
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Суд во Стокхолм ја осуди шведската државјанка Лина Ишак на 12 години затвор, откако ја прогласи за виновна за геноцид, злосторства против човештвото и тешки воени злосторства извршени во Сирија во 2015 година. Според пресудата, таа учествувала во злосторства против жени и деца од верската заедница Језиди, кои биле мета на терористичката група Исламска држава (ИД). Ишак (52) се вратила во Шведска во 2020 година и во моментот издржува казна за ...
САД и Велика Британија не ја потпишаа основната декларација на Самитот за вештачка интелигенција во Париз, насловен „Становиште за инклузивна и одржлива вештачка интелигенција“. Меѓу приоритетите наведени во документот се „да се гарантира дека вештачката интелигенција е отворена, инклузивна, транспарентна, етичка, безбедна, сигурна, надежна и дека заслужува доверба, земајќи ги предвид меѓународните рамки за сите“, како и „да се направи ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова гледа деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес. Според нејзините сознанија, како што изјави денеска, има исчекор. Ново е, рече, тоа што групата за пријатели на Западен Балкан е активна и „има креативни предлози, во смисла дека би можело да ни се отвори патот за кластерите 2, 3 и 4“. Според претседателката, процесот не зависи само од земјава која покажа невидена и нечуена кооперативност во ...
Тоа што тие го покренуваат како прашање, не е надлежност на началникот на Генералштабот, туку на министерот за одбрана, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за реакциите од ДУИ дека има исклучување на Албанци од раководни позиции во одбраната. -Јас од љубопитност прашав, одговорот беше дека се работи за истите органи, истите луѓе, само што во реформите имаат преименување. И јас го слушнав тоа, мислам дека треба да се провери и ...
Се разгледуваат неколку мерки за да се намалат цените на производите, но одлуката ќе се донесе по брифингот и анализата на Државниот пазарен инспекторат на денешната Владина седница, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашање за тоа кои мерки ќе се донесат за да се намалат цените на производите. Тој информира дека една од мерките која тој лично ќе ја предложи е ланците на супер маркети на своите веб ...
Во извештајот за Индексот на перцепција на корупцијата за 2024 година имаме 40 поени, што е за два помалку од минатата и бележиме пад од 12 позиции, заземајќи ја 88 позиција на табелата. Големиот број скандали што ја тресеа Македонија, особено во судството, големиот број нерешени случаи на висока корупција, големиот број недемократски процеси и нетранспарентноста на одредени институции придонесоа за сето ова, порача претседателот на Транспаренси ...
Христијан Мицкоски со своите последни изјави повторно докажува дека е целосно одлепен од реалноста. Во време кога граѓаните едвај ги врзуваат крај со крај, кога цените секојдневно растат, Мицкоски предлага „револуционерно решение“ – маркетите да ги објавуваат цените на вебсајтови, а граѓаните сами да ги споредуваат. Дали ова е економската политика на Владата? Дали ова е стратегијата за заштита на животниот стандард? Да ажурираат сајтови додека ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги излажа граѓаните – нов клинички центар во Скопје нема да се гради. По години блокирање на проектот за изградба на современ клинички центар, кој беше инициран од претходната Влада на СДСМ, и покрај понудата да учествуваат и го контролираат проектот, сега признаа дека новиот Клинички центар нема да стане реалност, соопштуваат од СДСМ. Оттаму велат дека „ветувањата за изградба на модерен клинички ...
Пишува: ЕРОЛ РИЗАОВ Во македонскиот јазик кога ќе кажете – гајле ми е, или – не ми гајле, тоа е едно те исто. Има подеднакво значење. Кога премиерот Христијан Мицкоски ќе каже јасно и гласно дека не е многу загрижен што светски компании најавуваат дека ќе си заминат од Македонија, или ќе отпуштат 500, или повеќе илјади работници, можете спокојно да си ја накривите капата и да си немате грижа. Штом премиерот вели да немате гајле, треба да му се ...
Управниот суд во Скопје ја усвои жалбата на Тина Иванова, поранешна директорка на Македонската филхармонија, која поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, како што пресуди судот, НЕПРАВИЛНО и НЕПРАВЕДНО ја разреши, поради наводни неправилности во нејзината работа. Тина Иванова ја тужеше министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска за како што рече „јавно изнесени навреди и клевети“ на прес-конференција. Иванова ...
Дебито на Лука Дончиќ за Лос Анџелес Лејкерс помина во голем стил, но тој самиот призна дека му било малку непријатно и имал трема. Дончиќ го одигра првиот натпревар во дресот на „езерџиите“ по трејдот, против Јута. Во своето деби за својот нов клуб, тој постигна 14 поени, забележа пет скока и четири асистенции, додека Л.А. го совлада противникот за шестата последователна победа (132:113). -Леле, многу луѓе. Тоа беше нешто посебно. Кога ги ...
Италијанската Влада е на вистинскиот пат во борбата против мафијата, истакна премиерката Џорџа Мелони, цитирана од италијанската новинска агенција АНСА. Ставот на Мелони следи откако италијанскиот дневен весник „Република“ објави прислушувани разговори меѓу мафијашки босови кои се жалат дека кабинетот во Рим не ги ублажил мерките меѓу кои доживотна казна затвор без право за нејзино намалување, како и најстрогиот затворски режим резервиран за ...
Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што денеска соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, осомничениот велешанец, на возраст од 53 години, во населбата Аеродром во Скопје, спротивно на јасно изразената волја на една оштетена, со ...
Пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ Со воведувањето на ‘специјални царини’ од 25% за Канада, Доналд Трамп ГИ РАЗОЧАРА Канаѓаните, а со најавите дека со економски уцени ќе ја направи Канада 51-ва американска држава ГИ РАЗГНЕВИ Канаѓаните. Што се случува сега во Канада како резултат на Трамповите бесмислени ‘идеи’? 1. На сите спортски натпревари (NBA, NHL etc.) коишто се одржуваат во Канада, кога гостуваат американски тимови, публиката со свирежи ја ...
„Во Едно“ со Јане Ѓорѓиоски 1Многу тешка дилема се распосла деновиве за тоа – кој повеќе е загрижен за работниците – сaмите работници и нивните синдикални организации, или премиерот Мицкоски. Најверојатно од жал дека се манипулира со работниците и нивното право на достоинствен живот, премиерот излезе со „своја понуда за синдикалната кошничка“. Па дилемата во јавноста е: Мицковата или Синдикалната кошничка. Според податоците на Сојузот на ...
Бомбаш-самоубиец уби пет лица, вклучително и припадници на талибанските безбедносни сили во експлозија пред банка во северен Авганистан, соопшти полицијата. „Бомбаш-самоубиец, кој имал на себе импровизирани експлозивни направи, ги активирал во близина на Банката на Кабул“, изјави Џумадин Хаксар, портпарол на полицијата во провинцијата Кундуз. Тој доаде дека пет лица загинале, меѓу кои и цивили и припадници на талибанските безбедносни сили. ...
Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат јубилејно издание на Абецедарот – Буквар за македонските деца во Грција, објавен во 1925 години во Атина. – Ова дело е драгоцен документ за македонската лингвистичка наука, а уште повеќе за македонската историографија. Абцедарот е печатен на хрватска латиница на леринско-битолско наречје. Всушност тој е првиот документ пишуван по Речникот на Џанели од шеснесетиот век и Даниловиот ...
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го повика Хамас да продолжи со планираното ослободување на заложниците, еден ден откако палестинската терористичка група ја објави својата намера да ја запре размената. „Мораме по секоја цена да избегнеме обновување на непријателствата во Газа што би довело до огромна трагедија“, нагласува тој во изјавата. Хамас вчера објави дека ќе престане да ги ослободува израелските заложници до понатамошно ...
Светскиот рекет број седум, Новак Ѓоковиќ ќе продолжи да работи со својот тренер Енди Мареј барем до Вимблдон, пишува „Тајмс“. Во ноември, стана познато дека Британецот се приклучил на тимот на Ѓоковиќ. Тие првично се согласиле да играат одреден период од сезоната пред Австралија Опен. На Отвореното првенство на Австралија во 2025 година, Ѓоковиќ стигна до полуфиналето, каде што се повлече поради повреда во мечот против Александар Зверев по ...
Длабоко жалам поради одлуката на САД да воведат царини за европскиот извоз на челик и алуминиум, објави претпладнево на Икс претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. – ЕУ ќе дејствува за да ги заштити своите економски интереси. Ќе ги заштитиме нашите работници, бизниси и потрошувачи, наведе Фон дер Лајен во реакција на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 25 отсто на увозот на челик и ...
Компанијата Мета почна да испраќа известувања за отпуштања на вработени во САД, што може да доведе до укинување на илјадници работни места до крајот на месецот. Ова е дел од процесот за време на кој американскиот технолошки конгломерат сака да создаде услови за поефикасни операции и „да најде нови таленти кои ќе доминираат во трката за побрза вештачка интелигенција (ВИ), објави Блумберг. Работниците во САД беа известени за отпуштањата преку ...
Учителка од Јужна Кореја избоде осумгодишно девојче во основно училиште. Полицијата соопшти дека 40-годишната наставничка признала дека избодела ученичка во централниот град Даеџон, јави Би-Би-Си. Девојчето вчера околу шест часот попладне било пронајдено со убодни рани во училиште, а починало во болница. До неа била наставничката, со рани за кои се претпоставува дека се самонанесени. Медиумите објавија дека наставничката побарала шестмесечно ...
Радио Слободна Европа и Гласот на Америка треба да бидат затворени, напиша синоќа на „Икс“, технолошкиот магнат Илон Маск во одговор на коментарите на Ричард Гренел, пратеник на претседателот Доналд Трамп за специјални мисии. -Да, затворете ги. Европа сега е слободна (без да ја сметаме гушечката бирократија). Ало? Никој повеќе не ги слуша. Тоа се само лудаци од радикалната левица што си зборуваат меѓусебе и за тоа годишно трошат една милијарда ...
На владина седница утре се очекува да се разгледа прашањето за високите цени на прехранбените производи и дали државаат ќе преземе чекори за нивна контрола, по граѓанскиот бојкот за пазарење во маркетите изминатите две недели. На утрешната владина седница, како што изјави минатата недела премиерот Христијан Мицкоски, Државниот пазарен инспекторат и Министерството за економија треба да поднесат извештај и оти се можни мерки во однос на контрола ...
Времето денеска – утрото студено, преку денот променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Во западните делови и особено во југозападните, од пладневните часови ќе има услови за појава на слаб повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала ...
Претседателот Доналд Трамп во понеделникот го повика Израел да го откаже договорот за прекин на огнот со Хамас и „да го пушти сиот пекол“ доколку Хамас не ги врати заложниците кои сè уште се држат во Газа до сабота напладне, објави Си-ен-ен, пренесува ЦИВИЛ Медиа. Претходно во понеделникот, Хамас се закани дека ќе го одложи следното ослободување на заложниците планирано да се одржи во сабота „до понатамошно известување“, обвинувајќи го Израел за ...
Илон Маск ја предводи инвестициската група која нуди 97,4 милијарди долари за непрофитната организација што го контролира OpenAI, означувајќи нов фронт во неговата „војна“ со производителот ChatGPT, објави Волстрит џурнал. Адвокатот на Маск, Марк Тобероф, рече дека е доставена понудата до одборот на директори на OpenAI, наведува весникот. „Не, благодарам, но ние ќе го купиме Твитер за 9,74 милијарди долари ако сакате“, напиша шефот на OpenAI, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе воведе царини од 25 отсто на увозот на челик и алуминиум почнувајќи од 12 март, и покрај предупредувањата од Европа и Кина. „Утврдив дека увозот на челични производи од овие земји се заканува да ја наруши националната безбедност и решив дека е неопходно да се прекинат овие аранжмани од 12 март 2025 година“, рече Трамп во извршната наредба. Тој издаде посебна наредба за увоз на алуминиум. ...
Пациенти кои одат на дијализа во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје реагираат дека се оставени без превоз откако завршил договорот со такси – превозникот. Тие треба да добиваат паричен надоместок за превоз, но според Здружението на бубрежно болни „Нефрон“, од октомври не им се исплатени овие парични средства. Душко Ѓоргиев од Здружението „Нефрон“ за МИА појаснува дека до октомври дел од пациентите користеле обезбеден такси превоз, а ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја остава отворена можноста Украина „можеби некогаш да биде руска“ и повика на размена на американската помош за природните ресурси на Кијив, како што се ретките минерали. „Можеби ќе склучат договор, можеби нема да склучат договор. Можеби ќе бидат Руси некогаш, или можеби нема да бидат Руси“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз. „Сакам нашите пари да бидат безбедни бидејќи трошиме стотици милијарди долари“, ...