Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Германскиот канцелар Фридрих Мерц во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе го засили притисокот врз Москва, јави ДПА. – Канцеларот му вети (на Зеленски) дека Германија ќе ја продолжи својата поддршка и ќе ја прошири соработката во одбранбената индустрија, изјави владиниот портпарол Штефан Корнелиус. Корнелиус додаде дека Германија, заедно со своите западни партнери, ќе го засили притисокот врз Москва. На ...
Претседателот на Франција Емануел Макрон повторно го назначи Себастијан Лекорну за премиер и го задолжи да формира нова влада, соопшти кабинетот на Макрон. Новото назначување доаѓа откако Лекорну поднесе оставка на функцијата претходно оваа недела. Неговата непосредна задача ќе биде в понеделник да го достави буџетот до Парламентот. „Ја прифаќам – по должност – мисијата што ми ја довери претседателот на Републиката да направам сè што е можно ...
Дваесет современи занаетчкии ќе се претстават со свои уникатни креации на Есенскиот базар, што ќе се одржува од денеска на приземјето во Скопје Сити Мол. На дводневниот базар ќе бидат претставени еко производи, рачно изработен накит и кожни аксесоари, чанти, дрвени садови и украси, еќоксидни уникати и рачно насликана керамика, ароматични свеќи и природна козметика. – Есенскиот базар – „Креативна есен во срцето на градот“ е платформа која ги ...
Поимот „slop“, кој младите го користат за да означат содржини генерирани од вештачка интелигенција, сè повеќе станува дел од секојдневниот речник. Она што пред неколку години изгледаше како далечна иднина, денес се претвора во масовен тренд – особено со појавата на апликации што овозможуваат за неколку секунди да се создаде целосно видео. Еден од најпознатите новинари кои го следат овој феномен е Кевин Рус, ко-водител на подкастот „Hard Fork“. ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од ВРЕДИ, Изет Меџити денеска од Старата скопска чаршија го промовираше четвртиот столб на неговата изборна програма – културата, која ја посочи како клучна компонента за економски, социјален и урбан развој на општината. -Не сме случајно во Чаршија за да го промовираме четвртиот столб на изборната програма – културата, бидејќи позитивните и европски практики покажуваат дека културата го подобрува ...
Македонската фудбалска репрезентација ги задржа шансите за пласман на Светското првенство 2026, откако вечерва одигра нерешено 0-0 против Белгија на гостувањето во Гент и остана првопласирана во квалификациската група Ј. Првото полувреме, според очекувањата, донесе целосна офанзива на Белгија, но македонската одбрана беше на висина на задачата. Белгискиот тим во првиот дел имаше 81 отсто посед на топката, но ниту еден удар во рамките на голот на ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денес ја претстави визијата за целосна реставрација и ревитализација на Старата Чаршија, проект кој, како што рече, има за цел да ѝ го врати автентичниот изглед, дух и достоинство на оваа историска и културна целина, стои во соопштението на кандидатот за градоначалник од редовите на НАИ Бујар Османи. „Нашата идеја е да ѝ ја вратиме автентичноста, да ѝ го вратиме имиџот. Треба да го ...
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево во рамки на 142- седница донесе одлука за одобрување акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори закажани за 19 октомври. За Здружението на граѓани Цивил – Центар за слобода Скопје беа одобрени 51 набљудувачи, за Европскиот парламент дополнителни 12, за Здружението на граѓани за зајакнување на демократските врендости Триси консталтикс-Скопје – 36, за Државната ...
Неколкумина загинаа, а најмалку 12 се водат за исчезнати во експлозијата што денеска се случи во воениот објект за производство на експлозиви во американската сојузна држава Тенеси. Според локалните власти, детонацијата ги потресе околните куќи и предизвика серија помали експлозии. Голем број служби за итни случаи се на терен за да ја проценат штетата и да го изгаснат пожарот. Поради опасноста од секундарни експлозии, спасувачите засега ...
Репрезентацијата на Белгија е вечерашниот ривал на најдобрата македонска фудбалска репрезентација. Дуелот се игра во Гент, а воедно е натпревар од групата Ј за квалифакиациите на СП 2026. Македонската репрезентација како првопласирана влегува во пресрет на последните три натпревари, додека втората Белгија има бод помалку, но и натпревар повеќе за одигрување. Избраниците на селекторот Благоја Милевски од среда се во Гент, а синоќа одржаа и ...
Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2025 година, Марија Корина Мачадо денеска изјави дека наградата е „огромно признание за борбата за сите Венецуелци“. Ние сме на прагот на победата и денес, повеќе од кога било, сметаме на претседателот (на САД) Доналд Трамп, народот на САД, народите во Латинска Америка и на демократските земји во светот како наши главни сојузници за постигнување слобода и демократија, објави Мачадо на платформата Икс. ...
Во белгискиот град Гент вечерва е дуелот на непоразените репрезентации од групата Ј од квалификациите за СП 2026. Македонската фудбалска репрезентација по пет натпревари со 11 бодови е лидер на табелата, додека домаќинот Белгија е на втората позиција со 10 бодови. Нашиот противник вечерва ќе ја игра својата игра: со контранапад и ќе се обиде да притиска високо и да игра со долги топки. Тие имаат талентирани играчи и добро ги користат своите ...
Движење Слободни и независни (Слободоумни и финансиски независни) претставено од ПП Работничка партија Скопје сака да ја информира јавниста, Државната изборна комисија и сите странски амбасади и мисии за сериозните системски проблеми кои ги уриваат основите на фер изборен процес, а кои директно влијаат врз правото на граѓаните да изберат информирано и слободно. Денеска, пред седиштето на Државната изборна комисија (ДИК), одржавме ...
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан денеска повторно, третпат, побара да се изгради нов главен град бидејќи актуелниот Техеран е „неодржлив“ поради загадувањето, густиот сообраќај и недостигот на вода. – Денес, нема простор за избор. Принудени сме да го сториме тоа. Животот во Техеран ќе стане неодржлив, истакна Пезешкијан, кој за изградба на нов главен град разговарал и со иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи. Иранскиот претседател ...
Се очекува граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет да се отвори на 14 октомври, а по прекинот на огнот таму ќе бидат распоредени офицери од Мисијата на Европската унија за помош на границите (ЕУБАМ), соопштија денеска италијанските власти. Мисијата на ЕУ вклучува италијански, шпански и француски полициски сили, со цел да се обезбеди неутрално присуство на трета страна на стратешкиот граничен премин. Нејзините офицери беа распоредени ...
Од недела почнува постепеното воведување на новиот систем за преминување на надворешните граници на Европската Унија, соопшти Европската комисија. Земјите-членки ќе почнат да собираат електронски податоци за државјани од трети земји кои престојуваат до 90 дена. Преодниот период ќе трае шест месеци, при што земјите сами ќе одредуваат на кои гранични премини прво ќе ја воведат новата процедура. Потоа системот ќе се прошири на сите гранични ...
Хамас повеќе не е вооружената група чија инвазија на Израел ја предизвика двегодишната војна во Газа, изјави портпарол на израелската армија денеска, откако започна примирјето со палестинското движење. -Хамас не е Хамас од пред две години. Хамас беше поразен секаде каде што се боревме против него, изјави бригадниот генерал Ефи Дефрин пред новинарите. Тој го повика палестинското население во Газа да избегнува влегување во областите под контрола ...
Претседателот на Собранието на Косово, Димал Баша, го прогласи Собранието на Косово за конституирано откако Ненад Рашиќ беше избран за потпретседател на Собранието од српското малцинство, објавија косовските медиуми. Рашиќ е петтиот потпретседател на Собранието. Тој, исто така, ја прогласи конститутивната седница на Собранието на Косово за затворена. Ова значи дека сега е отворен патот за формирање на новата влада на земјата, 8 месеци по ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Берлин ќе обезбеди 29 милиони евра итна хуманитарна помош за Појасот Газа, откако Израел го ратификуваше договорот за прекинот на огнот со Хамас. Тој на платформата Икс наведе дека Германија заедно со Египет, ќе организираат конференција за реконструкција на Појасот Газа. Мерц наведе дека примирјето по повеќе од две години конфликт е „добра вест за луѓето од Блиски Исток и пошироко“. – Нè ...
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ и коалицијата Каја Шукова денеска ја претстави својата визија за Старата скопска чаршија. Според неа, Чаршијата е душата на Скопје, но, како што рече, е задушена од нечистотија, административен хаос и институционална негрижа. – Нашиот план е јасен, визијата е да им ја вратиме Чаршијата на скопјани. Имам решение. Секојдневно чистење, нова урбана опрема, јавно осветлување и ви-фи зони, со ...
Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо е добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година, објави денеска Норвешкиот нобелов комитет во Осло. – Наградата оди кај храбар поборник за мир – жена што го предводи преминот од диктатура кон демократија и претставува симбол на обединување во време кога демократијата е под притисок, изјави претседателот на Комитетот, Јорген Ватне Фриднес. – Опозицијата во Венецуела доби меѓународна ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, вчера на својата официјална Фејсбук страница објави дека добил поддршка за втор градоначалнички мандат од еден од најистакнатите офталмолози во земјата, д-р Христијан Дума, поранешен директор на Универзитетската клиника за очни болести. Д-р Дума е признат експерт кој со децении се грижи за здравјето на граѓаните и претставува голем авторитет во областа на офталмологијата. Во ...
СДСМ Аеродром остро реагира на скандалозниот чин во кој основното училиште „Браќа Миладиновци” сподели видео-спот од политичка кампања за локалните избори. „Ова претставува директно прекршување на законите, принципите на непристрасност и професионалност, и претставува срамно партизирање на јавните институции. Училиштата се место за образование, воспитување и градење на вредности, а не алатка за партиска промоција. Злоупотребата на училишните ...
Изјавата на лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, дека „е потребен нов историски договор меѓу Албанците и Македонците“, повторно ја отвори темата за меѓуетничките односи и иднината на Охридската спогодба – темелот на мирот и стабилноста во земјата. Таравари бара нов почеток – Сметам дека Албанците и Македонците, како 90 проценти од населението во Северна Македонија… имаат потреба од нов историски договор, со кој ќе ги утврдат ...
Аналитичарот Благојче Атанасовски, кој со години ги следи и анализира изборните кампањи во земјава, оценува дека во повеќе од триесет и пет години повеќепартиска демократија, македонските политички партии најчесто ја повторуваат истата кампањска матрица со меѓусебни обвинувања, стари ветувања и предвидлив настап. Сепак, тој забележува и неколку позитивни исклучоци во овие локални избори, меѓу кои особено се издвојува кампањата на кандидатот за ...
„Планот за Водно“ е составен од мерки и политики кои имаат за цел заштита на овој дел од Скопје и овозможување на подобри услови за рекреација и спорт на сите граѓани – посетители, соопштуваат од Независни заедно. Оттаму наведуваат дека професорот Марковски ја посочи заложбата за продолжување на жичарата, но и изградба на јавни тоалети (на почетокот, на Средно Водно и на врвот). Дополнително, тој истакна дека до Средно Водно во текот на ...
Со Месечината во Близнаци денес чувствуваме потреба за движење, комуникација и размена на мисли. Ова е ден кога информациите ќе летаат на сите страни – пораки, повици, разговори во живо – и лесно можеме да се најдеме во ситуација да скокаме од тема на тема, од човек на човек. Близнаците носат радозналост, остар ум и желба за ново знаење, но исто така и ризик од расеаност и површност. Важно е да останеме присутни и да не се изгубиме во хаосот на ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека се надева оти земјата ќе може да го прослави Денот на радоста в понеделник, 13 октомври, по враќањето на заложниците од палестинската група Хамас. -Пред две години, празникот Симхат Тора стана ден на национална жалост. Оваа година, со Божја помош, Симхат Тора ќе стане ден на национална радост, радост поради враќањето на сите наши браќа и сестри кои беа заложници, рече Нетанјаху во ...
Израелското воено радио денеска објави дека, согласно постигнатиот договор за Газа, ќе бидат ослободени 11 затвореници од редовите на Хамас, а не од Фатах, како што било првично предвидено. Според достапните информации, измената на списокот на ослободените била направена во последен момент. Воен портпарол потврди дека прекинот на огнот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење „Хамас“ стапи во сила денеска напладне. Договорот е прва фаза ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска попладне ќе ги прими во Елисејската палата лидерите на главните политички партии во земјата, но на состанокот нема да бидат поканети водачите на радикалната левица и крајната десница, јави телевизијата БФМ ТВ. Средбата се одржува во момент кога Макрон треба да избере нов премиер – шести по ред во рамки на неговиот втор претседателски мандат. Политичката криза во Франција се продлабочи во ...