Четворица вработени во Скопската Зоолошка градина ќе бидат ставени под здравствен надзор, изјави директорката на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ), Марија Андоновска. „Здравствен надзор согласно протоколите не подразбира карантин и изолација, туку медицинско следење во текот на следните две недели дали ќе пројават било каков симптом кој понатаму би требало да се испитува дали се работи за птичји грип. Вработените секојдневно ќе бидат контактирани ...

ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно на ден 14.10.2024 год, не постапила по законски процедури каде што се должни секој сомнеж на заразна болест задолжително да го пријават до надлежниот официјален ветеринар согласно Член 50 на (Закон за ветеринарно здравство бр.113/2007; бр.24/11; 136/11; 123/12;154/15 и 53/16), прекршувајки ги законските обврски, самостојно доставиле примерок до Факултетот за ветеринарна медицина кој е примен на ...

Калиопи направи концерт за паметење во арената „Борис Трајковски“ и уште еднаш покажа зошто е балканска ѕвезда. Професионална на сцена, емотивна со публиката, верна на својот музички израз, со неповторлив глас. Дива во секоја смисла. Преку тричасовното музичко патување, покажа колку македонската публика и недостасувала, но и таа на публиката. Во салата имаше присутни од сите возрасти, и она што остави впечаток за оваа публика, е што за влез во ...

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека 43-годишна жена починала додека била на преглед во ГОБ „8 Септември“ во Скопје. „На 18.10.2024 година, во 14.30 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје било пријавено дека кај нив во Ургентниот центар, додека била во просторија за преглед, починала М.С.(43) од село Љуботен, скопско,“ велат од МВР. Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство, ...

Четиримесечно бебе завчера било донесено починато во болницата во Гостивар. Информацијата ја потврдија од Министерството за внатрешни работи, каде случајот бил пријавен од страна на Медицинскиот центар Гостивар. Засега нема повеќе официјални информации, а телевизијата Канал 5 неофицијално објави дека бебето било родено предвреме, до 10. октомври било во инкубатор, а потоа било пуштено дома. Обукција треба да даде одговор за причините за смртта. ...

Следното лето Гевгелија ќе го добие својот прв трговски центар, Гевгелија мол. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Гевгелија Мол ќе се отвори идното лето, ќе го има најголемото Џамбо, фришоп и бројни брендови Во него ќе биде најголемиот Џамбо во Македонија, исто така ќе има и фришоп, како и продавници со бројни познати брендови. Истиот е лоциран во близина на Скај Хотел во Гевгелија во непосредна близина на граничниот премин Богородица на самиот автопат. Како ...

По угинување на една гуска лоцирана во езерцето во Зоолошка градина Скопје и поставен сомнеж за болеста Авијарна инфлуенца ( Птичји грип), по лабораториско тестирање на угинатата птица, со лабораториски резултат од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, од 18.10.2024 година, потврден случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на Птичји грип H5N1, се вели во соопштението на Агенција за храна и ветеринарство. „ Во текот на ...

Со силен аплауз, многу емоции, солзи и смеа, во носталгичен и топол амбиент, вчеравечер (18 октомври) во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, македонската книжевна и културна фела му оддаде почит на академик Влада Урошевиќ, во чест на неговиот 90. роденден. На старовремската книжевна вечер, со наслов „Вистинита, но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ, за факултетот покрај Вардар и за четирите студенти“, за неговото дело, за влијанието, за ...

Скопската зоолошка градина од утринава е затворена, неофицијално поради сомнение за постоење на птичји грип. На влезот има и соопштение за затворањето поради како што е наведено „техничко оперативни работи“. Поранешниот директор Ѓорги Галетновски на својот фејсбук-профил информираше дека посетителите биле евакуирани, а инспектори се веќе влезени. „Ги замолувам посетителите и колегите сите што ја посетиле деновиве да се проверат,“ напиша ...

Со голема тага, планинарите и оние кои беа сведоци како планинарскиот дом Папрадиште се „крена од мртвите“ и стана едно безбедно и мирно катче за почитувачите на планината и природата, ја примија веста дека од ноември овој дом повеќе нема да постои. Македонија и онака кубури со планинарски домови, па се затвораат и оние кои беа „воскреснати“, кои домаќински се работеа и од ништо, беа создадени во едно големо нешто. Да ја раскажуваат приказната ...

Општина Сарај не доби финансиска подршка од повикот на владата, иако аплицираше регуларно и навремено во надлежните институции, инфомираа од оваа општина. „Главен одговорен за тоа е Министерството за екологија и животна средина предводена од Изет Меџити, која и после 4 месеци и пуштени две ургенции од страна на општината, го блокираше и не даде согласност на проектот за патот во село Ласкарци. Поточно, ресорното министерството според ...

Министерот за локална самоуправа Златко Перински коментирајќи ги најавите на четирите општини Тетово, Гостивар, Желино и Чаир дека ќе го финансираат работењето на здружението Албанска академија на науките и уметностите, вели дека нема законска можност за такво нешто. „Во суштина тоа е строго опишано во Законот за локална смаоуправа во членот 11 кој вели дека приходите на локалните самоуправи треба да се трошат исклучиво за надлежностите кои се ...

Моден Викенд Скопје се враќа со својата 29. сезона во полн сјај, подготвен да ја редефинира модната сцена. Под мотото „Fashion Forever“, од 25 до 28 октомври, Културниот Центар Лабораториум во Скопје ќе биде домаќин на најзначајниот моден настан во регионот, кој ќе ја истакне бескрајната моќ на модата како културна и економска сила. Ова издание ќе биде фокусирано на иновациите и одржливоста – теми кои ја обликуваат иднината на модната ...

Штетата од пожарите кои беснееа во Македонија во јули, август и септември е проценета на пет милијарди денари, изјави Кире Михаилов, заменик генералниот директор на Национални шуми за „Топ тема“ на ТВ Телма. Тој кажа дека во тој период имало 2.000 пожари, а штетата изразена во пари според него е минорна во однос на симбиозата на растенија, микроорганизми, животински и растителен свет. -Некои шуми беа и над 100 години, некои 50-тина, изгореа ...

Градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, кадар на опозициската ДУИ, заработи кривична пријава од ОВР Струга, поради незаконско именување на директорка на училиште во Струга, која не ги исполнувала условите. Мерко, кој се наоѓа на т.н. црна листа на САД, според ОВР Струга, на 17.01.2022 година, во својство на градоначалник на Струга, спротивно на законските прописи, донел решение за избор и именување на в.д. директор на училиште во Струга. -Тоа, го ...

Во првите девет месеци од годинава Интерпромет АД Тетово остварил приходи од 9.381 илјади денари, информира Друштвото преку Македонската берза. Истите се за 72.643 илјади денари помали од приходите во истиот период од минатата 2023 година, кога тие изнесувале 82.024 илјади денари. -Ова намалување се должи поради Договорот за купопродажба на 20.06.2023 година, поради што има намалување на капиталот т.е објекти кои сме ги издавале под закуп. ...

Од ОКТА АД Скопје преку Македонската берза информираа дека ЕЛ.П.ЕТ. – Балканики аноними етериа петрелеу, мнозинскиот сопственик на компанијата, ја зголемил својата сопственост за 3.208 акции, достигнувајќи вкупно 723.638 акции, што преставува 85.5% од вкупниот број на акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ “Балканики аноними етериа петрелеу“ купи нови акции на ОКТА “Балканики аноними етериа петрелеу“ купи 1.422 акции на ОКТА “Балканики аноними етериа петрелеу“ ...

Премиерот Христијан Мицкоски ѝ порача на бугарската потпретседателка Илијана Јотова, наместо тие да ни даваат совети за почитување на човекови права, Бугарија да ги почитува правата на македонската заедница. „Имаме 14 пресуди за македoнската заедница во Бугарија. Ги повикувам истите овие кои што нас ни даваат совети, да ги советуваат и бугарските власти, да ѝ дозволат на македонската заедница барем да се организира во невладини организации. Не ...

Околу случајот со смртта на 14-месечното бебе, директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди донесе решение за времено отстранување на двајца здравствени работници – доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка, согласно член 192 став 2 од Законот за здравствена заштита, до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка, информираа од Детската клиника. „Врз ...

Двајца од петте обвинети за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, Велибор Манев и Боре Видевски и посочиле на полицијата за вмешаноста на таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски, рече на денешното рочиште Дејан Димовски, началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, сведок на Јавното обвинителство. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Таткото на Вања по нејзиното исчезнување се ...

На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, сведокот на Јавното обвинителство, Дејан Димовски, началник на единицата за насилен криминал при СВР Скопје, меѓудругото рече таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, еден од обвинитетите, по нејзиното исчезнување се движел кон Александар Палас и Качанички пат. Неговото движење како што посочи било анализирано преку ...

Во чест на смелата синергија со 43-от Скопски џез фестивал, на денот на отворањето беше изложен Defender 110, наменски избран за оваа пригода, подготвен да го „зграпчи невозможното“ и да одговори на сензибилитетот на посетителите. Жесток, мускулест, црн со големи сјајни тркала, како контратежа на бруталистичките линии на објектот, Defender во живо креира неповторливо искуство. Во внатрешноста со темна премиум кожа, со панорамски покрив, и ...

По неколку успешни аквизиции во Албанија и Црна Гора, 4iG Group започна со подготовки за влез на пазарот во Северна Македонија, со основање на подружница „ONE Macedonia Telecommunications“. Со одлука на Одборот на Групацијата донесена минатиот петок, новата компанија ќе биде основана од Antenna Hungária Zrt., дел од 4iG Group, под којашто е телекомуникациското портфолио на инфо-комуникациската групација во Унгарија и во Западен Балкан. ...

Дејан Димовски, началник на единицата за насилен криминал во СВР Скопје на денешното рочиште за судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, меѓудругото во судницата сподели и детали за тоа како било пронајдено нејзиното тело до кое ги однел еден од обвинетите Влатко Кешишев. „Почнавме да копаме и осетивме дека е ровка земјата и дека пропаѓа. Кешишев не сакаше ниту да гледа, се сврте со ...

Во DoubleTree by Hilton Skopje, синоќа се случи нешто навистина посебно! Еуцерин го претстави својот револуционерен Hyaluron-filler epigenetic серум пред некои од најдобрите доктори и фармацевти, и тоа со стил. Тема на настанот беше Епигенетиката, науката која ги „вклучува“ гените на младоста во кожата. Беше истакнато како секојдневниот живот влијае на нашите гени и како овој серум може да помогне да се врати свежината и младоста на кожата. ...

Полицијата изгубила два дена во проверка на момче од Шведска, кое на профилот имало знамиња на Исламската држава (ИСИС), со кое комуницирала убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје, откри на денешното рочиште Дејан Димовски, началник на единицата за насилен криминал во СВР Скопје. Тој посочи дека полицијата работела на различни теории, сугерирани од родителите на Вања, а во случајот со момчето не нашле никаква поврзаност со нејзиното ...

Бугарија не им дозволува на Македонците кои што живеат таму да ја одбележат годишнината од Кресненското востание. Од Македонскиот клуб за етничка толеранција информираа дека, како и изминативе години, поднеле известување до Општина Кресна за полагање цвеќе пред споменикот на Димитар Поп Георгиев Беровски, но добиле одговор дека на 20. октомври, датумот на настанот, општината имала планирано други активности. Кресненското востание, кое започнало ...

Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. На денешното рочиште повторно ќе сведочат сведоци на Јавното обвинителство. На последното сведочеа поранешен началник на СВР Велес и поранешен помошник началник на СВР Скопје. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Обвинетиот Влатко Кешишев ја однел полицијата до местото каде била закопана Вања Оружјето ...

Македонија според извештајот на Светска банка (СБ) годинава ќе биде со најмал економски раст на Западен Балкан. Според СБ, Македонија ќе ја заврши годинава со раст од само 1,8 отсто наместо проектираните 2,5 отсто напролет. Според прогнозите на СБ инфлацијата во периодот кој следи ќе се намалува и во 2026 година ќе биде 2%. Светска банка предвидува дека заедничкиот економски раст на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и ...

Фирмите ќерки на државното акционерско друштво ЕСМ Скопје, ЕСМ Снабдување со топлина, ЕСМ Топлификација Битола и Енергетика добија нови директори. Марјан Милошевски, дипломиран машински инженер, е нов директор на подружница Енергетика. Нов директор на ЕСМ Снабдување со топлина е Али Исмаиљ, дипломиран инженер по компјутерски науки. Со ЕСМ Топлификација Битола пак ќе раководи Александар Мирчевски, кој е електроинженер. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Нови ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
9.77
43%
1011
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
6.17
56%
1011
weather icon

Загреб

26ᴼ / 23ᴼ
4.12
40%
1014
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
7.72
48%
1012
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.23
39%
1011
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
56%
1015
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
3.58
62%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1012
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
28%
1011
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
35%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
5.66
49%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
6.69
49%
1013
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52