НЛБ Банка е прва и единствена банка на пазарот која воведува PayByLink или „Плати преку линк“, опција за онлајн плаќање со VISA и MasterCard платежни картички што му овозможува на клиентот да плаќа за добра и услуги преку линкот испратен до него од страна на трговецот, информираат од таму Продавачот може да креира линк за плаќање и да ја испрати до купувачот преку е-маил, или други електронски комуникациски канали кои овозможуваат транспарентно ...

Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Доне Таневски, претседателот на Надзорниот одбор на Друштвото, продал 25.669 обични акции издадени од Македонијатурист и сега поседува 80.160 обични акции, односно 17,72%. Од таму информираа и дека акционерот Скопски пазар АД Скопје купил 730 обични акции и сега поседува 45.230, односно 10% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист. Акционерот, друштвото за ...

Од Халк Банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Турхан Адеми повеќе не ја извршува функцијата член на Управниот одбор и извршен директор во Халк Банка, поради исполнување на услови за старосна пензија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како работела Халк Банка лани Кој е Билал Суџубаши, кој е реименуван за главен извршен директор и претседател на УО на Халк Банка Беркан Имери и Александар Иљов именувани за извршни директори и членови на УО на Халк ...

Утре на барање на Еурохаус АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција ќе се понуди за продажба пакет од 44.449 обични акции издадени од Македонијатурист АД Скопје, кои претставуваат 9,83% од основната главнина на Друштвото, со почетна продажна цена од 10.150 денари по акција преку моделот “се или ништо“, информираа од Македонската берза. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Доне Таневски продаде 25.669 акции во Македонијатурист, купија Скопски пазар и Промедика ...

Комплетиран е новиот состав на Комисијата за помилување, а за утре е предвидено да се одржи првата конститутивна седница, брифираат од Кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска Давкова за државната агенција МИА. Претседателка на Комисијата е д-р Милка Ристова, а во нејзиниот состав се и проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, проф. д-р Блерта Ахмеди, проф. д-р Драгана Батиќ, проф. д-р Афет Мамути и м-р Доан ...

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот министер за култура Хусни Исмаили, поради сомнеж за несовесно работење во службата. Од Финансиската полиција велат дека во својство на министер тој на 24. јули 2020 година несовесно постапил на начин што потпишал решенија и склучил договори со правни и физички лица за финансирање проекти во вкупен износ од 31.824.000 денари, иако бил свесен дека со извршениот ребаланс на буџетот ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја предводи делегацијата на Министерството за внатрешни работи (МВР) која од 24 до 27. ноември е во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во Абу Даби. Ова е прва официјална посета на ниво на министри за внатрешни работи од осамостојувањето, а е со цел унапредување на билатералната соработка на полето на борбата против тероризмот и брза размена на ...

Нов заплет на судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Еден од обвинетите, Влатко Кешишов, на вчерашното рочиште рече дека го сменил исказот дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, не бил присутен на убиствата на Ѓорчевска и Жежовски, под притисок на Палевски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Палевски ме натера да го сменам исказот, вели Кешишев Тоа, според него, се случило додека биле ...

Фондот за здравствено осигурување на Македонија има сознанија дека се појавија лажни пораки кои им се праќаат на граѓани по електронски пат, на е-меил, а како да е од ФЗО. „Во лажните пораки, кои не се испратени од е-меилот на ФЗО, им се укажува на граѓаните дека наводно системот со управување на трансакции на Фондот препознава дека треба да добијат исплата за рефундација на средства по што треба да кликнат на одреден линк. Фондот им укажува на ...

На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, сведочеа службени лица кои биле назначени да го спроведат еден од обвинетите, Велибор Манев, до местото каде што било закопано телото на Жежовски. Службеното лице Игор Јанушев, потврди дека Манев ги однел до местото викано Кула, каде бил закопан велешанецот, информација која веќе и беше позната на јавноста. „Тука е ...

На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, Влатко Кешишев, еден од обвинетите кажа дека го сменил исказот дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо не бил присутен за време на двете убиства по барање на Палевски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кешишев ја повлече изјавата дека Палевски бил прустен за време на убиствата на Вања и Панче Кешишев рече дека Палевски му ја дал изјавата ...

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството на 14-годишата Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Сите обвинети се изјаснија за невини, а на последното рочиште еден од нив, Влатко Кешишов, го смени исказот и рече дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, не бил присутен за време на убиствата на Ѓорчевска и Жежовски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кешишев ја повлече изјавата дека Палевски бил ...

Во едукативниот културен центар „Лабораториум“ денеска и утре се одржува Саемот на креативни индустрии. Организиран е од здружението „Балкан синема ситис“ и Унијата на македонски организации во креативните индустрии (УМПАКИ), со поддршка од Министерството за култура и туризам и Британскиот совет, На истиот ќе се престават над 50 учесници од различни креативни сектори. Како што најавуваат организаторите, посетителите ќе можат да видат неколку ...

Во завршна фаза се активностите за изградба на скијачкиот центар во Михајлово во Кавадарци. Како што информираше градоначалникот на Општината, Митко Јанчев, деновиве ќе се прави монтажа на геоплатното и церадата за акумулација на вода за вештачки снег со капацитет од 3.200 м3. Центарот ќе располага со ски лифт во должина од 370 метри и капацитет од 600 лица на 1 час, скијачки појас со капацитет од 800 лица, четири сезонски вртелешки, снежни ...

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта Скопје склучи договор за набавка на индустриска сол за патишта – во времетраење од две години со друштвото за трговија и услуги Лугос ЛЦ експорт-импорт ДООЕЛ Скопје. Вредноста на договорот е 141.600.000 денари или 2.302.439 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 4,4 милиони евра склучи ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта со „ТЛ компани ...

Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), во државна сопственост, Скопје, склучи договор за ремонтни активности во ТЕ за 2024 година – услуга за специјализирана работна рака, со заштитното друштво, печатницата, Графо пром ДООЕЛ Битола. Договорот е во вредност од 36.970.934 денари или 601.153 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ЕСМ склучи договор со Марковски компани, вреден над 1 милион евра Нови ...

Опозициската СДСМ на денешниот 30. Конгрес на партијата, кој се одржа во хотелот Александар палас во Скопје, ги избра новите членови на Централниот одбор. Детален преглед на сите нови членови, ОВДЕ. Одборот има 113 членови, а меѓу нив нема звучни досегашни актуелни функционери на партијата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Фани Каранфилова Пановска нова заменик претседателка на СДСМ, на местото на Сања Лукаревска СДСМ на Конгрес денеска бира ново раководство ...

На денешниот 30. Конгрес на опозициската СДСМ, Фани Каранфилова Пановска е избрана за нова заменик претседателка на партијата. Таа доаѓа на местото на актуелната пратеничка на партијата, Сања Лукаревска, која поднесе оставка на функцијата по последните избори. Каранфилова Пановска е поранешна директорка на фондацијата Отворено општество Македонија и долго време е активна во граѓанскиот сектор. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кои се новите членови на Централниот ...

Со банките Владата договорила каматна стапка од 1,95% за парите од унгарскиот кредит, наменети за компаниите, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски. – Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите. Ценам дека е ова историски договор со историска најниска каматна стапка, изјави Мицкоски. За да добијат кредит компаниите ќе треба да имаат ...

Следниот викенд на 30. ноември во Солун, Грција, ќе биде пуштена воведната линија од 9,6 километри од метрото, кое почна да се гради во 2003 година, пренесуваат грчките медиуми. Го градеше конзорциум од грчката компанија Актор, италијанската Уибилд и јапонската Хитачи рејл. Изградбата доцнеше од бирократски причини, но и поради тоа што при пробивањето на тунелите беа пронајдени над 300.000 археолошки наоди. Градежниците открија и сообраќајница ...

Јавното претпријатите за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта Скопје склучи договор за набавка на материјали за тенкослојна ознака на коловоз (боја, разредувач и перла за обележување на патишта) во времетраење од две години со друштвото за производство, градежништво, транспорт, трговија и услуги ТЛ компани 2001 ДООЕЛ експорт-импорт Битола. Вредноста на договорот е 271.400.000 денари или 4.413.008 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ...

Дино, златен ретривер, обучено терапевтско куче, од пред неколку дена ги смирува патниците на аеродромот Скопје, информираа од ТАВ Македонија. Додека чекате да се качите на својот лет, можете да го погалите и да си поиграте со него. -Патувањето може да биде стресно и токму затоа се потрудивме да го направиме вашето патување порелаксирано. Дино ќе биде присутен на излезите (гејтовите) и со него ќе имате можност да се забавувате и опуштите пред ...

Во хотелот Александар палас во Скопје, на Конгрес, опозициската СДСМ денеска ќе бира ново раководство. На истиот според најавите од партијата се очекува да се изберат новите членови на највисоките тела на СДСМ, Централниот и Надзорниот одбор. Денеска треба да биде познато и името на новиот заменик-претседател на партијата. Фокус објави дека новиот лидер на партијата, Венко Филипче за оваа функција ќе ја предложи Фани Каранфилова-Пановска, која ...

Русија деновиве со напад на воен објект во украинскиот град Дњепар, за првпат го употреби своето ново оружје, кое рускиот претседател Владимир Путин, го нарече „Орешник“. The Russian media are sharing a video of the new hypersonic ballistic missile "Oreshnik" that hit a Ukrainian military facility on Thursday night. pic.twitter.com/TA8rZiLfO1 — Politsturm International (@PolitsturmInter) November 21, 2024 ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Русија врз Украина го ...

Макстил АД Скопје преку Македонската берза информираше дека на 22. ноември е настаната промена во сопственоста на акциите со право на глас. -Имено, Duferco Skop SA, како мнозински акционер ја зголеми сопственоста и на наведениот датум се стекна со 1.290 акции, со што во моментов поседува вкупно 83,59% од главнината на акции со право на глас на Макстил, велат од таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Duferco Skop SA купи уште 1.000 акции на Макстил Duferco Skop SA ...

Државниот завод за статистика (ДЗС) информираше дека просечната нето-плата во септември изнесува 41.585 денари. Податоците на ДЗС покажуваат дека нема промени во делот на највисоката просечна нето-плата за овој период, таа е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности и изнесува 96.455 денари, следи Воздухопловен транспорт – 63.527 денари, па Научно истражување и развој – 62.743 денари, Производство на основни ...

Четвртата генерација на BMW X3 ја доживеа својата македонската премиера. Увозникот за BMW во Македонија и Косово, компанијата М Кар со гордост го претстави новиот BMW X3, симбол на перформанси, удобност, дизајн и напредна технологија. Со свежа, динамична аура, новиот BMW X3 ја истакнува својата спортска страна, нудејќи премиум корисничко искуство, извонредна агилност и великодушна пространост кои ги надминуваат очекувањата. Благодарение на ...

Како и што најави, македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, денеска имаше средба со Радмила Шекиринска, за да и честита за новата функција – заменик генерален секретар на НАТО. Како што информираат од нејзиниот Кабинет средбата поминала во пријатна атмосфера. -Искрени честитки за престижната функција, којашто е не само лично, туку и државно признание, доказ дека единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се ...

Складирањето на електрична енергија со батерии е од клучно значење за иднината на енергетскиот сектор во Македонија, особено во контекст на зголемувањето на обновливите извори на енергија. Како што земјата преминува кон поголемо учество на обновливите извори на енергија, постои потреба за ефикасни решенија кои ќе обезбедат континуитет во снабдувањето со електрична енергија. Батериските системи играат важна улога во управувањето со нестабилноста ...

Македонските граѓани ќе патуваат во Кина без виза. Тоа треба да случи од 30. ноември 2024 година, кога земјата планира да го прошири безвизниот режим за девет земји, меѓу кои е и Македонија. Кина ќе го продолжи и периодот на безвизен престој во земјата од сегашните 15 на 30 дена. Политиката за ослободување од визи ќе се применува и за граѓаните на Бугарија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Малта, Естонија, Летонија и Јапонија. Фото: Игор ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
5.66
65%
1017
weather icon

Загреб

16ᴼ / 14ᴼ
0.51
88%
1019
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
76%
1017
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.97
50%
1015
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
96%
1018
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
4.63
53%
1009
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
82%
1013
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
52%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
3.09
68%
1012
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
7.2
70%
1016
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
73%
1011
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.161

Currency

34.0967

Currency

38.3343

Currency

66.1638

Currency

7.40106

Currency

0.66042

Currency

0.36117

Currency

0.53051

Currency

1.29588

Currency

0.60762