На 7. февруари во Филхармонија во Скопје концерт ќе има Дуке Бојаџиев. Истиот е насловен како „Кинематика“ – Во светот на филмската музика на Дуке Бојаџиев, а истиот како што соопшти тој на социјалните мрежи, е посветен на неговата дваесетгодишната кариера како композитор за филмска музика, која ќе ја одбележи со изведба на некои од најзначајните композиции што ги создал низ годиниве. Концертот почнува во 20:00 часот Билети може да се набават ...

По повеќе од 15 месеци војна радикално исламистичката група Хамас и Израел се договорија за прекин на огнот. Договорот треба да стапи на сила во недела, а спроведувањето на истиот ќе го нагледуваат САД, Катар и Египет. Договорот во првата фаза вклучува првичен шестнеделен прекин на огнот, постепено повлекување на израелските сили од Појасот Газа, за да можат раселените Палестинци да се вратат, ослободување на заложниците кои ги држи Хамас и ...

Годинава Македонија обележува 20 години од доделувањето на кандидатски статус за членство во Европската Унија (ЕУ), а и понатаму останува неизвесно дали земјата конечно ќе ги почне преговорите. Услов за тоа остануваат уставните измени, за да се внесат Бугарите во македонскиот Устав, а тоа пред неколку дена уште еднаш го повтори еврокомесарката за проширување, Словенката Марта Кос. Таа освен што кажа дека очекува Македонија да си го смени ...

Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот, друштвото за трговија, производство и услуги Промедика ДООЕЛ Скопје купило дополнителни 28 акции и сега поседува 53.799 акции, односно 11,90% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ќе остане ли Доне Таневски претседател на НО на Македонијатурист, Скопски пазар предложи негово разрешување Промедика купи нови 2.000 акции на ...

Стопанска банка АД Битола лани остварила добивка пред оданочување во износ од 181,86 милиони денари oдносно добивка по оданочување од 163,17 милиони денари, што претставува значајно подобро остварување споредено со истиот период од минатата година, кога работеше со загуба од 189,82 милиони денари, информираат од Банката преку Македонската берза. -Позитивниот финансиски резултат се должи на задржаниот висок оперативен резултат (од 117,37 милиони ...

Од опозициската СДСМ информираа дека на Фејсбук е креиран лажен профил на нивниот лидер, Венко Филипче. За истиот се злоупотребени името, податоци и фотографии на Филипче. -Од истиот лажен профил се шират несоодветни и лажни содржини, повици за членски книшки, повици за измислено здравствено осигурување, а граѓаните се насочуваат на приватни пораки. Ги повикуваме граѓаните и членовите да не наседнуваат и да не споделуваат никакви лични податоци ...

На 51-годишна возраст синоќа ненадејно почина Александар Јовиќ, тренер на Ракометниот клуб Пролет од Скопје и поранешниот македонски ракометен репрезентативец. Јовиќ е роден во Бјелина во Босна и Херцеговина, а најголемиот дел од неговата кариера како ракометар и тренер ги помина во Македонија. Во македонската ракометна репрезентација играше и на Светското првенство во 2009 и на Европското првенство во 2012 година. Како ракометар играше за ...

На инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 20. јануари заедно со македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Вашингтон, САД, ќе отпатува и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп Тој ја соопшти информацијата во интервју за телевизијата Телма, а подвлече дека двајцата ќе бараат подршка од САД за македонските евроинтеграции. ...

На Листата на должници на Управата за јавни приходи (УЈП) за јануари има 1.962 должници – правни лица (помалку за 7 од претходната листа) и 3.915 физички лица (повеќе за 69 од претходната листа). Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 11.509.677.366 денари, (повеќе за 309.353.404 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.332.488.139 денари, (повеќе за 268.957.462 од претходната листа), додека долгот за ...

На 15. јануари 1990 година беше основана Пеком Инженеринг – започна една приказна полна со визија, посветеност и истрајност. Основањето на оваа компанија беше повеќе од бизнис-потфат – тоа беше сонот на еден човек кој сакаше да создаде нешто што ќе трае. Во време кога многумина се колебаа, Петре Јордев ја искористи својата храброст и претприемачки дух за да создаде нешто големо. Почеток исполнет со храброст/Развој низ годините Во време на ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) води шест предистраги за тендери на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), откри во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Истите ги води Основното јавно обвинителство Битола. „Плус работи и на други, за други постапки за набавка на јаглен, мазут и така натаму, што значи дека има доста работа. Се прибираат докази. Во еден дел активирани се и Министерството за ...

Денеска беше пуштен во употреба експресниот пат Градско-Дреново, кој е дел од Коридорот 10д. За негова изградба се потрошени 37 милиони евра, од кои над 70% се пари од фондовите на Европската унија. Делницата почнува кај клучката Градско, а завршува кај клучката Дреново. Неговата изградба почна во 2017 година. Денеска во употреба беше пуштен и еден километар од делницата Дреново-Фариш, а по останатите девет километри од овој пат ќе може да се ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци поднесе обвинение против судијка од Основниот суд во Велес, двајца сопружници – сопственици на ланец аптеки и правното лице, кои се товарат за фалсификување службена исправа и за употреба на исправа со невистинита содржина, информираа од Основното јавно обвинителство. За фалсификување на службената исправа како продолжено кривично дело е обвинета судијката која во текот на постапката беше разрешена ...

Групацијата 4iG, водечка ИКТ компанија од Унгарија и од Западен Балкан, влезе во партнерство со компанијата Ериксон за развој на мобилна мрежа со високи перформанси во Албанија. Инвестицијата во идната инфраструктурна се базира на обезбедувањето на 5G фреквенции од ОНЕ Албанија, подружница на 4iG. ОНЕ Албанија e првиот оператор во земјата што лансираше комерцијални 5G услуги на 25 ноември 2024 година во земјата. Новите фреквенции беа купени за ...

Од Стопанска банка АД Битола преку Македонската берза информираа дека Гордана Балтовска повеќе не ја извршува функцијата член на Управен одбор (УО). Дел од УО на Банката повеќе не и вршителот на должност – член на УО, Борислав Атанасовски, кој повторно се враќа во Надзорниот одбор (НО) на Банката. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Даниела Ѓоршевска именувана за член на УО на Стопанска банка Битола „Битката„ за акции во Македонијатурист и обидот за купување на ...

Една од најголемите хотелски групации во светот, Kerzner International, годинава во мај ќе го отвори својот прв SIRO хотел во Европа, и тоа во срцето на Которскиот залив, во рамките на престижниот комплекс Porto Montenegro. SIRO Boka Place ќе претставува уникатен туристички бисер, кој ќе го збогати богатото портфолио на компанијата што ги вклучува брендовите како One&Only, Atlantis, Rare Finds и други. SIRO Boka Place ги комбинира најновите ...

Денеска во Вевчани со палење на маските завршува традционалниот Вевчански карневал. Маските беа преставени вчера на дефиле, а внимание привлекоа неколку од нив кои се однесуваат на општествените и политичките случувања во земјава. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Галерија) Најубавите маски на Вевчанскиот карневал На карневалот со „црвено ферари„ „дојде„ и поранешниот прв човек на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој ...

Од Стопанска банка АД Битола преку Македонската берза информираа дека врз основа на одлука од Надзорниот одбор од 22. ноември 2024 година и решение за издавање на претходна согласност од Народната банка од 10. јануари 2025 година, за член на Управниот одбор (УО) на Банката е именувана Даниела Ѓоршевска. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ „Битката„ за акции во Македонијатурист и обидот за купување на Стопанска банка Битола од страна на Комерцијална, бизнис настани ...

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вчера беше ослободена од вина за случајот “Тврдина“ на поранешното Специјално јавно обвинителство, кој се однесува на унишување на опремата со која беа прислушувани илјадници граѓани. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Јанкулоска ослободена за „Тврдина“, Грујевски, Јакимовски и Бошковски добија затворски казни За одлуката на Кривичниот суд Скопје, Јанкулоска се огласи на Фејсбук и напиша дека е задоволна ...

Во ноември 2024 година биле издадени 260 одобренија за градење, што е за 18.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.250.392 илјади денари, што е за 63.8 % помалку во однос на ноември 2023 година. Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во истиот месец од претходната година било издадено ...

Бројот на туристите во ноември 2024 година изнесувал 66.701, од кои 31.6 % биле домашни, а 68.4 % се странски туристи, објави Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во ноември лани изнесувал 138.226, од кои 38.6 % се од домашните туристи, а 61.4 % од странските. Во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.3 %, при што кај домашните туристи има ...

Од вечерва на поноќ цената на бензинот Еуросупер БС 95 се зголемува за 1,50 денар, а на Еуросупер БС 98, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Цена на Мазутот М-1 НС, пак се намалува за 0,426 денари за килограм. Еуросупер БС 95 со новата одлука ќе се продава за 79,50 денари за литар, Еуросупер БС 98 за ...

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска во Кривичниот суд Скопје беше ослободена од вина за случајот “Тврдина“, кој се однесува на уништување на опремата со која масовно се прислушуваа илјадници граѓани, а го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство. Бегалецот Горан Грујевски, поранешен началник на Петтата управа доби 14 години и шест месеци казна затвор за злоупотреба на службената положба и овластување и ...

Според бестселерот на Џулијано да Емполи, „Волшебникот од Кремљ“, ќе се снима филм за рускиот претседател Владимир Путин во млади години, а него ќе го глуми британскиот актер Џуд Ло. Дејствието е сместено на почетокот на 1990-тите, а филмот ја раскажува приказната за Вадим Баранов, ТВ-продуцент, кој неочекувано станува спин доктор на Путин, кога тој го започнува своето доаѓање на власт. Пол Дано ќе ја игра улогата на Вадим Баранов, a во филмот ...

На вчерашните претседателски избори во Хрватска со убедлива победа од над 74% од гласовите победи актуелниот хрватски претседател Зоран Милановиќ (58). Неговиот противкандидат, поранешниот министер за образование и наука, Драган Приморац, освои околу 26% од гласовите. Милановиќ е поранешен хрватски премиер, во периодот од 2011 до 2016 година, а првпат беше избран за претседател во 2020 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Зоран Милановиќ, старо-новиот ...

Во Бугарија се води нова истрага за злоупотреби при вадење на пасоши за странци, меѓу кои има и Македонци. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Бугарски пасоши за Македонци на фиктивни адреси Само во селото Рилци, Благоевградско, од 2016 до 2019 година биле регистрирани повеќе од 4.000 македонски државјани, а истрагата на бугарските органи покажала дека тие биле издавани на непостиоечки адреси. Досегашната истрага покажува дека на фиктивни адреси од поранешниот ...

За оваа зима државните институции склучиле договори за јавни набавки за зимско одржување на улиците и патиштата во вредност од 3.569.106 евра, а сумата ќе продолжи да расте, бидејќи има уште тековни тендери кои не се завршени, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Досега 3,5 милиони евра за зимско одржување на улиците и патиштата, сумата ќе расте Најголеми се тендерите на Јавното претпријатие за ...

Дестина македонски Бугари денеска оддадоа почит пред спомен-плочата на Мара Бунева на кејот на Вардар во центарот на Скопје, по повод 97 години од нејзината смрт. Претходно тие организираа панихида во црквата „Св. Димитрија“, по што оставија цвеќе и нејзина слика пред спомен плочата. Церемонијата помина без никакви инциденти, а присутните за медиумите изјавија дека очекуваат македонските Бугари наскоро да бидат ставени во македонскиот Устав. ...

Најавениот снег на целатата територија на Македонија предизвика проблеми во сообраќајот, кој се одвива отежнато Од Автомото сојузот на Македонија (АСМ) информираа дека од утрово поради заледеност на коловозот на автопатот Пријателство кај селото Миравци, тешките товарни возила се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија. Исто така воведена е забрана за тешки товарни возила на повеќе патни правци: Крива Паланка – Граничен премин Деве ...

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) покажува дека најголем тендер за зимско одржување во земјава има Град Скопје, кој за оваа намена годишно троши по повеќе од половина милион евра. За Скопје, покрај тендерот на Град Скопје, тендери за зимско одржување на улиците имаат и уште осум други скопски општини. Најголемите се на Општина Центар – 116 илјади евра и на Општина Гази Баба – 113 илјади евра. Вкупно, овие осум општини исто ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1031
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
0.0
84%
1029
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
88%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1030
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.67
75%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.33
98%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.89
83%
1029
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1029
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1029
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
2.68
87%
1028
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
97%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Калај

42.35

Сребро

2128.87

Паладиум

52470.02

Рутениум

29192.88

Цинк

3.03

Бакар

10.93

Родиум

258009.74

Алуминиум

2.90

Платина

61733.50

Злато

139470.53