Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Пејачката Сања Вучиќ, поранешна членка на групата „Хурикејн“, на Инстаграм покажа како го уредила станот вреден 270.000 евра, а најголемо внимание привлече огромниот гардеробер што зафаќа цела просторија, пишува Story.hr. Многумина истакнаа дека плакарот всушност е со големина колку нивниот стан. Сања се снимаше додека седеше на подот, а зад неа јасно можеше да се види колекција од работи вредни неколку илјади евра. Потоа го покажа изгледот на ...
Без оглед на сите разлики и медиумски тензии меѓу Карлеуша и Цеца, едно е сигурно – и двете имаат одличен вкус за парфеми. Јелена Карлеуша неодамна промовираше парфем наречен „JA JK“, кој привлече големо внимание од јавноста. Карлеуша е позната со години по својот изразен вкус за парфеми и луксузни мирисни ноти. Многумина се прашуваа дали нејзиниот нов парфем има слични карактеристики како оние што ги користеше претходно, со оглед на тоа што за ...
Дара Бубамара го задеваше колегата Драган Којиќ Кеба велејќи дека премногу се грижи за својот изглед и ги тетовира веѓите. Имено, за време на емисијата „Ѕвездите на Гранд“, во која двајцата се дел од жирито, се случи непријатна ситуација помеѓу Дара и Кеба. Пејачката коментираше дека пејачот носи огледала со себе насекаде. – Какво огледало има Кеба, ниедна жена во жирито нема огледало како ова – се насмеа таа, а Кеба откри дека тоа била негова ...
По долго време, пејачката Катерина Танева- Ѓоргиев или позната како Кате од „Нели ти реков“ се појави на социјалните мрежи со интересен повод, иако ретко објавува фотографии и видеа. Видео од Кате објавил нејзиниот колега Ѓоко Ѓорчев од еден негов настап во Пробиштип. На видеото, Кате го прегрнала својот колега и заедно танцуваат и пеат песна од нивната младост. „Ќе се збори уште многу за оваа прекрасна вечер, Пробиштип, ви благодариме“, напишал ...
Ена Попов реши денот пред официјално да започне есента да го помине на најдобар можен начин – опкружена со семејство, добра храна и пијалаци. Имено, на социјалните мрежи, водителката сподели фотографија на која е во костим за капење како прави вечера во нејзиниот двор. И, додека работеше Ена ги стисна рацете, па ги истакна бујните гради. – Да се збогуваме со последните денови од летото со последната вечер надвор – напиша водителката која ја ...
Поранешниот водител Дамјан Дренковски се ожени во Америка со својата сакана Александра Огненовска, а за убавите вести на социјалните мрежи се пофали Лила Филиповска, негова блиска другарка. Пред неколку недели, Александра објави видео на кое го покажа свршеничкиот прстен откривајќи ѝ на јавноста дека тој ја прашал дали ќе му биде сопруга, а таа со радпст прифатила. Двојката веќе неколку месеци живее во Америка и споделуваат интересни видеа од ...
Пејачката Марија Шерифовиќ денес се огласи на социјалната мрежа Инстаграм со необично прашање за своите следбеници на Инстаграм. – Ајде за почеток на неделата, малку балканско-родителска анкета: Дали ќотекот излегол од рајот? – праша познатата дама. Неодамна имаше случај каде што ќерка го тужеше својот татко затоа што ја удрил, и тој случај чека епилог. Целата ситуација ја наведе Марија Шерифовиќ да разговара за оваа тема со своите следбеници. ...
Интересна приказна објави фолк-пејачот Јордан Митев од неговиот настап во прилепското село Шравица, каде настапи по повод празникот Мала Богородица. Јордан Митев е популарен низ цела Македонија и во дијаспората, она што се случило во Штавица било ломво позитивна смисла. Цело сео на нозе, веселба , оро и коментари: „Браво Јордан, го дигна цел Прилеп на нозе, браво Јордан легендо“. Објавата за овој настап имаше над 1.500 лајкови што кажува колку ...
Во голема исповед, Ава Карабатиќ проговори за работи од својот живот за кои никогаш порано не зборувала, а сакаше да покаже и слика од себе што јавноста никогаш не ја видела. Tаа се осврна на смртта на таткото Ивица, кој почина во мај оваа година. – Во овие моменти кога некој ќе ме праша како сум, можам да кажам дека секој ден станувам посилна. Секако болката е голема, раните исчезнуваат, но лузните остануваат. И јас сакам моите лузни да ...
Една лична животна приказна споедели поранешната водителка Маја Синадиновска, ова горчливо искуство ѝ помогна поинаку да гледа на животот. Маја е сега сопственик на бутик за женска облека, а порано со авторските емисии во кои отворно зборуваше за еротиката, таа рушеше табуа. Маја е сега семејна жена и има ќерка. -Колку повеќе помагаш толку помалку те ценат. Колку си подостапен толку си подасаден. Колку повеќе почитуваш толку помалку те ценат. ...
Една од најголемите музички ѕвезди на новата генерација, Теа Таировиќ, е во центарот на голем скандал на естрадата, откако се дозна дека со години била изневерувана и поткрадувана од својот најблизок соработник – кореографот, кој воедно ѝ бил и кум. Пејачката уште од почетокот на кариерата соработувала со истиот кореограф, кој ѝ помогнал во сценските настапи и спотовите. Нивната професионална соработка со текот на времето преминала и во приватна ...
По тешкита битка за здравјето, Драгица Стевковска- Дракче објави како изгледа по операцијата за која на социјалните мрежи често зборуваше изминатове недели. Драгица Сревковска – Дракче е една од нашите најпознати ТВ-лица, шармантен лик кој ни го развеселува секојдневието со емисијата „Готвиме со Дракче“. Многу познати лица гостувале во оваа емисија кај неа и готвеле заедно со неа. Таа му е сопруга на Орце Стевковски познат како царот и со него ...
Пејачот Милан Станковиќ, кој пред неколку години целосно се повлече од музичката сцена, повторно се огласи на социјалните мрежи и предизвика реакции со мистериозна порака. Станковиќ, кој последниве години се посвети на духовниот живот и често престојува во манастири, на својот профил сподели објава во која стои прашањето: „Како се носити со лоша ситуација?“ На тоа имаше даден само еден одговор – „Да се преспие целиот ден“. Оваа порака предизвика ...
Атина Ферари откри како се запознале таа и Аца Лукас, нагласувајќи дека тој цели две години ја молел да се видат. – Што се однесува до Аца Лукас, имам целосна слобода да зборувам за нашиот однос, тој нема да се налути. Ние сме многу добри пријатели. Морам да раскажам како се запознавме… Пред неколку години водев програма во еден убав ресторан кај наши заеднички пријатели во Чачак. Таа вечер Лукас требаше да настапи, но сите знаеме каков е Аца. ...
Пејачката Гога Секулиќ повторно го привлече вниманието на јавноста. Таа се сними во лифт по средување во салон за убавина, а во преден план беше нејзиното бујно деколте, кое предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Секулиќ со години има силиконски импланти, а во комбинација со нејзините природно големи гради, резултатот – според следбениците – е повеќе од впечатлив. Покрај ова видео, Гога сподели и фотографија со светски познатиот ...
Весна Ѓогани претходно изјави дека Дара Бубамара, била „во елемент“ кога го прозвала семејството Ѓогани, а пејачката од Нови Сад истакнува дека да била на местото на Весна, би се срамела да спомене некој што е поголема ѕвезда од неа. – Весна Ѓогани очигледно сака постојано да биде на порталите. Би ми било срам да ги спомнам големините што се над мене. Не е важно што зборува некој, туку кој го зборува – рече Дара. Дара откри зошто колеги како ...
Популарната пејачка Александра Пријовиќ денес го одбележува својот 30-ти роденден во кругот на најблиските. Само неколку месеци откако се породи, музичката ѕвезда повторно е во центарот на вниманието – овој пат поради емотивното изненадување што ѝ го приредија нејзините обожаватели. Девојките од фан тимот на Пријовиќ изработија видео со спомени од нејзиното детство, па сè до денешниот успех на големата сцена. Гестот ја трогна пејачката, која ...
Македонската пејачка Елена Васова е овогодинешна добитничка на престижната награда „Милан Младеновиќ“. Признанието ѝ беше врачено на 21 септември во Макарска, во рамки на фестивалот „Модро и зелено“. Васова, родена во Скопје во 2000 година, победи со песната „Љубов“, создадена во соработка со Ненад Стефановски и Ади Имери, а во проектот учествуваат и Петар Лукиќ, Мартин Џорлев и Милош Спасов. „Фала ви многу. Јас навистина не го очекував ова… Ви ...
Северина е добро позната во регионот, но, она што многумина можеби не го знаат е приказната која стои зад нејзиното име. Иако сите ја знаеме како Северина Вучковиќ, пејачката всушност требало да се вика сосема поинаку, а таа еднаш со медиумите ја сподели приказната за тоа како го добила своето име. „Моето име некаде значи строгост и правда. Таква сум навистина. Тато сакал да ми го даде името Наташа, но мама го обожаваше татко ми, а неговото име ...
Популарниот пејач Драган Којиќ Кеба зборуваше за разводот на својот син Игор Којиќ, кој до неодамна беше во брак со Софија, девојка една година помлада од него. Нивниот брак траеше само пет месеци, а веста за разводот изненади многумина, со оглед на тоа што изгледаа хармонично и заљубено. „Тој ми дава совети, и јас учам многу од него. Направив многу грешки на твои години. Мојот Игор е одличен, има успешна компанија за недвижности. Мило ми е што ...
Блискиот пријател на Халид Бешлиќ откри дека го посетил пред два дена и зборувал за советите што му ги дале лекарите. Голема загриженост владее меѓу обожавателите на Халид Бешлиќ откако беше објавено дека легендарниот пејач е на одделот за онкологија, но неговиот колега и близок пријател Осман Хаџиќ сега ја откри вистинската вистина за состојбата на фолк ѕвездата. Хаџиќ го посети Халид пред неколку дена и, како што вели, никогаш не би помислил ...
Водителката Цеца Тодосовска од ТВ Телма е весел и позитивен лик, но овојпат имаше за што многу да се налути и тоа го покажа на социјалните мрежи. Таа е инаку спортски тип и оди на работа со својот велосипед. Цеце објави слика од ѓубрето на скопските тротоари кое со недели не е собрано, и напиша: Буквално нема каде да се помине! И претходно, таа објавуваше слични фотографии, како и други граѓани на Скопје. Цеце е мајка на два сина и седум години ...
Маја Глигоровска, нашата позната манекенка, а сега наставничка во основно училиште ужива на монденско место, а тоа го покажа на новата слика на Фејсбук. Глигоровска е во Шпанија, во Марбеља, а сликана е покрај продавницата на „Долче и Габана“ и во хотелот каде што е сместена. Маја е облечена во проѕирен бел фустан кој повеќе открива отколку што покрива, но секако одлично ѝ стои. Во една прилика, Глигорвска која е мајка на тинејџер раскажа како ...
Состојбата на Бритни Спирс сè повеќе ги загрижува нејзините обожаватели, а штотуку се појави јавен апел „некој да ѝ помогне на ѕвездата“. „Можеби танцува до крајот на светот, но Бритни Спирс тоне сè подлабоко и подлабоко“, беше еден од коментарите под нејзината објава на Инстаграм. „Таа нема вистински пријатели“ „Таа има луѓе како персонал, обезбедување, асистенти, no нема вистински пријатели“, откри извор за „Пејџ Сикс“ во меѓувреме. ...
Маја Оџаклиевска ретко објавува слики на социјалните мрежи, но новата што ја објави е навистина посебна. Таа е една од најдобрите пејачки во регионот, скопјанка која долги години живее во Белград. Иако нема лесна животна приказна последниве години, откако го чуваше внукот Лука кој е дете со аутизам и не зборува, Маја секогаш има позитивен дух и верба во подобро. Таа во април наполни 71 година. Сега, за Лука се грижи неговата мајка Теа. Новата ...
Голема ѕвезда на македонската народна музика беше гостин на свадбата на Дани Димитровска и нејзиниот сакан, поранешниот кошаркар Горан Веселиновски- Весел која се одржа на 13 септември. Пејачката блесна во две уникатни венчаници во нејзин стил. На свадбата која повеќе беше како забава пееше нејзиниот колега Ѓоко Танески, со поп и рок хитови. Тортата била многу уникатна, со цртани младоженец и невеста и срце на неа, а младенците биле многу ...
Хрватската инфлуенсерка и ќерка на легендарниот Дино Дворник, Ела Дворник сними видео во кое се предизвика себеси да преживее со само 30 евра неделно. Го објави овој експеримент на својот Јутјуб канал, каде што вообичаено е многу активна и собира голема публика. Видеото брзо го привлече вниманието на јавноста, а многумина се идентификуваа со темата за секојдневната борба со високите трошоци за живот. Преку овој предизвик, Ела сакаше да покаже ...
Пејачката Теа Таировиќ им се обрати на своите следбеници и обожаватели преку социјалната мрежа Инстаграм и го најави продолжението на музичката приказна што ја започна со својот прв албум. Младата музичка ѕвезда објави слики од луксузна јахта во златен фустан и ѝ откри на публиката дека подготвува нов албум: – Немам години за пак да ми бидеш прв, „Аска 2“ – напиша пејачката покрај фотографиите, најавувајќи го новиот албум, иако датумот на ...
Пејачката Теодора Џехверовиќ, позната по својата енергија на сцената и активниот живот на социјалните мрежи, одлучи да одвои време за релаксација пред важен настап. За да ги наполни батериите и да се подготви за нови предизвици, таа ја посети сауната и, како и обично, ги сподели тие моменти со своите бројни следбеници. На Инстаграм, таа објави неколку приказни и фотографии кои привлекоа големо внимание од нејзините обожаватели. Една од објавите ...
Во српските медиуми се пишуваше дека Цеца Ражнатовиќ не е љубител на кујната и дека скоро и не влегува во неа. Пејачката одговори на овие приказни и призна дека не сака да готви, но не и дека не може да подготви оброк. Цеца обожава пита, особено за време на постот. Познато е дека Ражнатовиќ е голем верник, а за време на празниците, питата е задолжителна во нејзиното мени. Во продолжение погледнете го рецептот за нејзиниот специјалитет. 500 г ...