека барањето е „целосно во согласност со новата политика на Националниот сојуз. Барањето беше испратено и до ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека „можеби ќе биде потребно да се позанимаваме со судиите“ кои, како што рече, ги блокираат напорите за намалување на трошоците на владините агенции. За време на заедничкото обраќање од Овалната соба во Белата куќа, Трамп и шефот на Одделот за владина ефикасност (DOGE) Илон Маск рекоа дека има „голем отпор“ во владата. Маск нагласи дека е важно претставниците избрани од јавноста да ...
Постојат стравувања за можно продолжување на војната во Газа, откако израелскиот безбедносен кабинет го поддржа барањето на претседателот Трамп за сите преостанати заложници да бидат вратени во сабота, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека наредил војници да се соберат внатре и околу Газа како одговор на најавата на Хамас дека го одложува ослободувањето на уште заложници до понатамошно ...
Уставниот суд денеска на седница ќе расправа за оспорениот Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик од 2023 година, по поднесена иницијатива од претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов. Во иницијативата, Трајанов наведува дека оспорените законски измени се спротивни на владеењето на правото, заштитата на правото на сопственост и еднаквоста која ја промовира Уставот. Во иницијативата е наведено дека со овие измени една ...
Градскиот трговски центар денеска од 8 часот, според најавите, ќе остане без вода. Причина за прекинот е дефект на улицата „Филип Втори“ пред Градскиот трговски центар. Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираа дека прекинот ќе трае до санирање на дефектот. Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците во општините Центар и Аеродром. Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информација од ЕВН ...
До јуни, политичките партии треба да се договараат за измените на Изборниот законик, за до месец мај владата измените да ги достави до Собранието. Во овие измени треба да се вклучат сите препораки на ОДИХР по минатогодишните парламентарни избори. И во извештаите и анализите на ЦИВИЛ – центар за слобода се нагласува дека измените во Изборниот законик се нецелосни и ненавремени. – Без оглед на одличните резултати од Работната група за измени во ...
Денес во киното „Фросина“ (МКЦ) ќе се одржи премиерата на краткиот филм „За Ева“. Режисер на филмот е Бојан Василев, по сценарио на Бојан Василев и Андреј Насков. Улогите ги толкуваат Миа Жиро, Изабела Новотни, Талиа Харалампиев, како и Игор Стојчевски и Стефан Ристевски. Филмот го снимаше Сашко Василев, шминка Александар Билјановски-Дадар. Остатокот од екипата го сочинуваа Калин Крајчевски, Петар Пројкоски, Стефанија Василева и Матеа ...
Претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта порача дека целосно ја поддржува Европската комисија во обезбедувањето цврст и соодветен одговор на „неоправданите царини“ за увозот на челик и алуминиум во САД, што со одлука на американскиот претседател Доналд Трамп треба да стапат во сила од утре. – ЕУ е обединета во одбрана на интересите на своите бизниси, работници и граѓани. Ние сме доверлив и предвидлив партнер. Ќе продолжиме да се залагаме за ...
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Одлуката, попладнево на прес-конференција, ја соопшти портпаролката на Владата Марија Митева. -Разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира и секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на првната држава, ...
Доналд Трамп се состана со јорданскиот крал Абдула на тензична средба по идејата на американскиот претседател за обнова на Газа и закана дека ќе ја прекине помошта за арапската земја сојузничка на САД, доколку одбие да ги насели Палестинците, објави Ројтерс, пренесува ЦИВИЛ Медиа. Предлогот на Трамп, изнесен пред една недела, САД да ја преземат Газа, да ги преселат нејзините жители и да ја трансформираат опустошената од војна територија во ...
Кафуле во Париз, покрај вообичаеното кафе и кроасан, ќе Ви понуди и можност да си испратите писмо и разгледница до себеси во иднина. И, сѐ тоа – за доста пристапни цени. Пишувањето писмо до своето идно, поискусно јас, се вели, може да се искористи како алатка за самопреиспитување и личен раст. А, откако ќе го напишете писмото, може да го добиете и само за една, но и за пет или 20 години. Така, „гостите имаат прилика да си ги отворат своите срца ...
Додека земјата тоне во корупција според сите релевантни меѓународни извештаи, власта и опозицијата си префрлаат кој е виновен за падот од 12 позиции на Индексот на перцепција на корупцијата за 2024 во извештајот на Транспаренси интернешнл. Премиерот Мицкоски падот го закачи за претходната влада, а според опозициската СДСМ, Македонија за прв пат по 2019 назадува во борбата со корупција. Падот од два индексни поени за премиерот Христијан Мицкоски ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова очекува членовите на Судскиот совет да поднесат оставки. Ова е апел до моралот, рече денеска, зашто тие се избрани не за да бидат судски скандал мајстор, туку за да оневозможуваат какво било скандализирање на независната судска власт. Според Сиљановска-Давкова, треба да има законски механизми што ќе овозможат регрутирање на најдобрите во ваквите тела, а не акцентот да се става на политизираноста и ...
Суд во Стокхолм ја осуди шведската државјанка Лина Ишак на 12 години затвор, откако ја прогласи за виновна за геноцид, злосторства против човештвото и тешки воени злосторства извршени во Сирија во 2015 година. Според пресудата, таа учествувала во злосторства против жени и деца од верската заедница Језиди, кои биле мета на терористичката група Исламска држава (ИД). Ишак (52) се вратила во Шведска во 2020 година и во моментот издржува казна за ...