
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно Законот за управување со кризи, донесе одлука за учество на дел од Армијата во справувањето со пожарите, по донесената Одлука на Владата од 13. август 2024 година за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на државата, информираа од нејзиниот Кабинет. Начинот и интензитетот на кој припадниците на Армијата ќе помагаат на другите институции при гаснење на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска откако пред извесно време изјави дека се подготвува дестабилизација на земјава, откри детали кој ќе го направел тоа. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ДУИ есенва може да преземе чекори за дестабилизација на државата, вели Мицкоски Според него станува збор за функционери во поранешни влади кои располагаат со огромни милионски суми на пари, но не откри имиња. „Дел од нив се високи функционери во поранешни влади, коишто се ...
Врховниот судија, Наќе Георгиев се спогоди да одлежи три години затвор за примањето на поткуп во износ од 10.000 евра и да му биде изречена забрана да биде судија или правник во наредни три годинисо. Тој признал дека земал мито од синот на градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев. „Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска склучи Предлог – спогодба со осомничениот Н.Г. за кој ...
Високите температури кои периодов ја зафатија територијата на нашата држава, носат зголемена опасност од настанување на пожари на отворен простор и шумски пожари, поради што ЈП Национални шуми апелира до сите граѓани на зголемена будност и мобилност. -Со цел да се спречат несакани последици апелираме да не се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не ...
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека е скандалозно бегството на терористот и воен злосторник Блерим Рамадани од домашен притвор во Македонија, соопшти српското МВР. „Станува збор за припадник на терористичката ОВК кој извршил злосторства врз Србите на Косово и Метохија и кого Србија го бара за да му суди. Бараме објаснување од државните органи на Северна Македонија како е можно некој кој е уапсен по ...
Пожарот на Галичица се уште е активен и се гаси и од небо и од земја. Утрово имаше апел, сите физички спремни доброволци да се пријават кај планинарската куќа Спиридон со свој алат – мотика или гребло. „Најважно е да бидете физички спремни со основна планинарска опрема, вклучувајќи чевли и друго. Досега само по 3-4 доброволци на ден се пријавувале, затоа да се собереме во поголем број за да ја спасиме Галичица,“ стои во апелот. Имено, ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди дека од куќен притвор во Скопје, избегал поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Блерим Рамадани, кој пред извесно време беше уапсен во Македонија по потерница од Србија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Рамадани, поранешниот припадник на ОВК, избегал од куќниот притвор во Скопје, објави СДК Од МВР најавуваат дека за него ќе биде распишана централна потерница. Тој беше во куќен притвор во ...
Ако сакате да избегнете работа во традиционално канцелариска средина, размислете за работа од Вашиот дом. Во зависност од Вашето образование и искуство, постојат многу можности за работа од дома. Информирањето на достапните опции може да Ви помогне да го насочите Вашето пребарување за работа и да Ви понуди нови можности за кои можеби досега не сте размислувале. Кои се придобивките од работата од дома? Работата од дома има неколку предности, а ...
Косоварот Блерим Рамадани, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово, кој беше уапсен на граничниот премин Јажинце на македонска страна, по потерница од Србија, вчера избегал од куќниот притвор во Скопје, објави Сакам да кажам. Тој беше во куќен притвор во домот на роднини во Македонија. Претходно заврши во истражниот затвор Скопје (Шутка), а како што објави СДК избегал откако вчера судии од Кривичниот совет при Кривичниот суд во ...
Веќе 11 дена има пожар на планината Галичица, а пожарот синоќа премина од страната на Охрид. Во текот на вчерашниот ден во делови на Охридското Езеро имаше саѓи и пепел. Пожар на Галичица, сега сликано. pic.twitter.com/vLytFAOKIy — Makedončište (@shopkarishte) August 14, 2024 Замина и Галичица 😢 pic.twitter.com/XNTLA69eRI — Goce Jonoski (@gocejonoski) August 14, 2024 Пожарот започна во високо планинските предели на над 2.000 мнв, каде ...
Лидл имале проблеми со претходната влада, тврди македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој имаше средба со дел од менаџментот на компанијата. Според него од менаџментот споделиле дека тие имале бројни потешкотии и административни бариери од претходната Влада, а Мицкоски најави дека на брза трака ќе го стави процесот и дека за брзо време ќе има отварање на маркети на Лидл. Лидл во 2021 година најави влез на македонскиот пазар. Со инвестирање ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против К.С. – полициски службеник во Полициската станица Бит Пазар поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „обљуба со злоупотреба на положбата“. „На ...
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за продолжување на дополнителните мерки за превенција поради топлотниот бран и за четврток. Oслободување од работни обврски за најралнивите групи на населениението: бремените жени и лица на возраст над 60 години за ден 15 август (четврток). Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне ...
Поранешниот народен правобранител и член на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети признал дека сторил кривично дело примање награда за противзаконито влијание, во случајот каде првообвинет е врховниот судија, Наќе Георгиев, информираа од Јавното обвинителство. Мемети се спогодил со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со предлог да му се одреди условна осуда и забрана за вршење на дејност во наредните три години. „Со ...
На иницијатива на градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денеска скопските градоначалници имале координација на која ги евиднетирале проблемите и предизвиците со кои се соочуваат и заеднички побарале решенија. Средбата била иницирана поради бројните наталожени проблеми со кои се соочува главниот град и она што како приоритетно сите го издвоиле е незадоволството и загриженост за состојбата со јавното ...
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов апелираше граѓаните да го пријавувуваат секое сомнително движење ако забележат потпалувачи, а ако им е страв лично да се јават, нека кажат на некој комшија, полицаец, вработен во ЦУК. Тој најави дека ќе бара дополнителни законски измени за строги казнувања на ваквите поведенија кои загрозуваат човечки животи и трошат државни ресурси. „Борбата против овие кои палат мора да биде ...
Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност 2024, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. „Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2024 година изнесува 80 % (од максимално можни 100 %) и во однос на лани е ...
Уапсено е уште едно лице осомничено за подметнување на шумски пожар, информираа од Министерството за внатрешни работи. Станува збор за 29-годишен маж од прилепското село Канатларци, кој заработи и кривична пријава. Тој се сомничи дека кај место викано „Корија“ во атарот на село Канатларци предизвикал пожар во кој горела сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Мажот се ...
Комерцијална банка АД Скопје и Стопанска банка АД Битола се во фокусот на јавноста поради нивното најверојатно спојување. Комерцијална веќе ја објави и понудата – нуди 3.200 денари за една акција, а сака да ги купи сите обични акции со право на глас на Стопанска банка Битола. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 3.200 денари за акција: Познато колку Комерцијална нуди за сите акции на Стопанска банка Битола Банката од Народна банка доби претходна согласност за ...
Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) објави посебен извештај за финансирањето на изборната кампања на претседателските избори што се одржаа пролетва. Сите седум кандидати потрошиле вкупно 459.815.831 денари или 7,5 милиони евра. Најмногу потрошиле Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски, по околу 2,6 милиони евра. Следува Бујар Османи, кој потрошил 900 илјади евра, па Арбен Таравари со 800 илјади евра. Стевчо Јакимовски, ...
Вчера во тешка сообраќајна несреќа загина 17-годишно момче, а неговиот 13-годишниот брат е повреден и е пренесен на скопските клиники. Според моменталните информации, несреќата се случила во близина на скопското село Блаце, откако се судриле автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП0 Скопје со број 81 и автомобилот во кој се наоѓале двајцата малолетници. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ За сообраќајката во која загина 17-годишно момче осомничен возачот на ...
Поради неправилности при работењето и непочитувањето на договорот за вработување од функцијата директор на ЈП „Паркови и зеленило“ е разрешен Мартин Ангеловски, информираат од Град Скопје. „Справувањето со корупцијата и самоволието во градот Скопје беше и едно од главните предизборни ветување на градоначалничката Данела Арсовска. Никој не смее да си поигрува со народните пари, а уште помалку со довербата на граѓаните на градот Скопје. Во ЈП ...
„Виз ер“ го најави започнувањето на своето „All You Can Fly“ членство, обезбедувајќи голем број летови во период од 12 месеци за 599 евра, до повеќе од 800 дестинации. „Членството „All You Can Fly” на Виз е прво од ваков вид во Европа, а „Виз ер“ е единствената авиокомпанија што нуди голем број летови за одредена цена. Годишното членство од 599 евра ќе им обезбеди на спонтаните патници пристап до летовите низ целата мрежа на „Виз ер“ со ...
За предизвикување на вчерашната сообраќајка во која загина 17-годишно момче е осомничен возачот на автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, информираа од Основното јавно обвинителство. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) 17-годишно момче загина во сообраќајка кај Блаце Станува збор за 51-годишен маж, а Министерството за внатрешни работи информираше дека се работи за лицето Г.М. За него е поведена постапка постапувајќи по кривична пријава, ...
Во вчерашната сообраќајка во која загина 17-годишно момче, учествувал и друг автомобил, а возачот избегал, информираше Министерството за внатрешни работи. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) 17-годишно момче загина во сообраќајка кај Блаце Станува збор за возило, „фолксваген голф“. Како што веќе објавивме во несреќата се судриле возило „форд галакси“, кое го управувало момчето кое по несреќата починало во болница, и автобус на Јавното сообраќајно ...
Македонците како нација можат да напредуваат само во добра комуникација, хармонија и однос со Албанците. Во спротивно, ќе ги проголтаат Србите, Бугарите и Грците. Ова денеска го изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети за време на одбележување на 23-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, настан кој коалицијата „Европски фронт“, го одбележа во хотелот „Александар палас“ во Скопје. „Само со нас, со соработка и заеднички живот можат ...
Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ги одобри барањата на Енвер Хусеини, поранешен заменик-министер за труд и социјална политика, Александар Бајдевски, поранешен заменик-министер за информатичко општество и администрација, Назим Буши, поранешен заменик-министер за внатрешни работи и на Филип Николоски, поранешен заменик-министер за финансии да добиваат апанажа по престанокот на работниот однос. Исто така, членовите ...
Вкупно 37 пожари на отворен простор низ државава се регистрирани во текот на вчерашниот ден.Од нив, 10 се активни, шест се под контрола, а 21 е изгаснат, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според соопштеното, активен е пожарот во општина Македонски Брод, каде гори борова шума. Во општина Пехчево, на територија на село Негрево, гори мешана шума. Во општина Новаци гори ниска вегетација. Нискостеблеста вегетација е опожарена во ...
Стопанска банка АД Битола е во фокусот на јавноста откако доби понуда од Комерцијална банка АД Скопје за купување на сите обични акции со право на глас. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 3.200 денари за акција: Познато колку Комерцијална нуди за сите акции на Стопанска банка Битола Понудата од 3.200 денари за акција или вкупно 20,3 милиони евра за сите акции ќе ја разгледува менаџментот на Банката, а секако и акционерите. Во Банката има само еден акционер кој ...
ОКТА АД Скопје преку Македонската берза информираше дека ЕЛ.П.ЕТ. – Балканики аноними етериа петрелеу, мнозинскиот сопственик на компанијата, ја зголемил својата сопственост за 1.035 акции, достигнувајќи вкупно 711.642 акции, што одговара на 84.08% од вкупниот број на акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Акциите на ОКТА, Комерцијална и Алкалоид со најголем промет на Македонската берза во јули “Балканики аноними етериа петрелеу“ купи уште 234 акции на ОКТА ...