Банкарство 20.02.2024 09:06

Прокредит банка ќе издаде нова емисија акции вредна шест милиони евра

Прокредит банка ќе издаде нова емисија акции вредна шест милиони евра

Седма емисија на акции ќе емитува Прокредит банка. Ќе бидат издадени 1,2 милиони акции, со вкупна вредност од шест милиони евра. Одобрение доби од Комисијата за хартии од вредност, која информираше за одлуките од последната одржана седница.

Притоа, наведено е дека зголемувањето на основната главнина со нови парични влогови се врши по пат на приватна понуда за познат купувач. Станува збор за институционалниот инвеститор ПроКредит Холдинг АГ Франкфурт.

Издавањето на оваа емисија акции треба да обезбеди унапредување на структурата и квалитетот на сопствените средства во корист на редовниот основен капитал на Банката, се посочува во објавата од Комисијата.

()