Синоќа во скопски Центар е приведено 20-годишно момче кое се обидело да го запали албанското знаме Како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) момчето било затекнато при обид со запалка да запали знаме. Знамето и запалката биле одземени, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР. Основното јавно обвинителство побара притвор за ...

Од Основното јавно обвинителство информираа дека државниот обвинител Љупчо Коцевски иницирал диспиплинска одговорност за шефот на Вишото скопско обвинителство, Мустафа Хајрулахи, кој од претходно е веќе суспендиран, и за вишиот обвинител Јован Цветановски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кривична за јавниот обвинител Хајрулахи за малтретирање и негова суспензија од функцијата Како што информираа од Обвинителството, во четири предмети Цветановски се откажал од ...

Пратеничката група на Европскиот фронт, предводен од опозициската ДУИ, денеска поднесе интерпелации за првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и неговиот заменик, Астрит Исени. Од таму побараа и на наредната седница на дневен ред во Собранието да биде ставена информација за безбедносната состојба во земјата. ...

Пред нас е најубавиот период од годината – празнувањето на новогодишните празници, а со него и трошоците за празничните задоволства со кои ќе направиме новогодишната магија силно да блесне, како за нас, така и за нашите најсакани. НЛБ, како Банка која постојано се прилагодува на потребите и барањата на клиентите, воведува празнична понуда за потрошувачки кредити со промотивна каматна стапка од само 5,3% и рок на отплата до 95 месеци, ...

„Бумеранг“ е повеќе од музика – таа е симбол на љубовта, сеќавањата и кругот на животот кој секогаш ни се враќа, а со својата емотивна длабочина и инспиративна порака го одбележува крајот на старата и почетокот на новата година. Компонирана за само неколку часа од мајсторот Лазар Цветковски и самата Викторија Лоба, „Бумеранг“ го спојува нејзиниот талент со моќен текст што таа лично го напиша. „Бумеранг“ е композиција која ја чувствувам како дел ...

Изминатиов викенд Солун конечно доби метро, откако беше пуштена првата линија со 13 станици. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Солун доби метро Поради бирократски и финансиски причини, но и поради бројните археолошки пронајдоци, истото се градеше 22 години. Во тек и изградба на втората линија, која ќе вози до Каламарија, а до 2040 година се планира поврзување и со западните и северните делови на градот. Интересно е дека картата за метрото за возење од 70 ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) објави оглас за вработување на 101 лице. Се бараат 48 приправници, со или без работно искуство, со високо образование VII/1 степен (четиригодишни студии) или најмалку 180 кредити според ЕКТС во областа, како и 53 приправници, со или без работно искуство, со завршено четиригодишно средно образование или завршено четиригодишно средно образование во областа. Сите детали за огласот ОВДЕ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ...

Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот Скопски пазар, акционерско друштво за услуги во прометот и трговијата увоз-извоз Скопје, купил дополнителни 33.000 обични акции и сега поседува 78.230 односно 17,30% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист. Со оваа Скопски пазар е на чекор да стане најголем акционер во Друштвото. Моментално тоа е Доне Таневски, кој поседува 17,72 проценти од ...

Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот Отворен задолжителен пезиски фонд Сава пензиски фонд, продал 39.789 акции, односно 8,80% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист и сега не поседува акции во Друштвото. Периодов акцијата на Македонијатурист е во фокус поради големиот интерес за нејзе, а Друштвото во неколку наврати ја промени акционерската структура. Македонијатурист е сопственик ...

Невремето кое ја зафати Грција изминитиве денови зеде три човечки животи. Вчера беше пронајден починат маж на Халкидики, откако неговото возило се превртело поради лизгање на земјиштето и слетало во канал, а претходно уште две лица го загубија животот за време на викендот на островот Лемнос во северниот дел на Егејското Море. Невремето предизвика големи штети во Солун, каде беа откорнати и дрвја, како и на Халкидики, особено на кракот Ситонија, ...

Од НЛБ Банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека нов претседател на Надзорниот одбор (НО) на Банката е Словенката Хедвика Усеник. Таа доаѓа на местото на Блаж Бродњак. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Блаж Бродњак не е повеќе претседател на НО на НЛБ Банка Мандатот на Усеник како член на НО ќе трае до 30.08.2025 година, а ќе стапи на сила по добивање на согласност од гувернерката на Народната Банка. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Иднината на платежните решенија е ...

Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), во државна сопственост, Скопје, склучи договор за ремонтни активности во ТЕ за 2024 година – услуга за специјализирана работна рака во РЕК Битола, со друштвото за производство, промет и услуги Агроиндустрија-агис ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. Договорот е во вредност од 83.390.010 денари или 1.355.935 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ЕСМ склучи договор со „Графо ...

Државната корупција за спречување на корупција (ДКСК) констатираше судир на интереси кај поранешен медицински директор на здравствена установа, бидејќи, како што информираа денеска од таму, имал удел во вработувањето на неговата снаа со договор на дело. Тој за време на извршувањето на функцијата, не побарал да биде изземен кога се вработувала снаата за син. – На таков начин, таа била вработена во јавната здравствена установа, а тогашниот в.д. ...

Цената на струјата од јануари нема да поскапи повеќе од 1%, информираше денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимоски. Според него кај домаќинствата и кај најголем дел од малите потрошувачи, ќе има намалување на мрежарината, вклучувајќи го преносот и дистрибуцијата, за 7%. Претходно мрежарината за домаќинствата изнесуваше 2,3 денари, а сега е 2,14 ...

Цените на бензинот Еуросупер БС-95, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од вечерва на полноќ се намалуваат за 1 денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ). Цената на бензинот Еуросупер БС-98 пак се намалува за 0,50 денари за литар, а на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,521 денари за кулограм. Со ...

Во Мавровскиот регион се уште има заглавени луѓе во снегот, кои чекаат на расчистување на патиштата. „Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека состојбата после вчерашните и денешни врнежи од дожд и снег во поголемиот дел од Северозападниот регион е редовна и сообраќајот се одвива нормално. Снабдувањето со електрична енергија е редовно и нивото на водотеците е на нормално ниво за овој период од годината. Проблеми има на високопланинските села каде ...

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, на која мандатот ѝ истекува задутре, денеска си поднесе оставка од функцијата. Таа ќе остане член на Советот, додека ѝ трае мандатот. Оставката, како што соопшти самата, ја дала поради притисок од политичари од власта, кои правеле обиди да го нарушат нејзиниот личен интегритет, но и за да го заштити семејството. -Политичарите, претседателот на Владата, изразуваат критики за Судскиот совет, ...

Родителите од Општина Кисела Вода утре (3 декември) со почеток од 18 часот ќе имаат можност да разговараат и подетално да се запознаат со проблемот со врсничкото насилство. Работилницата организирана од „Макпетрол“ ќе се одржи во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“. Ова е шестта едукативна средба наменета за родители во рамки на општествено одговорната кампања „Крени глас – Стоп за булинг“. Водител на настанот ќе биде популарниот актер Сашко ...

Синоќа во Куманово е опожарена канцеларија на советникот во Советот на Општина Куманово, Фитор Јакупи, кадар на опозициската ДУИ. Информацијата на Фејсбук ја сподели самиот Јакупи. „Ве известувам дека денеска во раните утрински часови околу 3.05 часот од црна рака на непознати лица мојата приватна канцеларија во Куманово беше опожарена“, напиша Јакупи. Тој повика на брза реакција од надлежните органи. Од Јавното обвинителство денеска информираа ...

Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, си го помилува синот Хантер Бајден, кој чекаше казна за нелегално поседување оружје и затајување на данок. Во помилувањето, како што пренесуваат американските медиуми, се наведува дека Бајден му дал целосно и безусловно помилување на Хантер Бајден за какви било прекршоци помеѓу 1 јануари 2014 година и 1. декември оваа година. Синот на Бајден во септември се изјасни за виновен за затајување на ...

Во раните утрински часови денеска било опожарено возилото на заменик-јавниот обвинител Џелал Бајрами од Куманово. Самиот тој ја потврди информацијата за 360 степени, а возилото му било опожарено пред објектот каде што живее. Тој како што вели не знае кој би можел да го направи тоа. „Не би сакал да коментирам повеќе од ова. Не се сомневам во никого. Да оставиме органите да го истражат случајот“, вели Бајрами. Од Јавното обвинителство денеска ...

Ова лето, македонската публика ќе биде сведок на историски музички момент! Светската поп и Р’н’Б суперѕвезда и еден од најголемите артисти на нашето време, Џејсон Деруло, за првпат ќе настапи кај нас – и тоа на 2. август, под отворено небо на „Билјанини извори“ во Охрид. Ова не е само концерт – ова е настан кој ќе го запише Охрид во листата на градови кои биле домаќини на една од најголемите музички икони на светот. Еден артист од ваков калибар, ...

Народната банка ги информира граѓаните да бидат внимателни поради зачестената појава на лажни профили, апликации и лица кои, електронски или преку телефонско јавување, се претставуваат како дел од реномирани компании коишто нудат некаков вид помош, посредување, па дури и парични награди, а притоа бараат лични податоци и уплата на средства. „Народната банка апелира до граѓаните да не откриваат лични податоци, ниту, пак, да преземаат активности на ...

Малиќи груп во соработка со Здружението на граѓани Green and rural, веќе втора година по ред реализира тим билдинг во природа за вработените. Ваквиот тип на активности надвор од канцеларија има голем бенефит за вработените. „Работните обврски на секој од нас налагаат најголем дел од времето да го минуваме на работа. Од таа причина навистина е важно какво е нашето работно опкружување и какви ни се контактите и односот со колегите. Ваквиот вид на ...

На големиот концерт „Македонијо во срце те носиме“ закажан на 7 декември во Филхармонија ќе биде отпеана уште една песна од опусот на легендарниот Гоце Николовски. „Имено, по „Има една земја сонце што ја грее“ публиката во сабота премиерно ќе има можност да ја чуе и „Како пиреј“. Оваа моќна композиција што Николовски ја отпеа во далечната 1994 година на Фолк фест Валандово, пред публиката во Филхармонија, а во придружба на симфониски оркестар ќе ...

По минатогодишните успешно организирани настани со наслов: „Живот и работа во Словенија“, Заводот за вработување на Република Словенија, во првата недела од декември ќе организира уште три слични настани, на кои словенечките работодавачи ќе имаат можност да се поврзат со барателите на работа од цела Македонија. На настаните оваа година ќе присуствуваат 22 реномирани словенечки работодавачи од различни делови на Словенија, кои вработуваат вкупно ...

Шеваљ Муареми, водачот на криминалната група Дуќанџик/Грчец, кој неколку месеци е во бегство во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, за емисијата КОД на телевизијата Телма ги негира обвинувањата за трговија со дрога и убиства. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Шеваљ Муареми за кога е побарана екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати Во неговата прва изјава за македонски медиум, тој вели дека нема докази за тие обвинувања и дека во Дубаи работел во ...

РЦУК – Тетово, известува дека по извршените контакти со одговорните лица од ЕЛС, Полициските станици и од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта добиена е информација дека во поголемиот дел од Северозападниот регион, Тетово и Гостивар, состојбата со локалните и регионалните патни правци е редовна. „Во Тетовскиот реон, на повисоките населени места по коловозите има остатоци од снег кои го отежнуваат сообраќајот и за ...

Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти при ОСОСК на МВР, во соработка со надлежен јавен обвинител и истражители од Истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчеравечер (30.11.) реализираа случај во којшто од слобода се лишени четири лица. „Имено, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела – „Посредување при вршење на проституција“ и „Перење пари и други ...

Длабоко сум разочарана и вознемирена од одлуката на раководството и наставниците во ОУ „7 Март“ во Челопек да организираат, но и од одобрувањето на родителите на учениците, нивните деца да учествуваат во училишна приредба на која облечени во униформи со амблеми на неформални воени групации од минатото, парадираат со пушки во рацете, напиша министерката за образование Весна Јаневска на Фејсбук. „Патем, родителите и ракоплескаа на сето тоа. ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
53%
1010
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
84%
1007
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
94%
1005
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
53%
1009
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
37%
1005
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
95%
1007
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
0.64
54%
1011
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
0.0
69%
1011
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
7.72
83%
1011
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 22ᴼ
3.6
45%
1007
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
2.57
91%
1006
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
64%
1011
Currency

61.535

Currency

53.0261

Currency

71.1017

Currency

34.0504

Currency

38.1249

Currency

65.5971

Currency

7.38523

Currency

0.65825

Currency

0.35734

Currency

0.52534

Currency

1.293

Currency

0.60748