
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Во еко-акцијата „Чиста навика 2023“, тимот од над 180 вработени во Комерцијална банка собра повеќе од 200 вреќи отпад од централното подрачје на главниот град. Работните обврски во банката два часа беа ставени во мирување, за сметка на животната околина. Дел од еколошката акција беа и вработените од КБ Прво пензиско друштво, КБ Публикум инвест и од маркетинг агенцијата ЕПП Комјуникејшнс. Опремата за чистење и за собирање на отпадот ги обезбеди ...
Започнува намалувањето на цените за дата податоци во роаминг на Македонија со земјите од ЕУ. Граѓаните и бизнисите во Македонијa, ќе плаќаат во просек една третина помалку од цената којашто сега ја плаќаат за дата податоци преку роаминг, кога патуваат во европските земји. Намалувањето на цените за дата податоци во роаминг, важат и за граѓаните од дијаспората и Европа, кога ќе претстојуваат во Македонија. „Намалувањето на цените за дата податоци ...
Соработникот за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата, Виктор Андонов изјави дека Владата низ транспарентна постапка го избра приватниот инвеститор, конзорциумот ППЦ и Архиродрон од Грција, кој имаат обврска на свој трошок да го изградат Чебрен, и да го управуваат преку заедничката компанија со АД ЕСМ, во која АД ЕСМ ќе има учество од 33%. Андонов, во емисијата ВИН ВИН на ТВ Телма, како што се наведува во соопштението од ...
– Од извоз на спортска опрема и реквизити Европската Унија лани оствари приход од 7,5 милијарди евра, што претставува зголемување од 10,9 отсто во споредба со 2021 година, кога заработката во овој сектор изнесуваше 6,7 милијарди евра, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат Како што јави дописникот на МИА од Брисел, од друга страна, во текот на минатата година во ЕУ се увезени спортска опрема и реквизити во вредност од ...
Невработеноста во Германија порасна во септември, но за помалку од очекуваното, знак дека досега стабилниот пазар на труд почна да пука. Сојузната агенција за вработување во петокот соопшти дека бројот на луѓе без работа во Германија се зголемил за 10.000, според сезонски приспособени податоци, на 2,642 милиони. Аналитичарите анкетирани од „Reuters“ очекуваа нивниот број да порасне за 15.000 луѓе. Побарувањата за надоместоци за невработени ...
За првпат во историјата на нашата земја граѓаните можат на брз и едноставен начин да направат споредба на надоместоците за платежните услуги кај банките преку веб – страницата на Народната банка на Република Северна Македонија, преку користење на алатката „Споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги“. Зголемената транспарентност и споредливост на услугите се најзначајните придобивки и новини кои за граѓаните ги донесе ...
Постојаниот претставник на Република Северна Македонија во ФАО, Лидија Попандонова, на 43-та сесија на Европската комисија за земјоделство на ФАО, со консензус на земјите членки од Европа и Централна Азија, беше избрана за претседавач со ова статутарно тело на ФАО. -Ова е големо признание и чест не само за мене, туку и за нашата земја, која во последните две години се позиционираше во високите структури и технички комисии на ФАО. Европската ...
На крајот на вториот квартал годинава нето надворешниот долг изнесувал 4. 324 милиони евра (или 30,5 проценти од проектираниот БДП), соопшти денеска Народната банка. Според податоците на НБ, нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2023 година е зголемен за 121 милион евра, или за 2,9 проценти. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 62 проценти. Во однос на крајот на ...
– Аукцијата за зелената обврзница, за која проспектот беше објавен оваа недела, ќе се одржи на 3 октомври, во вторник, и за неа очекуваме поголем интерес, пред се, од банките и институции, иако е наменета и за граѓаните, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за Блумберг Адрија. Тој исто така најави и издавање на уште една нова емисија на граѓанска обврзница. -Износот на емисијата на зелената обврзница е на 10 милиони евра, ...
Неодмна Народна банка повторно се одлучи да ја затегне монетарната политика во земјава. Со последната одлука на НБРМ за зголемување на основната каматна стапка, сега благајничките записи се упишуваат со камата од 6,30 проценти. Но, тоа и не беше единствената одлука на Советот на НБРМ, кој исто така ја зголеми каматната стапка на раположливите депозити со што каматата на депозитите преку ноќ и на седум дена сега изнесува 4,20 и 4,25 процени. По ...
На светските берзи цените на нафтата пораснаа минатата седмица и со тоа ги зголемија добивките во третиот квартал на повеќе од 25 отсто, што е последица на намалувањето на производството на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и нејзините сојузници. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата седмица порасна за 2,2 отсто, на 95,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 1 отсто, на 90,97 долари. ...
Народна банка на Македонија излезе со најнови податоци за движењето на каматните стапки во земјава. Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во август годинава изнесува 5,49 отсто и е непроменета на месечна основа, додека на годишна основа е зголемена за 1,15 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечен и годишен раст од 0,05 п.п. и 0,86 п.п., соодветно и изнесува 1,55 отсто. Во август, просечната каматна стапка на ...
Враќањето на инфлацијата на историски ниските стапки останува приоритет за централните банки. Со правилна комбинација на политиките, економиите од Западен Балкан можат да обезбедат ниска инфлација и долгорочно забрзување на конвергенцијата на регионот кон ЕУ. За справување со инфлацијата, треба да се задржи цврстата монетарна позиција, со поддршка од фискалната политика. За ценовната стабилност важна е и финансиската стабилност и затоа неопходно ...
Меѓународниот Интернационален Филмски Фестивал во Токио (ТМФФ) оваа година ја лансира програмата „SDGs in Motion“ револуционерна филмска секција посветена на филмови и наративи кои ги одразуваат целите за одржлив развој на Обединетите Нации (SDGs). Главен програмски директор на програмата „SDGs in Motion“ е Др. Андријана Цветковиќ, Цветковиќ е воедно и еден од иницијаторите на оваа идеја и со себе носи години на експертиза како филмски режисер и ...
Компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци се приклучува во реализација на швајцарскиот проект воден од М6 Едукативниот центар, за образование за вработување во нашата држава. На 20 овој месец на настан во Кавадарци повеќе компании од приватниот сектор, помеѓу кои и Кожувчанка ДОО, го најавија своето партнерство со кое ќе помогнат во развој на стручниот кадар кај нас. На панел дискусијата “Патека кон прогресот: Вклучување на приватниот сектор во ...
Светките во козметиката и разните сјаеви треба да заминат во историјата по одлуката на Европската комисија да ја ограничи употребата на микропластика што намерно се додава на производите, поради што трговците на козметика подготвуваат промотивна продажба на такви производи. На 25 септември, ЕК усвои мерка која, во согласност со законодавството на ЕУ за хемикалии (регулатива REACH), ја ограничува микропластиката што намерно се додава на ...
Гвајана е најбрзо растечката економија во светот. Тој раст, главно поттикнат од приходите од производството и извозот на нафта, би можел да достигне повеќе од 100 отсто до 2028 година. Според проценката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), економскиот раст на оваа јужноамериканска земја со 800.000 жители до крајот на оваа година би можел да биде 38 отсто, што е исклучително брз раст. ММФ не е сам во своите оптимистички оценки. Ендрју Трахан од ...
ОВЕН Дoĸoлĸy дeнec дoбивaтe ĸpитичĸи зaбeлeшĸи, нe тpeбa цeлocнo дa ги игнopиpaтe. Tиe ќe ви пoмoгнaт дa ги видитe вaшитe cлaбocти и дa ги пoдoбpитe вaшитe пocтoeчĸи ĸoнцeпти, тaĸa штo вaшитe шaнcи зa ycпex мoжe знaчитeлнo дa ce згoлeмaт. БИК Дeнecĸa нajвepojaтнo ќe пoминeтe низ нeĸaĸoв вид нa иcĸyшeниe. Oбидeтe ce дa ce cпpaвитe ĸoнcтpyĸтивнo co oвaa тeшĸa cитyaциja. Бидeтe yмepeни и ќe мoжeтe дa излeзeтe пoбeдници oд тoa. Ќe дoбиeтe пoддpшĸa ...
Трошоците за одбрана во рускиот буџет ќе пораснат за речиси 70 отсто во 2024-та година, се вели во документот на Министерството за финансии објавен денеска. Ова зголемување сведочи за решеноста на Москва да продолжи со својата воена интервенција во Украина и покрај човечките и економските трошоци што ги плаќа. Според документот, кој го виде АФП, трошоците за одбрана ќе се зголемат за 68 отсто во 2024-та година во споредба со претходната година и ...
Според Глобалниот индекс на мир (GPI) за 2023 година, кој секоја година го составува Институтот за економија и мир (IEP) со седиште во Австралија и САД, го рангираше Исланд за најбезбедна земја на светот. Податоците беа собирани во 163 земји. Глобалниот Индекс на мирот за 2023 година покажува дека Исланд, Данска и Ирска во моментов се најмирните земји во светот, а најлоша ситуација владее во Авганистан, Јемен и Сирија. Македонија е рангирана на ...
Мерките кои ЕУ ги усвои само неколку седмици по почетокот на Руската инвазија во Украина, како што беше одредувањето на минимум 90 отсто полн капацитет на залихите на природен гас секоја година пред 1 ноември (мерка донесена во јуни 2022) како и мерките за намалена потрошувачка на гас за 15 отсто во ЕУ донесени во август 2022 година, обезбедија историски највисоки залихи на природен гас во земјите на ЕУ по завршување на грејната сезона 22/23. На ...
Интелигентните поврзани возила се стратешки фокус за преобликување на глобалниот автомобилски сектор, а совладувањето на нивните основни технологии на терен е клучно за кинеската автомобилска индустрија, изјавија официјални лица на Светската конференција за интелигентни поврзани возила во 2023 година во четвртокот. Статистиката покажува дека повеќе од 20.000 километри тест патишта се достапни за ICV во Кина, со завршени повеќе од 70 милиони ...
Иницијативите кои придонесуваат за развој на економската соработка и отстранување на тарифните и другите бариери меѓу земјите од Западен Балкан претставуваат добар чекор кон интеграцијата на регионот во Европската Унија. Економијата на Западен Балкан не може да опстане со ограничувањата наметнати од политиката – се слушна на состанокот на министрите за економија на Европската унија и регионот, што се одржа во Тирана во рамки на претстојниот ...
ОВЕН Дeнecĸa вaшитe ceтилa мoжe дa ce зacилaт, cтpacтa ги paзгopyвa чyвcтвaтa и ги ocлoбoдyвa eмoциитe. Бидeтe пoвнимaтeлни бидejќи ќe имaтe тeндeнциja дa дejcтвyвaтe импyлcивнo и нeпpoмиcлeнo пoд влиjaниe нa coпcтвeнoтo pacпoлoжeниe. БИК Oбидeтe ce дa yпpaвyвaтe co cитe вaжни paбoти. Oвa e нajкopиcнoтo вpeмe, зaтoa нe гo пpoпyштajтe. Дeнoт e пoвoлeн вo oднoc нa личнитe oднocи. Moжeтe миpнo и ĸoнcтpyĸтивнo дa paзгoвapaтe co oниe co ĸoи cтe имaлe ...
Професорот Дејан Трајковски од Универзитет „Св. Климент Охридски” Технички Факултет – Битола, на својот фејсбук профил објави анализа за Чебрен. После дискусијата со еден градежен инженер, како и врз основа на изјавата на еден владин чиновник дека „не треба да не засега колку Грците ќе ги чини изградбата на браната на ПАХЕ Чебрен“, ќе се обидам да најдам одговор зошто цената на изградбата е двојно повисока отколку проценката на ЕСМ. Прво, да ...
Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал. Индексот на волатилност скокна за 25% Централните банки повторно беа многу активни минатата недела. Состанокот на ФЕД беше под лупа на јавноста и инвеститорите, каде по долго време барем донекаде ја разбранува берзата. Иако индексот на волатилност VIX пред две недели го достигна најниското ниво за три години, по состанокот на ФЕД скокна за ...
Комерцијална банка АД Скопје и Стопанска банка АД Битола ги разгледуваат можностите за нивно присоединување. Од двете банки денеска соопштија дека клучно за нивно присоединуање ќе биде анализата на завршните сметки за годинава кои треба да се усвојат на годишните собранија во 2024 година. Двете банки засега не откриваат детали, само напоменуваат дека постои интерес од двете страни за понатамошно заедничко функционирање. „Во оваа рана фаза ...
Министерството за економија на Русија предвидува дека во декември годинава курсот ќе биде 94,3 рубљи за долар и 105 рубљи за евро. Тој предвидува и дека во јуни следната година доларот ќе вреди 87,5 рубљи, а еврото 97,5 рубљи. Министерството за економија на Русија очекува зајакнување на рубљата во четвртиот квартал на 2023 година и во првата половина на 2024 година, врз основа на прогнозата за социо-економскиот развој на Русија од 2024 до 2026 ...
Развојот на пазарот на капитал е клучен за поддршка на развојот на економијата, затоа е важно да ја развиеме Берзата, да понудиме новитети и иницијативи. Во таа насока Министерството за финансии оваа година воведе нови инструменти. Во текот на летото беше издадена првата емисија на граѓанската обврзница и од денеска на пазарот на капитал се воведува уште еден нов инструмент тоа е зелената обврзница. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир ...
Откако цените на храната дивееја во Словенија во првата половина од годинава, Журнал24 пишува дека трговците во Словенија почнале да ги намалуваат цените на храната, а одредени категории доживеале пад на цените и до 50 отсто. Тие контактирале со шест големи трговци кои работат на територијата на оваа земја за да проверат кои артикли и категории на храна се значително поевтини, а одговорот од „Хофер“ стигнал дека главно ги намалиле цените на ...