Банкарство 13.02.2024 13:02

Македонските банки ги признаваат документите за лична идентификација и патни исправи со Република Македонија

Македонските банки ги признаваат документите за лична идентификација и патни исправи со Република Македонија

Во текот на вчерашниот ден на фејсбук профилот на Министерството за внатрешни работи како бомба одекна веста дека согласно донесените законски измени во врска со Преспанскиот договор, од (13.02.2024 година) патните исправи со името Република Македонија престануваат да важат и во важност ќе бидат само патните исправи со името Република Северна Македонија.

Оваа информација значително ги револтираше граѓаните кои бурно реагирааа на оваа вест, бидејќи оваа Одлука на МВР значително ќе им го отежни нивното функционирање.

Меѓутоа, за разлика од Министерството за внатрешни работи кое наместо да работи во интерес на граѓаните, прави револт кај граѓаните, македонските банки се разумни и значително им излегуваат во пресрет на корисниците.

Банкарските клиенти може да останат смирени бидејќи без разлика дали имаат лична карта или пасош со Република Македонија или со Република Северна Македонија истите ќе можат да ги користат непречено во сите домашни банки за идентификација доколку на истите не им е изминат рокот на важност.

Банките апелираат до своите клиенти, откако ќе извадат нова лична карта со променетото име на државата да се обратат во своите матични банки каде имаат сметки и да ги ажурираат личните податоци. ()