
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Рокот за автопатот Кичево-Охрид, кој се гради повеќе од 10 години, повторно може да се одложи, најави заменик директорот на Јавното претпријатие Државни патишта, Назим Таипи. „Работите треба да завршат до 2026 година, но поради некои проблеми како свлечишта, прашањето за некои обештетувања, работите може да се одложат“, изјави Таипи за емисијата „Daily Click“ на ТВ21. Тој најави и дека следниот месец треба бидат пуштени 2 километри од патот ...
Современ дом АД Прилеп во првите девет месеци од годинава остварил добивка од 12.123 илјади денари и споредбено со истиот период од минатата година истата е намалена за 0,02%, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Во овој период Друштвото остварило вкупни приходи од 76.646 илјади денари, кои се помали за околу 20% во однос на истиот период во 2023 година. Вкупните расходи изнесуваат 64.523 илјади денари и истите се намалени за околу 23% во ...
Скопски пазар АД Скопје за периодот јануари – септември 2024 година остварил добивка од 352.015 илјади денари, што преставува зголемување од 347% во однос на истиот период од минатата година, информираа од таму преку Македонската берза. Остварени вкупни приходи за овој период изнесуваат 550.030 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2023 година бележат зголемување од 110%. Вкупните расходи изнесуваат 198.015 илјади денари ...
Едукативните средби, преку кои родителите имаат можност подобро да се запознаат со булингот, продолжуваат в петок во Општина Аеродром. Во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, на 25 октомври со почеток во 18 часот ќе се одржи работилница во основното училиште „Љубен Лапе“. Ова е трета ваква средба, по општините Центар и Куманово. Работилници со ваква тема изминатава година беа ...
Синоќа е запален автомобилот на Благој Серсемов, новинар и сопственик на локалната телевизија и онлајн медиум, М-нет, од Штип. Возилото било запалено во дворот на неговата семејна куќа. Од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро го осудија вандалскиот чин, посочувајќи дека сторителите ризикувале да нанесат и поголема штета во смисла на изложување на потенцијален ризик по безбедноста на членовите на семејството на Серсемов и на ...
Членот на криминалната скопска група “Барон“, Акиф Бејадин Равманоски од Арачиново или попознат како Акиф Јусуфи, откако пред некој беше помилуван од македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, денеска е уапсен за обид за убиство. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Фото) Помилуваниот член на криминалната група „Барон“ јавно и се заблагодари на Сиљановска Давкова 29-годишниот Равманоски, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), е ...
Известувач од Нојшател, Швајцарија за емагазин.мк, Силвана Жежова На 9 октомври се одржа Technovation, конференција, која Филип Морис Интернешнал (ФМИ) традиционално ја организира во научно-истражувачкиот центар во Нојшател, Швајцарија. Првите луѓе на компанијата од целиот свет, дискутираа во која насока ќе се движи тутунската индустрија во следните 10 години, што е направено во изминатите 20, но најважната порака за денешницата е пушачите да ...
Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен на средбата со премерот Христијан Мицкоски во Владата, уште еднаш го потсети за уставните измени. „Речиси сме таму, треба да поминат уставните промени на кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро. Со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе ...
Градоначалниците на општините Струмица и Карпош, Костадин Костадинов и Стевчо Јакимовски најавија дека ќе ја напуштат Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). „Општина Струмица од денеска се откажува од членството во Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а градоначалникот Костадин Костадинов ќе поднесе оставка на функцијата член на Управниот одбор. Напуштањето на ЗЕЛС е во знак на револт заради индиферентниот однос ...
На 1 ноември 2024 година, во 19 часот, Националната опера и балет во Скопје ќе биде домаќин на изложбата „Carra,“ новото дело на уметникот Бојан Ковски. Оваа изложба, инспирирана од незаборавната италијанска икона Рафаела Кара, ја претвора телесната уметност во живописен омаж на нејзината уметност и енергија. Но, ова не е обична изложба. „Carra“ е експлозија на движења, бои и форми, каде телото станува платно, а секој потег – песна што не се ...
Атлантик Група во првите девет месеци од 2024 година оствари приходи од продажба во износ од 798,5 милиони евра, што во споредба со истиот период минатата година претставува раст од 10,6%. Добивката пред камата, данок и амортизација (EBITDA) порасна за 33,1% на 97,3 милиони евра, додека нето добивката порасна за 22,3% и изнесува 44,7 милиони евра. „Атлантик Група“ во првите девет месеци од 2024 година продолжува со одличите резултати. Како ...
Во агендата на моделите помеѓу другите работи стојат и датуми каде мора во точно време да се појават па дури и да се претходно на другата страна на светот. „Тоа се случи со нашиот интернационален модел Џоја како што милуваат да ја ословуваат во светските модни центри. Додека престојуваше и работеше во Париз и стигна итен мејл дека мора да се појави во Рим за да ја изработи кампањата на брендот Мона за претстојната сезона. Снимањето и ...
Листата на помилувани осудени лица од страна на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, за 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, продолжува да ја бранува јавноста. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој сѐ помилува претседателката Сиљановска Давкова На истата освен член на криминалната скопска група „Барон“, што предизвика најголемо внимание и реакции, се најде и Живко Делиџаков од селото Богородица, кој доби скратување на ...
Државното акционерско друштво Аеродроми на Македонија доби нов Надзорен одбор (НО), информираа од таму преку Македонската берза. За нови членови на НО се избрани Бејтула Демири, независен член, Берат Даути, независен член, Ангела Нушева, Мартин Корубин и Целе Најдески. Разрешени се Зејнел Куч, Хатиџе Топали, Кирил Петров и Мухарем Имеровски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ М-НАВ доби нов претседател на Надзорниот одбор М-НАВ доби нов Управен одбор и директори ...
Македонската преседателка Гордана Сиљановска Давкова, која за за 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба го помилува Акиф Бејадин Равманоски од селото Арачиново, член на скопската криминална група “Барон“, познат и како Акиф Јусуфи, на Инстаграм доби јавна благодарност од него. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој сѐ помилува претседателката Сиљановска Давкова Со одлуката на претседателката затворската казна на Равманоски е заменета со условна ...
Исчезнатиот 60-годишен стружанец К. М., кој исчезна во реонот на селото Брчево пред три дена, вчера е пронајден мртов. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Потрага по стружанец, два дена се води за исчезнат во реонот на село Брчево Неговото беживотно тело, без траги на насилство, било пронајдено во атарот на струшкото село Глобочица, информираа за државната агенција МИА од СВР Охрид. Неговото тело е дадено на обдукција. Починатиот на 20. октомври излегол од својата ...
Одлуката за помилувања на осудени лица на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, предизвика лавина од реакции во јавноста. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој сѐ помилува претседателката Сиљановска Давкова На истата се најде и член на скопската криминална група „Барон“, Акиф Рваманоски, поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, Шенол Маслани, братот на Шенки Версаче, како и поранешниот ...
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во најновиот извештај за глобалните економски изгледи, на Македонија годинава и предвидува растот на реалниот домашен бруто производ (БДП) од 2,2 отсто, а во наредната од 3,6 отсто. Со овој раст, кој е поотимистички од прогнозата на Светска банка, Македонија годинава останува една од земјите со најнизок раст на БДП од земјите од Западен Балкан. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Македонија годинава со најмал економски раст на ...
Делото на организацијата која ги носи историските свети букви ВМРО е дело кое денеска ни овозможи да имаме самостојна држава и своја самосвест, истакна на одбележувањето на 23 Октомври, премиерот Христијан Мицкоски. „Никулците на македонската национална мисла создадени пред Илинденскиот период, делата и идејата на преродбениците, и енергијата на македонското граѓанство, ефектите од претходните востанија на разни делови на тогашната Македонија, ...
Нова пукање во скопското село Арачиново. Вчера на прагот од неговата куќа е ранет 42-годишниот Ќ.Д. од Арачиново. Тој со повреди од огнено оружје во пределот на десната нога и е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, од каде го пријавиле инцидентот. Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, ранетиот од едно лице бил повикан да излезе пред вратата од неговата куќа, по што лицето пукало кон него. На местото на настанот ...
Во согласност со потребите на своите потрошувачи, „Макпетрол“ постојано работи на подобрување и проширување на својата мрежа на услужни објекти, со цел да го олесни и унапреди снабдувањето со горива, био горива и течен нафтен гас. Целосно обновената бензинска станица на „Макпетрол“ во Гостивар, лоцирана на булеварот ЈНА 310, започна со работа. На оваа локација, потрошувачите имаат пристап до сите видови ULTRA горива на „Макпетрол“, произведени ...
Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека просечната нето-плата во август е 41.097 денари. Според податоци на ДЗС, со месеци нема промена во однос на тоа во кој сектор е највиската просечна нето-плата. Станува збор за секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности и истата за август изнесува 96.574 денари. Следи секторот Научно истражување и развој со 62.421 денари, па Останати стручни, научни и технички дејности – ...
ЈСП Скопје информира дека денеска, поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација (кои ќе работат од 8 до 14 часот) на: Транспортен центар; Ѓорче Петров и Зелен пазар. Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-18 часот, при што од 17-17:30 е последното возење од долу кон ...
На 22 октомври 2024 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето дека најновите услови во економијата овозможуваат да се продолжи со ...
Лавина од реакции во јавноста предизвика одлуката за амнестирање на осудени лица на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за 23 Октомври, денот на македонската револционерна борба. Според истата изречената казна затвор за Акиф Бејадин Равманоски од селото Арачиново е заменета со условна осуда на 1 година и 3 месеци. Равманоски е попознат како Акиф Јусуфи и е член скопската криминална група „Барон“, а бил осуден за недозволено поседување ...
Адинг АД Скопје во првите девет месеци од годинава има добивка пред оданочување од 55.683.000 денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Во споредба со истиот период лани истата е зголемена за 20,9%. Вкупните приходи за овој период изнесуваат 415.638.000 денари и истите бележат раст од 8,6%, а вкупните расходи изнесуваат 359.469.000 денари, и споредено со истиот период минатата година бележат зголемување од 14,3%. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Раст на ...
Од државното акционерско друштво за вршење на дејност давање услуги во воздухопловната навигација, М-НАВ, Скопје, преку Македонската берза информираат за промени во Управниот одбор (УО). Нов член на УО е Владимир Ристески, кој е и извршен директор за воздухопловна навигација, како и претседател на УО. Тој доаѓа на местото на Хекуран Асани. Во УО влегува и Климент Чепуњоски, кој ќе биде и извршен директор за воздухопловна техника. Тој доаѓа на ...
Утре во посета на Македонија е претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, која е на турнеја низ земјите на Западен Балкан. Во Скопје таа ќе има средба со македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, со кој треба да има и заедничка прес конференција. Фон дер Лајен ќе има средба и со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Поради посетата на Урсула фон дер Лајен посебен режим на сообраќајот во четврток ...
Титан Усје е меѓу првите во земјава кои активно применуваат циркуларни практики, особено преку копроцесирање на алтернативни горива како оризова лушпа и остатоци од текстилната индустрија. Во периодот од 2020 до 2024 година, околу 5% од топлинската енергија што ја користат печките на УСЈЕ доаѓа од нефосилни горива. Овие практики значително го намалуваат користењето на фосилни горива и придонесуваат кон декарбонизацијата на процесите во ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) оформи предмет за именувањето на Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Претседателката на комисијата, Татјана Димитровска рече дека до нив пристигнала претставка која се однесува на наводи за незаконско именување. По обезбедените докази и изготвената документација, комисијата ќе донесе соодветна одлука за која ќе биде информирана и јавноста. ПОВРЗАНИ ...