Повеќе од 2 милиони евра годишно трошат општините и министерствата за адвокатски услуги, покажуваат анализата и базата на отворени податоци за исплатите од општините и министерствата за адвокатски услуги, кои ги направи Центарот за граѓански комуникации. Само општините и Град Скопје лани потрошиле 67.269.053 денари или 1,1 милион евра за исплати на адвокати. Министерствата, на адвокати пак им исплатиле 62.428.934 денари или 1 милион евра. Парите ...

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара веднаш да се стопира иницијативата за измена и дополнување на Законот за јавните набавки, поднесен во Собранието по скратена постапка на 5 декември 2024 година, од група пратеници. „Предложените законски измени со кои се укинува управната контрола на јавните набавки што ја спроведува Бирото за јавни набавки претставуваат сериозно уназадување на заштитата од корупција во услови ...

Судскиот совет доби нови членови. Станува збор за судиите Аритон Ала од Апелацискиот суд Скопје и Данка Ристова од Апелацискиот суд Штип. Ала беше единствениот кандидат за избор на член на Совет од редот на судии од посебна листа на кандидати. За местото на член на Советот од апелационото подрачје Штип, имаше пет кандидати. Конкуренти на Ристова беа Мери Гичева од Основниот суд Штип, претседателите на Основниот суд Штип и Апелацискиот суд Штип, ...

Броиме ситно до Новата година, џингл бел звони на секој чекор, а во пресрет на веселите празници, за децата и сите оние што се чувствуваат еуфорично, подготвена е „Зимска бајка“. Организаторот најавува вистински празник за најмладите на 22. декември (недела) во 12 часот, точно напладне во Арената Јане Сандански ќе се случува неколку часовна журка. На овој детски спектакл ќе има пеење, смеење, играње, тука се омилените детски музички ѕвезди: ...

Поранешниот директор на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Стефанов, кој е осомничен во случајот „Адитив“ на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција доби 30 дена притвор. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра Неговиот претходник, поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски останува недостапен за органите на прогон и нема официјална информација ...

Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, кадар на опозициската ДУИ му контрора на американскиот Стејт департмент, кој го стави на „црната листа“ за примање мито. Вели дека бил „чист како солза“. Иако е „чист„ решил да се повлече од политичкиот живот и дека за тоа го информирал лидерот на партијата Али Ахмети, кој не се огради од него. На Фејсбук напиша дека ја донел таа одлука оти ...

Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека најголемиот акционер, Скопски пазар, акционерското друштво за услуги во прометот и трговијата увоз-извоз Скопје, купил дополнителни 3.042 акции и сега поседува 89.208 акции односно 19,73% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Скопски пазар стана најголем акционер во Македонијатурист Акции купил и акционерот, друштвото за трговија, ...

Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот со над 5%, Владимир Пецовски се стекнал со 16 нови акции, и сега поседува вкупно 16.460 или 6,35% од вкупниот број на акции. Акционерот со над 5%, компанијата Настел ДООЕЛ, пак продал 176 акции, и сега поседува вкупно 21.322 или 8,23% од вкупниот број на акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Генералниот директор Пецовски и членови на УО на Реплек купија акции, Настел продаде Настел повторно ...

Во првите десет месеци годинава, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 8,8 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1%, а кај странските има зголемување за 14,7.%. Во периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5,5 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2,1 %, а кај странските има зголемување за 9,9.%. Според ...

Гоце Трајковски, син на Кираца Трајковска, и двајцата сведоци за случајот со грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес е недостапен откако е осомничен за подметнување на пожар во скопска Кисела Вода, откри денеска обвинителот Гаврил Бубевски. Тој се бара со потерница за делото Подметнување пожар на 13. ноември, кога со уште две лица запалил кафуле на приземјето. Другите две лица се ...

Лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети денеска не се огради од својот соопартиец Артан Груби, кој САД го стави на „црната листа„ заради примање поткуп за влијание врз судските процеси за поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, ќе се истражува и кој ги поткупил Тој кажа дека неговата партија не ја оспорувала одлуката на ...

Основното јавно обвинителство оформило предмет за поранешниот функционер на опозициската ДУИ, Артан Груби и судијата од Апелациониот суд Скопје, Енвер Беџети, откако двајцата се најдоа на „црната листа„ на САД, бидејќи како што информираа од Стејт департментот биле поткупени да влијаат врз судските процеси за поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој го ...

Поранешниот директор на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, кој е еден од осомничените во случајот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, „Адитив“, не се откажал од македонското државјанство, како што објавија некои медиуми, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра -Посоченото ...

Крива Паланка блесна – раскошно накитена и украсена – сјае во празничен декор од илјадници светилки и ја носи празничната магија во срцата на паланчани. „Никој не остана рамнодушен на блескавата предновогодишна атмосфера за која веќе се шири и раскажува насекаде. За радост на граѓаните од сите генерации во пресрет на празнувањата и за сите од државата и регионот што повторно со нетрпение очекуваат да го посетат најубаво украсениот град во ...

Едукативна средба на која родителите ќе дискутираат за врсничкото насилство утре (12 декември) ќе се одржи во салата на советот на општината во Штип. Почетокот на работилницата, која е наменета и за родителите од Свети Николе, е закажан за 18 часот. Настанот е организиран од „Макпетрол” во рамки на општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничко насилство”. Водител ќе биде актерот Сашко Коцев, а за стручниот дел од темата ќе зборува ...

Од денес, патниците, корисниците, гостите и персоналот на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид ќе имаат на располагање дополнителна услуга и погодност – четири станици за полнење електрични возила. Оваа нова предност, која дополнително ја збогатува понудата на ТАВ Аеродроми, е овозможена од ЕВН Македонија и е во согласност со стратегиите за одржливост и континуирано подобрување на услугите за клиентите на двете ...

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука да одржи подготвителна седница за иницијативите поврзани со Законот за употреба на јазиците, па потоа да одлучува за уставноста на овој закон. Најпрво ќе повикаат странски експери за да ги слушнат нивните мислења, а потоа ќе одржат седница и да одлучуваат за измените. „Дали за еден, два, три месеци плус или минус, овој суд ќе донесе одлука“, рече претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски. ...

Финансиската едукација и финансиската вклученост се суштински за економскиот раст и општествениот развој, но и за граѓаните, бидејќи само финансиски едуцирано лице може да носи исправни одлуки за штедењето, кредитирањето и инвестирањето. Финансиската едукација е значајна и за целиот финансиски систем, бидејќи го намалува ризикот од презадолженост и со тоа придонесува за целокупната финансиска стабилност. Спроведувањето на Националната стратегија ...

Општина Центар информира дека заврши со процесот на украсување за Новогодишните и Божиќните празници. Оваа година, новогодишното украсување со бројни светлосни украси, елки и декоративни елементи поставени на најфреквентните локации во општината започна на 21 ноември со цел создавање празнична атмосфера која ќе донесе радост и топлина на жителите на општината, но и на сите граѓани. Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека секоја ...

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), согласно своите законски надлежности, и оваа година спроведува процес на редовно ажурирање на регистрите на сметководители, овластени сметководители и правни лица кои вршат сметководствени работи. Процесот ќе трае до 20-ти декември, до кога сите физички и правни лица кои вршат сметководствени работи ќе треба да ги достават податоците и евентуалните промени, при што задолжително ...

Во случајот „Адитив“ на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се осомничени двајца поранешни директори на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра Станува збор за Васко Ковачевски, кој моментално не се знае каде е и неговиот наследник Васко Стефанов, кој вчера беше приведен на Граничниот премин „Табановце„. ПОВРЗАНИ ...

Вечерва на плоштадот во Скопје се поставува новогодишната елка. На плоштадот се донесени и дрвените куќички, но се уште не се ставени во употреба. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Од 30. ноември до 19. јануари „Зимзоленд“ во Скопје: Луна парк, концерти, лизгалиште… се на едно место Централното градско подрачје се уште не е новогодишно украсено. Предновогодишна атмосфера има само на Зимзоленд во Аеродром. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Галерија) Битола како новогодишна бајка ...

Од струмичките акционерски друштва „Герас Цунев-трговија“ и „Герас Цунев-конфекција“ преку Македонската берза информираа дека „Тотал инженеринг“, каде управител е струмичкиот бизнисмен Вице Заев, брат на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, доставила понуда и проспект за нивно преемање. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Фото) Вице Заев сака да ги преземе „Герас Цунев-трговија“ и „Герас Цунев-конфекција“ „Тотал инженеринг“ сака да ги купи сите обични ...

На граничниот премин „Табановце„ во рамки на акцијата „Адитив“ полицијата го приведе Васко Стефанов, поранешниот директор на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), наследник на Васко Ковачевски, кој се бара во рамки на истата акција, но се уште е недостапен. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра Засега нема официјални информации каде бил Стефанов, а медиуми објавија дека бил во соседна ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) соопшти детали за акцијата која ја нарече „Адитив“, со која се опфатени 23 лица, кои се сомничат за криминал вреден 6,5 милиони евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Се апсат поранешни директори на ЕСМ и РЕК Битола: Осомничен и Васко Ковачевски, кој не во Македонија Предистражната постапка траела две недели, а во рамки на акцијата се направени 77 претреси во Битола, Неготино, ...

Нема да растат платите на именуваните и избраните лица, судиите, членовите на Судскиот совет, јавните обвинители и членовите на Советот на јавните обвинители и истите преку интервенција во коефициентите за пресметка на платите се замрзнуваат, одлучи денеска Владата. Исто така нема да има исплата на 13. плата во сите органи на државната управа и средствата ќе се пренасочат за развојни проекти, информираа од таму. Од Владата исто така информираа ...

Врховниот суд како највисок суд во државата целосно ги поддржува и ги поздравува заложбите на Стејт департментот на САД кои се однесуваат на владеењето на правото и правната држава, велат оттаму. „Соединетите американски држави даваат континуирана поддршка и исклучителен придонес за правосудството, кој е заснован на правните начела и демократските вредности. Нотираните податоци и укажувања во Извештаите на Стејт департментот имаат суштинско ...

Поранешниот директор на Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски е еден од осомничените во новиот случај на Основното јавно обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, по чии налог полицијата денеска апсеше поранешни директори и раководни лица на државните ЕСМ, РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и на ТЕЦ Неготино. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Се апсат поранешни директори на ЕСМ и РЕК Битола: Осомничен и Васко Ковачевски, кој ...

Од вечерва на полноќ цената на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1 денар, а за 0,50 денари цената на Еуросупер БС-98, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС, а цените на бензинот Еуросупер БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат. Еден литар дизел со новата одлука ќе се продава за 70 денари, цената на ...

Оваа година, новогодишната магија за најмладите и нивните семејства со посебен сјај пристигна во Дајмонд мол. Од 11 декември, па сѐ до 11 јануари во новата 2025-та, децата ќе можат да уживаат во радостите што ги носи Светот на Дедо Мраз и во изненадувањата и доживувањата кои тој ги нуди. Најмладите ќе можат да се возат во новогодишното вовче кое секој ден, сѐ до Новата Година, ќе кружи низ трговскиот центар и ќе изнудува насмевки од сите. Дедо ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
53%
1010
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
84%
1007
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
94%
1005
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
53%
1009
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
37%
1005
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
95%
1007
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
0.64
54%
1011
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
0.0
69%
1011
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
7.72
83%
1011
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 22ᴼ
3.6
45%
1007
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
2.57
91%
1006
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
64%
1011
Currency

61.535

Currency

53.0261

Currency

71.1017

Currency

34.0504

Currency

38.1249

Currency

65.5971

Currency

7.38523

Currency

0.65825

Currency

0.35734

Currency

0.52534

Currency

1.293

Currency

0.60748