Почитувани граѓани, сведоци сме деновиве на едно панично штитење од страна на Мицкоски и од страна на Владата на Алта банка на Александар Вучиќ. Едноставно му нареди, буквално му нареди на Трајко Славески како гувернер да поднесе кривични пријави, не само како гувернер, туку и Народната банка да поднесе кривични пријави против претседателот на партијата, Венко Филипче, против генералниот секретар, против потпретседателот на партијата и ...

Дали СДСМ некаде ширеше паника? Да, но не кај граѓаните, туку кај Мицкоски и кај криминалната банда која е опкружена околу него, изјави денеска секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, обвинувајќи го премиерот Христијан Мицкоски дека врши притисок врз опозицијата поради случајот со Алта банка. На прес-конференција, Жерновски тврдеше дека Мицкоски му наредил на гувернерот Трајко Славески да поднесе кривични пријави ...