
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Германската компанија Лидл планира маркет и во Струмица. Штипската телевизија ТВ Стар објави дека компанијата таму разгледува локации во индустриската зона. Во Штип пак според телевизијата веќе е постигнат купопродажен договор за дел од моменталната автобуска станица, каде Лидл го планира едниот од двата маркети во Штип. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Лидл ќе има два маркети во Штип Како што пишуваше изминатиов период еМагазин, Лидл гради маркети во ...
Одлуката на Владата да не додели средства за проектите за кои аплицираше градот Скопје уште еднаш ја потврдува секташката ментална состојба на владата предводена од Христијан Мицкоски. Со оваа одлука докажа дека неговата суета е поважна од било која потреба на граѓаните, а со неистомислениците се пресметува со сегрегација и политички прогон, докажувајќи дека нема никаков демократски ни лидерски капацитет, велат од Град Скопје. „Спротивно на ...
Владата потврди 270 проекти во општините во кои ќе се вложат 4 милијарди денари, а не поминаа проектите на Општина Струмица, Теарце, Сарај, Град Скопје. Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Град Скопје се одбиени бидејќи конкурирале со проекти ко ишто се некомплетни. „Бараат автобуси, бараат средства кои се за одржување на хигиена на улиците, а истовремено имаат отприлика од Владата веќе пренесени околу 10 милиони евра, 600 милиони денари ...
Советот на Општина Велес донесе одлука утрешниот ден (18 октомври) да биде прогласен за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје-Велес. Од општината информираа дека знамињата ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации закажани за утре се одложуваат, а угостителските објекти кои се на територијата на општината ќе емитуваат сериозна ...
И по две децении, патничкото осигурување останува актуелна тема. Денес, сè повеќе патници разбираат дека ова осигурување е клучна заштита. Наместо да го гледаат како непотребен трошок, многу луѓе сега го набавуваат преку интернет, што дополнително го олеснува процесот. За многу патници од Македонија, патничкото осигурување можеби некогаш изгледало како непотребен трошок. Меѓутоа, денешната реалност покажува дека тоа е важна инвестиција која нуди ...
Со настап на големата балканска ѕвезда Саша Ковачевиќ, Diamond Mall ќе прослави една година од своето постоење. Централниот настан ќе се одржи на 19 октомври 2024 година, а покрај Саша Ковачевиќ, публиката ќе ја забавуваат и Поп арт бенд, додека своја точка ќе има и Маријана Станојковска, која воедно е и водителка на настанот. Настанот ќе се одржи во познатата Гурманска авенија (Gourmet Avenue) на Diamond Mall, каде што посетителите можат да ...
Како што веќе објави неодамна еМагазин, македонскиот малопродажен ланец Стокомак влегува на српскиот пазар. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Македонски Стокомак влегува на српскиот пазар За спецјализираниот српски портал retailserbia.com, извршниот директор на Стокомак, Зоран Младеновиќ, изјави дека првите маркети македонскиот ланец ќе ги отвори во првиот квартал следната година. Тој открива и дека ланецот е во преговори за поголем број на локации, но не открива ...
На 31-годишна возраст почина Лијам Пејн, поранешниот член на британската поп група „Уан дајрекшн“. Тој починал во Аргентина откако во Буенос Аирес паднал од третиот кат на хотел каде што престојувал. Според аргентинската полиција, полицајците првично реагирале на пријава за „агресивен маж кој можеби бил под дејство на алкохол или дрога“. Кога пристигнале во хотелот, им било кажано дека се слушнал гласен звук во внатрешниот двор на хотелот, каде ...
Република Северна Македонија за прв пат ќе биде домаќин на Генерално Собрание на меѓународната унија на професионални водичи во планина – UIMLA (Union of International Mountain Leaders Associations, www.uimla.org ) кое што преставува највисок управувачки орган на унијата. Во рамки на Генералното Собрание ќе се одржуваат сесии на управувачките и стручните тела на UIMLA, од 29 октомври до 4 ноември. Важен дел од настанот се стручните тематски ...
Починатите во сообраќајката која се случи вчера пред тунелот кај Катланово се на возраст од 37,47 и 66 години. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Тројца загинати и петмина повредени во тешка сообраќајна несреќа, пред тунелот кај Катланово Станува збор за лицата А.Н., Ј.А. и Д.Ц., сите од Велес. Тие починале на местото на несреќата. Сообраќајката се случила откако патничко возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Д. (32) од Велес, ...
Од вчера цигарите на Империал тобако ТКС АД Скопје, Родео, Вест, Жаде, Давидоф… се продаваат со нова цена, повисока за 10 денари. Деновиве се очекува да поскапат и цигарите на другите производители. Поскапувањето е согласно Законот за акцизите, кој беше донесен во октомври 2023 година, кој предвидува овие покачувања да се случуваат на 1. јануари секоја година, со што Владата очекува дополнителни 13 милиони евра годишно во државната каса по овој ...
Општините Струмица, Теарце, Сарај и Град Скопје не добија пари од унгарскиот кредит. Од 500. милиони евра за кои се задолжи Македонија од Унгарија, половината се предвидени за проекти на општините, а другите за фирмите. Владата вчера одобри средства за 274 проекти во 77 општини, со вкупна вредност од 4.026.636.382 денари. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Македонија го потпиша договорот за заем на 500 милиони евра од унгарската Експорт-импорт банка Заемот за ...
Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската Унија (ЕУ) соопшти дека Македонија и Бугарија на состанок на високо ниво вчера во Брисел се договориле заеднички да продолжат со изградбата на железничката пруга на Коридорот 8. Двете земји се согласиле да одржат редовен дијалог на високо ниво и да формираат заедничка работна група за Коридорот 8. „Дополнително, соодветните министерства ќе работат на изнаоѓање ...
Три лица загинаа, а петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа која денеска се случила на автопат Скопје – Велес, пред тунелот кај Катланово. „Во 17.45 часот е пријавено дека на автопат Скопје – Велес, пред тунелот, се превртело комбе. Досега е констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош. На лице место се упатени полициски екипи и јавен обвинител,“ информираа од Министерството за внатрешни работи. ...
Тетовската градежна компанија Изо Стоне ДООЕЛ влезе во Македонијатурист АД Скопје. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Тетовската „Изо Стоне“ влезе во “Македонијатурист“ Таа сега поседува 29.942 односно 6,62% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист.. Освен Изо Стоне, други акционери кои поседуваат над 5% од акциите во Македонијатурист се Доне Таневски, кој поседува 23,40%, „Сава пензиски фонд“, кој поседува 8,80%, „Македонијатурист“, кој поседува ...
Судскиот совет попладнево го разреши судијата и поранешен претседател на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев. Одговорност од Нанев се бараше откако во јавноста излезе информацијата дека тој остварил 95 телефонски контакти со обвинет во предмет кој самиот го водел. За него се водеше и уште една постапка пред Судскиот совет. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Каков имот пријавил судијата Лазар Нанев, кој имал 95 телефонски повици со обвинет во предмет кој го ...
Во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик. Од нив, за двајца надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до Основниот кривичен ...
20-годишен македонски државјанин предводел група за поддршка на терористичката организација Исламска држава (ИСИС), пишува австриски „Die Pressе“. Момчето веќе издржувало петгодишна затворска казна, по неговото ослободување во ноември минатата година, 20-годишникот повторно бил активен, регрутирајќи луѓе за ИСИС и поддржувајќи го нападот на Хамас врз Израел. Групата регрутирала осум тинејџери на возраст од 13 до 15 години за да им се приклучат ...
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, под раководство на предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, вчера во попладневните и вечерните часови спроведоа голема полициска акција под кодно име „Премин“. -Акцијата е резултат на повеќемесечна ...
Обвинетиот Велибор Манев ја однел полицијата до местото Кула, каде бил закопан убиениот 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, кажа на денешното рочиште поранешниот началник на СВР Велес, Ристе Самарџиев. Тој рече дека колеги од Скопје им јавиле дека Манев е осомничен и дека треба да се уапси. – Колеги го уапсија. Колеги од Скопје го обавуваа разговорот со него, јас само слушав. Манев ни го посочи местото каде е закопан Панче. Призна дека се ...
Обвинетиот Влатко Кешишев ја однел полицијата до местото каде што била закопана 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, кажа на денешното рочиште Музафер Каришиќ, сведок на Јавното обвинителство, кој кога почнала истрагата бил помошник на началникот на СВР за криминалистички работи. Како што е познато таа беше пронајдена кај местото Бразда, а Кешишев најпрво им го покажал запалениот автомобил на убиениот Панче Жежовски од Велес, а на неколку ...
Од денеска до сабота во Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се одржи 13. издание на најстариот пивски фестивал, Пиволенд. На посетителите ќе им се понудат повеќе од 30 разновидни брендови на пива, повеќе од 100 видови индустриско и занаетчиско пиво, вкусни деликатеси, а ќе настапат и повеќе од 40 музичари. На главната сцена ќе настапат Бадминтонс, Морал, Паркети, Викеда, Д Далтонс, Пичвајз, Занаду, Деменси, Гуру Харе Бенд, Диџеј Славе, Бело ...
Имплементацијата на сите главни научни иновации, како што се алтернативите без чад, меѓу другото, бара време, а најголемиот предизвик за земјите е усвојувањето законски прописи. Затоа е важно да ја слушаме науката и законодавството да ги следи иновациите со исто темпо, бидејќи во спротивно времето потрошено станува – потрошено време, рече извршниот директор на Филип Морис Интернешнал Јацек Олчак, на овогодинешната конференција Technovation, која ...
Првообвинетиот за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски Палчо ќе има уште еден адвокат. Освен Марјан Витановски, кој по претходното рочиште изјави дека неговиот клиент не е виновен, ќе го брани и адвокатот Јовица Страшевски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Нема докази дека Љупчо Палевски е виновен, вели неговиот адвокат Витановски Палевски на стартот на судењето рече дека е невин, ...
Денеска во Кривичниот суд Скопје продолжи судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Музафер Каришиќ, сведок на Јавното обвинителство, кој кога почнала истрагата бил помошник на началникот на СВР за криминалистички работи, меѓудругото кажа дека пиштолот со кој е убиена Вања се уште не е најден. Карашиќ, кој учестувал во истрагата кажа и дека извесен Гоце, пријател на ...
Денеска во Кривичниот суд Скопје продолжи судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Прв сведочеше помошник на началникот на СВР за криминалистички работи, Музафер Каришиќ, сведок на Јавното обвинителство, кое почна со презентирање на своите докази. Тој меѓудруго кажа дека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, еден од петте обвинети давал конфузни изјави и се однесувал ...
На неодамнешното Светско карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција, Италија, Стефан Стојановиќ (+84 кг), освои бронзен медал. За него синоќа беше организиран специјален пречек со сите почести во матичниот клуб „Макпетрол“. На собирот присуствуваа сите другари од клубот предводени од стратегот на „Макпетрол“, Бошко Заборски кој не го криеше задоволството од успехот на Стефан, како и тренерот Петар Заборски, кој се рехабилитира од ...
Тајните на јапонската кујна и егзотичните вкусови на Далечниот исток, ќе бидат претставени на Јапонска вечер, што ќе се одржи во Limak Skopje Luxury Hotel на 25 октомври годинава. Земјата која се одликува со големи контрасти, специфична култура, уникатна природа и богата традиција, овој пат беше инспирација за организација на една од познатите вечери на Limak Skopje Luxury Hotel. Од изобилството гастрономски задоволства што ги нуди јапонската ...
Гевгелија Мол ќе се отвори во 2025 година со најголемото Џамбо во Македонија, од 10.000 м2 на 4 нивоа, фришоп од 1.000 м2 и бројни познати брендови за сите генерации. Џамбо (Jumbo) во склоп на молот ќе биде распространето на 3.500 м2. Од сопственичката структура најавуваат дека отворањето е проектирано да се реализира идното лето. Гевгелија Мол ќе биде лоциран во близина на Скај Хотел во Гевгелија во непосредна близина на граничниот премин ...
Нашиот најуспешен шаховски клуб и еден од најуспешните спортски клубови во историјата на македонскиот спорт е подготвен да ги одмери силите на овогодинешниот Европски клупски куп со други ривали за нова европска шампионска титула! Во клупската историја со гордост остануваат забележани исклучително успешните настапи на Европскиот клупски куп – во 2016 година ШК Алкалоид ја понесе титулата Eвропски шампион и тоа токму во годината кога клубот ...