
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Управата за финансиска полиција до основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.М во својство на директор на АД ЕСМ, во државна сопственост Скопје-Подружница РЕК Битола-Новаци, Д.П во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, Б.Ѓ. во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК-Битола, Т.А во својство на службено лице во АД ЕСМ -подружница РЕК Битола, С.М. во својство на службено лице во АД ...
За да останеме безбедни и да спречиме војна, треба да трошиме многу повеќе за одбраната, особено во Европа и Канада, порача денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во воведното обраќање на заседанието на Северноатлантскиот совет во Брисел на кое учествува и министерот за одбрана Владо Мисајловски. – Сите сојузници ги зголемија одбранбените инвестиции во последниве години и европските сојузници сега носат многу поголем дел од товарот ...
Продолжување на судската и јавно-обвинителската функција и по исполнување на утврдената старосна пензија до 67 години возраст, предвидува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи што помина денеска на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. Целта на измените, како што објаснија предлагачите, е надминување на состојбата во правосудството од аспект на дефицитот на човечки ресурси и ...
Унгарските пари, освен што се корозивен капитал, имаат финансиска цена а имаат и политичка цена која ќе ја видиме многу брзо, ја гледаме со влегувањето на третиот оператор од Унгарија, како дел од политичкиот договор, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма. Битиќи нагласи дека унгарскиот кредит е супститут на домашните пари. -Влегуваат 250 милиони за финансирање на стопанството преку комерцијалните ...
Ние сметаме дека државниот грб сосем соодветно ги отсликува сите хералдиски карактеристики на ова поднебје. Јасен е континуитетот и од придобивките на Народноослободителната и антифашистичка војна, нема никаква поделба во однос на етнички групи. Доколку има таква иницијатива со сите демократски средства најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање на ...
Илјадници Белгијци излегоа денеска на улиците за да протестираат против планот за пензиски реформи на новата влада, на првиот ден од повеќедневниот штрајк кој го запре целиот воздушен сообраќај во земјата. – Аеродромот во Брисел денеска откажа 430 летови, изјави портпаролот на аеродромот, додавајќи дека прекинот во секторот на воздушниот сообраќај ќе трае само еден ден. Демонстрантите држеа транспаренти со зборовите „Ние не сме лимони“ и ...
Поранешниот извршен директор на Гугл, Ерик Шмит изјави дека е загрижен дека вештачката интелигенција можат да ја користат терористи или непријателски држави за да повредат невини луѓе. „Вистинските стравови што ги имам не се оние за кои повеќето луѓе зборуваат со вештачката интелигенција, јас зборувам за екстремен ризик“, изјави Шмит за Би-Би-Си. Технолошкиот милијардер, кој беше на високи позиции во Гугл од 2001 до 2017 година, рече дека ...
Во текот на ноќта, на 13 февруари, украинските беспилотни летала гаѓаа локации во Липецк и регионот Липецк (Русија), наводно насочени кон металуршката фабрика Новолипецк и дистрибутивната станица Транснефт Балтика, објави руската служба на Би-Би-Си, пишува Укринформ. Гувернерот на Липецк Игор Артамонов утрото изјави дека регионот претрпел масовен напад со беспилотни летала и дека се активни системи за противвоздушна одбрана. Набргу потоа, тој ...
Нашата земја останува посветена на намерата за континуирано вложување на два проценти од БДП за одбраната, што ја позиционираше меѓу две третини од сојузничките држави кои ја имаат исполнето оваа заеднички цел на НАТО, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски во обраќањето на денешниот состанок на Северноатлантскиот совет во Брисел. Мисајловски даде целосна поддршка и на зацврстувањето на концептот за одбрана и одвраќање на НАТО, преку ...
Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалаци и тутун бара итна средба со Владата во врска со одлуката за ограничување на маржите. Како што соопшти Комората, одлуката која предвидува 10-процентно ограничување на маржите ќе го доведе во прашање опстанокот на трговците и тие ќе бидат принудени да ги отпуштаат вработените, но и да ги затвораат маркетите. Штетите, според Комората, ќе бидат ...
Украинскиот боксер Олександр Усик, светски шампион во тешка категорија во три престижни верзии, ќе има уште две борби пред да ја заврши кариерата. Тој својата одлука ја соопшти на „Sky Sports“. Триесет и осумгодишниот Усик е подготвен да ја одржи следната борба со победникот од мечот Даниел Дубоа – Џозеф Паркер за титулата на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ), која ќе се одржи на 22 февруари. – Ќе се борам со кој и да победи, Паркер или ...
Сметам дека државата во овој момент е целосно заглавена. Владата апсолутно ништо не прави по однос на евроинтегративниот процес, дојдоа на власт со помпезна најава дека ќе ја менуваат Преговарачката рамка, гледаме дека очигледно тоа не се случува, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче. Она што загрижува, според Филипче, е влошувањето на односите со соседите, што, како што нагласи, не е во духот на Европа и добрите меѓусоседски односи. – Не ...
Денвер го победи Портланд со 132:121 ноќеска на домашен терен во основниот дел од НБА-лигата. Кошаркарот на Нагетс, Џамал Мареј постигна 55 поени. Дваесет и седумгодишниот кошаркар го оствари најдобриот резултат по постигнати поени помеѓу канадските играчи во историјата на НБА. Мареј стана и првиот играч во историјата на Деневр со 55+ поени, 5+ асистенции и 5+ тројки на еден натпревар. Во тековната сезона Мареј одигра 48 натпревари во НБА ...
Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах постигна гол и асистенција на презакажаниот натпревар од 15. коло на англискиот шампионат против Евертон (2:2). Натпреварот се одигра синоќа на „Гудисон Парк“ во Ливерпул. Сега Салах има 13 гола и девет асистенции на 13 гостувања оваа сезона. Триесет и двегодишниот Египќанец стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал 22 поени (голови + асистенции) на гостински терен во една сезона. ...
Германската организација Медиа дијалог е продуцент на краткиот ТВ документарец кој на уникатен начин ја раскажува сторијата за меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“, што се одржа во Скопје на 11-12 декември 2024 година. Шест и пол минутниот документарец, режиран од наградуваниот германски режисер Самуел Дебус, нуди динамичен преглед на клучните пораки на ...
Реформите во правосудството се клучни и сметам дека најавите на Владата за промена на членови на Судскиот совет и Републичкиот јавен обвинител апсолутно не е никаква реформа, туку притисок и партизација на судскиот систем, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче. Ако сега се направи упад во системот, тогаш целокупниот реформски процес, според Филипче, ќе се одложи за шест години. – Сметам дека нема ниту една причина да не одиме по реформскиот пат ...
Градоначалникот на Тетово и претседател на партијата Движење Беса, Биљал Касами денеска истакна дека поддржува секакви промени на Уставот, со кои ќе се менуваат државните симболи поврзани со минатиот општествено-политички систем. Според него, се поддржуваат промени на Уставот, со кои би се рефлектирала сегашната реалност на државата. – Јас впрочем во еден претходен мој јавен настап сум кажал дека и една од целите за именување на улиците во ...
На граничниот премин Богородица запленети се 188 килограми наркотична дрога марихуана која требало да заврши во Турција. Приведени се две лица од Куманово и Тетово. Како што изјави денеска директорот на Царинската управа Бобан Николовски, двајцата возачи на 8 февруари влегуваат на Блаце со камион и на 9 февруари со истиот камион, едниот од нив од место меѓу Куманово и Паланка оди кон Богородица. – На Богородица е извршена детална контрола на ...
Она што го гледаме од страна на ВМРО-ДПМНЕ е класична партизација од аспект на целокупното нивно владеење, нема ниакви реформи. И во правосудството, не гледаме никакви реформи, освен враќање на режимот на голема врата и сешто се случува сега се само рецидиви од минатото. Какви се тие реформи, и враќање на довербата кај граѓаните, кога претседателот на владата, излегува со Фејсбук статус во кој вика ‘ треба да се удри во чело‘. Па на кого да ...
Хамас денеска соопшти дека ќе ги ослободи израелските заложници според планираното, со што треба да се реши големиот спор што се закануваше да го попречи примирјето во Појасот Газа. Палестинската група во соопштението наведува дека ќе го спроведе договорот за примирје со Израел и дека египетските и катарските посредници потврдиле дека ќе работат на „отстранување на сите пречки“. Во соопштението се вели дека уште тројца израелски заложници ќе ...
Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на измените на Кривичниот законик. Судот изразил сериозен сомнеж за уставноста на оспорениот закон во целина и донел одлука да му наложи на собранието во рок од шест месеци да ги направи неопходните измени и да се усогласи со аргументите на Судот. Доколку Собранието не го стори тоа, ќе следува укинувачка или поништувачка одлука од Уставниот суд. Адвокатот Јасмин Калач за ...
Владата денеска на седница треба да ја донесе одлуката за 10-процентно ограничување на маржите во трговијата на мало и големо. Одлуката, според најавите, ќе важи до 30 април и ќе опфаќа над 100 групи производи. Како што информира Владата покрај основните прехранбени производи одлуката ќе вклучува и средства за хигиена, бебешка храна и непрехранбени производи кои имаат многу висока маржа, а се дел од основните потреби на граѓаните. Одлуката ќе ...
Полската авторка Мира Марќинув ќе присуствува на промоцијата на македонското издание на нејзиниот роман „Безматичник“ во превод од полски на македонски од проф. д-р Лидија Танушевска“ што ќе се одржи вечер со почеток од 19 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Значењето на ’Безматичник’ е семејство пчели останато без матица, како метафора за ќерката која останува без мајка си, наведуваат од издавачката куќа „Три“ во чие ...
Тесла, чиј главен извршен директор, Илон Маск, го советува претседателот Доналд Трамп како да ги намали владините трошоци, најверојатно ќе добие профитабилен договор со Стејт департментот за снабдување со блиндирани верзии на Сајбертрак (Cybertruck), објави Њујорк тајмс, нагласувајќи дека тоа е наведено во јавните документи, објави Њујорк тајмс. Прогнозата за набавка на одделот за 2025 година, која ги детализира купувањата што агенцијата очекува ...
Промоција на романот „Недостиг“ од Симеон Јанков, во издание на Или-Или, вечер во 19 часот ќе се одржи во кафе-книжарницата Буква. Промоторка на романот е Фросина Крушкаровска. „Недостиг“ е повеќеслоен психолошки роман – мистерија што нуди повеќе перспективи и толкувања за настаните, на кои временски нелинеарното изложување им е можеби најсилната страна. Приказната за недостигот, како што се посочува во освртот, е една од главните теми на кои се ...
Во Белгија денеска се одржува генерален штрајк, поради што се откажани сите летови од белгиските аеродроми, редуциран е јавниот превоз и не работат јавната администрација, државната пошта, училиштата и комуналните служби, како затворските чувари. Штрајкот е во организација на неколку белгиски синдикати, како резултат на незадоволство од најавените реформи и економска политика на новата Федерална влада на Белгија. Согласно Коалицискиот договор за ...
Италијанскиот остров Сардинија е познат производител на „Касу марцу“ (Casu Marzu) – сирење полно живи црви, коешто во 2009 година беше прогласено за најопасно сирење во светот. Инсектите познати како „Сирни мушички“ (лат.: Piophila casei), полагаат јајца во пукнатините што се создаваат во сирењето, а од тоа потоа се изведуваат црви и го претвораат производот во меко, кремасто сирење. „Касу марцу“, инаку, има интензивен вкус. Некои велат дека тоа ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска на прес-конференција соопшти дека проектот „Страда бруталисима“ на авторите д-р Благоја Бајковски, д-р Ана Рафаиловска, м-р Невенка Манчева Аџиевска и м-р Марија Антиќ Николовска, во организација на Националната галерија, ќе ја претставува нашата држава на 19-тата Меѓународна изложба на архитектурата во Венеција. Комесари на изложбата се Фросина Зафировска и Маја Неделковска Брзанова. Љутков ...
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги од неодамна е овозможено секој електронски документ кој е изработен од државен орган, да може да се користи во неговата печатена форма, исто како и оригинален документ, а на граѓаните да не им се бара во хартиена форма, што беше пракса во минатото, со што плаќаа двапати. Сепак во пракса граѓаните се уште се соочуваат со ...
Околу 75.000 американски федерални вработени го прифатија пакетот за отпремнина предложен од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави портпаролот на американската Канцеларија за човечки ресурси. Отпремнините е еден од начините на кои Трамп бара да го намали бројот на федерални вработени, што изнесува вкупно 2,3 милиони и кој тој го смета за неефикасен. Изворите велат дека Трамп планира да отпушти до 70 отсто од ...