Познат е идентиетот на жената која синоќа почина на лице место по пад од зграда во скопска Кисела Вода. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Жена почина по пад од зграда во Кисела Вода, малолетник заврши во болница со тешки повреди Се работи за Д.С. (69) од Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи. Од таму информираа и дека малолетникот кој паднал со нејзе е на возраст од девет години. Детето со тешки повреди е пренесено во Комплексот клиники „Мајка ...

Од напролет со лет Скопје-Париз на македонскиот пазар се враќа нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“. Компанијата минатиот месец ги прекина летовите од Скопје до Женева, а засега се враќа само со една линија од аеродромот „Скопје“ до францускиот „Орли“, кој се наоѓа на 20 километри од Париз, објави францускиот весник „Ле Фигаро“. На линијата од Скопје до Париз лета и нискобуџетниот „Визер“, до аеродромот „Буве“, кој е оддалечен 90 километри од ...

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски вчера во Брисел, Белгија, имал средби со новата комесарка за проширување на Европската Унија (ЕУ), Словенката Марта Кос и со новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Коста. Како што информираше тој и двете средби поминале во исклучително пријателска, срдечна и конструктивна атмосфера. Им посочил дека македонската Влада останува фокусирана на реформите и дека е подготвена да разговара за се што е ...

Аутомакедонија АД Скопје преку Македонската берза информираше дека во изминатиот период се стекнала со 200 хартии од вредност во Осигурителното брокерско друштво АМ Брокер АД Скопје. -Со извршените трговски трансакции Аутомакедонија е сопственик на вкупно 400 хартии од вредност, односно 80% од вкупниот број на хартии од вредност во АМ Брокер, велат од таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Аутомакедонија ја зголеми нето добивката за 46% во третиот квартал ...

Топ тема во Хрватска е информацијата дека во двор во куќа во Вараждинската жупанија се пронајдени закопани две бебиња, кои биле родени дома, а после една година биле пронајдени мртви. За нив нема информации во системот на државата дека воопшто постоеле. Според хрватските медиуми тие биле изгладнети до смрт, а за среќа третето дете е згрижено од страна на институциите. Тоа било пронајдено во тешка здравствена состојба и било неухрането. ...

Провокација за Македонија на седница на Европскиот парламент од страна на грчкиот европратеник Емануил Кефалојанис, кој доаѓа од владејачката Нова демократија. Според него македонскиот јазик бил 90% бугарски, а до таа констатација дошол откако видел дека преставниците од Македонија на седницата не ставале слушалки за превод кога некој зборувал на бугарски. „Гледам дека кога зборуваат моите бугарски колеги, вие не ставате слушалки. Ајде да ...

Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот со над 5%, Душан Пецовски, кој е претседател на Управниот одбор (УО) и генерален директор на Реплек, се стекнал со 5 нови акции, и сега поседува вкупно 31.615 или 12,20% од вкупниот број на акции. Акционерот со над 5%, Владимир Пецовски, се стекнал со 4 нови акции, и сега поседува вкупно 16.444 или 6,34% од вкупниот број на акции. Членот на УО, Коста Котески, се стекнал со ...

Синоќа во скопски Центар е приведено 20-годишно момче кое се обидело да го запали албанското знаме Како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) момчето било затекнато при обид со запалка да запали знаме. Знамето и запалката биле одземени, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР. Основното јавно обвинителство побара притвор за ...

Од Основното јавно обвинителство информираа дека државниот обвинител Љупчо Коцевски иницирал диспиплинска одговорност за шефот на Вишото скопско обвинителство, Мустафа Хајрулахи, кој од претходно е веќе суспендиран, и за вишиот обвинител Јован Цветановски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кривична за јавниот обвинител Хајрулахи за малтретирање и негова суспензија од функцијата Како што информираа од Обвинителството, во четири предмети Цветановски се откажал од ...

Пратеничката група на Европскиот фронт, предводен од опозициската ДУИ, денеска поднесе интерпелации за првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и неговиот заменик, Астрит Исени. Од таму побараа и на наредната седница на дневен ред во Собранието да биде ставена информација за безбедносната состојба во земјата. ...

Пред нас е најубавиот период од годината – празнувањето на новогодишните празници, а со него и трошоците за празничните задоволства со кои ќе направиме новогодишната магија силно да блесне, како за нас, така и за нашите најсакани. НЛБ, како Банка која постојано се прилагодува на потребите и барањата на клиентите, воведува празнична понуда за потрошувачки кредити со промотивна каматна стапка од само 5,3% и рок на отплата до 95 месеци, ...

„Бумеранг“ е повеќе од музика – таа е симбол на љубовта, сеќавањата и кругот на животот кој секогаш ни се враќа, а со својата емотивна длабочина и инспиративна порака го одбележува крајот на старата и почетокот на новата година. Компонирана за само неколку часа од мајсторот Лазар Цветковски и самата Викторија Лоба, „Бумеранг“ го спојува нејзиниот талент со моќен текст што таа лично го напиша. „Бумеранг“ е композиција која ја чувствувам како дел ...

Изминатиов викенд Солун конечно доби метро, откако беше пуштена првата линија со 13 станици. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Солун доби метро Поради бирократски и финансиски причини, но и поради бројните археолошки пронајдоци, истото се градеше 22 години. Во тек и изградба на втората линија, која ќе вози до Каламарија, а до 2040 година се планира поврзување и со западните и северните делови на градот. Интересно е дека картата за метрото за возење од 70 ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) објави оглас за вработување на 101 лице. Се бараат 48 приправници, со или без работно искуство, со високо образование VII/1 степен (четиригодишни студии) или најмалку 180 кредити според ЕКТС во областа, како и 53 приправници, со или без работно искуство, со завршено четиригодишно средно образование или завршено четиригодишно средно образование во областа. Сите детали за огласот ОВДЕ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ...

Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот Скопски пазар, акционерско друштво за услуги во прометот и трговијата увоз-извоз Скопје, купил дополнителни 33.000 обични акции и сега поседува 78.230 односно 17,30% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист. Со оваа Скопски пазар е на чекор да стане најголем акционер во Друштвото. Моментално тоа е Доне Таневски, кој поседува 17,72 проценти од ...

Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот Отворен задолжителен пезиски фонд Сава пензиски фонд, продал 39.789 акции, односно 8,80% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист и сега не поседува акции во Друштвото. Периодов акцијата на Македонијатурист е во фокус поради големиот интерес за нејзе, а Друштвото во неколку наврати ја промени акционерската структура. Македонијатурист е сопственик ...

Невремето кое ја зафати Грција изминитиве денови зеде три човечки животи. Вчера беше пронајден починат маж на Халкидики, откако неговото возило се превртело поради лизгање на земјиштето и слетало во канал, а претходно уште две лица го загубија животот за време на викендот на островот Лемнос во северниот дел на Егејското Море. Невремето предизвика големи штети во Солун, каде беа откорнати и дрвја, како и на Халкидики, особено на кракот Ситонија, ...

Од НЛБ Банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека нов претседател на Надзорниот одбор (НО) на Банката е Словенката Хедвика Усеник. Таа доаѓа на местото на Блаж Бродњак. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Блаж Бродњак не е повеќе претседател на НО на НЛБ Банка Мандатот на Усеник како член на НО ќе трае до 30.08.2025 година, а ќе стапи на сила по добивање на согласност од гувернерката на Народната Банка. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Иднината на платежните решенија е ...

Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), во државна сопственост, Скопје, склучи договор за ремонтни активности во ТЕ за 2024 година – услуга за специјализирана работна рака во РЕК Битола, со друштвото за производство, промет и услуги Агроиндустрија-агис ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. Договорот е во вредност од 83.390.010 денари или 1.355.935 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ЕСМ склучи договор со „Графо ...

Државната корупција за спречување на корупција (ДКСК) констатираше судир на интереси кај поранешен медицински директор на здравствена установа, бидејќи, како што информираа денеска од таму, имал удел во вработувањето на неговата снаа со договор на дело. Тој за време на извршувањето на функцијата, не побарал да биде изземен кога се вработувала снаата за син. – На таков начин, таа била вработена во јавната здравствена установа, а тогашниот в.д. ...

Цената на струјата од јануари нема да поскапи повеќе од 1%, информираше денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимоски. Според него кај домаќинствата и кај најголем дел од малите потрошувачи, ќе има намалување на мрежарината, вклучувајќи го преносот и дистрибуцијата, за 7%. Претходно мрежарината за домаќинствата изнесуваше 2,3 денари, а сега е 2,14 ...

Цените на бензинот Еуросупер БС-95, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од вечерва на полноќ се намалуваат за 1 денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ). Цената на бензинот Еуросупер БС-98 пак се намалува за 0,50 денари за литар, а на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,521 денари за кулограм. Со ...

Во Мавровскиот регион се уште има заглавени луѓе во снегот, кои чекаат на расчистување на патиштата. „Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека состојбата после вчерашните и денешни врнежи од дожд и снег во поголемиот дел од Северозападниот регион е редовна и сообраќајот се одвива нормално. Снабдувањето со електрична енергија е редовно и нивото на водотеците е на нормално ниво за овој период од годината. Проблеми има на високопланинските села каде ...

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, на која мандатот ѝ истекува задутре, денеска си поднесе оставка од функцијата. Таа ќе остане член на Советот, додека ѝ трае мандатот. Оставката, како што соопшти самата, ја дала поради притисок од политичари од власта, кои правеле обиди да го нарушат нејзиниот личен интегритет, но и за да го заштити семејството. -Политичарите, претседателот на Владата, изразуваат критики за Судскиот совет, ...

Родителите од Општина Кисела Вода утре (3 декември) со почеток од 18 часот ќе имаат можност да разговараат и подетално да се запознаат со проблемот со врсничкото насилство. Работилницата организирана од „Макпетрол“ ќе се одржи во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“. Ова е шестта едукативна средба наменета за родители во рамки на општествено одговорната кампања „Крени глас – Стоп за булинг“. Водител на настанот ќе биде популарниот актер Сашко ...

Синоќа во Куманово е опожарена канцеларија на советникот во Советот на Општина Куманово, Фитор Јакупи, кадар на опозициската ДУИ. Информацијата на Фејсбук ја сподели самиот Јакупи. „Ве известувам дека денеска во раните утрински часови околу 3.05 часот од црна рака на непознати лица мојата приватна канцеларија во Куманово беше опожарена“, напиша Јакупи. Тој повика на брза реакција од надлежните органи. Од Јавното обвинителство денеска информираа ...

Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, си го помилува синот Хантер Бајден, кој чекаше казна за нелегално поседување оружје и затајување на данок. Во помилувањето, како што пренесуваат американските медиуми, се наведува дека Бајден му дал целосно и безусловно помилување на Хантер Бајден за какви било прекршоци помеѓу 1 јануари 2014 година и 1. декември оваа година. Синот на Бајден во септември се изјасни за виновен за затајување на ...

Во раните утрински часови денеска било опожарено возилото на заменик-јавниот обвинител Џелал Бајрами од Куманово. Самиот тој ја потврди информацијата за 360 степени, а возилото му било опожарено пред објектот каде што живее. Тој како што вели не знае кој би можел да го направи тоа. „Не би сакал да коментирам повеќе од ова. Не се сомневам во никого. Да оставиме органите да го истражат случајот“, вели Бајрами. Од Јавното обвинителство денеска ...

Ова лето, македонската публика ќе биде сведок на историски музички момент! Светската поп и Р’н’Б суперѕвезда и еден од најголемите артисти на нашето време, Џејсон Деруло, за првпат ќе настапи кај нас – и тоа на 2. август, под отворено небо на „Билјанини извори“ во Охрид. Ова не е само концерт – ова е настан кој ќе го запише Охрид во листата на градови кои биле домаќини на една од најголемите музички икони на светот. Еден артист од ваков калибар, ...

Народната банка ги информира граѓаните да бидат внимателни поради зачестената појава на лажни профили, апликации и лица кои, електронски или преку телефонско јавување, се претставуваат како дел од реномирани компании коишто нудат некаков вид помош, посредување, па дури и парични награди, а притоа бараат лични податоци и уплата на средства. „Народната банка апелира до граѓаните да не откриваат лични податоци, ниту, пак, да преземаат активности на ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1024
weather icon

Белград

6ᴼ / 3ᴼ
0.0
89%
1023
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
93%
1024
weather icon

Софија

3ᴼ / -1ᴼ
0.51
69%
1025
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.77
95%
1025
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1024
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
84%
1021
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1021
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1022
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
86%
1026
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
0.45
92%
1024
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
93%
1023
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Платина

64479.52

Цинк

3.04

Злато

139515.92

Паладиум

54591.97

Кобалт

58.42

Сребро

2159.01

Иридиум

145787.60

Бакар

11.07

Калај

43.93

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.95

Родиум

258813.51